буџет 2022 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Dec 2021 19:04:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png буџет 2022 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Собраниската седница на која се разгледува Предлог-буџетот за 2022 продолжува в понеделник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniskata-sednica-na-koja-se-razgleduva-predlog-budzetot-za-2022-prodolzuva-v-ponedelnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniskata-sednica-na-koja-se-razgleduva-predlog-budzetot-za-2022-prodolzuva-v-ponedelnik/#respond Fri, 10 Dec 2021 19:04:38 +0000 https://kurir.mk/?p=606862

Попладневното продолжение на расправата за Предлог-буџетот за 2022 година помина во меѓусебни препирки меѓу пратениците од владеачкото мнозинство и опозициските пратеници. Според првите, Предлог-буџетот има силна развојна компонента и ќе има историско највисоко учество на капиталните инвестиции во вкупните буџетски расходи, а според вторите, во буџетот не се мислело за граѓаните за да излезат од економската криза и не се предвидени пари за справување со последиците од енергетската криза. Пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска рече дека Предлог-буџетот за 2022 е развоен, со акцент за зголемување на капиталните расходи, намалени се непродуктивните трошоци, планирано е редовно исплаќање на платите, пензиите и социјалните трансфери со предвидено зголемување на плати во здравството, дел од образованието, културата, судството и јавното обвинителство. Таа нагласи дека цели на предлог буџетот се заштита на здравјето на граѓаните, економско заздравување и раст на економијата, фискална одржливост и непречено финансирање на основните функции на државата. – Со предлог буџетот се зголемени капиталните инвестиции, капиталните расходи се повисоки од буџетскиот дефицит и ќе се позајмува само за финансирање на инвестициски проекти за парите да се искористат таму каде што има најмногу ефекти, во интерес на граѓаните, рече Георгиевска. Таа посочи дека за гасификацијата се планирани инвестиции во магистрални водови, поврзување со Косово и Грција, во комуналната инфраструктура е водоснабдување во општините, во земјоделството програмата за наводнување и модернизација, а во областа на животната средина како голем проект ќе се финансира пречистителна станица во Скопје, како станици за цврст отпад во планските региони. – Капиталните инвестициите во здравството предвидуваат изградба на Клинички центар и итно справување со ковид кризата, а во образованието се продолжува со финансирање за изградба и реконструкција  на училишта, спортски сали, унапредување на основното образование. Меѓу проектите во енергетската инфраструктура се ветрениот парк Богданци 2, топлификација Битола, ветрениот парк Миравци, проектот за чистење на линданот од Охис, фотонапонска електрана Осломеј 2 и фотонапонска електрана во кругот на РЕК Битола, додаде Георгиевска. Пратеникот Александар Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека повторно се зголемува јавниот долг како никогаш досега. – Да сакаме да веруваме дека Буџетот ги рефлектира реалните проекции ние мора да бидеме свесни дека оваа Влада не се покажа во ниту еден момент како реализатор на капитални инвестиции. Кој проект го проектиравте и го спроведовте како Влада во вашиот претходен мандат. Ако се погледне структурата на буџетот ќе се сфати дека тој е наменет за гаснење на социјален пожар затоа што околу 33 проценти се предвидени за социјална заштита,15 проценти за здравство и 10 проценти за образование. Ако се направи споредба над половина милијарда евра се предвидени од буџетот за плати, пензиии и социјални трансфери наспроти 600 милиони евра за капитални инвестиции, додаде Велјановски. Од опозициските партии на Албанците обвинија дека рекордното задолжување може да ја стави во опасност финансиската стабилност на државата. Во оваа држава, рекоа тие, никогаш не се реализира тоа што го пишува во буџетот, затоа секоја година има негов ребаланс и не се реализираат капиталните инвестиции кои се значајни за државата, а јавниот долг ќе биде на рекордно ниво и тоа од 700 милиони евра. Пленарната седница за Предлог буџетот за 2022 година ќе продолжи во понеделник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobraniskata-sednica-na-koja-se-razgleduva-predlog-budzetot-za-2022-prodolzuva-v-ponedelnik/feed/ 0
Почнува собраниската расправа за Предлог-буџетот за 2022 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pochnuva-sobraniskata-rasprava-za-predlog-budzetot-za-2022/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pochnuva-sobraniskata-rasprava-za-predlog-budzetot-za-2022/#respond Mon, 15 Nov 2021 06:22:54 +0000 https://kurir.mk/?p=595520

Во Собранието денеска треба да почне расправата по Предлог-буџетот за 2022 година. Според објавата на веб страницата на Собранието, Предлог-буџетот е ставен на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет закажана во 11 часот, а потоа треба да биде разгледан и на Законодавно-правната комисија. Вкупните расходи се планирани на ниво од 272,4 милијарди денари или 32 проценти од БДП, а приходите на 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП. Вкупните приходи се за 7,4 проценти повисоки од 2021, а кај расходите има зголемување за 1,4 проценти во споредба со расходите во 2021 година, но тие се пониски како процент од БДП споредено со 2021 година. Капиталните инвестиции за 2022 година се планирани на ниво од 37,8 милијарди денари и за првпат се повисоки од буџетскиот дефицит кој е проектиран на ниво од 33,5 милијари денари или 4,3 проценти од БДП. Стапката на инфлација е проектирана на ниво од 2,4 проценти. Министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за МИА, кое во целост беше објавено викендот, порача дека е важно буџетот да биде донесен навреме затоа што со него се обезбедува непречено финансирање на функциите на државата, силна финансиска поддршка за економско заздравување и забрзан, инклузивен и одржлив економски развој. – Значајно е да подвлечам дека преку Буџетот се обезбедува и навремена исплата на плати, пензии, социјални надоместоци, субвенции, се обезбедува реализација на капитални инвестиции, коишто за 2022 година се планирани на ниво од 37,8 милијарди денари и се повисоки од буџетскиот дефицит. На тој начин се почитува златното правило во јавните финансии, односно планирани се повеќе средства за финансирање на инвестициските проекти, од предвиденото задолжување, истакна Бесими во интервјуто. Според него, Предлог-буџетот по сите карактеристики е развоен што се гледа и преку проектираниот историски највисок износ на капитални инвестиции во вкупните расходи од 14 проценти. Уште позначајно, како што посочува, е што тие се проектирани на износ кој е повисок од буџетскиот дефицит. На ваков чекор, како што појаснува, се одлучиле затоа што Владата е фокусирана на остварување повисок економски раст и подобар квалитет на живот на граѓаните. – За ова да се постигне, јасно е дека мора да има повисоки капитални инвестиции, но тие треба да бидат во клучни инфраструктурни области кои ќе генерираат раст, вели Бесими. Подготовката и донесувањето на буџетот е пропишано со закон и во него се наведени прецизни рокови според кои треба да се постапи. Согласно тие рокови, буџетот од страна на Собранието треба да се донесе најдоцна до крајот на годината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pochnuva-sobraniskata-rasprava-za-predlog-budzetot-za-2022/feed/ 0