бугарски клуб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 May 2023 13:31:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бугарски клуб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонското движење (МДС) од Албанија со остра реакција: На бугарските шарлатани да им се забрани влез во државата – општината, македонската партија и самата држава да го заштитат македонското население! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makedonskoto-dvizhene-mds-od-albanija-so-ostra-reaktsija-na-bugarskite-sharlatani-da-im-se-zabrani-vlez-vo-drzhavata-opshtinata-makedonskata-partija-i-samata-drzhava-da-go-zashtitat-makedonskoto-nasel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makedonskoto-dvizhene-mds-od-albanija-so-ostra-reaktsija-na-bugarskite-sharlatani-da-im-se-zabrani-vlez-vo-drzhavata-opshtinata-makedonskata-partija-i-samata-drzhava-da-go-zashtitat-makedonskoto-nasel/#respond Wed, 24 May 2023 13:25:36 +0000 https://kurir.mk/?p=838215

Во Република Албанија не живее никакво бугарско малцинсто, отварањето на бугарски клуб во Пустец претставува провокација и омаловажување, како и обид за асимилација на Македонците што живеат во Албанија, реагираат од Македонското движење за самоопределување (МДС) од Албанија. Бугарската пропаганда пуштена е на најако во Република Албанија, во населените места каде што претежно живеат Македонци. Обидот за отварање на бугарски клуб во село Пустец, Мала Преспа не претставува ништо друго освен провокација и омаловажување на Македонците од страна на Бугарија и бугарските агентури, задскриени под превезот на таканаречената Фондација „Фондација Македонија“ предводена од Виктор Стојанов. Државата, Република Албанија мора да застани во заштита и одбрана на своето население и на овие шарлатани кои што како шерифи се шетаат низ Мала Преспа да му се забрани влез во државата. Овие лица од Бугарија треба еднаш и засекогаш да разберт дека од Македонец, „бугарин“ не бидува. Бидејќи македонизмот и македонштината со нас се раѓа, со нас живее и се пренесува од колено на колено, и затоа ќе биде вечна. Македонизмот ќе го надживее договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, како и Преспанскиот договор помеѓу Македонија и Грција, со кој за жал беше сменето уставното име на нашата матична земја МАКЕДОНИЈА, исто како што ќе ги надживее сите негатори на МАКЕДОНЦИТЕ. Во меѓувреме, македонската партија (МАЕИ) како дел од власта на Еди Рама, и општина Пустец цврсто да застанат во одбрана на Македонското население и да не дозволат никакви провокации од страна на овие еден-двајца бугари кои што шпартаат низ Мала Преспа. МДС застанува цврсто во заштита на Македонците во Република Албанија и во заштита на македонското културно наследство. Македонија и Македонците вечни!, стои во реакцијата на МДС. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makedonskoto-dvizhene-mds-od-albanija-so-ostra-reaktsija-na-bugarskite-sharlatani-da-im-se-zabrani-vlez-vo-drzhavata-opshtinata-makedonskata-partija-i-samata-drzhava-da-go-zashtitat-makedonskoto-nasel/feed/ 0
Нема отворање на бугарски клуб во Пустец, ќе чекaле регистрација пред државните институции – време е македонската партија да го покаже својот авторитет како дел од власта и да не дозволи отварање на истиот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-otvorane-na-bugarski-klub-vo-pustets-ke-chekale-registratsija-pred-drzhavnite-institutsii-vreme-e-makedonskata-partija-da-go-pokazhe-svojot-avtoritet-kako-del-od-vlasta-i-da-ne-dozvoli-otvarane-n/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-otvorane-na-bugarski-klub-vo-pustets-ke-chekale-registratsija-pred-drzhavnite-institutsii-vreme-e-makedonskata-partija-da-go-pokazhe-svojot-avtoritet-kako-del-od-vlasta-i-da-ne-dozvoli-otvarane-n/#respond Wed, 24 May 2023 08:18:39 +0000 https://kurir.mk/?p=838138

Во Пустец, Мала Преспа, денеска нема да се случи отворање на бугарски културен клуб, најавено од бугарската Фондација Македонија. Од Фондацијата доцна синоќа на Фејсбук објавија дека ќе чекаат регистрација на клубот во албанските надлежни институции, па потоа ќе организирале свечено отворање. - Поради одложена регистрација на Бугарскиот културен клуб утре го откажуваме свеченото отворање, но заедно во 13 часот ќе го прославиме 24 мај, денот на бугарската писменост, стои меѓу другото во објавата. Претходно, градоначалникот на оваа единствена македонска општина во Албанија, Пали Колефски, за МИА изјави дека нема издадена дозвола за отворање на клубот. - Нема дозвола од надлежните албански институции за отворање бугарски културен клуб. Ова го прават со цел да им се даде публицитет. Повеќе од очигледно е дека е провокација кон Македонија, рече Колефски. Додаде дека пред околу осум месеци момче од Пустец студент во Бугарија изнајмил под кирија простор во приватен објект. Тој побара да не им се дава внимание на овие провокации. - Ние знаеме што сме, Македонци и тоа не може да го смени никој, а најмалку неколкумина кои за личен интерес си го продаваат најсветото-македонскиот идентитет, посочи Колефски во вчерашната изјава. За оваа најава, навремено биле информирани надлежните служби во округот Корча, каде територијално припаѓа општина Пустец. Сега на потег е Македонската партија (МАЕИ) предводена од Васил Стерјовски која е дел од власта, односно во коалиција со социјалистичката партија на Еди Рама, од каде и токму може да се изврши и притисок и да не се дозволи отварање на бугарски клуб во Мала Преспа, бидејќи во оваа област и на цела територија живеат само чистокрвни Македонци, а неколку Бугари можат да се најдат само во нивната амбасада во Тирана. Време е македонската партија да го покаже својот авторитет како дел од власта и да го блокира овој процес на постојани провокации и омаловажувања на македонската заедница од страна на Бугарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-otvorane-na-bugarski-klub-vo-pustets-ke-chekale-registratsija-pred-drzhavnite-institutsii-vreme-e-makedonskata-partija-da-go-pokazhe-svojot-avtoritet-kako-del-od-vlasta-i-da-ne-dozvoli-otvarane-n/feed/ 0
Колефски: Нема дозвола за отворање бугарскиот културен центар, тоа е намерна провокација кон Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolefski-nema-dozvola-za-otvorane-bugarskiot-kulturen-tsentar-toa-e-namerna-provokatsija-kon-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolefski-nema-dozvola-za-otvorane-bugarskiot-kulturen-tsentar-toa-e-namerna-provokatsija-kon-makedonija/#respond Tue, 23 May 2023 18:02:49 +0000 https://kurir.mk/?p=838030

По веста објавена на социјалните мрежи дека утре 24 мај - Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј ќе се отвори бугарски културен центар во Пустец, од локалната власт на оваа општина, за МИА изјавија дека за такво нешто нема издадено дозвола. -Нема дозвола од надлежните албански институции за отворање бугарски културен центар. Ова го прават со цел да им се даде публицитет. Повеќе од очигледно е дека е провокација кон Македонија, вели за МИА градоначалникот Пали Колефски. Додава дека пред околу осум месеци момче од Пустец студент во Бугарија изнајмил под кирија простор во приватен објект. -Но, канцеларијата како што некој ја нарекува е под клуч. Барам да не им се дава внимание на овие провокации. Ние знаеме што сме, Македонци и тоа не може да го смени никој, а најмалку неколкумина кои за личен интерес си го продаваат најсветото-македонскиот идентитет, додава Колефски. За оваа најава, за која разбравме од социјалните мрежи, посочува тој, запознаени се надлежните служби во округот Корча, каде територијално припаѓа општина Пустец. Истиот став го дели и лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ Васил Стерјовски, како и претседателот на македонското друштво „Илинден" Никола Ѓурѓај, кои потсетуваат дека веќе подолг период „искажуваат загриженост од напорите на Бугарија за асимилација на Македонците не само во Мала Преспа туку и во Гора и Голо Брдо". Најава за отворање на бугарскиот културен центар во Пустец преку својот профил на Фејсбук објави бугарската Фондација Македонија, која најави присуство и на официјални лица, но и Колефски и Стерјовски не веруваат во тоа. Деновиве албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши при престојот во Пустец јасно кажа дека без разлика на одредени странски влијанија, во Преспа живеат Македонци. -Во Преспа живеат Македонци, со македонски јазик, идентитет, култура, традиции. Без разлика на некои странски влијанија за нас тука живеат Македонци. Тие се една заедница што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности на нашите простори, рече Пелеши. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolefski-nema-dozvola-za-otvorane-bugarskiot-kulturen-tsentar-toa-e-namerna-provokatsija-kon-makedonija/feed/ 0
Пустец ќе добие бугарски клуб на денот на големите просветители „Св. Кирил и Методиј“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pustets-ke-dobie-bugarski-klub-na-denot-na-golemite-prosvetiteli-sv-kiril-i-metodij/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pustets-ke-dobie-bugarski-klub-na-denot-na-golemite-prosvetiteli-sv-kiril-i-metodij/#respond Tue, 23 May 2023 06:55:10 +0000 https://kurir.mk/?p=837743

На утрешниот голем празник на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, во село Пустец во Република Албанија каде што живеат само Македонци ќе биде отворен бугарски клуб. Ваквата информација преку социјалните мрежи ја објави претседателот на така наречената бугарска фондација „Фондација Македонија“ Виктор Стојанов. -Пристигнавме во нашето село во Албанија. Пустец. Во среда на најголемиот бугарски празник тука ќе има бугарски собир, пишува Стојанов во својата објава на Фејсбук. Ова не претставува ништо друго, освен провокација и обид за асимилација на македонското малцинство во Албанија велат мештаните, а ваквите активности се засилиле токму по потпишувањето на договорот за добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија од 2017 година. Мештаните тврдат дека на терен засилено се работи и пропагира бугарска идеологија и наголемо се издаваат пасоши на Македонците во Албанија. -Тоа не е никава тајна, после потпишувањето на договорот за добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија од 2017 година, бугарските активности во Албанија, а особено во Мала Преспа се засилија. Невработеноста и условите за живот ги тераат младите излезот да го бараат надвор од Албанија, а најлесен иззбор во моментов е бугарскиот посош со кој можат да патуваат и работаат низ Европа. На сите им е јасно, а особено и на оние кои го пропагираат ова дека во Албанија нема Бугари и дека единствениот интерес на сите жители од економски причини е токму пасошот кој им отвора можности на младите да се иселат и да работат во некои од странските земји, велат мештаните. Инаку, договорот кој го потпишаат Македонија и Бугарија требаше да ги реши отворените прашања помеѓу двете земји, но истиот не само што не ги реши туку и ги продлабочи, притоа зголемувајќи ги бугарските барања кон Македонија, и стана главна пречка на патот на нашата земја кон ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pustets-ke-dobie-bugarski-klub-na-denot-na-golemite-prosvetiteli-sv-kiril-i-metodij/feed/ 0
Комисијата за употреба на историските имиња утре ќе има седница за бугарскиот клуб „Цар Борис III“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-upotreba-na-istoriskite-imina-utre-ke-ima-sednitsa-za-bugarskiot-klub-tsar-boris-iii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-upotreba-na-istoriskite-imina-utre-ke-ima-sednitsa-za-bugarskiot-klub-tsar-boris-iii/#respond Mon, 27 Mar 2023 11:41:22 +0000 https://kurir.mk/?p=816896

Комисијата за употреба на историските имиња утре треба да има состанок и да достави извештај, по што ќе донесам соодветно решение, изјави денеска министерот за правда Кренар Лога, за тоа до каде е постапката со бугарскиот клуб „Цар Борис III“. На брифингот со медиуми во Министерството за правда, денеска беше појаснето дека, првиот пат барањето било од самиот клуб, додека сега е од Централниот регистар и дека веќе е пуштено барање од Комисијата до Централниот регистар. Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Рокот за поднесување на барањето истече на 16 февруари. Според измените на Законот за здруженија и фондации се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда. Минатата недела со одлука на министерот за правда, а по претходно мислење на надлежната Комисија, беше избришан бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-upotreba-na-istoriskite-imina-utre-ke-ima-sednitsa-za-bugarskiot-klub-tsar-boris-iii/feed/ 0
Згасна бугарскиот клуб „Иван Михајлов“, избришан е од регистарот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgasna-bugarskiot-klub-ivan-mihajlov-izbrishan-e-od-registarot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgasna-bugarskiot-klub-ivan-mihajlov-izbrishan-e-od-registarot/#respond Wed, 22 Mar 2023 17:33:49 +0000 https://kurir.mk/?p=815148

Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ денеска згаснува и е избришан од регистарот. Причината за престанок е со одлука на Министерството за правда. Централниот регистар постапил по службена должност по донесено решение од министерството. Причината, се вели, е поради неусогласување на името со измените во Законот за здруженија и фондации. Упатството било испратено до Централен регистар од министерството на 17 март. Претходно, бугарскиот клуб најави дека правдата ќе ја бара во Меѓународниот суд за човекови права.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgasna-bugarskiot-klub-ivan-mihajlov-izbrishan-e-od-registarot/feed/ 0
Владина комисија треба да се изјасни за преименувањето на здружението „Ванчо Михајлов“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladina-komisija-treba-da-se-izjasni-za-preimenuvaneto-na-zdruzhenieto-vancho-mihajlov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladina-komisija-treba-da-se-izjasni-za-preimenuvaneto-na-zdruzhenieto-vancho-mihajlov/#respond Thu, 16 Mar 2023 06:39:06 +0000 https://kurir.mk/?p=812474

Денеска истекува рокот кога владината Комисија за употреба на имиња треба да донесе став и да го достави до Министерството за правда во врска со прашањето за преименување на бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ од Битола, заради усогласување со измените на Законот за здруженија. Врз основа на ставот на Комисијата, министерот за правда потоа треба да донесе одлука и доколку одлуката е негативна, здружението треба да биде избришано од Централниот регистар. Од Министерството за правда за МИА изјавија дека се очекува владината Комисија за употреба на имиња денеска да го одржи состанокот, со оглед на истекот на рокот. Во изминатиот период биле направени промени на нејзиниот состав. Комисијата ја сочинуваат пет члена од кои по еден претставник од министерствата за правда и за култура, еден од Институтот за национална историја и двајца, кои доаѓаат од редовите на МАНУ. - Се очекува одлуката на Комисијата. Министерот за правда целосно ќе ја почитува, наведуваат од Министерството за правда. Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Рокот за поднесување на барањето истече на 16 февруари. Од Централниот регистар за МИА тогаш потврдија дека на 10 февруари е доставен допис со барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети“ - Охрид и дека постапката е во тек. Од здружението „Иван Михајлов“ од Битола, пак не било поднесено барање. Според изјавите за јавноста на првиот човек на бугарското здружение во Битола Љупчо Ѓеоргиевски, тие немаат намера да извршат пререгистрација и презеле одредени правни лекови кои им стојат на располагање. Според измените на Законот за здруженија и фондации се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда. Тогаш бугарското МНР изрази загриженост поради изгласаните измени на законите за здруженија и фондации и за политички партии во македонското Собрание, оценувајќи дека „измените имаат за цел дискриминација и ограничување на правото на здружување на Бугарите во Северна Македонија, бидејќи има еднострано толкување на историските факти“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladina-komisija-treba-da-se-izjasni-za-preimenuvaneto-na-zdruzhenieto-vancho-mihajlov/feed/ 0
Софија очекува во најкус рок да се расчисти инцидентот со бугарскиот клуб во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sofija-ochekuva-vo-najkus-rok-da-se-raschisti-incidentot-so-bugarskiot-klub-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sofija-ochekuva-vo-najkus-rok-da-se-raschisti-incidentot-so-bugarskiot-klub-vo-ohrid/#respond Thu, 24 Nov 2022 10:34:28 +0000 https://kurir.mk/?p=765788

Бугарското Министерство за надворешни работи категорично го осуди, како што се наведува, сериозното кривично дело во кое беше употребено огнено оружје врз Клубот на граѓани со бугарска самосвест „Цар Борис III“ вчера во Охрид, Република Северна Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според објавата на Министерството, бугарскиот генерален конзул во Битола Димитар Иванов бил во посета на Охрид и воспоставил контакт со членовите на здружението и надлежните институции во градот инволвирани во случајот. Ова кривично дело е трет напад врз клубот Цар Борис III за помалку од два месеци. Претходниот напад беше извршен пред само два дена, за што Министерството за надворешни работи испрати вербална нота до амбасадата на Северна Македонија во Софија. Бугарското Министерство за надворешни работи ја нотира реакцијата на Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, но, се посочува, категорично не прифаќаме вакви тешки кривични дела да се дефинираат како вандалски чин. Властите во Софија, како што пренесува дописникот на МИА, очекуваат надлежните органи во Република Северна Македонија во најкраток можен рок да преземат мерки за откривање и изведување пред лицето на правдата на сторителите на злосторството врз клубот Цар Борис Трети. По тој повод, денеска во Министерството за надворешни работи на Бугарија, на средба ќе биде повикана амбасадорката на Северна Македонија, Агнеза Руси-Поповска, на која ќе и биде врачена протестна нота. Македонското Министерство за надворешни работи синоќа го осуди оштетувањето на стаклото на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид кое се случило вчера, оценувајќи го како вандалски чин. -Ваквите настани се целосно неприфатливи, можат да загрозат човечки животи, и ги засилуваат ретроградните процеси кои се во спротивност со европските интеграции на земјава, се наведува во реакцијата за МНР. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sofija-ochekuva-vo-najkus-rok-da-se-raschisti-incidentot-so-bugarskiot-klub-vo-ohrid/feed/ 0
МНР на Бугарија ќе и врачи остар демарш на македонската амбасадорка по последниот напад на клубот „Цар Борис Трети“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-na-bugarija-kje-i-vrachi-ostar-demarsh-na-makedonskata-ambasadorka-po-posledniot-napad-na-klubot-car-boris-treti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-na-bugarija-kje-i-vrachi-ostar-demarsh-na-makedonskata-ambasadorka-po-posledniot-napad-na-klubot-car-boris-treti/#respond Thu, 24 Nov 2022 07:52:55 +0000 https://kurir.mk/?p=765680

МНР на Бугарија остро го осудува оштетувањето на културниот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид извршено ноќта меѓу 20 и 21 ноември 2022 година. - Таквите постапки намерно ги попречуваат напорите за воспоставување пријателство, добрососедство и соработка како водечки принципи во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија (РСМ), соопштија од МНР на Бугарија. Според нив, имињата на бугарските клубови не се причина за таа кампања и потенцираат дека „лидерот на најголемата опозициска партија во Скопје веќе отворено повикува на итно затворање на бугарските клубови само затоа што се бугарски, без разлика како се нарекуваат“. - Убедени сме дека Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ќе има навремена и соодветна реакција на она што се случи, се наведува во ставот. Реакцијата на властите на овој и на другите случаи на криминал од омраза ќе биде показател за сериозноста што Владата во Скопје ја придава на градењето добрососедски односи и на процесот на пристапување во ЕУ, соопштија од МНР на Бугарија. Македонската амбасадорка во Бугарија Агнеса Руси-Поповска денеска во Софија ќе биде повикана во тамошното Министерството за надворешни работи и ќе ѝ биде врачен остар демарш по повод вооружениот напад на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, јавуваат бугарските медиуми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-na-bugarija-kje-i-vrachi-ostar-demarsh-na-makedonskata-ambasadorka-po-posledniot-napad-na-klubot-car-boris-treti/feed/ 0
Вечерва повторно искршени прозорците на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecherva-povtorno-iskrsheni-prozorcite-na-bugarskiot-klub-car-boris-treti-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecherva-povtorno-iskrsheni-prozorcite-na-bugarskiot-klub-car-boris-treti-vo-ohrid/#respond Wed, 23 Nov 2022 21:32:53 +0000 https://kurir.mk/?p=765620

Вечерва повторно е оштетено стаклото на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Според него, вечерва во 19 часот и 12 минути во СВР Охрид било пријавено оштетување на стакло на канцеларијата на здружението „Цар Борис Трети“, лоцирана на булеварот „Македонски Просветители“ во трговскиот центар Амам во Охрид. – Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот при што е утврдено дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје, изјави Димоски за МИА. За настанот бил известен јавен обвинител од ОЈО Охрид, по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на настанот. Пред само два дена со камен беше оштетено стаклото и дел од светлечката реклама на бугарскиот клуб „Цар Борис трети“, кој беше отворен минатиот месец во Охрид. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecherva-povtorno-iskrsheni-prozorcite-na-bugarskiot-klub-car-boris-treti-vo-ohrid/feed/ 0