Бучава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 Aug 2022 14:07:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бучава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Штипјани реагираат на бучава од мотоцикли, надлежните порачаа дека се на терен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/shtipjani-reagiraat-na-buchava-od-motocikli-nadleznite-porachaa-deka-se-na-teren/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/shtipjani-reagiraat-na-buchava-od-motocikli-nadleznite-porachaa-deka-se-na-teren/#respond Thu, 11 Aug 2022 14:07:34 +0000 https://kurir.mk/?p=717182

\Група малолетници со своите мотоцикли низ штипските улици возат на едно тркало и создаваат силна бучава, вакво видео беше објавено на социјалноте мрежи, по што наиде на бурни реакции од граѓаните. Во однос на реакциите на граѓаните за постојана бучава од мотоцикли, како и за ваквите видео – снимки, од СВР Штип велат дека постојано се на терен. -Ние како СВР Штип постојано сме на терен и ги санкционираме прекршоците направени не само од мотоциклистите, туку и од сите несовесни возачи и учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Со кампањите прво превенираме, а потоа и соодветно реагираме и санкционираме. Секако, и во конкретниов случај ќе преземеме соодветни мерки и активности, истакнаа од СВР Штип. Посочуваат дека при последните две контроли СВР Штип одзеде 13 мотоцикли поради предизвикување поголема бучава. Од вкупниот број, 45 прекршоци при првите две контроли, 24 биле за неносење заштитна кацига за време на возењето, седум за управување мотоцикл без возачка дозвола, три за измината важност на осигурителната полиса, по еден за нерегистрирано возило и измината важност на сообраќајната дозвола и четири останати прекршоци. Последната контрола, пак, се спроведе во текот на денешниот ден во периодот од 8 до 14 часот и притоа одземен е еден мопед, а најмногу од прекршоците повторно се за неносење заштитна кацига.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/shtipjani-reagiraat-na-buchava-od-motocikli-nadleznite-porachaa-deka-se-na-teren/feed/ 0
На секој петти жител во ЕУ му пречи бучава од соседството https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-sekoj-petti-zitel-vo-eu-mu-prechi-buchava-od-sosedstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-sekoj-petti-zitel-vo-eu-mu-prechi-buchava-od-sosedstvoto/#respond Sat, 04 Jan 2020 11:57:18 +0000 https://kurir.mk/?p=285529

Речиси една петтина од жителите на Европската унија – 18,3 проценти велат дека им пречи бучавата во соседството, објави Евростат. На бучава двојно повеќе се жалат жителите во градовите, 24,1 процент, отколку жителите во руралните области, каде што бучавата му пречи на секој десетти жител, се наведува во анализата на податоците за 2018 година. Според анкетата, бучавата најмногу им пречи на луѓето кои живеат сами – 21,8 отсто, како и на двојките кои немаат деца. Најчесто на бучава се жалат Малтежаните – 28,2 проценти, потоа Германците и Холанѓаните, па следат Португалците, Романците, Британците, како и жителите на Кипар, Грција и Луксембург. Најмалку реагираат на бучава жителите на Хрватска, Унгарија, Естонија, Ирска и Бугарија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-sekoj-petti-zitel-vo-eu-mu-prechi-buchava-od-sosedstvoto/feed/ 0
Истражување: Бучавата од луѓето е огромен светски загадувач https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazuvanje-buchavata-od-lugjeto-e-ogromen-svetski-zagaduvach/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazuvanje-buchavata-od-lugjeto-e-ogromen-svetski-zagaduvach/#respond Thu, 21 Nov 2019 09:27:26 +0000 https://kurir.mk/?p=267022

За науката и досега беше познато дека човечката бучава може да има негативно влијание на некои животни, но ново истражување на Кралскиот универзитет во Белфаст, Северна Ирска, посочува дека бучавата на луѓето навистина треба да се третира како „голем светски загадувач”. Анализирајќи неколку претходни истражувања, научниците Хансјегер Кунц и Рувен Шмит дошле до заклучок дека „бучавата влијае на огоромен број видови, а не само на неколку што се особено чувствителни на бучава“. „Утврдивме дека бучавата погодува многу видови водоземци, членконоги, птици, риби, цицачи, мекотели и влекачи“, се истакнува во научниот труд објавен во списанието „Бајолоџи летерс“. Човековиот шум е распространет насекаде – од превозот, индустријата во густо населените градски области, преку авионите на небото, па сè до пропелерите на бродовите за кои се верува дека се мешаат со комуникацијата на китовите и може да играат улога во нивното масовно насукување, оти дезориентираните животни го губат чувството за насока. На пример, човековата бучава се меша и со ултразвучните сетила на лилјаците во потрагата по инсекти, што им го отежнува ловот. За некои суштества, тоа е отежнување, но за други понекогаш значи и предност. Во случајов, ова нарушување на природниот тек е спас за инсектите. „Во примерот со лилјаците, грабливецот има проблем да ја лоцира жртвата… Но во други случаи пак, видовите кои се потпираат на звукот заради лоцирање на грабливците, може да настрадаат токму зашто нема навреме да го чујат напаѓачот”, се наведува во написот. Научниците сметаат дека загадувањето од човековата бучава мора да се гледа во контекст на екосистемот, особено кога станува збор за напорите за заштита на животната средина. „Бучавата мора да се смета за сериозна промена на животната средина и како загадување, бидејќи влијае на водните и на копнените видови. Оваа анализа нуди квантитативни докази што им се потребни на законодавните тела за ефикасно регулирање на ова загадување на животната средина“, гласи заклучокот на професорите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazuvanje-buchavata-od-lugjeto-e-ogromen-svetski-zagaduvach/feed/ 0