Бугарија – Македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 Aug 2022 13:39:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бугарија – Македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Има произволни и тенденциозни толкувања на фактографските податоци по препораките, оценува македонскиот тим од Историската комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ima-proizvolni-i-tendenciozni-tolkuvanja-na-faktografskite-podatoci-po-preporakite-ocenuva-makedonskiot-tim-od-istoriskata-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ima-proizvolni-i-tendenciozni-tolkuvanja-na-faktografskite-podatoci-po-preporakite-ocenuva-makedonskiot-tim-od-istoriskata-komisija/#respond Mon, 22 Aug 2022 13:39:02 +0000 https://kurir.mk/?p=722118

Mакедонскиот тим во билатералната Комисија за историски и образовни прашања, денеска, преку соопштение посочи дека „чувствува потреба уште еднаш да се обрати до јавноста и да укаже на неколкуте писанија и собирања потписи во јавноста со кои продолжи ширењето невистини за работата на Комисијата во однос на неодамна објавените резултати од нејзината работа во 2018 и 2019 година“. Според македонскиот дел од Историската комисија, во последниот бран реакции повторно се даваат целосно произволни и тенденциозни толкувања на фактографските податоци што се нотирани во текстовите за заедничко чествување. Притоа, се додава, паралелно со овие невистини се врши дехуманизација и се прогласуваат предавници. Историјата е претставена како ексклузивен домен на оние кои себеси се претставуваат како единствени толкувачи на вистината. Најпроблематичен дел од таканаречениот проглас на стотината колеги, се посочува во соопштението, е тезата дека „Македонската историја претставува суверен интерес на Република Македонија, како што историјата на Бугарија е примарен интерес на бугарската држава, па треба да го задржи правото на сопствено научно и официјално толкување“. – Ова, всушност, кажува многу за разбирањето на улогата на историјата како и мотивите за реакцијата на оваа група колеги. Според ова разбирање, толкувањето е суверен интерес на државата, а не на научната заедница и научниците кои треба да творат според суверениот интерес на државата. Со кое право се пласираат обвинувања дека се работи под политички диктат, кога самите тие колеги бараат „научно и официјално толкување“ на историјата да биде суверен интерес на државата што во превод значи политички диктат?!, наведуваат од тимот македонски историчари. Воедно, тие прашуваат дали други историчари и научници во други дисциплини надвор од државата не смеат да ја истражуваат македонската историја, а постојат такви научници кои често ги цитираме кога тоа ни одговара, потоа, зошто постои страв дека препораките за заедничко чествување ќе бидат новиот историски наратив за Македонија, каде тоа се сугерира, на кој начин мислат колегите дека тоа ќе се случи и дали некој од нив од 2019 јуни месец кога се усвоени овие препораки, добил упатство да пишува спротивно на своите убедувања. – Отфрлањето на препораките, па дури и со индигнација е сечие право и овие препораки нема да бидат задолжителни за секого. Ние веруваме дека науката и историјата треба да бидат во функција на мирот и помирувањето и не мислиме дека државите треба да им кажуваат на научниците како да го толкуваат минатото. Препораките се само презентирање на основни историски податоци за личности кои Македонија и Бугарија би можеле заеднички да ги чествуваат со цел да се подобрат билатералните односи или да ги подобрат своите учебници по историја, нагласуваат од Комисијата. При тоа уште еднаш напоменуваат дека препораките за заедничко чествување не се наменети за образовниот систем. Во една од колумните се вели дека во иднина ќе се изучува „софиска верзија на историската приказна за христијанизирањето и за описменувањето на Словените во раниот среден век“, иако овие препораки не го кажуваат тоа што се тврди и не се однесуваат на образовниот систем. Едноставно, се додава во реакцијата, Комисијата нема донесено препораки за учебниците, а кои се однесуваат на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Св. Наум. Секое понатамошно инсистирање на оваа невистина ќе значи дека свесно и со лоши намери се држи јавноста во заблуда. Новина во реакциите, како што стои во соопштението, е и обвинувањето за „бугароцентричност“. Овој термин би подразбирал дека целиот текст се однесува на бугарското национално толкување на минатото, поточно според бугарскиот доминантен наратив. Спомнувањето на основните историски факти дека овие лица биле примени од страна на кнез Борис и твореле во средновековната бугарска држава не е и не може да претставува „бугароцентричност“. „Бугароцентричност“ би било кога за овие личности би се дала само бугарската етно-национална верзија на историјата во која овие личности се толкуваат како етнички Бугари, а карактерот на нивното дело како бугарско, а не сесловенско. Дали спомнувањето на Св. Кирил и Методиј дека ги ставиле основите на христијанството и словенската писменост е „бугароцентричност“ или дека култот на Св. Наум се раширил и во соседните држави и кај муслиманите? Што се однесува до новите обиди да се укаже на штетноста на препораките, повторно , според членовите на Комисијата, читаме празни формулации. – Една од нив е повторното тврдење дека се изедначуваат Охридската и Преславската школа со што се губел македонскиот идентитет. Тоа никаде и на никаков начин не се кажува во препораките. Двете школи се споменуваат во контекст на нивното основање во конкретен временски период и простор, но ниту еден дел од речениците каде што се споменуваат не сугерира на изедначување на нивните карактеристики, освен ако не сакате да го толкувате на тој начин за да може да се манипулира јавноста, се вели во реакцијата. Во однос на препораките за учебниците по историја што се однесуваат на античкиот период, оценува тимот од Комисијата, повторно се прави манипулација и се толкуваат само оние кои се однесуваат за македонските учебници и со тоа се креира атмосфера на национална катастрофа. – На пример во една од реакциите се вели “…Не може за едната територија и држава да инсистирате дека постои историска поврзаност (континуитет) со антиката, а за другата обратно, да барате да се избрише секоја трага од антиката (а траги имало и ќе има уште многу)“. Се мисли на препораките во учебниците по историја во двете држави да има повеќе простор за културно-историското наследство на другите антички народи и култури. Во македонските учебници за Тракијците, а во бугарските учебници за оние западно од Бугарија, а тоа се Илири, Пајонци и други. Античките Македонци не се споменати бидејќи тие се веќе дел од бугарските учебници. Каде тука се инсистира на историска поврзаност (континуитет) за Тракијците, а за Македонците не. Ова значи дека свесно се додаваат содржини кои ги нема во препораките и кои само откриваат дека оние кои критикуваат најгласно не се оддалечиле од етноцентричниот поглед за минатото, веруваат во политички митови за минатото и во еден тип на методолошки национализам кој треба да е надминат. Современите нации се општествени конструкти и национализмот е феномен на 19 и 20 век и за двата образовни системи се препорачува да се избегнува национализирање на антиката. Нели се ова многу јасни примери на свесно делување со цел да се доведе јавноста во заблуда, прашува македонскиот тим од Комисијата. Членовите од македонскиот тим во Комисијата со порака и до медиумите. – На крајот, во контекст на јавноста би ги охрабриле медиумите да не пренесуваат селективни информации кои доаѓаат од Софија, туку да ги земат предвид сите релевантни различни мислења за јавноста да има можност да донесе вистински суд за нашата работа и она што е одлучено. Со селективноста се креира нецелосна слика за одредена појава и/или процес со што јавноста може да се доведе до заблуда, стои во реакцијата на македонскиот тим на билатералната експерска Комисија за образовни и историски прашања. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ima-proizvolni-i-tendenciozni-tolkuvanja-na-faktografskite-podatoci-po-preporakite-ocenuva-makedonskiot-tim-od-istoriskata-komisija/feed/ 0
Генчовска ги разобличи Ковачевски и Османи: Нема нов француски предлог кој се разликува од она што бугарскиот парламент веќе го прифатил https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/genchovska-gi-razoblichi-kovachevski-i-osmani-nema-nov-francuski-predlog-koj-se-razlikuva-od-ona-shto-bugarskiot-parlament-vekje-go-prifatil/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/genchovska-gi-razoblichi-kovachevski-i-osmani-nema-nov-francuski-predlog-koj-se-razlikuva-od-ona-shto-bugarskiot-parlament-vekje-go-prifatil/#respond Thu, 30 Jun 2022 20:13:48 +0000 https://kurir.mk/?p=698066

Нема нов француски предлог кој се разликува од она што бугарскиот парламент веќе го прифатил, изјави вечерва за БГНЕС Теодора Генчовска, министерската за надворешни работи на Бугарија во оставка. „Бугарските интереси се максимално заштитени. Во францускиот предлог се потврдуваат нашите услови. Нема нов француски предлог. Сега се зависи од Скопје. Од нив очекуваме државна и одговорна политика“, изјави Генчовска и додаде дека тие се подготвени уште вечерва да ги потпишат сите документи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/genchovska-gi-razoblichi-kovachevski-i-osmani-nema-nov-francuski-predlog-koj-se-razlikuva-od-ona-shto-bugarskiot-parlament-vekje-go-prifatil/feed/ 0
Ниту една измена во корист на Македонија: Францускиот предлог е ист, само украсен со “машничка“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nitu-edna-izmena-vo-korist-na-makedonija-francuskiot-predlog-e-ist-samo-ukrasen-so-mashnichka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nitu-edna-izmena-vo-korist-na-makedonija-francuskiot-predlog-e-ist-samo-ukrasen-so-mashnichka/#respond Thu, 30 Jun 2022 16:28:56 +0000 https://kurir.mk/?p=697953

По најавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека е уверен оти е постигнат добар компромисен договор за Бугарија и Македонија, од Советот во ЕУ ги поздравија неговите напори, јави дописничката на МИА од Брисел. „За прашањето на пристапувањето на Северна Македонија, ги продолживме нашите консултации со македонските и бугарските власти затоа што нашата заложба за европската перспектива на Западниот Балкан е да можеме да ги отвориме првите поглавја за Македонија и Албанија. Врз основа на овие консултации, уверен сум дека најдовме компромисно решение кое одговара на сензибилитетот на секој. Во интерес на Бугарија и на Северна Македонија, прифатлив за сите“, изјави Макрон. Како што објаснуваат високи дипломатски извори за новинарите во Брисел попладнево на маса е сега ставен „финален компромис кој одговара на преокупациите што ги изразија Бугарија и Северна Македонија“. Како што дознаваме од добро упатени извори, тоа што е изменето во новата верзија се термините кои се користат, а не самата суштина. На пример, протоколот е објаснет по друг назив. Финалниот предлог од страна на македонската Влада и оние кои го креирале денес се претставува како нешто ново, добро за Македонија.  Компромисното решение, за кое како македонски граѓани не ни бевме навремено информирани дека е донесено, всушност е истиот француски предлог, само малку украсен. Како подарок со машничка. Првата измена е модификација на терминологијата околу одржување на Меѓувладината конференција. Следната измена која сакаат да ја претстават како некое компромисно решение е терминолошка разика, односно за истиот договор се користат видоизменети термини. Останатите измени се однесуваат на повторно извлекување на историските прашања и т.н. Протоколи од Меѓувладините конференции предвидени со Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Па иако македонскиот премиер Димитар Ковачевски има информации што договара и што тоа ќе донесе за Македонија, дури откако Макрон и ЕУ соопштија, тој најави дека следуваат консултации. -Овој предлог, при чие изготвување се земени предвид нашите позиции и барања, ќе биде ставен на широк консултативен процес. Консултации во следните денови ќе се прават во Владата, со политичките партии, со претседателот на државата, Парламентот, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата. По овие консултации ќе се донесе одлука во однос на предлогот, наведува Ковачевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nitu-edna-izmena-vo-korist-na-makedonija-francuskiot-predlog-e-ist-samo-ukrasen-so-mashnichka/feed/ 0
Ковачевски потврди дека е добиен нов француски предлог, ќе направел консултации пред да донесе одлука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-potvrdi-deka-e-dobien-nov-francuski-predlog-kje-napravel-konsultacii-pred-da-donese-odluka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-potvrdi-deka-e-dobien-nov-francuski-predlog-kje-napravel-konsultacii-pred-da-donese-odluka/#respond Thu, 30 Jun 2022 14:37:27 +0000 https://kurir.mk/?p=697909

Денеска до Владата од француското претседателство со ЕУ пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите јавно изнесени позиции и ставови во однос на спорот со Република Бугарија, објави на Фејсбук премиерот Ковачевски. -Овој предлог, при чие изготвување се земени предвид нашите позиции и барања, ќе биде ставен на широк консултативен процес. Консултации во следните денови ќе се прават во Владата, со политичките партии, со претседателот на државата, Парламентот, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата. По овие консултации ќе се донесе одлука во однос на предлогот, наведува Ковачевски во објавата. Тој додава: „Како што вети Владата и наспроти шпекулациите на опозицијата, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички согласно стратешките интереси на земјата и на сите наши граѓани“. -Упатувам благодарност до Претседателот Макрон и Француското претседателство, за нивните напори да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот, вели Ковачевски во објавата. Претходно и од Владата потврдија дека преку Министерството за надворешни работи, од француското претседателство пристигнал предлог со идеи кои се однесуваат на нашите јавно изнесени позиции и ставови. Извори од Владата за МИА брифираат македонското НЕ на премиерот Ковачевски даде резултат и во новиот предлог од Франција има измени во текстот, кои се во насока на нашите ставови, предлози и забелешки. -Францускиот предлог пристигна до Владата. Како што гледаме првично овој предлог ги зема предвид нашите позиции и барања. Овој предлог ќе биде ставен на широка консултација пред да се донесе конечната одлука, додаваат изворите на МИА. Според извори во преговарачкиот процес, неофицијално, во предлогот стои чист македонски јазик во ЕУ, а Протоколот што произлегува од билатералниот договор со Бугарија и историските прашања не се дел од новата преговарачка рамка. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-potvrdi-deka-e-dobien-nov-francuski-predlog-kje-napravel-konsultacii-pred-da-donese-odluka/feed/ 0
Бугарскиот парламент ќе расправа за францускиот предлог https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-parlament-kje-rasprava-za-francuskiot-predlog/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-parlament-kje-rasprava-za-francuskiot-predlog/#respond Fri, 24 Jun 2022 06:05:05 +0000 https://kurir.mk/?p=694942

Народното собрание на Бугарија денеска како прва точка од дневниот ред ќе расправа за усвојувањето одлука со која се одобрува предлогот на француското претседателство со ЕУ за преговарачка рамка за Северна Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Софија. Повеќе од три и пол часа членовите на парламентарната Комисија за надворешни работи синоќа дебатираа за трите предложени решенија. Не успеаја да ги спојат предлозите во еден, но го поддржаа предлогот на Демократска Бугарија и Христо Иванов. Главниот аргумент на владејачката Продолжуваме со промената да не ги поддржи другите две предлог-одлуки е да нема шпекулации дека гласале заедно со ГЕРБ и Движењето за права и слободи. Има таков народ, БСП и Преродба рекоа дека нема да ја поддржат одлуката бидејќи се разликува од она што досега го усвои бугарскиот Парламент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-parlament-kje-rasprava-za-francuskiot-predlog/feed/ 0
Милевски: Бевме многу подобри од Бугарија! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/milevski-bevme-mnogu-podobri-od-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/milevski-bevme-mnogu-podobri-od-bugarija/#respond Thu, 02 Jun 2022 19:09:20 +0000 https://kurir.mk/?p=685811

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски смета дека неговите избраници ја надиграа репрезентацијата на Бугарија на денешниот натпревар од Лигата на нации кој заврши 1:1. -Мислам дека Македонија беше многу подобар тим на теренот. Не сум задоволен од резултатот. Ги контролиравме настаните, имавме добри ситуации кои не ги реализиравме, но јас сум среќен со изданието на мојот тим, истакна Милевски. Неговиот колега од бугарскиот национален тим, Јасен Петров смета дека неговата селекција може повеќе. -Нашата желба беше да победиме, но вистината е дека сретнавме многу добро воигран противник. На моменти не успеавме да ја контролираме средината на теренот. Направивме многу грешки. Знам дека нашиот тим може повеќе. Денеска играчите сакаа да победат, наша грешка беше примениот гол, истакна Петров. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/milevski-bevme-mnogu-podobri-od-bugarija/feed/ 0
Официјално: Натпреварот Бугарија – Македонија ќе се игра во Разград https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oficijalno-natprevarot-bugarija-makedonija-kje-se-igra-vo-razgrad/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oficijalno-natprevarot-bugarija-makedonija-kje-se-igra-vo-razgrad/#respond Tue, 22 Feb 2022 17:49:06 +0000 https://kurir.mk/?p=635030

Тоа што пред нецел месец беше најавено се официјализира, Бугарија против Македонија нема да игра во Софија, туку во Разград на „Хувефарма Арена“, домот на првакот Лудогорец, Европската фудбалска унија (УЕФА) веќе го закажа мечот во Разград, кој ќе се игра од 18 часот. Македонија е во група со Бугарија, Грузија и Гибралтар, а трите наши противници се послаби од нас поред рејтингот на последната ФИФА ранг-листа. Пред стартот на новото издание на Лигата на нации, фудбалерите на Македонија ќе го играат најважниот натпревар во историјата, на 24 март во Палермо, каде и гостуваат на Италија во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oficijalno-natprevarot-bugarija-makedonija-kje-se-igra-vo-razgrad/feed/ 0