буџет 2023 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Dec 2022 07:58:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png буџет 2023 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Коалицијата СДС, ДУИ Левица не гласаа буџети во Аеродром, Охрид, Бутел, Свети Николе, криминалците и фолирантите против мега проекти важни за граѓаните“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koalicijata-sds-dui-levica-ne-glasaa-budzeti-vo-aerodrom-ohrid-butel-sveti-nikole-kriminalcite-i-folirantite-protiv-mega-proekti-vazni-za-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koalicijata-sds-dui-levica-ne-glasaa-budzeti-vo-aerodrom-ohrid-butel-sveti-nikole-kriminalcite-i-folirantite-protiv-mega-proekti-vazni-za-gragjanite/#respond Fri, 30 Dec 2022 07:57:45 +0000 https://kurir.mk/?p=782417

Коалицијата СДС, Левица и ДУИ не ги гласаа буџетите во Охрид, Бутел, Аеродром, Свети Николе, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на линија на народот, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. „Коалицијата СДС, ДУИ и Левица не се грижи за народот, туку само за матните зделки, кои се лепак на нивната дружба. Во Охрид, СДС, ДУИ и Левица не поддржаа буџет кој ќе значи реконструкција на улици, 15 детски игралишта, 2 мултифункционални игралишта. Тие беа и против нова опрема и механизација за јавните претпријатија. Во Бутел, СДС и Левица не гласаа за новиот буџет, со кој се предвидуваат средства за уредување на кејот на реката Серава, нови улици, канализациски системи и нови спортски терени. Коалицијата СДС и Левица без ДУИ, се и против развојот на Свети Николе, тие не го гласаа новиот буџет со кој се одвојуваат дваесетина милиони за нови улици и водоводни и канализациски системи, како и нова балон сала за учениците на Кочо Рацин и нов парк со Памп трака и справи за вежбање“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека во Аеродром СДС и Левица не гласаа за буџетот кој значи развој на општината, а со кој се предвидени инвестиции во нови градинки, улици, паркови и плоштади. „СДС, ДУИ и Левица се против развојот на општините низ Македонија, тие се секогаш против кога нема матни зделки и тендери, како што имаат во град Скопје, каде на полноќна седница на Совет префрлаа пари на ЈСП, претпријатие управувано од кадар на СДС, кое склучува мултимилионски договори без попусти кои биле вообичаени години наназад. СДС, ДУИ и Левица се деструктивни. Со оваа коалиција Македонија тоне. Потребни се целосни промени“, истакнуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koalicijata-sds-dui-levica-ne-glasaa-budzeti-vo-aerodrom-ohrid-butel-sveti-nikole-kriminalcite-i-folirantite-protiv-mega-proekti-vazni-za-gragjanite/feed/ 0
​Усвоен буџетот за 2023 година, новите градинки, училишта, паркови и улици ќе бидат новиот лик на Аеродром https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/usvoen-budzetot-za-2023-godina-novite-gradinki-uchilishta-parkovi-i-ulici-kje-bidat-noviot-lik-na-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/usvoen-budzetot-za-2023-godina-novite-gradinki-uchilishta-parkovi-i-ulici-kje-bidat-noviot-lik-na-aerodrom/#respond Wed, 28 Dec 2022 19:47:05 +0000 https://kurir.mk/?p=781851

Усвоен буџетот за 2023 година, новите градинки, училишта, паркови и улици ќе бидат новиот лик на Аеродром На денешната седница на Советот на Општина Аеродром го усвои буџетот за 2023 година. Станува збор за развоен буџетот во кој предвидуваме изградба на низа инфраструктурни објекти, капитални инвестиции и поддршка за граѓаните. „Како прв човек на општината, се радувам што следната година ќе продолжат важните и клучни проекти кои ги започнавме оваа година, со што остваруваме континуитет во развојот на Аеродром како урбана, спортска, модерна и зелена општина. Нови градинки, нови плоштади, училишта и паркови – ова ќе биде новиот лик на Аеродром во 2023 година“, истакна градоначалникот Муцунски. Тој додаде дека и следната година општината ќе продолжи да ги поддржува ранливите категории на граѓани, да го субвенционира спортот, да вложува во неговиот развој и да инвестира во проекти за секое населено место и за сите возрасни групи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/usvoen-budzetot-za-2023-godina-novite-gradinki-uchilishta-parkovi-i-ulici-kje-bidat-noviot-lik-na-aerodrom/feed/ 0
Буџетот за 2023 година за Ѓорче Петров е развоен и содржи голем број проекти https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/budzetot-za-2023-godina-za-gjorche-petrov-e-razvoen-i-sodrzi-golem-broj-proekti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/budzetot-za-2023-godina-za-gjorche-petrov-e-razvoen-i-sodrzi-golem-broj-proekti/#respond Wed, 28 Dec 2022 14:19:05 +0000 https://kurir.mk/?p=781732

На денешната седница на Советот на општина Ѓорче Петров на дневен ред е и Буџетот за 2023 година. Од содржината на самиот Буџет може да се заклучи дека станува збор за развоен буџет во кој се одвојуваат огромни средства за капитални инвестиции, средства за реализација на многу проекти, а пред сè се води грижа за остварување на интересите на граѓаните. „Наследивме општина која што е во долгови, но и покрај се со здружени сили успеавме изминатава година да реализираме значајни проекти и да решиме децениски проблеми на нашите сограѓани. Во новата 2023 година се обврзуваме на уште повеќе работа и реализирани проекти кои ќе значат чекор кон модерна, урбана и развиена општина. Во Буџетот за 2023 година се предвидуваат средства за: - Изградба на паркови, детски и спортски игралишта - Одржување на јавната хигиена - Проектирање и реконструкција на основни училишта и градинки - Подобрување на квалитетот на образованието и детската заштита - Реконструкција на улици во урбаниот и руралниот дел на општината - Заштита на животната средина - Изградба на атмосферска и фекална канализација - Изградба и реконструкција на водоводни мрежи - Поддршка на спортот во општината - Организација и поддршка на културни манифестации Наша обврска е да го реализираме се она што го ветивме и да ја направиме општина Ѓорче Петров достојно место за живеење. Нема да дозволиме разните притисоци и опструкции да влијаат на нашата работа. Како Советничка група на ВМРО - ДПМНЕ и Коалицијата заедно со Градоначалникот, Александар Стојкоски ќе го вложиме нашиот максимум и во 2023 година да реализираме голем број проекти и инвестиции. Довербата од граѓаните е основниот мотив кој не поттикнува за напорна работа и никогаш нема да изневериме“, велат од општината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/budzetot-za-2023-godina-za-gjorche-petrov-e-razvoen-i-sodrzi-golem-broj-proekti/feed/ 0
Последен ден од расправата по Дополнетиот предлог буџет за 2023 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posleden-den-od-raspravata-po-dopolnetiot-predlog-budzet-za-2023/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posleden-den-od-raspravata-po-dopolnetiot-predlog-budzet-za-2023/#respond Fri, 23 Dec 2022 06:15:39 +0000 https://kurir.mk/?p=779394

Собранието денеска се очекува да го донесе Дополнетиот предлог буџет за 2023 година, кој е на дневен ред на 97. пленарна седница. Денеска е петиот, последен ден за дебата за Буџетот за следната година. Пратениците дебатираат по Дополнетиот предлог буџет за 2023 година во којшто се вградени прифатените амандмани во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Пратениците од опозицијата и за време на вчерашната дебата посочија дека буџетот е преобемен и инфлаторен и со него дополнително ќе се зголеми дефицитот и јавниот долг. За  власта, буџетот е развоен, насочен кон макроекономско заздравување и е одговор на енергетската криза, со поддршка на граѓаните и стопанството. Растот во Предлог-буџетот за 2023 година е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година. На дневен ред на 97. седница се и Предлог на закон за задругите и Предлог на одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот ЅАРЅ-Со\/-2 и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posleden-den-od-raspravata-po-dopolnetiot-predlog-budzet-za-2023/feed/ 0
Стефковски: Усвоен е буџетот на општина Гази Баба за 2023 година https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stefkovski-usvoen-e-budzetot-na-opshtina-gazi-baba-za-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stefkovski-usvoen-e-budzetot-na-opshtina-gazi-baba-za-2023-godina/#respond Tue, 20 Dec 2022 15:11:38 +0000 https://kurir.mk/?p=778228

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски со објава на својата официјална страна на фејсбук информира дека на денешната редовна седница, Советот на општина Гази Баба го усвои буџетот на општината за 2023 година. Во објавата градоначалникот Стефковски напиша: Усвоен буџетот на општина Гази Баба за 2023 година! Советот на општина Гази Баба на денешната редовна седница го усвои буџетот на општина Гази Баба за 2023 година. Усвоивме развоен буџет кој ќе се оствари и ќе обезбеди подобри услови за сите граѓани. Овој буџет е концепиран согласно реалните барања на граѓаните и истиот е резултат на сеопфатен граѓански дијалог во рамки на кој остваривме средби со граѓани во сите Урбани и Месни заедници, како и средби со стопанството и сите советнички групи во Советот на општината. Со денешниот буџет определени се средства за: Нова детска градинка во Трубарево Нова училишна сала во ООУ Наум Охридски во Булачани 12.000.000 денари за обезбедување на бесплатни униформи за сите ученици во општина Гази Баба. 73.000.000 денари за рехабилитација и ревитализација на локални улици. 10.000.000 денари за изградба на атмосферска канализација на Јордан Поп Јорданов во Маџари. 11.000.000 денари за нови спортски терени на вештачка трева и тартан подлога. 7.000.000 денари за изградба на нови детски забавни катчиња. 7.000.000 денари за изградба на нови спортски терени на местото на старото училиште Вера Јоциќ во Хиподром. 3.500.000 денари за нови паркинг места на улица Лазар Поп Трајков во Автокоманда, како и средства за изработка на сообраќаен проект за воведување на зонското паркирање. 9.000.000 денари за дирекна финансиска помош на спортот во општината. Определени се и средства за субвенции на граѓаните за инвертер клима уреди, печки на пелети, велосипеди, електрични тротинети, како и субвенции за вградување на уреди на течен нафтен гас во возилата и чистење на оџаците. Обезбедени се средства и за финансиска поддршка за реконструкција на лифтови и финансиска поддршка за реконструкција на кровови. Усвоивме развојна повеќегодишна програма за обезбедување на средства за продолжување на изградбата на нова мрежа на фекални канализации. Но и многу други проекти. Во овој буџет нема место за непродуктивни трошоци и нема средства определени за репрезентација. Најголемиот дел од буџетот е наменет за реализација на капиталните инвестиции. 2023 година за општина Гази Баба ќе биде година на напредок и развој! - напиша Стефковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stefkovski-usvoen-e-budzetot-na-opshtina-gazi-baba-za-2023-godina/feed/ 0
По паузата продолжува дебатата за дополнетиот Предлог буџет за 2023 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-pauzata-prodolzuva-debatata-za-dopolnetiot-predlog-budzet-za-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-pauzata-prodolzuva-debatata-za-dopolnetiot-predlog-budzet-za-2023-godina/#respond Tue, 20 Dec 2022 14:03:42 +0000 https://kurir.mk/?p=778193

Собранието денеска втор ден расправа по дополнетиот Предлог-буџет за 2023 година, откако Владата го усвои текстот по прифатените амандамни во матичната собраниска Комисија. За власта, предлог-буџетот е развоен, реален и е одговор на енергетската криза, со поддршка на граѓаните и стопанството и ќе обезбеди економска стабилност. Опозицијата, пак, смета дека предложениот-буџет е нереален, инфлаторен, расипнички и ризичен, преполн со приливи од донации и заеми и оти со него прави масовна кражба на народни пари. Според пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ангелинка Петкова, ваквиот буџет планиран за 2023 година убедливо е најрепресивен, гломазен и расипнички во историјата на земјата. – Овој буџет е за 75 проценти поголем од тој во 2016 година или за 50 проценти поголем од тој во 2019 година А дали граѓаните живеат подобро? Секако дека не живеат. Близу половина од целиот буџет оди за социјални трансфери. Оваа расходна ставка со буџетот ја надминува психолошката граница од две милијарди евра и ќе тежи 2,3 милијарди евра, имаме зголемување за 192 милиони евра во однос на ребалансот, факт кој укажува на тоа дека сиромаштијата во земјава непрекинато расте. Секој трет Македонец е под ризик на сиромаштија. Така кажуваат и последните податоци од ЕУРОСТАТ, рече Петкова. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска смета дека предложениот-буџет за 2023 година е нереален, инфлаторен, расипнички и ризиче, преполн со приливи од донации и заеми. Според Петковска, со ваков буџет, сме пред банкрот. Нејзиниот сопратиец Зоранчо Јованчев, пак, истакна дека предложениот-буџет е масовна кражба на народни пари и расипничко трошење. – Еден ваков мегаломански , преамбициозен буџет креиран од неамбициозна влада која веќе петта година по ред докажува и покажува дека нема ниту капацитет , ниту знаење, како истиот да го изкреира а најмалку како да го изреализира, да ги изменаџира сите овие економски политики , проекти, стратегии кои еден буџет го чинат за да на крајот истиот да постане реалност и да биде извор на економска сигурност и стабилност на секој еден граѓанин, рече Јованчев. Фиснике Бектеши-Шаќири, пратеничка на ДУИ, пак, истакна дека во буџетот за 2023 година има јасна определба за да се зачува макро-економската стабилност и создавање на подобри услови за забрзан раст на економијата и во услови на енергетска криза во Европа. – Пандемијата, енергетската криза, притисоците кои што се засилени од несигурноста од војната во Украина се едни од причините зошто не се постигна посакуваните резултати. Предложениот-буџет за 2023 година има четири главни објективи: справување со енергетската криза и зголемување на инфлација, продолжување на фискалната консолидација и одржување на фискалната консолидација, економска преродба и економски одржлив развој, финансирање на основните потреби на граѓаните и за реформите во правосудството и евро-интеграции, рече Бектеши-Шаќири. Пратеничката на СДСМ Љубица Спасовска, пак, потенцира дека Министерството за економија во програмата „Реформи, политики и мерки“ предвидува голем број субвенции, поддршки и финансиска помош кон туризмот, конкретно субвенции за туристички цели на селски домаќинства, поддршка на активен туризам, субвенции за разни туристички манифестации, форуми од областа на туризмот, финансиска поддршка за женско претприемништво во туризмот, субвенции за дигитализација на туристичко-угостителскиот сектор за кои се предвидени 11 милиони денари. Вкупните расходи во Буџетот за 2023 година, се планирани во износ од 324,8 милијарди денари, или за 36,3 милијарди денари повисоки во однос на Буџетот за 2022 година. Проектираниот дефицит за 2023 година во износ од 42,7 милијарди денари како и отплатата на долгот во износ од 52,1 милијарди денари, од кои надворешен долг во износ од 36,5 милијарди денари и домашен долг во износ од 15,6 милијарди денари, ќе се финансираат преку домашно и странско задолжување. Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски најави дека расправата за дополнетиот Предлог буџет за 2023 година ќе продолжи во 15:30 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-pauzata-prodolzuva-debatata-za-dopolnetiot-predlog-budzet-za-2023-godina/feed/ 0
Дополнетиот предлог на Буџет за 2023 на пленарна собраниска седница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dopolnetiot-predlog-na-budzet-za-2023-na-plenarna-sobraniska-sednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dopolnetiot-predlog-na-budzet-za-2023-na-plenarna-sobraniska-sednica/#respond Mon, 19 Dec 2022 06:12:12 +0000 https://kurir.mk/?p=777360

Собранието денеска ќе ја одржи 97. седница на која на дневен ред е Дополнетиот предлог буџет на Република Северна Македонија за 2023 година. Дополнетиот предлог на буџет е нов интегрален текст во кој Владата ги вградила прифатените амандмани и потребните измени и дополнувања на Предлог буџетот. Инаку, амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2023 година во собраниската Комисија за финансирање и буџет заврши на 12 декември. За Предлог-буџетот беа поднесени над 260 амандмани, од кои околу 200 од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои главно се однесуваа на изградба на регионални и локални патишта и водоснабдителни системи. Министерството за финансии прифати неколку амандмани, но во видоизменета форма, а дел од предлагачите ги повлекоа своите амандмани. Предлог-буџетот за следната година растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи, пак, се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година Втора точка на дневен ред на оваа собраниска седница е и Предлог законот за задругите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dopolnetiot-predlog-na-budzet-za-2023-na-plenarna-sobraniska-sednica/feed/ 0
Прв ден комисиска амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2023 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-den-komisiska-amandmanska-rasprava-za-predlog-budzetot-za-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-den-komisiska-amandmanska-rasprava-za-predlog-budzetot-za-2023-godina/#respond Wed, 30 Nov 2022 14:28:30 +0000 https://kurir.mk/?p=768926

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја почна амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2023 година во рамките на која треба да разгледа вкупно 263 амандмани од кои 199 се поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во текот на досегашната расправа не беше прифатен амандманот поднесен од опозицијата со кој се бараше намалување на данок на додадена вредност (ДДВ) од 18 на 5 проценти за производите за менструално здравје. Како што истакна пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ, како еден од предлагачите, овој амандман засега преку 400 илјади девојчиња и жени во земјава кои во услови на криза треба да одвојуваат значајни средства за одржување на менструалното здравје. Доколку се прифати амандманот, според неа, тоа ќе значи 50 милиони денари или 211 илјади евра помалку во Буџетот. Во реплика заменик-министерот за финанси Филип Николоски рече дека намалување на ДДВ не се прави преку амандман, туку преку законско решение на што Ласовска во контрареплика му порача дека знае оти тоа не се решава со амандман, но додаде дека не верува дека ќе биде предложено законско решение за намалување на ДДВ за производите за менструално здравје. Таа истакна дека во Европа не само што се намалува данокот на ваквите производи од 18 на 5 проценти, туку има и земји каде оданочувањето е нула. Ласовска рече дека има консензус кај сите членки во Клубот на пратенички да се изгласа вакво решение и побара пауза за да се усогласат ставовите. Но, и по паузата ставовите со Владата не беа усогласени, по што се пристапи кон гласање, при што шест пратеници беа за предлогот за намалување на ДДВ, а осум против. Во моментов се разгледува амандманот за одложување на примената на прогресивното оданочување, исто така поднесен од претенциите од опозицијата. Членовите на Комисијата се на редовна едночасовна пауза по што треба да продолжи расправата за амандманот. Во понеделникот Комисијата заврши со општата расправа по Предлог-буџетот во текот на која парламентарното мнозинство порача дека проектираните буџетски ставки ќе овозможат економско заздравување и справување со последиците од енергетската криза, а опозицијата, пак, смета дека станува збор за историски највисок, инфлаторен и расипнички буџет. Во Предлог-буџетот за следната година растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи, пак, се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-den-komisiska-amandmanska-rasprava-za-predlog-budzetot-za-2023-godina/feed/ 0
„Предлог буџетот за 2023 година само потврдува дека Македонија е влезена во стагфлација, владата планира раст од 2.9%, а инфлација од 7.1%“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-budzetot-za-2023-godina-samo-potvrduva-deka-makedonija-e-vlezena-vo-stagflacija-vladata-planira-rast-od-2-9-a-inflacija-od-7-1/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-budzetot-za-2023-godina-samo-potvrduva-deka-makedonija-e-vlezena-vo-stagflacija-vladata-planira-rast-od-2-9-a-inflacija-od-7-1/#respond Fri, 04 Nov 2022 07:59:26 +0000 https://kurir.mk/?p=755564

Македонија е во очај со оваа Влада на СДСМ и ДУИ. Фискалната одржливост е одамна изгубена, фискалниот простор е исцрпен, јавниот долг е енормно зголем и повторно значајно ќе се зголемува наредната година, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. „Дефицитот четврта година по ред пробива плафони. Наредната година го планираат на 700 мил.евра, оваа година ќе биде околу 700 мил.евра, во 2021 година дефицитот беше 630 мил.евра, во 2020 година беше 876 мил.евра. За четири години нов долг од 2,9 милијарди евра, без ниту еден километар автопат, без ниту една градика и спортска сала, со губење на конкуретската позиција на македонската економија и со најлоши регионални остварувања во економијата. Од економски лидери, со оваа влада се претворивме во економски лузери. Државната каса ни е пред банкрот и нема лесно да преживееме. Допрва доаѓа сметката од постоењето на оваа влада! Предлог-буџетот за 2023 година само ги потврди нашите предупредувања дека Македонија е влезена во период на стагфлација. По нискиот раст оваа година, Владата планира низок раст и наредната година oд 2,9% и повторно висока инфлација од 7,1%. Во Предлог-буџетот за 2023 година нема ништо за тоа која краткорочна и среднорочна стратегија ја имаат за зголемување на капацитетот на домашното производство на електрична енергија. Власта повторно убедува дека златното правило се применува, односно дека новиот долг наредната година е заради финансирање на инвестициите т.е на капиталните проекти. Но, како и оваа и во претходните години, така и наредната година капитални проекти нема. Оваа Влада нема ни камче поместено од кога е на власт. И оваа и во претходните години, парите за капитални проекти секогаш се кратат, а посленото кратење беше пред една недела со неодамнешната прераспределба на буџетот за оваа година, велат од партијата. Од таму додаваат дека високата проекција на приходите во Предлог-буџетот за 2023 укажува дека владата планира да ги примени сите предлози од таканаречената даночна реформа, и да започне со прогресивното одданочување на данокот на личен доход од јануари 2023 година. -Најстрашно е што расходите за наредната година есплодираат. Истите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари или 5.281 мил. евра или за 12,6% повисоки во однос на 2022 година. Од историски највисокото ниво од оваа година, во нов историски врв наредната година. Па каде е лимитот? Нема никаква консолидација. Власта со Предлог - буџетот само покажува дека немилосрдно ќе ги троши парите на граѓаните, кој е последен буџет кој ќе можат да го трошат како власт, но забораваат дека одговорност ќе има, велат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-budzetot-za-2023-godina-samo-potvrduva-deka-makedonija-e-vlezena-vo-stagflacija-vladata-planira-rast-od-2-9-a-inflacija-od-7-1/feed/ 0
Мицкоски: Буџетот е предимензиониран е не соодветствува на реалната економска состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-budzetot-e-predimenzioniran-e-ne-soodvetstvuva-na-realnata-ekonomska-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-budzetot-e-predimenzioniran-e-ne-soodvetstvuva-na-realnata-ekonomska-sostojba/#respond Thu, 03 Nov 2022 13:08:32 +0000 https://kurir.mk/?p=755219

Буџетот е предимензиониран е не соодветствува на реалната економска состојба во државава, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан  Мицкоски откако Владата вчера го усвои Предлог-буџетот за 2023 година. Според опозицискиот лидер, предимензионирани се расходите и веќе во првата година, како што рече, Владата го крши правилото на буџетскиот дефицит, којшто претходно го усвои Парламентот со Законот за буџет, односно е поголем од 3 проценти како што е таму дефинирано. -Со тоа уште еднаш го покажуваат својот лажлив карактер. Користат исти два збора – „златно правило“ како минатата година. Бесими за буџетот за 2022 „златното правило“ го поврзуваше со капиталните инвестиции и најави нивно рекордно ниво, 38 милијарди денари, кои со ребалансот ги намали на 32 милијарди денари, а моменталната состојба на капиталните инвестиции е 14 милијарди денари… Истото сега го најавуваат за догодина, со истите зборови, само сега  тоа го прави Ковачевски и вели „златното правило при капиталните расходи“, и најавува не 32 или 38 туку 49 милијарди денари. Тоа е повторно уште една лага и истата манипулација како минатата година. Треба на граѓаните јасно и гласно да им каже дека буџетот е наменет исклучиво за крадење, бидејќи таа е последната година од нивната власт, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Прилеп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-budzetot-e-predimenzioniran-e-ne-soodvetstvuva-na-realnata-ekonomska-sostojba/feed/ 0