бугарска химна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 30 Oct 2022 21:58:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бугарска химна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонците казнети за исвиркување на бугарската химна! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedoncite-kazneti-za-isvirkuvanje-na-bugarskata-himna/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedoncite-kazneti-za-isvirkuvanje-na-bugarskata-himna/#respond Sun, 30 Oct 2022 21:56:16 +0000 https://kurir.mk/?p=752867

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе мора да плати 14.500 евра од кои 10.000 се за жестокото исвиркување на бугарската химна на септемврискиот меч во Скопје во последното коло во Лигата на нации кој го загубивме со 0-1, пренесе СПОРТ 1. УЕФА изреше парични санкции за однесувањето на публиката, најголемата за свирежите на химната, а останатите 4.500 евра се за фрлање предмети на теренот. Бугарската химна беше жестоко исвиркана при интонирањето и практично не се слушна на националната Арена „Тодор Проески“. Покрај ова еден меч суспензија на првиот меч под капата на УЕФА, а тоа е воведниот евроквалификациски меч со Малта во март догодина, доби десниот бек Тодор Тодороски за црвениот картон и директното исклучување поради остар старт на мечот со Бугарија. Од друга страна, за неспортски однос на бугарскиот тим, УЕФА ѝ додели само – опомена, пренесе порталот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedoncite-kazneti-za-isvirkuvanje-na-bugarskata-himna/feed/ 0
Бугарското МНР се огласи за исвиркувањето на химната во Скопје, потсетија на Договорот од 2017-та https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bugarskoto-mnr-se-oglasi-za-isvirkuvanjeto-na-himnata-vo-skopje-potsetija-na-dogovorot-od-2017-ta/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bugarskoto-mnr-se-oglasi-za-isvirkuvanjeto-na-himnata-vo-skopje-potsetija-na-dogovorot-od-2017-ta/#respond Tue, 27 Sep 2022 17:56:58 +0000 https://kurir.mk/?p=738145

Бугарското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека „го осудува јавното сквернавење на бугарската химна на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Бугарија и Северна Македонија во Скопје“. -Говорот на омраза против Бугарија и Бугарите од трибините на националниот стадион во Скопје претставува недвосмислено негирање на основните вредности на современите демократски општества и јасно е во спротивност со европските принципи и норми на однесување, наведува бугарското МНР. Во соопштението се додева дека е „забележана реакцијата на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, со која се осудува говорот на омраза за време на фудбалскиот натпревар“, но истовремено се повикуваат власти во Скопје да преземат решителни чекори „за искоренување на антибугарската агресија на јавниот простор на државата“. -Потсетуваме дека со Договорот од 2017 година и билатералните протоколи потпишани во 2019 и 2022 година, двете земји категорично се залагаат за преземање ефективни мерки против говорот на омраза. Одржувањето на напредокот постигнат во последните месеци во политичкиот дијалог бара ваквите настани засекогаш да станат дел од минатото. Само во тој дух двете земји ќе можат да отворат нова страница во односите, засновани на меѓусебно почитување и добрососедство, се додава во соопштението на бугарското МНР.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bugarskoto-mnr-se-oglasi-za-isvirkuvanjeto-na-himnata-vo-skopje-potsetija-na-dogovorot-od-2017-ta/feed/ 0