буџет на рм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Nov 2022 16:28:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png буџет на рм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Собранието ја заврши расправата за Предлог-завршната сметка на Буџетот на РСМ за 2021 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ja-zavrshi-raspravata-za-predlog-zavrshnata-smetka-na-budzetot-na-rsm-za-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ja-zavrshi-raspravata-za-predlog-zavrshnata-smetka-na-budzetot-na-rsm-za-2021-godina/#respond Thu, 17 Nov 2022 16:28:52 +0000 https://kurir.mk/?p=762516

Собранието на Република Северна Македонија попладнево ја заврши општата расправа за Предлог – завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година. Гласањето по оваа точка, како што најави потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, ќе биде закажано дополнително. Како и на расправата во матичната Комисија за финасирање и буџет, во тек на дебатата беа упатени обвинувања за слаба реализација на Буџетот, но и дека намерно се дебатира дури сега за оваа точка за да се предизвика забуна кај проекциите, а во пресрет на дебатата за буџетот за следната година. Опозициските пратеници, меѓу другото, потенцираа дека 2021 беше година со најмал раст и најниско ниво на инвестиции. – Минатата година ја завршивме со буџетски дефицит поголем за 11,3 проценти споредено со иницијалниот буџет, Кај капиталните приходи имаме отстачпувањ за 3,9 проценти, а кај капиталните расходи потфрливме за 21,5 проценти. Стапката на инфлација беше планирана на ниво од 2,1 процент, но реалноста покажа дека доживеавме повисока стапка од 3, 4 проценти, рече Лидија Петковска од ВМРО-ДПМНЕ. Во Предлог-завршната сметка е наведено дека во 2021 година бруто-домашниот производ забележа раст од 4 проценти на реална основа, во рамки на предвидувањата. По падот од 1,8 проценти во првото тримесечје, економската активност забележа раст од 13,4 проценти во второто тримесечје, проследен со раст од 3 проценти и 2,3 проценти во третото односно четвртото тримесечје. Според владејачкото мнозинство, растот на домашната економија во 2021 година е одраз на подобрената епидемиолошка состојба и мобилност, поповолното меѓународно опкружување, помалата воздржаност за потрошувачка и владините мерки за поддршка на економијата. Економскиот раст во 2021 година главно се должи на поволните движења во услужниот сектор, каде активноста е зголемена за 5,2 проценти. Растот во услужниот сектор е на широка основа, придвижен од дејностите трговија, транспорт и угостителство, кои забележаа раст од 14 проценти, следен од информациско-комуникациската дејност со раст од 3,2 проценти. Активноста во индустрискиот сектор е намалена за 1,3 проценти. Сличен пад забележа и земјоделскиот сектор, додека градежната активност се намали за 3,8 проценти. Зголемена е и домашната побарувачка, во услови на закрепната приватна потрошувачка и инвестиции. Приватната потрошувачка се зголеми за 5 проценти, што ги отсликува поволните движења кај дознаките, солидниот пораст на платите, државната помош и кредитната поддршка. Јавната потрошувачка забележа раст од 4,1 процент. Растот на бруто-инвестициите изнесува 9,2 проценти, во услови на зголемени странски директни инвестиции, пораст на увозот на инвестициски добра и на буџетските капитални расходи. Приливот на странски директни инвестиции имаше забележителен раст, со што ги надмина очекувањата и достигна 4,4 проценти од БДП. Стапката на инфлација во 2021 година изнесуваше 3,2 проценти. На попладневното продлжение на 79. седница пратениците ги проследија во второ читање Предлог законот за финансиската инспекција во јавниот сектор и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за гранична контрола. По гласањето за измените на Законот за гранична контрола, во прво читање, потпретседателот Мисовски ја прекина седницата, а за продолжението најави дека ќе инфорира дополнително. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ja-zavrshi-raspravata-za-predlog-zavrshnata-smetka-na-budzetot-na-rsm-za-2021-godina/feed/ 0
За време на изборниот молк Владата го усвоила буџетот за 2022 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vreme-na-izborniot-molk-vladata-go-usvoila-budzetot-za-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vreme-na-izborniot-molk-vladata-go-usvoila-budzetot-za-2022-godina/#respond Mon, 01 Nov 2021 13:52:24 +0000 https://kurir.mk/?p=589255

Владата во изборен молк одржала седница на која го усвоила буџетот за 2022 година. Според владиното образложение инфомацијата за усвоениот буџет ја објавуваат денеска бидејќи во саботата било изборен молк. Во следните две недели истиот да биде усвоен и да се испрати до Собранието, пишува Алсат. Според информациите на Алсат, буџетот сѐ уште не е доставен до Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vreme-na-izborniot-molk-vladata-go-usvoila-budzetot-za-2022-godina/feed/ 0
Илиоски кон СДСМ: Видете каква иронија- пред нас имаме историски најголем буџет, предложен од вас https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilioski-kon-sdsm-videte-kakva-ironija-pred-nas-imame-istoriski-najgolem-budzet-predlozen-od-vas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilioski-kon-sdsm-videte-kakva-ironija-pred-nas-imame-istoriski-najgolem-budzet-predlozen-od-vas/#respond Wed, 19 Dec 2018 14:02:01 +0000 https://kurir.mk/?p=142405

Дискутираме за буџетот за 2019 година и пред да почнам со дискусија сакам една константација да направам- додека бевте опозиција и додека Вие министре исто така бевте вклучени во активностите околу рушењето на претходната влада, полни ви беа устите со тоа дека претходната влада носеше големи мегаломански буџети и дека тоа стопанството не може да издржи, посочи Зоран Илиоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, при заседавање на седницата во Собрание на Република Македонија. Илиоски посочи дека ова е невидена иронија. -Видете каква иронија, пред нас имаме историски најголем буџет, предложен од вас. Вие кои што велевте дека ние проектираме огромни буџети. Идеален буџет треба да се гледа меѓу поставениот баланс на социјалата и на развојот. Идеален буџет според мене е што поголем баланс тоа подобро за државата, појасни Илиоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilioski-kon-sdsm-videte-kakva-ironija-pred-nas-imame-istoriski-najgolem-budzet-predlozen-od-vas/feed/ 0
Владата го утврди дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2018, се намалува проекцијата на растот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-go-utvrdi-dopolnetiot-rebalans-na-budzetot-za-2018-se-namaluva-proekcijata-na-rastot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-go-utvrdi-dopolnetiot-rebalans-na-budzetot-za-2018-se-namaluva-proekcijata-na-rastot/#respond Mon, 05 Nov 2018 19:54:36 +0000 https://kurir.mk/?p=123880

Владата на Република Македонија вечерва во рамки на 100-та седница ги разгледа и усвои амандманите на ребалансот на Буџетот за 2018 година предложени на матичната комисија  во Собранието. – Осумте амандмани на седницата на Владата на РМ се прифатени како дополнување на Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година, и новиот, интегрален текст на предлогот за ребаланс на Буџетот ќе биде проследен на усвојување на пленарна седница во Собранието на Република Македонија, соопштија од владината прес-служба. Ребалансот на Буџетот беше прифатен од Владата на 13 октомври, а матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет ја почна расправата на 29 октомври. Во рамки на расправата во Комисијата беа прифатени  осум амандмани. Според предлогот на Владата, со ребалансот има намалување на приходната и расходната страна за 0,5 отсто. Се задржува буџетскиот дефицит на 2,7 отсто, а се ревидира проекцијата за економскиот раст на 2,8 отсто. Целта на Предлог-ребалансот на Буџетот за годинава е да се направат корекции на расходната страна со цел обезбедување финансиска поддршка за општините и зајакнување на фондовите за здравствено осигурување (ФЗОМ), Пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) и Агенцијата за вработување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-go-utvrdi-dopolnetiot-rebalans-na-budzetot-za-2018-se-namaluva-proekcijata-na-rastot/feed/ 0