будва – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Jan 2023 15:21:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png будва – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Цеца ја започна традицијата на астрономски хонорари во Будва: Новогодишната програма сега чинеше половина милион евра https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ceca-ja-zapochna-tradicijata-na-astronomski-honorari-vo-budva-novogodishna-programa-sega-chineshe-polovina-milion-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ceca-ja-zapochna-tradicijata-na-astronomski-honorari-vo-budva-novogodishna-programa-sega-chineshe-polovina-milion-evra/#respond Wed, 04 Jan 2023 15:07:44 +0000 https://kurir.mk/?p=783818

Речиси половина милион евра чинеше тридневната новогодишна програма во Будва, од кои нешто повеќе од 300.000 евра се уплатени на сметките на музичките ѕвезди, објави црногорскиот весник „Вијести“. Тридневната програма и исклучително убавото време привлекоа повеќе од 55.000 посетители во Будва. Организаторите за „Вијести“ потврдија дека најплатена музичка ѕвезда бил Дино Мерлин, за чиј ангажман Туристичката организација платила 90.000 евра. Хрватската ѕвезда Златан Стипишиќ – Џибони доби 80.000 евра за новогодишниот настап. Настапот на Џибони беше закажан за 2022 година, но беше откажан поради пандемијата. Потоа му била платена половина од хонорарот. Додека хонорарот за групата Дубиоза колектив изнесувал 45.000 евра. Традицијата на астрономски хонорари во Будва ја започна фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, која пред 18 години беше платена 100.000 евра за половина час настап на плоштадот пред Стариот град.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ceca-ja-zapochna-tradicijata-na-astronomski-honorari-vo-budva-novogodishna-programa-sega-chineshe-polovina-milion-evra/feed/ 0
Лавчето пронајдено во Будва веројатно ќе биде испратено во Јужна Африка https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lavcheto-pronajdeno-vo-budva-verojatno-kje-bide-isprateno-vo-juzna-afrika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lavcheto-pronajdeno-vo-budva-verojatno-kje-bide-isprateno-vo-juzna-afrika/#respond Wed, 16 Feb 2022 11:48:58 +0000 https://kurir.mk/?p=632110

Прифатилиште за животни од 5.000 хектари во Јужноафриканската Република би можело да биде крајната дестинација за лавчето Симба кое неодамна беше најдено во куќа во изградба во близина на Будва, изјави Милена Батаковиќ, од Агенцијата за заштита на животната средина. Таа за ТВ Црна Гора изјави дека лавчето сега се чувствува добро односно дека живнало по вакцинацијата и витаминскиот коктел. Симба и натаму е во привремено засолниште во Подгорица. Агенцијата за заштита на животната средина вчера поднесе кривична пријава до Специјалното државно обвинителство против неидентификувани лица поради сомнение дека се сторени кривични дела за кои се гони по службена должност, во врска со случајот за нелегален транспорт на лавот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lavcheto-pronajdeno-vo-budva-verojatno-kje-bide-isprateno-vo-juzna-afrika/feed/ 0
Пронајдено младото лавче кое избегало во Будва https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajdeno-mladoto-lavche-koe-izbegalo-vo-budva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajdeno-mladoto-lavche-koe-izbegalo-vo-budva/#respond Thu, 10 Feb 2022 12:42:12 +0000 https://kurir.mk/?p=629647

Денеска е пронајдено младото лавче, кое исчезна на крајот на јануари во Побори над Будва. Од будванската полиција за „Вијести“ потврдија дека во стара куќа на пат кон селото Крапина е пронајдено младото лавче. Лавот го лоцирал полицаец, кој ги повикал претставниците на Агенцијата за заштита на животната средина кои го фатиле. Животното ќе биде сместени во просториите на Службата за заштита и спасување додека не се најде адвекатен смештај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajdeno-mladoto-lavche-koe-izbegalo-vo-budva/feed/ 0
Младо лавче избегало во Будва: Полицијата трага по него заедно со биолози и претставници од агенцијата за заштита на животната средина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mlado-lavche-izbegalo-vo-budva-policijata-traga-po-nego-zaedno-so-biolozi-i-pretstavnici-od-agencijata-za-zashtita-na-zivotnata-sredina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mlado-lavche-izbegalo-vo-budva-policijata-traga-po-nego-zaedno-so-biolozi-i-pretstavnici-od-agencijata-za-zashtita-na-zivotnata-sredina/#respond Thu, 10 Feb 2022 12:20:21 +0000 https://kurir.mk/?p=629623

Во тек е вториот ден од интензивната потрага по лавчето кое пред неколку дена избега во месноста Будва. Од утрово на терен се и претставници на Агенцијата за заштита на животната средина на Црна Гора, биолози од Центарот за заштита и проучување на птиците, кои во текот на претходната ноќ дежураа на терен со камери, стапици и мамки. Центарот има и експерт за крупен дивеч, а ги поддржува колега од Косово, односно експерт за диви мачки. Александар Драгичевиќ, граѓански и еколошки активист, за Телеграф.рс изјави дека лавот не бил лоциран синоќа и покрај сите напори и пребарувања на теренот. - Не e лоциран, барем не во пределот каде што беше забележан претходната вечер и каде што најчесто доаѓаше да јаде, според сведочењето на мештаните, претходните седум дена - објаснува нашиот соговорник. Тој вели дека добиле неофицијални информации, кои се уште ги проверуваат, дека утрово во близина на истиот терен бил забележан лавот. -Денеска во текот на денот ќе се постават замки на повеќе локации за да се обидеме на тој начин да го фатиме. Мачките се ноќни животни, па нивната најголема активност е кога ќе се стемни, па затоа денеска очекуваме подготовки за она што доаѓа вечерва - ни вели Драгичевиќ. Според него, потрагата се врши на терен кој е многу непристапен. - Теренот е многу стрмен со многу карпи. Имавме проблеми и при пребарувањето со термални камери, бидејќи имаме дабова и зимзелена шума и тешко се пробива камерата, па е исклучително тешко да се забележи во текот на денот, кога обично одмараат големите мачки. Синоќа во неколку наврати лоциравме шакали, лисици, дури и диви свињи, но не и лавови - вели нашиот соговорник. Тој посочува дека лавот што го бараат е одгледан како домашно милениче, па се навикнал на луѓе и други животни како кучиња. - Вчера на терен разговаравме со мештаните и со некои активисти за правата на животните во Будва, а потоа дознавме дека и мештаните и активистите оставиле храна во делот каде тој ќе се појави и ќе јаде. Токму затоа се надеваме, бидејќи тоа му е навика, дека ќе се појави на истото место, поради што сакаме да поставиме замки. Пред две ноќи на тој простор имало голем број ловечки кучиња, па можно е да го исплашиле и да се сокрил некаде. Се надеваме дека ќе си го најде патот назад денеска или во следните неколку дена - оптимист е нашиот соговорник. На прашањето дали граѓаните треба да се плашат од ова животно, Драгичевиќ рече дека сите мора да имаат на ум дека е неопходна претпазливост, бидејќи тоа е диво животно. - Немаме официјални податоци или проценка колку точно килограми тежи тоа животно. Се верува дека помеѓу 30 и 50 килограми. Досега немало никакви проблеми. Мештаните сведочат дека му пришле на неколку метри за да го нахранат. Значи, досега немало инциденти и опасни ситуации, туку се работи за диво животно, кое може да биде опасно, поради што е обезбеден целиот простор каде што е забележан лавот - вели Драгичевиќ. На терен има полиција, биолози кои имаат пиштоли за зашеметување и целиот терен е доста добро покриен. - Се надеваме дека нема да има инциденти и дека лавот ќе биде фатен на начин што ќе биде безбеден за животното, и за луѓето вклучени во целата акција - заклучува соговорникот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mlado-lavche-izbegalo-vo-budva-policijata-traga-po-nego-zaedno-so-biolozi-i-pretstavnici-od-agencijata-za-zashtita-na-zivotnata-sredina/feed/ 0
ОВОЈ ГРАД ВО ЦРНА ГОРА Е ВО ЦРВЕНА ЗОНА – многу Македонци летуваат таму, а короната се шири со голема брзина! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ovoj-grad-vo-crna-gora-e-vo-crvena-zona-mnogu-makedonci-letuvaat-tamu-a-koronata-se-shiri-so-golema-brzina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ovoj-grad-vo-crna-gora-e-vo-crvena-zona-mnogu-makedonci-letuvaat-tamu-a-koronata-se-shiri-so-golema-brzina/#respond Thu, 12 Aug 2021 09:29:52 +0000 https://kurir.mk/?p=549600

Будва стана корона жариште. Во Црна Гора има најмногу нови случаи за четири месеци, а најмногу инфицирани има во Будва. Градот е во црвената зона. Потврдени се 332 нови случаи на коронавирус. Меѓу нив има 41 турист, претежно од Будва и Улцињ. Дека ситуацијата е комплицирана, потврди и директорот на Црногорскиот институт за јавно здравје, Игор Галиќ. Tој вели дека повторно има локален пренос на коронавирусот и дека може да се разговара за нов бран. Oткако почна пандемијата имаше и период кога Црна Гора беше земја без корона. Во сите земји во регионот расте бројот на инфицирани со ковид. Црна Гора е земја каде нашите туристи можат да патуваат слободно, без ПЦР тест.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ovoj-grad-vo-crna-gora-e-vo-crvena-zona-mnogu-makedonci-letuvaat-tamu-a-koronata-se-shiri-so-golema-brzina/feed/ 0
Тешка сообраќајна несреќа кај Будва, има и загинати (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/teshka-soobrakjajna-nesrekja-kaj-budva-ima-i-zaginati-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/teshka-soobrakjajna-nesrekja-kaj-budva-ima-i-zaginati-foto/#respond Thu, 15 Jul 2021 17:17:59 +0000 https://kurir.mk/?p=537332

Утрово кај местото Лапчиќи, кое се наоѓа над Будва, се случила тешка сообраќајна несреќа, каде што животот го загуби едно лице. Како што може да се види на сликите, станува збор за силен удар на две возила, при што настанала голема штета на автомобилите. Како што пренесуваат медиумите, триесет и тригодишниот В.Д. загина околу 13 часот во несреќен случај на главниот пат Будва – Цетиње, во близина на Кошљун. Во истата сообраќајна несреќа, тешко повреден е жителот на Подгорица Ш.И. (42), кој бил пренесен во болница. Ова го соопштија за „Вјести“ од полицијата во Будва, чии службеници спроведоа истрага на местото на несреќата. Настраданиот В.Д. управувал „Голф 5“, а повредениот Ш.И. во моментот на несреќата бил зад воланот на Цитроен. Полициската управа се уште не ги соопшти деталите за несреќата, поради што сообраќајот беше во прекин повеќе од еден час. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/teshka-soobrakjajna-nesrekja-kaj-budva-ima-i-zaginati-foto/feed/ 0
ФОТО: По силното невреме пронајдена статуата Балерина, заштитниот знак на Будва https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-po-silnoto-nevreme-pronajdena-statuata-balerina-zashtitniot-znak-na-budva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-po-silnoto-nevreme-pronajdena-statuata-balerina-zashtitniot-znak-na-budva/#respond Fri, 01 Jan 2021 13:29:15 +0000 https://kurir.mk/?p=451042

Силното невреме кое во понеделникот ја погоди Будва, ја однесе бронзената статуа Балерина која е заштитен знак на градот. Балерината беше на карпа кај плажата Могрен, а како што јавуваат медиумите, пронајдена е без поголеми оштетувања. Според објавените фотографии се гледа дека статуата е малку напукната само на едно место.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Primorske novine (@primorske)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-po-silnoto-nevreme-pronajdena-statuata-balerina-zashtitniot-znak-na-budva/feed/ 0
Расте напнатоста во Црна Гора – Полицијата го претепала градоначалникот на Будва (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/raste-napnatosta-vo-crna-gora-policijata-go-pretepala-gradonachalnikot-na-budva-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/raste-napnatosta-vo-crna-gora-policijata-go-pretepala-gradonachalnikot-na-budva-video/#respond Wed, 17 Jun 2020 16:04:09 +0000 https://kurir.mk/?p=359161

Припадници на црногорските специјални полициски сили брутално го претепале и уапсиле градоначалникот на Будва, Марко Царевиќ утрово. Царевиќ и претседателот на Собранието на Општина Будва биле уапсени пред зградата на Општината, а полицијата ги привела и менаџерот на Општината и останатите водечки функционери. Како што се слуша на видеата објавени на социјалните мрежи, Царевиќ бил брутално претепан, а на снимката се гледа дека полицијата применува сила и кон другите функционери на општината. Во Будва во моментов е хаос пред Општината, а на зградата ѝ се искршени и стаклата. Насобраните граѓани извикуваат: „Усташи, усташи“ и „Мафија, мафија“. Инаку, полицијата синоќа се откажала од асистенција во управната инспекција во поставувањето на нови власти во Будва, со што пропадна планот на ДПС да се смени легитимната власт на Будва. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/raste-napnatosta-vo-crna-gora-policijata-go-pretepala-gradonachalnikot-na-budva-video/feed/ 0
Вооружен напад во Будва, градот блокиран: Две лица повредени- еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vooruzen-napad-vo-budva-gradot-blokiran-dve-lica-povredeni-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vooruzen-napad-vo-budva-gradot-blokiran-dve-lica-povredeni-eve-gi-detalite/#respond Tue, 27 Aug 2019 06:38:11 +0000 https://kurir.mk/?p=233722

Две лица се повредени во вооружен напад во Будва, по што полицијата го блокирала градот. Како што соопшти полицијата, повредените се надвор од животна опасност и се префрлени во которската болница. Веднаш по инцидентот, кој се случил два часа по полноќ, полицијата го блокирала градот. Според локалните медиуми, нападот се случил во ресторан во Будва откако непознато лице, кое носело силиконска маска, отворило оган од засега непознати причини. Истрагата е во тек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vooruzen-napad-vo-budva-gradot-blokiran-dve-lica-povredeni-eve-gi-detalite/feed/ 0
Доаѓале на плажа и краделе – Македонци уапсени во Будва https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/doagjale-na-plaza-i-kradele-makedonci-uapseni-vo-budva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/doagjale-na-plaza-i-kradele-makedonci-uapseni-vo-budva/#respond Tue, 06 Aug 2019 09:39:27 +0000 https://kurir.mk/?p=226868

Двајца Македонци паднаа во рацете на полицијата по серија извршени кражби на плажите во Будва. Се работи за 58-годишниот Шаип Р. и 52-годишниот Тони Т. кои изминатите две недели извршиле шест кражби на плажите во Будва така што краделе торби од присутните на плажата, па потоа ги оставале под чадорите додека се бањале во море. Со автомобилот секој ден доаѓале на плажа, обично ги бирале најпосетените. Користејќи го метежот, незабележано краделе. За жал и мало невнимание на туристите било доволно да останат без своите предмети. Краделе торби со лични работи, паричници, пари, накит, картички за банка, па дури и гардероба. - „Полицијата за да ги спречи кражбите, назначи одреден број инспектори што секојдневно се во цивил и ја контролираат плажата. Токму во таков случај се уапсени државјаните на Северна Македонија. Ги следел до автомобилот што го паркирале недалеку од плажата, каде им се ставени лисици на рацете и приведени“, велат од тамошната полиција за Вијести. Македонците вчера биле упатени во затвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/doagjale-na-plaza-i-kradele-makedonci-uapseni-vo-budva/feed/ 0