будимпешта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Sep 2023 08:20:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png будимпешта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонска винска вечер во Будимпешта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonska-vinska-vecher-vo-budimpeshta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonska-vinska-vecher-vo-budimpeshta/#respond Wed, 06 Sep 2023 08:20:58 +0000 https://kurir.mk/?p=875090

Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта, Институтот унгарски вина и Балкан-инфо вчера во Будимпешта организираа дегустација на македонски вина. Настанот беше реализиран во соработка со Здружението „Вина од Македонија“ и со поддршка од Амбасадата на Северна Македонија во Будимпешта. Како што соопшти организаторот, присуствуваа голем број познавачи на вина и се дегустираа 14 видови вина од винариите Стоби, Тиквеш, Попова кула и винарија Лазар. На настанот говореа организаторите Златко Панзов, Јожеф Кризманич и Тамаш Калцакос. Лекторот Панзов истакна дека се радува на ваквите можности кога во Унгарија се презентираат делови од македонската култура. -Особено што оваа година и има што да се прославува, имено Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта го чествува својот јубилеј 35 години македонски јазик на Универзитетот ЕЛТЕ, рече Панзов. Настанот беше и вовед во винската тура низ Македонија што ќе се реализира од 6 до 9 октомври организирана од Институтот унгарски вина и Балкан-инфо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonska-vinska-vecher-vo-budimpeshta/feed/ 0
Финалето на ЕП 2024 за жени ќе се одржи во Виена, не во Будимпешта https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/finaleto-na-ep-2024-za-zheni-ke-se-odrzhi-vo-viena-ne-vo-budimpeshta/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/finaleto-na-ep-2024-za-zheni-ke-se-odrzhi-vo-viena-ne-vo-budimpeshta/#respond Fri, 17 Mar 2023 05:54:02 +0000 https://kurir.mk/?p=812936

Европската ракометна федерација објави дека има промени во однос на одржувањето на ЕВРО 2024 за жени, односно промени на локацијата на завршницата на ова европско првенство. Познато е дека ЕП ќе се одржи во три земји, и тоа во Швајцарија, Австрија и Унгарија. Промените се поради тоа што Будимпешта се повлече од организацијата, па така Виена ќе биде домаќин на финалниот турнир. Па така, Дебрецин останува какоединствен град – домаќин од Унгарија на ова натпреварување.Останатите градови – домаќини, покрај Виена и Дебрецин, се Базел и Инсбрук]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/finaleto-na-ep-2024-za-zheni-ke-se-odrzhi-vo-viena-ne-vo-budimpeshta/feed/ 0
ИЗГОРЕА 19 ВОЗИЛА: Верижен судар во близина на Будимпешта, повеќемина тешко повредени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izgorea-19-vozila-verizhen-sudar-vo-blizina-na-budimpeshta-povekemina-teshko-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izgorea-19-vozila-verizhen-sudar-vo-blizina-na-budimpeshta-povekemina-teshko-povredeni/#respond Sat, 11 Mar 2023 18:36:00 +0000 https://kurir.mk/?p=810815

Страшна сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопат во Унгарија. Повеќе од 40 камиони и автомобили биле дел од верижниот судар на 26-от километар од автопатот М1, што најверојатно се случил поради бура од прашина. Веднаш по несреќата избувнал пожар. Полицијата во Будимпешта соопшти дека повеќе десетици луѓе се повредени, од кои некои се наоѓаат во животна опасност. Засега нема информации дали меѓу повредените има македонски државјани. Во верижниот судар учествувале 42 возила, од кои 37 се автомобили и пет камиони. Според првичните податоци, во сообраќајката изгореле 19 возила, а повредени се вкупно 36 лица, од кои шест се здобиле со животно загрозувачки повреди, а 13 лица се здобиле со тешки телесни повреди. На местото на настанот пристигнале десет возила на брза помош и три спасувачки хеликоптери, како и пожарникарски екипи. – Врз основа на првичните информации, во моментов на болничко лекување се наоѓаат 25-30 повредени лица, но тоа се уште не се конечни бројки. Неколку возила се запалени, а истрагата е во тек. Во моментов потрагата за повредените се уште е во тек. Засега првата повратна информација беше дека околу половина од повредените се во тешка состојба, а другата половина се полесно повредени, но на крајот од интервенциите на лице место ќе можам да соопштаам точно колку има и со какви повреди се здобиле. Поради големиот број повредени, ќе ги транспортираме во неколку болници. Со помош на спасувачки хеликоптери тешко повредените многу брзо ќе ги сместиме во подалечни болници, изјави портпаролот на Националната служба за брза помош Пал Ѓерфи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izgorea-19-vozila-verizhen-sudar-vo-blizina-na-budimpeshta-povekemina-teshko-povredeni/feed/ 0
Кои градови се најголемо разочарување за 2022 година? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koi-gradovi-se-najgolemo-razocharuvanje-za-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koi-gradovi-se-najgolemo-razocharuvanje-za-2022-godina/#respond Mon, 26 Dec 2022 09:30:03 +0000 https://kurir.mk/?p=780492

Постојат многу дестинации во светот кои се сметаат за најдобри, според содржината што ја нудат и според вкупниот број туристи кои ги посетуваат секоја година. Меѓутоа, многу од нив, меѓу кои и најпознатите, ги разочарале туристите - Париз дефинитивно е на прво место. Париз или Париски синдром е термин кој се користи во туризмот за да се опише една посебна состојба. Експертите ја дефинираат оваа состојба како нарушување кое се манифестира како напад на гнев, конфликт помеѓу високите очекувања и бруталната реалност што ја доживуваат туристите при посетата на Париз. Голем број на туристи се разочаруваат кога по долго планирање ќе стигнат до посакуваната дестинација и ќе сфатат дека работите се сосема поинакви во реалноста. Ова нарушување првично било дијагностицирано кај Јапонците, кои доживеале вистински „нервен слом“ при посетата на Париз. Парискиот синдром понекогаш е толку силен што разочараните туристи кои го посетуваат Градот на светлината доживуваат физичка мачнина, забрзан пулс, па дури и халуцинации. Париз е секогаш очигледен избор, но сè повеќе туристи известуваат дека е навистина преценета дестинација. Сепак, Париз е далеку од единствениот град кој не ги исполнува очекувањата на туристите. Мрежата за складирање на багажот „Radical Storage“, одлучила да провери 826.000 TripAdvisor рецензии за 100-те најпосетувани градови во светот за да открие кој град е најлошо рангиран. Кои дестинации најмногу ги разочарале туристите? Оваа година Париз го симна од тронот американскиот град Орландо - има најголем процент на негативни критики. На второ место е главниот град на Индонезија, Џакарта, а на трето е Патаја од Тајланд. Покрај нив, град кој најмногу се опишува како преценет е и Да Нанг од Виетнам. Прага, од друга страна, е најнезабележителна со 3,9 отсто од сите прегледи. Туристите најмалку го споменале овој град во негативен контекст. Меѓутоа, кога се во прашање негативните критики, градот кој најмногу се споменува кога станува збор за измамите е Маракеш од Мароко. Кои дестинации ги воодушевиле туристите? Сите три дестинации на врвот на листата се европски градови без море. На прво место е Будимпешта, а потоа следат Брисел и Цирих. Туристите ја фалат и Будимпешта поради нејзината прекрасна архитектура и пријателските луѓе. Брисел и Цирих имаат дури 96% позитивни критики од туристите.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koi-gradovi-se-najgolemo-razocharuvanje-za-2022-godina/feed/ 0
Будимпешта е најпосетуваниот град за новогодишните празници?! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/budimpeshta-e-najposetuvaniot-grad-za-novogodishnite-praznici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/budimpeshta-e-najposetuvaniot-grad-za-novogodishnite-praznici/#respond Wed, 21 Dec 2022 14:17:30 +0000 https://kurir.mk/?p=778658

Според истражувањето на француската компанија Фотобокс, европскиот лидер во печатење фотографии, која неодамна спроведе истражување за најпопуларните дестинации за одмор, Будимпешта, главниот град на Унгарија, е најпосетуваното место на Инстаграм кога е Европа во прашање. Photobok го анализираше бројот на слики и хаштагови на божиќните пазари во секој град. Под Хаштаг – #budapestchristmasmarket Корисниците на оваа социјална мрежа споделија дури 10.601 пати, што претставува убедлива победа, бидејќи следната на листата, Краков, има помалку од 2.000. Проверете ја листата: Будимпешта – Унгарија 10.601 Краков – Полска 1.647 Инсбрук – Австрија 1.622 Цирих – Швајцарија 1.375 Копенхаген – Данска 340 Photobook исто така спроведе истражување за најдобрите градови за посета на овој Божиќ, а на врвот се најдоа Амстердам и Будимпешта. Критериумите вклучуваа колку божиќни пазари и настани има во градот, како и други фактори кои помагаат да се создаде божиќна атмосфера. Во Будимпешта има три големи божиќни пазари, неколку терени за лизгање на отворено, божиќни украси, неколку видови варено вино и секако прекрасна елка. Будимпешта, еден од најубавите централноевропски градови, е создаден со спојувањето на Буда, старата унгарска престолнина на десната страна и Пешта на левиот брег на Дунав (1873). За само неколку децении, Будимпешта прерасна во вистинска метропола, втора по важност во Австро-унгарската империја, достојна за Виена, со импресивни јавни згради, добро испланирани авении, пространи паркови на речните острови, прекрасни мостови и метро ( 1896) втор во Европа и трет во светот по Лондон и Њујорк.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/budimpeshta-e-najposetuvaniot-grad-za-novogodishnite-praznici/feed/ 0
Орбан му понудил на Путин мировните преговори да се одржат во Будимпешта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/orban-mu-ponudil-na-putin-mirovnite-pregovori-da-se-odrzat-vo-budimpeshta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/orban-mu-ponudil-na-putin-mirovnite-pregovori-da-se-odrzat-vo-budimpeshta/#respond Thu, 12 May 2022 08:39:08 +0000 https://kurir.mk/?p=675527

Унгарските власти понудија во Будимпешта да се одржат мировни преговори со учество на Русија со цел решавање на ситуацијата. Ова го изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во интервју за весникот Ел Паис. – Порано имавме прагматични односи. Од почетокот на војната премиерот Орбан разговараше со Путин, рече Сијарто за односите со Русија. – Премиерот понуди Будимпешта да биде домаќин на мировните преговори, додаде шефот на унгарската дипломатија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/orban-mu-ponudil-na-putin-mirovnite-pregovori-da-se-odrzat-vo-budimpeshta/feed/ 0
Будимпешта на прво место: Кои градови се најпопуларни туристички дестинации? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/budimpeshta-na-prvo-mesto-koi-gradovi-se-najpopularni-turistichki-destinacii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/budimpeshta-na-prvo-mesto-koi-gradovi-se-najpopularni-turistichki-destinacii/#respond Tue, 09 Nov 2021 09:13:08 +0000 https://kurir.mk/?p=593006

Будимпешта е на првото место меѓу најпопуларните туристички дестинации во светот во однос на резервациите направени за периодот од 1 ноември 2021 до 28 февруари 2022 година, пишува blikk.hu, повикувајќи се на податоци обезбедени од онлајн туристичката агенција kiwi.com. Главниот град на Унгарија дури го надмина Лондон, кој долго време се сметаше за лидер. Лондон, Париз, Виена и Берлин се доста популарни, но оваа есен ги претекнува Будимпешта, при што Париз го зазема само 8-то место, а германската престолнина е исфрлена од топ 10 листата. Топ 10 листа Ова се 10-те градови во кои има најмногу резервации: -Будимпешта -Лондон -Виена -Милано -Истанбул -Рим -Киев -Париз -Лисабон -Барселона]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/budimpeshta-na-prvo-mesto-koi-gradovi-se-najpopularni-turistichki-destinacii/feed/ 0
Измама во Будимпешта: Му носеле пијалаци кои не ги нарачувал и сакале да му ги наплатат – келнерите фатени на дело https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/izmama-vo-budimpeshta-mu-nosele-pijalaci-koi-ne-gi-narachuval-i-sakale-da-mu-gi-naplatat-kelnerite-fateni-na-delo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/izmama-vo-budimpeshta-mu-nosele-pijalaci-koi-ne-gi-narachuval-i-sakale-da-mu-gi-naplatat-kelnerite-fateni-na-delo/#respond Tue, 02 Nov 2021 08:18:23 +0000 https://kurir.mk/?p=589552

Унгарската полиција спроведува решителна акција против алчните сопственици на угостителски објекти кои систематски ги ограбуваат туристите наплаќајќи им ги нарачките по вртоглави цени. Во кафуле во центарот на Будимпешта келнери биле фатени на дело кога германски турист одбил да плати 210.000 форинти (повеќе од 580 евра) и кому поради тоа му се заканувале. Полицијата ги уапсила и сопственичката на објектот и нејзиниот син, па тие ќе бидат изведени пред истражен судија. Туристот рекол дека сакал само да пие кафе, а келнерите постојано носеле пијалаци кои тој не ги нарачувал, а кога одбил да плати, му се заканувале дека ќе повикаат полиција и ќе му наплатат преведувач. Поплаките против угостителите кои не бираат средства да ги искористат туристите може редовно да се читаат на туристичките форуми. Впрочем, полицијата поради измамите, веќе извесно време го следи пабот, а сега доби и можност да го фати персоналот директно вмешан во организирано криминално дејствување. Истите сопственици водат уште два локала во Будимпешта, од кои едниот е на доста популарно шеталиште за туристи. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/izmama-vo-budimpeshta-mu-nosele-pijalaci-koi-ne-gi-narachuval-i-sakale-da-mu-gi-naplatat-kelnerite-fateni-na-delo/feed/ 0
Нарачал кафе, па доживеал шок: Неколку лица уапсени откако турист доби ВАКВА сметка https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/narachal-kafe-pa-doziveal-shok-nekolku-lica-uapseni-otkako-turist-dobi-vakva-smetka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/narachal-kafe-pa-doziveal-shok-nekolku-lica-uapseni-otkako-turist-dobi-vakva-smetka/#respond Mon, 01 Nov 2021 19:15:47 +0000 https://kurir.mk/?p=589459

Унгарската полиција спроведува решителна акција против алчните сопственици на угостителски објекти кои ги „ограбуваат“ туристите, наплаќајќи им вртоглави цени за услугата. Во паб во центарот на градот келнерите биле уапсени на дело кога германски турист одбил да плати 210.000 форинти (околу 580 евра) и на кој поради тоа му се заканувале. Полицијата ги уапсила и сопственичката на ресторанот и нејзиниот син, па тие ќе бидат изведени пред истражен судија. Туристот рекол дека сакал само да пие кафе, а келнерите постојано носеле пијалоци кои тој не ги нарачувал, а кога одбил да плати, му се заканувале дека ќе повикаат полиција и ќе му наплатат трошоци за преведувач. Поплаките против угостителите кои не се двоумат да „зезнат“ туристи може редовно да се читаат на туристичките форуми. Впрочем, полицијата веќе извесно време ја следела споменатата кафеана и сега добила можност да го фати персоналот. Истите сопственици водат уште два локала во Будимпешта, од кои едниот е во најпознатата улица Ваци, популарно шеталиште за туристите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/narachal-kafe-pa-doziveal-shok-nekolku-lica-uapseni-otkako-turist-dobi-vakva-smetka/feed/ 0
УЕФА размислува: Финалето на ЕУРО можно е да не се игра во Лондон https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-razmisluva-finaleto-na-euro-mozno-e-da-ne-se-igra-vo-london/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-razmisluva-finaleto-na-euro-mozno-e-da-ne-se-igra-vo-london/#respond Fri, 18 Jun 2021 07:21:25 +0000 https://kurir.mk/?p=525015

Последниот натпревар на Европското фудбалско првенство 2020 може да се пресели од Лондон во Будимпешта, пренесува „The Times“. Според британскиот медиум, Англија, поради епидемиолошката состојба, не може да гарантира голем капацитет на стадионот, додека Будимпешта ветува дека ќе ги пополни трибините за 100 проценти. Британскиот премиер Борис Џонсон добил известувања од УЕФА за можно преместување. За потсетување, поради успешната вакцинација во Унгарија, арената „Ференц Пушкаш“ во Будимпешта за време на мечот Унгарија – Португалија беше исполнета со 61 илјади навивачи. Унгарија беше првата европска земја која започна да ги вакцинира граѓаните со разни вакцини. До почетокот на еврото, околу 5,3 милиони од населението од 9,8 милиони се вакцинирани. Последниот натпревар на ЕВРО 2020 треба да се одржи на 11 јули 2021 година во Лондон на стадионот „Вембли“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-razmisluva-finaleto-na-euro-mozno-e-da-ne-se-igra-vo-london/feed/ 0