будинарци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 23 Jul 2022 08:47:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png будинарци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пожарот помеѓу селата Будинарци и Митрашинци се уште активен, повеќе интервенции и за запалени стрништа и ниска вегетиација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozarot-pomegju-selata-budinarci-i-mitrashinci-se-ushte-aktiven-povekje-intervencii-i-za-zapaleni-strnishta-i-niska-vegetiacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozarot-pomegju-selata-budinarci-i-mitrashinci-se-ushte-aktiven-povekje-intervencii-i-za-zapaleni-strnishta-i-niska-vegetiacija/#respond Sat, 23 Jul 2022 08:47:04 +0000 https://kurir.mk/?p=709213

Пожарот во просторот во планските ридови меѓу селата Митрашинци и Будинарци се води се уште како активен во Центарот за управување со кризи. Како што информираат од ЦУК, од утрово, според податоците од теренот добиени од командирот Ѓорги пожарот е под контрола и се уште се дејствува во обиколен простор каде што се уште тлее и гори. Се дејствува од противпожарни сили по земја и со поддршка од воздух со полицискиот хеликоптер со ведро за гаснење пожар. Важно е, посочуваат, што сега на терен близу пожарот е направен базен со вода од противпожарните сили од кој хеликоптерот го полни со вода ведрото и времето на дејство со хеликоптерот е скратено за три пати, бидејќи не мора да полни од Беровско Езеро. Според информации од РЦУК – Штип, во Општина Берово, пожарот помеѓу селата Будинарци и Митрашинци се уште е активен. Вчера, во текот на денот на пожарот во утринските часови интервенирал хеликоптер на МВР, додека потоа во попладневните часови интервенирал и авион на ДЗС. На терен интервенирале следните екипи: ДЗС – 30 луѓе со 4 возила; ТППЕ Берово – 6 луѓе и 2 возила; ТППЕ Делчево – 4 луѓе со 1 возило; Доброволно ППД Кочани – 5 луѓе со 1 возило; ШС Малешево – Берово со 22 луѓе со 3 возило, ШС Равна река – Пехчево со 8 луѓе и 2 возила; ШС од Радовиш со 5 луѓе и 1 возило; ШС Виница со 5 луѓе и 1 возило; ЈПКР Услуга со 10 луѓе и 2 возила и 15 лица од локалното население. Од утринските часови денеска, интервенира хеликоптер на МВР, како и 20 лица од ДЗС, 35 лица од шумските стопанства и неколку лица од месно население. Во однос на други пожари во државата што биле службено регистрирани во последните 24 часа РЦУК – Скопје, известува дека БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имала две интервенции од кои едната била поради запалено стрниште, а другата поради запалена ниска вегетација. Вкупно опожарени се околу 6.000 м2. Скопската БППЗ имала и три останати помали интервенции. РЦУК – Битола, известува дека ТППЕ Битола и ТППЕ Прилеп, во текот на денот имале по една интервенција. РЦУК – Струмица, известува дека ТППЕ Валандово, во текот на денот имала три интервенции, од кои две биле во с.Брајковци поради запалена ниска вегатација и меѓи, додека третата била од 19:00 до 20:00 часот поради запалена шума на површина од два декари во с.Дедели. Во сите три случаи интервенирале со по два пожарникари и едно ПП возило. РЦУК – Охрид, ја пренесува информацијата од ТППЕ Кичево, во која се наведува дека од 12:50 до 14:20 часот, со пет пожарникари и едно ПП возило гаснеле запалено стрниште во с.Црвивци. ТППЕ Охрид имала една мала интервенција. РЦУК – Велес, известува дека ТППЕ Велес, од 11:30 до 13:30 часот, со пет пожарникари и едно ПП возило интервенирале поради запалена ниска вегетација кај градската депонија. ТППЕ Кавадарци, со два пожарникари и едно ПП возило, од 16:00 до 17:00 часот гаснеле запалена ниска вегетација во близина на с.Фариш (на патот кон Плетвар). (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozarot-pomegju-selata-budinarci-i-mitrashinci-se-ushte-aktiven-povekje-intervencii-i-za-zapaleni-strnishta-i-niska-vegetiacija/feed/ 0
Се уште е активен пожарот меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-e-aktiven-pozarot-megju-berovskite-sela-mitrashinci-i-budinarci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-e-aktiven-pozarot-megju-berovskite-sela-mitrashinci-i-budinarci/#respond Fri, 22 Jul 2022 15:47:22 +0000 https://kurir.mk/?p=709042

Пожарот што зафати подрачје меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци се уште е активен. Ветрот прави проблеми со ставање под целосна контрола на огнените јазици. Состојбата се менува од час во час, изјави за МИА Владо Клинчарски, директор на ЈП „Македонски шуми – Малешево“ – Берово. Тој посочи дека во моментов пожарот го гаснат околу 100 пожарникари од Берово, но и од Виница, Кочани, Радовиш, Струмица и од други градови, како и специјални тимови на Дирекцијата за заштита и спасување, на Центарот за управување со кризи, полиција, гранична полиција и вработени во „Македонски шуми“. Клинчарски вели дека сега битката со огнената стихија се одвива само од земја, бидејќи ЕР-тракторот е повлечен напладне по 12 часот кога имаше драстично покачување на температурите. Тој нагласи дека екипите остануваат на терен, бидејќи ветерот и високите температури не одат во прилог на гаснење на овој пожар кој зафати околу 50 хектари високо стеблеста шума.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-e-aktiven-pozarot-megju-berovskite-sela-mitrashinci-i-budinarci/feed/ 0
По неколкудневна борба: Совладан пожарот во село Будинарци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-nekolkudnevna-borba-sovladan-pozarot-vo-selo-budinarci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-nekolkudnevna-borba-sovladan-pozarot-vo-selo-budinarci/#respond Tue, 10 Aug 2021 18:31:55 +0000 https://kurir.mk/?p=548902

По неколкудневна борба со огнената стихија над селото Будинарци, попладнево пожарот е совладан. Со тоа целосно е изгаснат големиот шумски пожар кој го зафати реонот на општините Пехчево, Делчево и Берово, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Тој на својот фејсбук профил објави дека во пожарот не настрадал ниту еден локален жител, ниту припадник на противпожарна или друга единица или институција, со исклучок на еден повреден австриски пожарникар кому му посака брзо оздравување. Посочи дека дел од австриската противпожарна опрема, како и наши и бугарски пожарникари ќе останат да стражарат на терен за да не дојде до повторно разгорување на огнот на одредени места, нешто што, како што посочи, редовно се случува по совладувњето на вакви големи пожари, особено имајќи го  предвид засилениот ветар кој од пред малку почна да дува. -Голема благодарност до посадите на македонските и српските хеликоптерски единици и романски авиони, македонските, австриските, словенечките и бугарските пожарникари, до припадниците на Национални Шуми и Шумската полиција, до припадниците на македонската Армија и Полиција, како и вработените во ДЗС, ЦУК и останатите институции кои на било кој начин помогнаа во совладувањето на овој, веројатно, најголем шумски пожари во Македонија досега, пишува Ангелов на Фејсбук. Посебна благодарност директорот на ЦУК упати и до локалното население кое, како што рече, храбро и пожртвувано помогна во одбраната на селата од огнената стихија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-nekolkudnevna-borba-sovladan-pozarot-vo-selo-budinarci/feed/ 0
ВИДЕО: Нов голем пожар кај беровско Будинарци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-nov-golem-pozar-kaj-berovsko-budinarci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-nov-golem-pozar-kaj-berovsko-budinarci/#respond Mon, 09 Aug 2021 10:37:05 +0000 https://kurir.mk/?p=548302

Голем пожар повторно избувна во близина на беровското село Будинарци. На терен се противпожарните екипи, волонтери и доброволци кои што се обидуваат истиот да го локализират и изгаснат. Изминатите денови, малешевијата беше зафатена од силни пожари при што беше опожарена површина во дијаметар од 25-30 километри, односно од село Вирче до село Будинарци и од Брегалница до Влаина планина кај Делчево и Пехчево на бугарска граница, или со други зборови станува збор за опожарена површина колку град Скопје. Видео: Нова Македонија Во државата сѐ уште се активни десетина пожари, но според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата во осум часот утринава, нема загрозени села. Во штипскиот регион пожарите кои беа на две локации с.Трботивиште-Нов Истевник м.в.Света Вода и с.Разловци, општина Делчево се во потполна контрола и нема никаква опасност од нивно ширење. Екипи кои набљудуваат кои се на местата на пожарот кога ќе се појави некое жариште во изгорениот дел веднаш реагираат од евентуално проширување. Во текот на вчерашниот ден интервенирале кај Разловци: ТППЕ Делчево со 10 пожарникари, ШС Делчево со 5 вработени, АРСМ со 29 припадници , МВР со 40 припадници, Гранична полиција со цистерна, ЈКП Делчево со цистерна и 2ПП екипи од Р. Бугарија. Кај Нов Истевник ШС Делчево со 4 вработени и МВР со 14 припадници. За ден 09.08.2021 година договорено е во гаснењето на пожарот да интервенираат: 1 вработен од РЦУК Делчево, 10 лица со 2 теренски возила од ПС Голак од Делчево, 10 пожарникари со 2 цистерни и 1 теренско возило од ТППЕ Делчево, 5 полициско службеници со 3 теренски возила и 1 камион штаер со цистерна за вода ос 3 тони од РЦ Исток, 6 полициски службеници со 3 возила од МВР ОВР Делчево, 7 лица со 2 теренски возила со 1 тон вода од ЈКП Брегалница, 40 војници од АРСМ, ОО Црвен Крст Делчево и волонтери од месното население со трактори и цистерни за вода, рачен алат за гаснење, а по потреба ќе бидат ангажирани и други сили. Во општина Берово се уште е активен пожарот на потегот Будинарци-Митрашинци каде што гори борова шума. Екипите што беа на терен се повлекуваат за во раните утрински часови повторно да излезат на терен. Ќе останат набљудувачи што ќе ја следат состојбата, а доколку има потреба ќе се мобилизираат останатите екипи. Загрозени села од пожарот во моментот нема. Во текот на вчерашниот ден интервенирале: 22 армиски припадници, ПП Австрија 60 припадници, ПП Словенија 45 припадници, месно население 15 и останати субјекти околу 60 лица. Според известувањето од ТППЕ Штип, вчера во 12:00 часот добиле дојава за пожар кој избувнал во атарот на с. Драгоево и с.Селце во општина Штип каде гори сува трева, смрека и нискостеблеста шума. Во гаснењето на пожарот интервенирале 4 лица од ШС Серта од Штип и 4 пожарникари со 1 ПП возило. Пожарот е се уште активен, а со гаснењето ќе се продолжи во текот на денешниот ден. Во скопскиот регион пожарот кај Раовиќ– Буковиќ се движи кон сртот, нема опасност за селата, гори мешана шума и е на доста непристапен терен. На место на пожарот е отидена екипа од БППЗ на Град Скопје. Остварен е контакт со одговорно лице од Ловиштето- Јасен кој пренел дека пожарот е до сртот, тие на лице место имаат 8 луѓе кои прават напор да се задржи огнот. Гори мешана шума, смрека, висока трева, и доколку го смени правецот луѓето ќе бидат во опасност. (општина Сарај). Во врска со пожарот кај Катланово, односно Дивље и Крушје, поради интервенција од воздух, гасењето од земја било оневозможено. БППЗ на терен се со 1 возило и 5 пожарникари, а екипата од ШС Караџица целосно е повлечена. Во текот на вчерашниот ден во битолскиот период повторно е реактивиран пожарот кај с.Топлица, општина Прилеп, покрај магистралниот пат Прилеп-Градско. Според последните информации реактивираниот пожар се движи кон атарот на село Крстец. Гори дабова и букова шума и сува трева. Во текот на вчерашниот ден во гаснењето на пожарот интервенирале ТППЕ-Прилеп со 1ПП возило и 3 пожарникари и 5 вработени од ЈП ,,Црн бор“-Прилеп. Во интервенцијата учествуваат и припадници на АРМ. На локацијата на пожарот делувано е и од воздух (1 налет на канадер), но пожарот е се уште активен. Утрово во гаснењето на пожарот интервенираат 3 пожарникари со 1 Пп возило и 5 вработени од ЈП ,,Црн бор“-Прилеп. Во кумановски регион од ноќеска повторно е активен пожарот во атарот во с. Дренк (на тромеѓа помеѓу с.Дренк -Жељубино- Аљинце). Екипата на ТППЕ со 1 теренско возило и 5 пожарникари интервенира од 20,30 часот со напртњачи, во интервенцијата учествуваат и 2 мештани. Екипата е се уште на терен и работи на негово гаснење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-nov-golem-pozar-kaj-berovsko-budinarci/feed/ 0
СТРАШНА ГЛЕТКА ОД БЕРОВСКО БУДИНАРЦИ: Големиот пожар пристигна на 500 метри до селото (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strashna-gletka-od-berovsko-budinarci-golemiot-pozar-pristigna-na-500-metri-do-seloto-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strashna-gletka-od-berovsko-budinarci-golemiot-pozar-pristigna-na-500-metri-do-seloto-video/#respond Fri, 06 Aug 2021 18:42:04 +0000 https://kurir.mk/?p=547430

Во источниот дел на Македонија, односно во Малешевијата беснеат силни пожари, а веќе силниот пожар кај беровско Будинарци се приближи на 500 метри до селото. Како што можи да се види и од самото видео пожарот претставува вистинска закана за ова село доколку надлежните не интервенираат брзо, односно истиот може да го зафати селото и имотите на мештаните кои што се оставени сами на себе, додека пак премиерот и дел од министрите заминале нагодишен одмор, а речиси цела Македонија е во пламен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strashna-gletka-od-berovsko-budinarci-golemiot-pozar-pristigna-na-500-metri-do-seloto-video/feed/ 0
„Аман луѓе, помагајте“: Со голи раце и трактори, оставени сами на себе, граѓаните се борат со пожарите во беровско – СВЕДОШТВА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aman-lugje-pomagajte-so-goli-race-i-traktori-ostaveni-sami-na-sebe-gragjanite-se-borat-so-pozarite-vo-berovsko-svedoshtva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aman-lugje-pomagajte-so-goli-race-i-traktori-ostaveni-sami-na-sebe-gragjanite-se-borat-so-pozarite-vo-berovsko-svedoshtva/#respond Fri, 06 Aug 2021 12:38:48 +0000 https://kurir.mk/?p=547206

Жителите на селото Будинарци во околината на Берово, во Малешевијата, преживуваат вистинска голгота. Оставени сами на себе против голем пожар кој гори и се заканува накај селото. Вознемирени граѓани ја контактираа редакцијата на КУРИР, а нивните потресни сведоштва ви ги пренесуваме во продолжение: -Гори над селото, има густ чад и пламен. Сами се бориме, кој со голи раце, кој со трактори, луѓето сами одат да гасат. Пожарни возила тука немаат дојдено. Состојбата тука е критична, не само во нашето село туку иво околината Умлена, Робово. Оставени сме сами на себе, народот си го спасува селото. Немаме ни опрема овде, кој со што се снајде оди да гаси. Не дојде пожарна, нема ни пумпи, ништо, вели нашиот соговорник од ова село. Станува збор за село кое е од збиен тип. Куќа до куќа. -Овде има многу стари куќи, ако огнот се симне и дојде во селото – толку ќе биде. Пред некој месец овде гром ни направи пожар, две куќи и четири плевни изгореа, еве никој не дојде да види од тогаш, вели жителот со кој разговаравме. КУРИР стапи во контакт и со друг жител на ова село. -Се шири многу брзо, ветерот силно дува и менува правец, горат боровите. Пожарот мора јако да се пресретне инаку од огинот ќе ни отиде селото, вели тој. „Аман луѓе, нека ни помогне некој“ - велат вознемирените жители! На овие луѓе мора да им се помогне. Даваат надчовечки напори со голи раце да си ги спасат домовите и животите, но итно е потребно противпожарна екипа да пристигне на помош! До нашата редакција тие ги испратија и  овие фотографии од страшната слика на која денес е сведоци.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aman-lugje-pomagajte-so-goli-race-i-traktori-ostaveni-sami-na-sebe-gragjanite-se-borat-so-pozarite-vo-berovsko-svedoshtva/feed/ 0