буџет 2019 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Dec 2018 06:55:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png буџет 2019 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Собранието продолжува дебатата за Предлог-буџетот за 2019 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-sobranieto-prodolzuva-debatata-za-predlog-budzetot-za-2019/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-sobranieto-prodolzuva-debatata-za-predlog-budzetot-za-2019/#respond Fri, 21 Dec 2018 06:55:32 +0000 https://kurir.mk/?p=143040

Во македонското Собрание денеска треба да продолжи расправата по дополнетиот Предлог-буџет за 2019 година. Расправата почна завчера кога пратениците од парламентарното мнозинство оценија дека предложениот буџет е социјален и со многу инвестициски вложувања, а опозицијата критикуваше дека тој е мегаломански, неразвоен и оти власта нема капацитет да реализира проекти. Министерот за финансии Драган Тевдовски образложи дека главните цели на предложениот буџет се повисоки стапки на економски раст, подобар животен стандард на населението, повисоко ниво на социјална правда и повеќе пари за евроинтегративните процеси. Вкупните приходи се планирани на 210,8 милијарди денари, а расходите се на ниво од 228,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит ќе изнесува 17,7 милијарди денари, односно 2,5 отсто од БДП, а растот на економијата е проектиран на 3,2 проценти. За капиталните инвестиции се издвоени 26 милијарди денари.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-sobranieto-prodolzuva-debatata-za-predlog-budzetot-za-2019/feed/ 0
Манаскова: Во Буџетот за 2019 година, ниту еднаш не е спомната Виница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manaskova-vo-budzetot-za-2019-godina-nitu-ednash-ne-e-spomnata-vinica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manaskova-vo-budzetot-za-2019-godina-nitu-ednash-ne-e-spomnata-vinica/#respond Fri, 30 Nov 2018 13:28:32 +0000 https://kurir.mk/?p=134174

Магдалена Манаскова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на Комисијата за финансирање и буџет посочи дека во изминатите два дена, пратениците во најголем дел се осврналњ на позитивните и негативните параметри од новиот Буџет за 2019 година. -Вообичаено при носењето на Буџетот секоја година посебно се осврнувам на мојот град Виница, презентирајќи ги на моите сограѓани проектите од Буџетот кои што се однесуваат на Општина Виница. Оваа година за жал од мојот говор ќе го изоставиме тој дел од една единствена причина што во Буџетот за 2019 година, ниту еднаш не е спомната Виница, образложи Манаскова. -Само еднаш во дел за дотации што нели е неизбежно. Но не можев да најдам ниту еден друг проект улица, градинка, што и да е било каков проект кој што би можела да им го посочам на моите сограѓани, потенцира Манаскова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manaskova-vo-budzetot-za-2019-godina-nitu-ednash-ne-e-spomnata-vinica/feed/ 0
Владата го усвои Предлог-буџетот за 2019 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-go-usvoi-predlog-budzetot-za-2019/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-go-usvoi-predlog-budzetot-za-2019/#respond Thu, 15 Nov 2018 09:13:33 +0000 https://kurir.mk/?p=128042

Владата го усвои Предлог-буџетот за 2019 година со кој вкупните приходи и расходи се во рамки на проектираните параметри на Министерството за финансии. Буџетскиот дефицит е проектиран на ниво од 2,5 проценти од БДП. Предлог-буџетот, како што денеска информира Владата, ќе биде доставен на усвојување во Собранието на Република Македонија. – Планираниот дефицит е во согласност со Фискалната стратегија на Република Македонија 2019-2021 и ја потврдува планираната фискалната консолидација, проследена со натамошна буџетска дисциплина и обезбеден значителен фискален простор за инфраструктурни проекти и поддршка на домашната економија, за зајакнување на социјалната праведност и сигурност и за забрзување на евро-атлантските интеграциски процеси, велат од Владата. На вчерашната владина седница е усвоен и Предлог – законот за извршување на Буџетот за 2019 година, како и Предлог планот и мерките за утврдување програма за намалување на аерозагадувањето. Министерството за финансии е задолжено да ја вклопи Програмата за намалување на аерозагадувањето во Предлог-буџетот за 2019 година. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-go-usvoi-predlog-budzetot-za-2019/feed/ 0
Буџетот за 2019 година на владина седница, денеска последен законски рок да стигне во Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/budzetot-za-2019-godina-na-vladina-sednica-deneska-posleden-zakonski-rok-da-stigne-vo-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/budzetot-za-2019-godina-na-vladina-sednica-deneska-posleden-zakonski-rok-da-stigne-vo-sobranieto/#respond Thu, 15 Nov 2018 06:45:53 +0000 https://kurir.mk/?p=127955

Владата на Република Македонија на вчера на седница го разгледуваше Предлог-буџетот за наредната година. Во рамки на закажаната 103 седница беше најавено да се дебатира за Предлог-буџетот за 2019 година, како и за Предлог-законот за извршување на буџетот. Законски рок на Владата е најдоцна до 15 ноември да го достави до Собранието на Република Македонија. Со предлогот на Минстерството за финансии, што беше претставен пред коморите, синдикатите, невладиниот сектор и медиумите, предвидено е вкупните приходи во државната каса за 2019 година да изнесуваат 210,8 милијарди денари, а вкупните расходи на 228,5 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 3,2 проценти, а стапката на инфлација на 2 проценти. Буџетскиот дефицит е проектиран на 2,5 проценти или 17,7 милијарди денари што е за 500 милиони денари помалку во однос на годинава. – Обезбедуваме умерена и постепена фискална консолидација. Ако пред две години буџетскиот дефицит изнесуваше три проценти од БДП, сега го намалуваме на 2,5 од БДП и сметаме дека тоа е сериозно намалување и исправен чекор. Не одиме кон радикално намалување, појасни министерот за финансии Драган Тевдовски. Дефицитот ќе се покрива од домашни и надворешни извори во зависност од пазарните услови. Тој оцени дека со постепената фискална консолидација се подготвува земјата за она што ја очекува во 2020 и 2021 година, односно исплата на доспеаните долгови направени од претходната власт. Во предлог-буџетот им пари за повисоки плати во здравството, образованието и одбраната, повеќе пари за реформите во социјалната и детската заштита и пензискиот систем, како и средства за воведување „зелена нафта“ во земјоделството. Предвидени се повисоки плати за 10 проценти за лекарите специјалисти од јануари следната година и уште 5 проценти во септември за сите лекари. Зголемување на платите за пет проценти од септември догодина предвидени се и за просветните работници. Пет проценти повисока септемвриска плата се очекува да земат и вработените во администрацијата, но во Предлог-буџетот за 2019 година не се предвидени пари за исплата на К-15 во јавниот сектор. Капиталните инвестиции се проектирани на 25,7 милијарди денари, а министерот за финансии очекува дека следната година ќе се забрза реализацијата на овие проекти. – Постојано Министерството за финансии прави притисок на сите институции коишто имаат вакви проекти да ги реализираат. Многупати тие се соочуваат со огромни проблеми како проектни документации и добро е што во моментов голем дел од таквите проблеми се решени кај големите проекти и очекуваме дека ќе забрза реализацијата на капиталните инвестиции, рече Тевдовски, одговарајќи на прашање каков ќе биде механизамот којшто ќе се примени за капиталните инвестиции да бидат целосно реализирани. Владата вчера на седницата донесе одлука да се обезбедат првични 98 милиони денари во Буџетот за борба против аерозагадувањето. – Донесена е одлука со која намалувањето на аерозагадувањето се утврдува како стратешки приоритет за идната година. Како првични средства за оваа намена во Буџетот за 2019 година се предвидени 98 милиони денари, со препорака за обезбедување дополнителни финансиски средства за оваа програма да се искористат постоечките потенцијали од донаторската заедница, се вели во соопштението од владината прес-служба. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/budzetot-za-2019-godina-na-vladina-sednica-deneska-posleden-zakonski-rok-da-stigne-vo-sobranieto/feed/ 0
„О2 Иницијатива“: Итно вклучување на справување со загадувањето во буџетот за 2019 или оставка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/o2-inicijativa-itno-vkluchuvanje-na-spravuvanje-so-zagaduvanjeto-vo-budzetot-za-2019-ili-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/o2-inicijativa-itno-vkluchuvanje-na-spravuvanje-so-zagaduvanjeto-vo-budzetot-za-2019-ili-ostavka/#respond Tue, 13 Nov 2018 08:40:19 +0000 https://kurir.mk/?p=127176

Вчерашната презентација на предлог-буџетот на РМ за 2019 година на ниту едно место не ја спомнува заштитата на животната средина и намалување на загадувањето. Како да е овој проблем маргинален во неговото значење и влијание врз здравјето на сите граѓани на оваа земја. Но, потврдува дека е маргинален на ниво на Влада. Со тоа што буџетот за заштита на животна средина не фигурира, потврдува дека е незначителен, се вели во соопштението од Иницијативата „О2“. Отталу велат дека комплетниот дебакл што оваа Влада го доживеа во однос на справување со загадувањето и заштита на природата, овој предлог-буџет само го констатира. -После година и пол од формирање, две години од изборите, оваа Влада комплетно потфрли и не го спроведе она што го вети во областа на животна средина. Како итни реформски приоритети во првите 6 месеци, требаше  да се воспостави Фонд за животна средина, во кој директно ќе се слеваат средствата добиени од такси за животна средина. Секој таков денар требаше да се намени исклучиво за проекти за подобрување на квалитетот на животната средина. Не само што не се оствари ова ни после година и пол, туку со минатонеделниот ребаланс на буџетот за 2018 се скратија над 2 милиони евра за заштита на животна средина. А се гушиме во загадување, мониторинг станици не работат, инспектори нема доволно, нема опрема за мерење, нема акредитирани лаборатории, нема доволно и адекватни субвенции за премин на домаќинствата во загревање кое нема да загадува, нема соодветен јавен транспорт што би ја намалил употребата на возила, законите стојат во место, правилници и уредби не се носат, .... и ова е само во областа на аерозагадувањето. Тонеме, се вели во соопштението на Иницијативата. Од О2 посочуваат дека за парадоксот да биде поголем, во 2016 година се собрале над 183 милиони евра во даноци (такси) поврзани со животната средина. -Секој денар ќе се употребуваше исклучиво за подобрување на квалитетот на животната средина? Ни лани, ни оваа година собраните средства не ги користите наменски, туку за долгови на општини, за полнење дупки во буџетот. Средствата имаат точна намена – подобрување на квалитетот на животната средина. Ги следите ли извештаите од светските и европски конференции кои нашите градови и генерално државата ви ја категоризираат како најзагадена и ужасна за живеење? Можете ли малку да се фокусирате на константните барања на граѓаните да им овозможи чист воздух и здрава животна средина? Имате ли одговорност за она што сте го ветиле, совест за влијанието на загадувањето врз сите жители на оваа држава, срам дека парите наместо да го решите загадувањето во најбрз можен рок, а со овие средства сигурно може со галопирачки чекори да се реши, вие ги користите за други цели. Тоа се вели крадење од здравјето на граѓаните, на децата. Под итно БАРАМЕ да го измените буџетот за 2019 година, во Владината програма - Унапредување на животната средина да внесете посебна потпрограма - Справување со аерозагадувањето и најголем дел од средствата од собраните даноци поврзани со животната средина да ги намените за најгорливото прашање, аерозагадувањето, соопштуваат од „О2“. За една година во најзагадените градови воздухот може да се доведе во граници на дозволено годишно ниво. -Во спротивно бараме да си поднесете оставка и да оставите простор најгорливиот проблем на граѓаните, заштитата на нивниот живот и здравје, да го оставите на некој друг, кој искрено ќе се грижи за тоа, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/o2-inicijativa-itno-vkluchuvanje-na-spravuvanje-so-zagaduvanjeto-vo-budzetot-za-2019-ili-ostavka/feed/ 0