бучковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Dec 2020 11:49:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бучковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од што се крие Заев – наместо лидерска средба го нуди Бучковски да шета низ партиите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-shto-se-krie-zaev-namesto-liderska-sredba-go-nudi-buchkovski-da-sheta-niz-partiite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-shto-se-krie-zaev-namesto-liderska-sredba-go-nudi-buchkovski-da-sheta-niz-partiite/#respond Thu, 10 Dec 2020 11:49:48 +0000 https://kurir.mk/?p=441455

Премиерот Зоран Заев по кој знае кој пат ја заобиколува лидерската средба која ја бара опозицијата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерите на Алијанса и Алетрнатива Зијадин Села и Африм Гаши бараат под итно лидерска средба за да се постават црвените линии на Македонија до кои може да се преговара со Бугарија и оставка на премиерот Зоран Заев. Според опозиционите лидери Зоран Заев треба да си замине од позицијата премиер на држава и да се формира влада за национален спас. ОПОЗИЦИЈА БАРА ОСТАВКА ОД ЗАЕВ „Oваа Влада е влада на лажговци и треба веднаш претседателот на Владата да даде оставка, да се направи широка владина коалиција помеѓу сите политички актери во која сите партии ќе преземат одговорност. Заедно треба да седнеме и да работиме околу кризата, и заедно да преземеме обврски за да го решиме спорот, сега со соседот Бугарија, и што побрзо да се одржи првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и Европската унија“, изјави вчера лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села за изјава за медиуми. „Алијанса и Алтернатива секогаш кажуваат дека се тука и дека стојат на страната на граѓаните. Ние секако би застанале во одбрана на идентитетот на македонските граѓани што го чувствуваат, но не може од нас да се бара само бланко поддршка“, рече вчера Африм Гаши во изјава за медиуми. Вчера излезе и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што исто тка побара одговорност и оставка од премиерот, бидејќи не сака да оствари лидерска средба за да се зацртаат црвените линии за доброто на граѓаните и самата држава. „Се додека Заев е премиер Македонија ќе губи. Европската иднина е далечна зошто има криминал, лаги и премиер со концесии. Не може да е иднина Владо Бучковски или Зоран Заев, едниот осуден за криминал, другиот амнестиран за криминал“, појасни вчера на прес конференција Христијан Мицкоски. Мицкоски на прес конференцијата рече – „Затоа ја актуелизирам повторно потребата од лидерска средба на која ќе разговараме за актуелната политичка, здравствена, образовна, економска ситуација во нашата Македонија. Веднаш лидерска средба за да можеме понатаму заеднички да ја градиме нашата Македонија“. СДСМ НАМЕСТО ЛИДЕРСКА ГО ШЕТА БУЧКОВСКИ По ладниот туш од Бугарија, Владата го назначи поранешниот премиер Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија. Негова задача е успешно затворање на отворените прашања околу кои се кршат копјата изминатиов период на релација Скопје - Софија. Бучковски ќе има мандат од една година за да ги реализира зацртаните планови на Владата. Но именувањето на Бучковски наиде на лавина критики поради контраверзното негово минато и скандали. Претседателот на Македонија Стево Пендаровски при свое гостување на една од националните телевизии пред неколку дена рече дека му рекол на специјалниот претставник на македонската Влада за решавање на спорот со Бугарија, Владо Бучковски, по неговите средби во Софија, освен него и Владата, за текот на разговорите да ги информира и опозициските партии. „Имаме уште два дена, но од она што се знае, пробив нема. Ставовите на Бучковски се исти со нашите ставови. Тој е специјален претставник и не смее да има ставови различни од државниот врв. А, тоа е дека има црвени линии за кои не смее да се преговара. Мој став е дека веднаш по враќањето на Бучковски од Бугарија, мора да се врати назад да ме информира мене, премиерот и лидерот на опозицијата, се разбира ако тој сака. За некое прашање ако сакате да се најде решение двете страни мора да одат со меки пораки. Ако бугарската страна оди со агресивни пораки како што оди, тогаш договор нема да има“, рече Стево Пендаровски пред неколку дена во изјава за една од националните телевизии. Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и истовремено пратеник вчера на една од националните телевизии во изјава додаде дека можеби Бучковски е близок со Заев, и ужива кредибилитет кај премиерот, но тој не би го сметал за специјален претставник на Македонија. „И затоа оној совет кој што беше даден вчера од претседателот Пендаровски дека по враќањето на Бучковски кој ќе советува, Бучковски ќе направи посета кај сите политички партии и да ги брифира, јас уште од сега можам да најавам дека Бучковски не би бил добредојден во ВМРО-ДПМНЕ“, истакна вчера Милошоски. Милошоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не го смета за легитимен претставник на државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-shto-se-krie-zaev-namesto-liderska-sredba-go-nudi-buchkovski-da-sheta-niz-partiite/feed/ 0
Јанушев: Господине Жерновски, СДСМ е единствената партија со двајца докажани криминалци – Зоран Заев и Владо Бучковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-gospodine-zernovski-sdsm-e-edinstvenata-partija-so-dvajca-dokazani-kriminalci-zoran-zaev-i-vlado-buchkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-gospodine-zernovski-sdsm-e-edinstvenata-partija-so-dvajca-dokazani-kriminalci-zoran-zaev-i-vlado-buchkovski/#respond Thu, 03 Dec 2020 17:57:34 +0000 https://kurir.mk/?p=438360

Во вечерашното издание на дебатната емисија "24 анализа" гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата "За обнова на Македонија", Игор Јанушев кој се осврна на штетните политики на власта, како и на моменталните политички случувања во однос на договорот со Република Бугарија. Пратеникот Јанушев потенцираше дека СДСМ ја водат рекетари, крадци и луѓе со мрачно минато. Меѓу другото напомена дека во нивната партија единствено постојат двајца докажани криминалци, од кои едниот е веќе два три пати аболициран за криминал тежок над 9 милиони евра, а другиот е осуден поради бизнис со оружје. "Жерновски, Вие немате право на глас во однос на стекнување имот. Во вашата партија имате докажани криминалци кои за своите дела биле зад решетките, а потоа со Ваша помош излегувале. А за вашите милионски тендери за пет метри улица на Боемската улица во Скопје, допрва ќе треба да објасните на јавноста. Толку скапи улици не се прават ни во Њујорк", додаде Јанушев. Нивото и капацитетот на СДСМ е тој, да се краде и да се лаже. Ништо ново речиси 30 години. Но, народот овој пат најубаво имаше шанса да види како функционира државата кога на власт се крадци од типот на вас и вашите сопартијци. За тоа еден ден ќе одговарате пред законот, заврши Јанушев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-gospodine-zernovski-sdsm-e-edinstvenata-partija-so-dvajca-dokazani-kriminalci-zoran-zaev-i-vlado-buchkovski/feed/ 0
Заев преку Бучковски сака побрзо да ги продаде историјата и иденитетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-preku-buchkovski-saka-pobrzo-da-gi-prodade-istorijata-i-idenitetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-preku-buchkovski-saka-pobrzo-da-gi-prodade-istorijata-i-idenitetot/#respond Wed, 02 Dec 2020 21:26:57 +0000 https://kurir.mk/?p=437855

Што се крие позади именувањето на поранешниот премиер Владо Бучковски за специјален претставник на Владата за Бугарија? Дали премиерот Заев го засилува тимот за полесно и побрзо прифаќање на бугарските барања и нивна имплементација во Македонија? Владо Бучковски беше еден од ретките кои застанаа во одбрана на премиерот Заев после неговото скандалозно интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС. Додека целата држава вклучително и експертската јавност, заедно со членовите на историската комисија се оградија од тие ставови на Заев, Бучковски беше еден од ретките во тој мал круг кој со сите сили се обидуваше да го оправда премиерот. Се разбира неколку денови подоцна следеше и наградата. Но, сето тоа не е случајно. Уште во 2006 година, Бучковски како тогашен премиер на Македонија, правеше обиди да протне дека имаме заедничка историја со Бугарија. Имено, тој најпрво се сретна со тогашниот бугарски премиер Станишев, а потоа се обиде да организира заедничко чевствување на Илинденското востание, за како што велеше врз основа на нашата заедничка историја. Значи поклопувањето на ставовите на Бучковски со тие на Бугарија не е од вчера, туку влече корени од пред 14 години. Бучковски тие ставови ги потврди и кога се потпиша Договорот за добрососедство и пријателство, за кој тој вели дека значи формално прифаќање на заедничката историја и дека тоа е неоспорен факт. - Според мое мислење, ако се тргне од Договорот за пријателство и добрососедство, ние формално прифаќаме дека имаме заедничка историја. Ова е неоспорен факт. Но, тврдењето дека ние сме всушност еден народ во две држави, во овој момент, во Република Македонија, доколку се прифати оваа теза, би се направило повеќе штета отколку добро. Јас сум приврзаник на оние кои не се мнозинство. Тврдиме дека во моментот немаме поголем сојузник од Република Бугарија, вели Бучковски. Бидејќи прилично беше активен да го одбрани Заев периодов, Бучковски даде повеќе интервјуа за неколку денови. Во интервјку за Бугарската „ТВ Европа“ тој буквално ги повтори истите ставови за заедничката историја, но во неговото гостување на „ТВ Сител“, тој отиде чекор понатаму и рече дека треба да се избрише зборот фашистички, затоа што ги навредува Бугарите. Или со други зборови тој бара да се фалсификува историјата како што сакаат Бугарите. - Треба да видиме дали е точно дека во изминатите години имаме 15 до 20 споменици на кои е избришана формулацијата „бугарски”, за да дадеме поттик во духот на Договорот за соработка и да не ја лепиме таа етикета на сите Бугари, рече Бучковки за сител Сепак најскандолозен е неговиот став дека треба да се изврши притисок врз историската комисија, каде тој конкретно кажува како треба да работи истата, односно не врз основа на историските факти, туку по неговата змаисла. - Историчарите да излезат од рамките на она што беше во времето на комунизмот. Мора да побегнеме од нешто што не оддалечуваше. Затоа сум убеден дека дебатата што се отвора во македонското општество треба да даде јасен правец во кои насоки треба да се движи работата на комисијата, рече Бучковски. Оттука е јасно вклучувањето на Бучковски во целиот процес. Притисок врз комисијата, подготовка на македонската јавност и побрзо прифаќање на бугарските барања за непостоење на македонска историја пред 1944 година, менување на македонскиот идентитет, и фалсификување на минатото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-preku-buchkovski-saka-pobrzo-da-gi-prodade-istorijata-i-idenitetot/feed/ 0
Градоначалникот на Заев против главниот преговарач на Заев: Неговите тези се велепредавство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnikot-na-zaev-protiv-glavniot-pregovarach-na-zaev-negovite-tezi-se-velepredavstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnikot-na-zaev-protiv-glavniot-pregovarach-na-zaev-negovite-tezi-se-velepredavstvo/#respond Wed, 02 Dec 2020 21:11:03 +0000 https://kurir.mk/?p=437850

Парафразирањето на Бучковски дека Македонците и Бугарите се еден народ во две држави (ставот на соседот) и повикот до нашите историчари да излезат од рамките на историографијата на поранешната држава (НОБ, АВНОЈ и АСНОМ) се чин на велепредавство, напиша на својот профил на Фејсбук Максим Димитриевски, вели градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ. „Обидот на мала врата да се пласираат теориите дека за бугарската страна е прифатливо дека македонскиот народ постои од 1944 година е само потврдување на тезите дека ние сме вештачка творевина. Ваквите изјави се спротивни на македонските национални интереси и позиции, воедно спротивни и на Уставот и неговата Преамбула која се повикува на актите на Крушевското востание, АСНОМ и Референдумот од 91ва. Денеска во 21ви век тоа го слушаме од Бучковски, поранешен премиер исклучен од редовите на СДСМ, човек кој во партијата се обиде идеологијата да ја замени со клиентелизам, лојалност и интриги. Како долгогодишен и активен социјалдемократ јавно се оградувам од ваквите изјави кои ги сметам за лични и погрешни и во ниту еден момент не можат да добијат суштинска поддршка од мене а верувам ниту од членството, а најмалку од јавноста“, напиша Димитриевски на својата Фејсбук страница. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnikot-na-zaev-protiv-glavniot-pregovarach-na-zaev-negovite-tezi-se-velepredavstvo/feed/ 0
Арсовски: Доколку Бучковски бил добар ќе го надминал проблемот со Република Бугарија и тогаш кога бил премиер на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-dokolku-buchkovski-bil-dobar-kje-go-nadminal-problemot-so-republika-bugarija-i-togash-koga-bil-premier-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-dokolku-buchkovski-bil-dobar-kje-go-nadminal-problemot-so-republika-bugarija-i-togash-koga-bil-premier-na-makedonija/#respond Wed, 02 Dec 2020 19:18:13 +0000 https://kurir.mk/?p=437799

Вечерва во емисијата "Само вистина" на Канал 5 телевизија портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на прашање што очекува од новиот посредник Владо Бучковски кој го постави премиерот Зоран Заев, истакна дека доколку Бучковски бил добар ќе го надминал проблемот со Република Бугарија и тогаш кога бил премиер на Македонија. -Сакам да потсетам дека наназад константно три години сме лажени, како граѓани како народ дека добиваме датум. И онаа фамозна слика во авионот е само лага за јавноста. Лажени сме од една група луѓе кои очигледно ниту знаат што прават ниту имаат намера да напрват нешто добро за Република Македонија. Лажени сме и дека сите прашања во надворешната политика на македонија со соседите се затворени. Сега гледаме дека тоа не е така. Напротив, имало многу сериозни прашања на маса за кои што пазарџиски тогаш, кој е и принципот на оваа влада, се потпишувале договори, а потоа се договарало "ај ќе го решиме тоа етапно". Неколку пати потенциравме и јасно кажавме дека Заев и СДСМ ги рушат позициите трајно на Република Македонија. Зоран Заев е единствениот премиер во светот кој нема црвени линии, рече Арсовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-dokolku-buchkovski-bil-dobar-kje-go-nadminal-problemot-so-republika-bugarija-i-togash-koga-bil-premier-na-makedonija/feed/ 0
Пренџов: Со именувањето на Бучковски, се бајпасира Османи и тоа е целосен неуспех на преговорите, Заев доживува фијаско, граѓаните ќе видат дека „царот е гол“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prendzov-so-imenuvanjeto-na-buchkovski-se-bajpasira-osmani-i-toa-e-celosen-neuspeh-na-pregovorite-zaev-dozivuva-fijasko-gragjanite-kje-vidat-deka-carot-e-gol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prendzov-so-imenuvanjeto-na-buchkovski-se-bajpasira-osmani-i-toa-e-celosen-neuspeh-na-pregovorite-zaev-dozivuva-fijasko-gragjanite-kje-vidat-deka-carot-e-gol/#respond Wed, 02 Dec 2020 17:57:49 +0000 https://kurir.mk/?p=437747

Љупчо Пренџов пратеник од ГРОМ во македонското Собрание вечерва на 24 Анализа во Телевизија 24, истакна дека со именувањто на Владо Бучковски за специјален претставник со Бугарија се бајпасира Бујар Османи, и е доказ за целосен неуспех на преговорите, Заев доживува фијаско на јавна сцена, па граѓаните ќе увидат дека „царот е гол“. Работата е малку подлабока со именувањето на Владо Бучковски, со тоа прво се бајпасира Бујар Османи, второ се покажува еден целосен неуспех на преговорите со Бугарија, сакам да потенцирам дека преговорите почнаа на ден Илинден кога целиот народ празнува, ирелевантно е дали е назначен Бучковски, релевантно е дека граѓаните се излажани по не знам кој пат, тврди Пренџов. Тој истакна исто така дека лагата е во тоа менување на името за влез во ЕУ, а две години подоцна гледаме дека не можеме да влеземе во ЕУ, и практично политиките на Зоран Заев доживеаја едно фијаско на јавна сцена. -Договор нема да има до 8-ми декември, и заради многу други фактори, особено сето она што ни се случува во Македонија образование, судство, здравство итн, а единствена работа за која Владата зборуваше беа овие преговори за влез во ЕУ,а ти енма да ги постигнеме, па граѓаните ќе констатираат дека „царот е гол“, и после ова премиерот нема да има никаква игра на политичката сцена во Македонија, вели Пренџов. За него вели сосема ирелевантно е кој ќе биде нов преговарач, кога преговорите се неупешни, договорот со Бугарија е нефункционален, и нашата Влада и бугарската го читаат на свој јазик, значи дека тој договор нема никаква правна вредност, а грешките на Владата умисленоста и ароганцијата ќе го чини народот, кој ќе оди наназад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prendzov-so-imenuvanjeto-na-buchkovski-se-bajpasira-osmani-i-toa-e-celosen-neuspeh-na-pregovorite-zaev-dozivuva-fijasko-gragjanite-kje-vidat-deka-carot-e-gol/feed/ 0
Героски: Двајца поранешни премиери со “бугарски опашки” ќе ги решаваат бугарските делови од македонската историја, Бучковски поставен од Заев и Георгиевски како лобист https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-dvajca-poraneshni-premieri-so-bugarski-opashki-kje-gi-reshavaat-bugarskite-delovi-od-makedonskata-istorija-buchkovski-postaven-od-zaev-i-georgievski-kako-lobist/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-dvajca-poraneshni-premieri-so-bugarski-opashki-kje-gi-reshavaat-bugarskite-delovi-od-makedonskata-istorija-buchkovski-postaven-od-zaev-i-georgievski-kako-lobist/#respond Tue, 01 Dec 2020 22:18:13 +0000 https://kurir.mk/?p=437208

-Двајца поранешни македонски премиери се ангажиарни во овој процес со Бугарија, односно Владо Бучковски како специјален преставник на премиерот Заев и Љупчо Георгиевски како лобист на оваа Влада. Но, позициите на Софија се толку тврди, така да мислам дека не ќе можат да постигнат никаков договор со нашата влада. Мислам дека не ќе може да се собере таква политичка храброст и лудост за да се постигне тој договор. Тоа се позиции кои за нас Македонците се неприфатливи и не верувам дека некој ќе собере храброст тоа да го потпише, истакна Бранко Героски новинар и уредник, во вечерашната емисија "Заспиј ако можеш" на Алфа телевизија. Тој додаде дека премиерот Заев ја минимизира улогата на историската комисија затоа што таа му откажа послушност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-dvajca-poraneshni-premieri-so-bugarski-opashki-kje-gi-reshavaat-bugarskite-delovi-od-makedonskata-istorija-buchkovski-postaven-od-zaev-i-georgievski-kako-lobist/feed/ 0
Мицкоски: Тешко на Македонија ако решението се “тандемот лепливи прсти” Заев и Бучковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-teshko-na-makedonija-ako-reshenieto-se-tandemot-leplivi-prsti-zaev-i-buchkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-teshko-na-makedonija-ako-reshenieto-se-tandemot-leplivi-prsti-zaev-i-buchkovski/#respond Tue, 01 Dec 2020 17:12:44 +0000 https://kurir.mk/?p=437125

Бучковски предлагаше заедничко чествување на Илинден со источниот сосед, a Заев во скорeшното интервју ги направи ослободители. Денес, човекот чија кариера заврши со политички договор за судскиот предмет Тенковски делови, Заев го враќа на нова врата која преговара за историјата, јазикот, македонското малцинство, хероите. Луѓето со "лепливи прсти", едниот познат по Бачило, продажба на ЕВН, Маџар Телеком, пасоши, другиот познат по Глобал, поткуп- евро за Вицето, Рекет 1 и 2, плантажи со марихуана се тандемот кој треба да го решава проблемот со Бугарија. Овие двајца луѓе се познати само по продавање, и тоа за жал по евтино продавање. Тешко на Македонија ако решението се "тандемот лепливи прсти" Заев и Бучковски. Ова е предвестие на катастрофата која не смееме да дозволиме да се случи. Затоа кога овие двајца се прашањето, одговорот е народот, реагира преку својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-teshko-na-makedonija-ako-reshenieto-se-tandemot-leplivi-prsti-zaev-i-buchkovski/feed/ 0
Ковачки: Бучковски за пари ќе прифати идентитет од Судан а не пак да го заштити македонскиот! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-buchkovski-za-pari-kje-prifati-identitet-od-sudan-a-ne-pak-da-go-zashtiti-makedonskiot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-buchkovski-za-pari-kje-prifati-identitet-od-sudan-a-ne-pak-da-go-zashtiti-makedonskiot/#respond Tue, 01 Dec 2020 15:58:11 +0000 https://kurir.mk/?p=437105

Аирлија! Бучкоски за пари ќе го прифати идентитетот на Судан, а не пак да го заштити Македонскиот! А некој мора да си го одработи и застарувањето на предметот со тенковските делови, нели?, реагира преку социјалната мрежа на Твитер членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-buchkovski-za-pari-kje-prifati-identitet-od-sudan-a-ne-pak-da-go-zashtiti-makedonskiot/feed/ 0
СДСМ фатени во лага: „Еко клуб“ дозвола за работа добила во 2006 година кога премиер e Бучковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-fateni-vo-laga-eko-klub-dozvola-za-rabota-dobila-vo-2006-godina-koga-premier-e-buchkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-fateni-vo-laga-eko-klub-dozvola-za-rabota-dobila-vo-2006-godina-koga-premier-e-buchkovski/#respond Thu, 06 Feb 2020 09:45:32 +0000 https://kurir.mk/?p=299999

Фирмата Еко клуб“ која носела медицински отпад во Дрисла е основана во времето кога премиер бил Владо Бучковски. Вчера портаролот на СДСМ, Костадин Костадинов се обиде да спинува дека оваа фирма е поврзана со ВМРО-ДПМНЕ и со поранешниот премиер Груевски. Но, документите од Службен весник покажуваат нешто друго.„Еко клуб“ во 2006 година добила дозвола за вршење на комунална дејност, во време кога премиер е Владо Бучковски. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вчера се обиде во јавноста да претстави дека отпад од “„Еко клуб“ се излеваат од возилата за транспорт  и завршуваат во Вардар како и животни кои се хранат од остатоците од медицинскиот отпад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-fateni-vo-laga-eko-klub-dozvola-za-rabota-dobila-vo-2006-godina-koga-premier-e-buchkovski/feed/ 0