бугарија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 13:01:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бугарија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Владата уште не добила одговор од Европската комисија за бугарската такса на рускиот гас https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ushte-ne-dobila-odgovor-od-evropskata-komisija-za-bugarskata-taksa-na-ruskiot-gas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ushte-ne-dobila-odgovor-od-evropskata-komisija-za-bugarskata-taksa-na-ruskiot-gas/#respond Fri, 03 Nov 2023 13:01:27 +0000 https://kurir.mk/?p=896171

Владата уште нема добиено одговор по испратениот допис до Европската комисија за таксата што ја наметнува Бугарија за рускиот гас. Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, се уште не е јасно дали „Гаспром“ ќе ја прифати таксата, но земјава е подготвена за тоа ако биде директно погодена. -Европската комисија го усвои барањето на Бугарија за таксата кон „Гаспром“. Таму состојбите се уште не се најјасни, дали „Гаспром“ ќе ја прифати таа такса и што ќе значи тоа. Ние инсистираме на ослободување на капацитети за да не бидеме директно погодени, но, секако, ако тоа се случи, како што најави премиерот, ние сме подготвени зашто последицата е поскапа струја и зголемени трошоци за компаниите. Затоа бараме ЕК да и помогне на нашата држава во совладување на оваа новонастаната ситуација, рече Битиќи, на новинарско прашање по настанот за проектот „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени“. Таксата што ја наметна Бугарија е 10 евра за мегават час. Владата од Европската комисија побара да се ослободи капацитет за да може да набавуваме гас од други извори, односно да нема оптоварување од оваа дополнителна такса. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ushte-ne-dobila-odgovor-od-evropskata-komisija-za-bugarskata-taksa-na-ruskiot-gas/feed/ 0
Русија соопшти дека ќе преземе соодветни мерки против Бугарија поради протерувањето на руски новинар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-soopshti-deka-ke-prezeme-soodvetni-merki-protiv-bugarija-poradi-proteruvaneto-na-ruski-novinar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-soopshti-deka-ke-prezeme-soodvetni-merki-protiv-bugarija-poradi-proteruvaneto-na-ruski-novinar/#respond Thu, 02 Nov 2023 13:32:20 +0000 https://kurir.mk/?p=895837

Русија денеска ја предупреди Бугарија дека ќе преземе соодветни мерки поради одлуката на властите во Софија да го протераат дописникот на „Росискаја газета“ Александар Гацак од причини поврзани со националната безбедност. „Бугарските власти упорно ни навестуваа дека сето ова треба да го оставиме надвор од информациското поле“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. „Ситуацијата се влошува со срамниот факт што специјализираните меѓународни структури го игнорираат таквиот третман на професионалните новинари... Ми се чини дека тоа само ги охрабрува властите во одредени земји да продолжат да ги кршат правата на новинарите и медиумите и да наметнуваат цензура“, рече Захарова на прес-конференција. Таа исто така изјави дека руското Министерство за надворешни работи го повикало дописникот на бугарското национално радио во Москва. Гацак побара засолниште во Руската амбасада во Софија, откако бил повикан од бугарското Министерство за внатрешни работи. Бугарската државна агенција за национална безбедност (ДАНС) соопшти дека новинарот вчера ја напуштил земјата. Гацак неколку години работел како дописник на „Росискаја газета“ во Софија. Во неговите публикации има и материјали кои биле критички настроени кон бугарските власти, јавија западни медиуми. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-soopshti-deka-ke-prezeme-soodvetni-merki-protiv-bugarija-poradi-proteruvaneto-na-ruski-novinar/feed/ 0
Таксата за транзит на руски гас ја отвара можноста за зголемување на цената на парното и струјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/taksata-za-tranzit-na-ruski-gas-ja-otvara-mozhnosta-za-zgolemuvane-na-tsenata-na-parnoto-i-strujata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/taksata-za-tranzit-na-ruski-gas-ja-otvara-mozhnosta-za-zgolemuvane-na-tsenata-na-parnoto-i-strujata/#respond Thu, 02 Nov 2023 06:18:56 +0000 https://kurir.mk/?p=895575

Бугарската такса за транзит на руски гас може да резултира со поскапување на рускиот енергенс за крајните корисници што, пак, ќе предизвика зголемување на цената на парното и струјата. Северна Македонија бара ослободување на капацитетите за гас и таксата да не важи затоа што, како што вчера изјави премиерот Димитар Ковачевски, таа е неправедно наметната. Воведувањето на оваа такса, според него, ќе предизвика зголемување на цената на електричната енергија и на парното. - Затоа побаравме да се ослободи капацитетот за да може Северна Македонија да набавува гас од други извори, што нема да биде руски и со тоа нема да биде оптоварен со оваа дополнителна такса. Во моменот се водат разговори и на ниво на Европската Унија и со Бугарија со соодветното министерство за да може ова да биде направено. Минатата година успеавме заедно со Европската комисија и Бугарија да ослободиме капацитет за набавка на гас што не е исклучиво во сопственост на „Газпром“ и се надевам дека и годинава ќе успееме да го направиме тоа, рече Ковачевски, додавајќи дека заедно со министерот за економија веќе реагирале до Европската комисија. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера соопшти дека до крајот на ноември ќе се чека одговор на барањето до Европската комисија за таксата за транзит на рускиот гас. - До крајот на месец ноември ќе чекаме одговор на нашата реакција и нашето барање до Европската комисја за воведената такса за транзит на руски гас од страна на Бугарија. Нашето барање е да се ослободат дополнителни капацитети на гасоводот којшто го имаме со Бугарија и којшто е целосно закупен од „Гаспром“. Доколку не се ослободат потребните количини за нашите потреби, ќе бараме конпензирање на штетата од страна на Европската комисија за непочитување на нивните директиви, а зошто да не и да ја бараме правдата во меѓународен спор со Европската комисија и со „Булгаргастранс“, истакна Бектеши во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24. Од друга страна, според Регулаторната комисија за енергетика, не се очекува корекција на цената до крајот на грејната сезона. -Корекции на цената до крајот на грејната сезона нема да има без разлика на таксата за руски гас. На последниот тендер за набавка на природен гас, цената е вообичаена и е некаде во рамки на берзата во Холандија, најголемата берза во Европа. Дали во таа цена е вкалкулиран екстра трошок или не, не знаеме, но цената е во рамки на цената на европските берзи. Верувам дека во наредниот период ќе бидат преземени сите мерки, зашто Македонија на ниту еден начин не треба да биде погодена од воведувањето на оваа такса зашто оваа такса се однесува исклучиво на руски гас и јасно е дека земјава не била таргетот, туку тоа се други држави кои не знам од кои причини се однесуваат така како што се однесуваат, изјави во вторникот претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. Реакции за воведувањето на таксата за рускиот гас од страна на Бугарија имаше и од страна на српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. - Ова е голем проблем за нас. Тоа ќе доведе до драстично зголемување на цената на гасот за дополнителни 100 евра за 1000 кубни метри гас. Ова е ужасно зголемување и ќе разговараме со бугарската страна. И оваа одлука не треба да важи за Србија, реагираше српскиот претседател Александар Вучиќ. Според унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, новите бугарски такси се неприфатливи и ја загрозуваат европската солидарност. Од Европската комисија вчера изјавија дека Бугарија има право сама да одлучува како ќе ги користи приходите од наплатата на таксата. - Таксите што ги наплаќа Бугарија за транзит на рускиот гас за Србија, Унгарија и Северна Македонија се национална мерка и затоа право на Бугарија е да одлучи каде ќе ги насочи овие приходите, изјави портпаролот на ЕК за климатска акција и енергија Тим Мекфи, потсетувајќи дека во 11-те пакет-мерки што ЕУ ги воведе против Русија, во делот на енергенсите санкции се предвидени само за нафтата и јагленот, но не и за гасот. Бугарија на 13 октомври воведе такса за транзит на рускиот гас низ нејзина територија во висина од 10 евра за мегават час, од која очекува годишен приход од 1,2 до 1,5 милијарди евра, средства кои, како што најави минатата недела бугарскиот премиер Николај Денков, би можеле директно да завршат во Буџетот на ЕУ. Софија очекува првите приходи од новата такса да се најдат на нејзината сметка на 14 ноември, но некои бугарски енергетски експерти изразуваат сомнеж дека земјата воопшто ќе добие некакви средства. Експертот Калојан Стајков за „Еурактив“ изјави дека гасоводот преку кој транзитира гасот „тешко дека ќе може да се оквалификува како руски, бидејќи поврзува неколку извори“ на енергенсот. „Газпром“ досега не се изјасни за новата енергетска такса и не е познато дали има намера да ја плаќа. Бугарскиот министер за финансии Асен Василев минатата недела изјави дека доколку „Газпром“ одбие да ја плаќа таксата ќе бидат запленети неговите финансиски гаранции на договорите во Бугарија, а може да се соочи со конфискување на имот во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/taksata-za-tranzit-na-ruski-gas-ja-otvara-mozhnosta-za-zgolemuvane-na-tsenata-na-parnoto-i-strujata/feed/ 0
ЕК: Бугарија сама решава како ќе ги користи приходите од таксите за транзит на рускиот гас https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ek-bugarija-sama-reshava-kako-ke-gi-koristi-prihodite-od-taksite-za-tranzit-na-ruskiot-gas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ek-bugarija-sama-reshava-kako-ke-gi-koristi-prihodite-od-taksite-za-tranzit-na-ruskiot-gas/#respond Wed, 01 Nov 2023 11:35:26 +0000 https://kurir.mk/?p=895340

Бугарија има право сама да одлучи како ќе ги користи приходите што ќе ги остварува од наплатата на таксата за транзит на увезениот руски гас низ бугарска територија, изјави портпаролот на Европската комисија за климатска акција и енергија Тим Мекфи. - Таксите што ги наплаќа Бугарија за транзит на рускиот гас за Србија, Унгарија и Северна Македонија се национална мерка и затоа право на Бугарија е да одлучи каде ќе ги насочи овие приходите, изјави Мекфи, потсетувајќи дека во 11-те пакет-мерки што ЕУ ги воведе против Русија, во делот на енергенсите санкции се предвидени само за нафтата и јагленот, но не и за гасот. Бугарија на 13 октомври воведе такса за транзит на рускиот гас низ нејзина територија во висина од 10 евра за мегават час, од која очекува годишен приход од 1,2 до 1,5 милијарди евра, средства кои, како што најави минатата недела бугарскиот премиер Николај Денков, би можеле директно да завршат во Буџетот на ЕУ. Воведувањето на таксата предизвика реакции во Белград и Будимпешта кои тврдат дека таа ќе резултира со поскапување на рускиот гас за 20 отсто за крајните корисници, додека Софија потенцира дека плаќањето на давачката на е обврска на земјите до кои се дистрибуира енергенсот, туку на добавувачот, руската компанија „Газпром“. Софија очекува првите приходи од новата такса да се најдат на нејзината сметка на 14 ноември, но некои бугарски енергетски експерти изразуваат сомнеж дека земјата воопшто ќе добие некакви средства. Експертот Калојан Стајков за „Еурактив“ изјави дека гасоводот преку кој транзитира гасот „тешко дека ќе може да се оквалификува како руски, бидејќи поврзува неколку извори“ на енергенсот. „Газпром“ досега не се изјасни за новата енергетска такса и не е познато дали има намера да ја плаќа. Бугарскиот министер за финансии Асен Василев минатата недела изјави дека доколку „Газпром“ одбие да ја плаќа таксата ќе биде запленети неговите финансиски гаранции на договорите во Бугарија, а може да се соочи со конфискување на имот во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ek-bugarija-sama-reshava-kako-ke-gi-koristi-prihodite-od-taksite-za-tranzit-na-ruskiot-gas/feed/ 0
Бугарија ставена на меѓународната сива листа за перење пари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-stavena-na-megunarodnata-siva-lista-za-perene-pari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-stavena-na-megunarodnata-siva-lista-za-perene-pari/#respond Fri, 27 Oct 2023 16:55:42 +0000 https://kurir.mk/?p=893864

Бугарија е ставена на сивата листа на земји што подлежат на засилен мониторинг од страна на Работната група за финансиска акција (Financial Action Task Force). Државите на сивата листа имаат „стратешки недостатоци“ во нивните напори да се спротивстават на перењето пари и финансирањето на тероризмот, но соработуваат со ФАТФ за да ги надминат проблемите. Бугарија им се придружи на 22 други држави на листата, додека четири држави, меѓу кои и Панама и Кајманските Острови, беа отстранети од листата. Повеќе од 200 земји и територии се обврзаа дека ќе ги спроведат препораките на ФАТФ за борба против перењето пари, финансирањето на тероризмот и ширењето на оружјето. ФАТФ има и црна листа на која се наоѓаат држави со висок ризик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-stavena-na-megunarodnata-siva-lista-za-perene-pari/feed/ 0
Бугарската прозападна Влада на Денков го преживеа првото гласање за недоверба https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskata-prozapadna-vlada-na-denkov-go-prezhivea-prvoto-glasane-za-nedoverba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskata-prozapadna-vlada-na-denkov-go-prezhivea-prvoto-glasane-za-nedoverba/#respond Fri, 13 Oct 2023 18:25:03 +0000 https://kurir.mk/?p=888658

Бугарската прозападна Влада го преживеа гласањето недоверба во Парламентот со голема разлика, бидејќи пратениците го отфрлија обидот на опозицијата да ја собори владата поради планираното постепено укинување на електраните на јаглен, пренесе ДПА. Мнозинството од 143 пратеници во Парламентот денеска се спротивставија на предлогот, додека само 71 пратеник го поддржаа. Гласањето овозможува либерално-конзервативната влада, која ја презеде функцијата на почетокот на јуни, да остане на функцијата. Гласањето го донесоа проруските националисти, социјалисти и популисти, кои го обвинија раководството на земјата дека сака да ја уништи нејзината индустрија за ископување јаглен во транзиција кон извори на енергија попријатни за климата. Владата очекува овој потег да генерира милијарди евра финансиски средства според планот за реконструкција на ЕУ. Околу половина од електричната енергија во Бугарија моментално се произведува од јаглен, а околу една третина од нуклеарната енергија. Предлогот беше поднесен од националистичката и проруска партија Вазрашдане (Преродба) и претставен во Парламентот вчера. Социјалистичката партија (БСП) и малата популистичка партија ИТН, исто така, го поддржаа предлогот. Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, веќе најави нова иницијатива за недоверба на Владата во однос на безбедносната политика. На денешното гласање му претходеа двонеделни протести и блокади на важни транспортни рути од страна на рударите и работниците во електраните на јаглен. Тие побараа премиерот Николај Денков да ги разгледа плановите за постепено укинување на јагленот доставени до Брисел. Сега некои бараат да се соберат потписи за штрајк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskata-prozapadna-vlada-na-denkov-go-prezhivea-prvoto-glasane-za-nedoverba/feed/ 0
Во Бугарија приведени 12 лица поради кршење на санкциите на ЕУ за извоз во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bugarija-privedeni-12-litsa-poradi-krshene-na-sanktsiite-na-eu-za-izvoz-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bugarija-privedeni-12-litsa-poradi-krshene-na-sanktsiite-na-eu-za-izvoz-vo-rusija/#respond Tue, 10 Oct 2023 20:56:55 +0000 https://kurir.mk/?p=887628

Бугарската полиција приведе 12 луѓе, дел од организирана криминална група кои вршеле извоз на стока со двојна употреба од Бугарија во Руската Федерација со што се прекршуваат санкциите наметнати од ЕУ. Меѓу нив петмина се странци - тројца Руси, Албанец и жител на Белорусија. Асењата биле извршени во Софија, Пловдив, Варна и Велико Трново. Групата била активна од 2021 година. Главниот секретар на Министерството за внатрешни работи, Живко Коцев, изјави дека меѓу осомничените има државјани на Бугарија, Русија и Белорусија. - Акцијата за апсење на осомничените ја спроведоа повеќе агенции откако Државната агенција за национална безбедност добила информации за нелегален пренос на стока со можна двојна употреба, изјави шефот на агенцијата Пламен Тончев. Таквиот извоз во Русија е забранет со санкциите на ЕУ наметнати на Русија откако таа ја започна својата војна во Украина. „Откриена е меѓународна мрежа за нелегално снабдување на стоки со двојна употреба со цивилни и воени апликации од европските земји до Руската Федерација“, рече Тончев. Досега е утврдено дека еден од организаторите регистрирал трговско друштво во Пловдив за да ги извршува своите активности. Компанијата купила разни видови стоки за двојна употреба за околу 4.000.000 лева - оптички нишани, авијациски радио станици и друго. Тие биле складирани во станбен имот, препакувани и подготвени за извоз преку софискиот аеродром во Руската Федерација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-bugarija-privedeni-12-litsa-poradi-krshene-na-sanktsiite-na-eu-za-izvoz-vo-rusija/feed/ 0
Бугарија забрани влез на автомобили со руски регистарски таблички https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bugarija-zabrani-vlez-na-avtomobili-so-ruski-registarski-tablichki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bugarija-zabrani-vlez-na-avtomobili-so-ruski-registarski-tablichki/#respond Mon, 02 Oct 2023 10:55:25 +0000 https://kurir.mk/?p=884180

До крајот на денешниот ден Бугарија ќе забрани влез на автомобили со руски регистарски таблички, најави шефот на бугарската гранична полиција Антон Златанов. „До крајот на денешниот ден ќе почне забраната за влез на руски автомобили на територијата на Бугарија“, рече Златанов и додаде дека забраната за влез на руски камиони е во сила веќе неколку месеци. Забраната, која е дел од санкциите што Европската Унија ги воведе кон Русија поради инвазијата на Украина, веќе е во сила во Литванија, Летонија, Естонија, Полска, Финска и Норвешка, која не е членка на ЕУ. Финските власти претходно појаснија дека забраната нема да влијае на граѓаните и семејствата од ЕУ, вклучително и оние со други државјанства кои постојано живеат во Русија. Исто така, ограничувањата не важат за возила со дипломатски регистарски таблички и возила кои вршат хуманитарен превоз.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bugarija-zabrani-vlez-na-avtomobili-so-ruski-registarski-tablichki/feed/ 0
Мицкоски: Притисокот за бугарскиот диктат за уставни измени е всушност бранење на руските позиции во бугарската политика – власта нè прави заложници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-pritisokot-za-bugarskiot-diktat-za-ustavni-izmeni-e-vsushnost-branene-na-ruskite-pozitsii-vo-bugarskata-politika-vlasta-ne-pravi-zalozhnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-pritisokot-za-bugarskiot-diktat-za-ustavni-izmeni-e-vsushnost-branene-na-ruskite-pozitsii-vo-bugarskata-politika-vlasta-ne-pravi-zalozhnitsi/#respond Thu, 28 Sep 2023 20:43:28 +0000 https://kurir.mk/?p=883020

Зошто зборувам за бугарски диктат, затоа што нашиве се жртви на руските интереси на Балканот, затоа што македонскиот идентитет два пати во минатото е жртва на руските интереси на Балканот, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија 21 во емисијата Клик плус. Тој објасни за што станува збор. „Еднаш со Стан-стефанскиот договор кој со Берлинскиот конгрес е поништен, во тоа време Бугарија воопшто и не е држава и тогаш Русија застанува зад бугарски интереси дозволува Македонија денешна да биде анексирана кон Бугарија. Вториот пат е кога Бугарија го напушта Бледскиот договор по налог на Сталин, и третиот, кога Ковачевски потпишува Анекс на Договорот за доброседство со Бугарија со Кирил Петков“, рече Мицкоски кој дополни и зошто го зборува тоа: „Зошто ова го зборувам, 1947 кога е потпишан Бледксиот договор и кога се договориле Тито и Горги Димитров потпишале договор во кој јасно е дефиниарно коај е обврската и кои се позициите на Бугарија во однос на македонската заедница која живее во тој период во Пиринска Македонија и го регулираат начинот на употреба на македонскиот јазик во училиштата и во 1947 во Благоевград е основан македонски народен театар. И кога збореа дека кога го потпишаа Договорот Заев-Борисов, први август 2017 година имаше за цел да го натсинхронизира 1 авхуст 1947 година кога Бугарија прифаќа македонски јазик, идентитет и дава права на Македонците во Пиринска Македонија, тогаш добиваме ние како народ културна автономија се образуваш на свој јзаик и имаш културни институции и тогаш“. Мицкоски укажа дека „тогаш не било дилема за никого кога Пиринска Македонија ќе се припои кон Македонија. Прашање е само начинот. За време на Информбирото, Сталин заедно со тогашното бугарско раководство одлучува Бугарија да го напушти тој договор и да ги укине правата за културна автономија“. Оттука укажа Мицкоски „ние бараме културна автономија нешто што сме имале Македонците во Бугарија го имале. -Ние имаме Европски суд за човекови права кој одлучува во корист на Македонци во Бугарија, а Бугарија не го применува и велат не можеме да ја убедиме Бугарија. А јас да прифатам нешто во што сум учествувал, авие не можете да ги натерате да почитуваат европска институција.“ Мицкоски заклучи „дадов историста ретроспектва и жалам што денес во 21 век има земји дел од ЕУ кои се повторно заложници на руските интереси на Балканот“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-pritisokot-za-bugarskiot-diktat-za-ustavni-izmeni-e-vsushnost-branene-na-ruskite-pozitsii-vo-bugarskata-politika-vlasta-ne-pravi-zalozhnitsi/feed/ 0
Бугарија ќе и’ донира на Украина неисправни советски ракети С-300 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-ke-i-donira-na-ukraina-neispravni-sovetski-raketi-s-300/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-ke-i-donira-na-ukraina-neispravni-sovetski-raketi-s-300/#respond Wed, 27 Sep 2023 18:09:49 +0000 https://kurir.mk/?p=882465

Бугарскиот парламент денеска одлучи да ѝ донира ракети С-300 од советската ера на Украина, откако претходно го одобри испраќањето оклопни возила, потврдувајќи ја промената во политиката за помош на Киев. „Станува збор за неисправни ракети земја-воздух С-300 кои Бугарија не може да ги поправи, но може да ги користи украинската армија“, изјави претседателот на Одборот за одбрана, Христо Гаџев, не прецизирајќи го нивниот број. Според експертите, Украина треба да може да ги оспособи или да ги користи за резервни делови. Бугарија има значителни залихи на оружје и нејзините фабрики работат со полн капацитет од руската инвазија на Украина. Како членка на ЕУ и НАТО, но историски и културно блиска до Москва, Бугарија со месеци одбиваше да испрати каква било воена помош за Украина, но во јуни ја промени својата политика под влијание на новата проевропска влада. Оттогаш, таа одлучи да и испрати на Украина околу стотина оклопни возила и муниција за лесно оружје од полициските резерви. Но, политичарите се многу поделени во овој поглед. Новиот текст, кој го предложија три пратенички групи кои имаат 168 пратеници од вкупно 240, предизвика жестока расправа во парламентот, а гласањето се одржа зад затворени врати, што не се памети. „Одлуката е одобрена и предметот е затворен“, изјави за бугарското радио еден од претставниците на иницијативата, Дељан Пеевски. Социјалистите рекоа дека го бојкотирале гласањето, нарекувајќи го „национално предавство“. Бугарскиот претседател Руман Радев, кој жестоко се противи на испраќање воена помош поради страв од ескалација, ги обвини владата и парламентот дека се однесуваат како „донатори на странски армии“ на штета на бугарските вооружени сили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-ke-i-donira-na-ukraina-neispravni-sovetski-raketi-s-300/feed/ 0