бугарски клубови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 May 2023 09:56:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бугарски клубови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претседателите на бугарските клубови во Македонија добиваат бугарски пасоши – ќе им ги врачи претседателот Румен Радев! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelite-na-bugarskite-klubovi-vo-makedonija-dobivaat-bugarski-pasoshi-ke-im-gi-vrachi-pretsedatelot-rumen-radev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelite-na-bugarskite-klubovi-vo-makedonija-dobivaat-bugarski-pasoshi-ke-im-gi-vrachi-pretsedatelot-rumen-radev/#respond Fri, 19 May 2023 09:55:28 +0000 https://kurir.mk/?p=836266

На свечена церемонија бугарскиот претседател Румен Радев ќе им ги врачи бугарските лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов – претседателот и секретарот на затворениот бугарски клуб од Битола „Иван Михајлов“. Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова ги потпиша указите за стекнување бугарско државјанство врз основа на нивното бугарско потекло, јавува „БНТ“. Пред една недела, на официјална церемонија и со интонирање на химната, Јотова му врачи буагрски документи на секретарот на затворениот бугарски културен клуб во Охрид, Христијан Пендиков. Потпретседателката во таа прилика го опиша Пендиков како храбар млад човек, кој и покрај провокациите, останал верен на бугарската самосвест и идентитет. Пендиков подоцна, во интервју за БНТ истакна дека сè уште има многу македонски Бугари, како што се претседателите на бугарските клубови, кои немаат бугарско државјанство, а за ова доставиле документи пред долго време. „Најистакнатите македонски Бугари, тие што најмногу се борат, кои добиваат најмногу закани, тие немаат бугарско државјанство, но тие пред многу години поднеле документ за бугарско државјанство и чекаат, им треба помош“, рече Пендиков во интервјуто. Пендиков е родум од Охрид. За јавноста непознат додека не беше натепан, инцидент кој потоа беше политизиран. Како причина беше наведено тоа што Пендиков се декларира како Бугарин, а се зборуваше дека тој имал нерасчистени сметки со напаѓачите. Тој беше секретар на сега згаснатиот бугарски клуб во Охрид, со контроверзно име „Цар Борис III“. Против него се води и предмет во охридското Обвинителство поради омаловажување на македонскиот народ и Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelite-na-bugarskite-klubovi-vo-makedonija-dobivaat-bugarski-pasoshi-ke-im-gi-vrachi-pretsedatelot-rumen-radev/feed/ 0
Маричиќ: Бугарските клубови не се опасност за нашиот идентитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marichik-bugarskite-klubovi-ne-se-opasnost-za-nashiot-identitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marichik-bugarskite-klubovi-ne-se-opasnost-za-nashiot-identitet/#respond Fri, 24 Feb 2023 22:05:53 +0000 https://kurir.mk/?p=804815

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во денешното интервју за новинската агенција „Макфакс“ рече дека секоја провокација го отежнува патот кон ЕУ и завршувањето на обврските, додавајќи бугарските клубови сами по себе не се опасност за нашиот идентитет. - Со Џамбаски и Ковачев сум имал прилика да се судрам во Европскиот парламент и во салата и надвор од неа. Ние никогаш не сме се обидувале да ги убедиме нив дека ние сме Македонци. Нашето постоење како Македонци не зависи од нив, тоа треба сите да го знаеме, изјави Маричиќ, посочувајќи дека не можеме врз основа на нивните лични навреди и провокации, да креираме политика кон ЕУ или Бугарија. Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ во интервјуто уверува дека не треба да се плашат граѓаните од вето, бидејќи тоа не е во рацете на Бугарија, туку во наши раце и затоа ако не ги изгласаме уставните измени тогаш сами ќе се блокираме. - Условите се тешки и не е праведно, не било лесно ни за нас, кои сме седеле на таа маса и сме преговарале ни било лесно и едноставно, напротив. Но, тоа беше единствената шанса, единствениот начин да ги почнеме преговорите, после изгубени десет години и многу пропуштени шанси, вели Маричиќ, додавајќи дека многу покомотно ќе било за Владата да не ги прифати никакви услови, да го стават Гоце Делчев на местото на Александар Македонски на плоштад и следните десет години да владеат на оваа тема. На прашањето дали се почнати преговорите со ЕУ главниот преговарач со ЕУ објасни дека скринингот е започнат, а тоа може да се случи кога преговорите се формално почнати. - Јас можам да ви потврдам дека 2022 е историска година за нас бидејќи по прв пат ги почнавме преговорите. Чешкиот министер за надворешни работи, на Меѓувладината конференција, рече дека преговорите се отворени и дека почнува да тече преговарачкиот процес. Имаме определени услови и фази што треба да ги поминеме за да продолжиме со преговорите кога и ќе ги отвориме поглавјата. Колку брзо тоа ќе се одвива зависи од нас и од тоа дали ќе ги исполниме обврските од преговарачката рамка, објасни Маричиќ.  
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marichik-bugarskite-klubovi-ne-se-opasnost-za-nashiot-identitet/feed/ 0
Денеска истекува рокот за преименување на бугарските клубови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-istekuva-rokot-za-preimenuvane-na-bugarskite-klubovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-istekuva-rokot-za-preimenuvane-na-bugarskite-klubovi/#respond Thu, 16 Feb 2023 06:49:47 +0000 https://kurir.mk/?p=801089

Денеска истекува рокот за преименување на здруженијата, чиишто имиња се сметаат за навредливи и претставуваат провокација што предизвикува тензии меѓу Северна Македонија и Бугарија, во спротивно, согласно законските измени за здруженија и политички партии од ноември 2022 година, ќе бидат затворени. Здружението од Охрид „Цар Борис Трети“ има поднесено барање до Централниот регистар за промена на името согласно измените во Законот за здруженија и фондации. Од Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола, пак, на ден пред истекот на рокот, се уште немаат доставено барање за измени. Бугарските клубови, согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Од Централниот регистар за МИА потврдија дека на 10 февруари е доставен допис со барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети“ Охрид и дека постапката è во тек. За здружението „Иван Михајлов“ од Битола досега не е поднесено барање.
Според постоечката легислатива, доколку двата клуба не го сменат името, треба да заседава владината Комисија и да донесе став, што потоа треба да биде доставен до Министерството за правда и врз основа на тоа министерот да донесе одлука. Доколку одлуката е негативна, здружението треба да биде избришано од Централниот регистар. Според измените на Законот за здруженија и фондации, се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда. Со измените се уредува дека „како име или назив на здружение не можат да бидат употребени имиња што по која било основа во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстремизам, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх. Ако во името на здружението е содржано такво име, одобрение дава министерот за правда, по препорака на Комисија која ќе биде формирана од министерот за правда со претставници на Министерството за култура, Институтот за национална историја, МАНУ и Министерството за правда“. Со отворањето клубови кои носат имиња на личности коишто будат негативни чувства кај нашите граѓани, а пред се кај Еврејската заедница сметам дека се повредуваат прво чувствата на македонскит
Тогаш бугарското МНР изрази загриженост поради изгласаните измени на законите за здруженија и фондации и за политички партии во македонското Собрание, оценувајќи дека „измените имаат за цел дискриминација и ограничување на правото на здружување на Бугарите во Северна Македонија, бидејќи има еднострано толкување на историските факти“. Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера се сретна со Ѓорѓи Трендафилов и со Љупчо Ѓоргиевски, претставници на различни организации на бугарската заедница во Северна Македонија при што биле размените мислења за прашања што ја засегаат бугарската заедница во Северна Македонија, предизвиците со кои се соочуваат здруженијата, како и можностите за подиректна и поинтензивна соработка со државата. -На средбата беше изразено задоволство од директниот пристап во размената на мислења, како и интенцијата за повторна средба и засилена динамика на комуникација, со цел подиректно вклучување на бугарската заедница и здруженијата кои нив ги претставуваат во рамките на редовната соработка на државата со граѓанскиот сектор, информираа од МНР. Ѓорѓи Трендафилов од Граѓанско - демократската унија (ГДУ), кој денеска заедно со претседателот на Клубот „Ванчо Михајлов“, Љупчо Ѓоргиевски, како претставници на различни организации на бугарската заедница во земјава во МНР се сретнаа Османи, по разговорот изјави дека имале корисна средба и оти нивните активности ќе бидат во насока на релаксирање на односите меѓу Скопје и Софија. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска, оствари средба со Ѓорѓи Трендафилов и со Љупчо Горгиевски, претставници на различни организации на бугарската заедница во Северна Македо -Имавме корисна средба со министерот за надворешни работи. Средбата е во голема мера продолжение на разговорите кои ги имавме во Брисел. Ние го известивме (Османи) за содржината на разговорите со еврокомесарот за проширување и добрососедство, (Оливер) Вархеји и со неколку политички групации застапени во Европскиот парламент, кои ќе се обидат со нивните политички истомисленици и групации овде во Македонија, значи Конзервативната, Европските народни партии, Прогресивните социјалисти, да се обидат да помогнат да се смират тензиите на релација Скопје - Софија и во една порелаксирана атмосфера да почне да се спроведуваат одредбите и од Спогодбата 2017 и т.н. „француски предлог“ за Македонија во периодот до октомври, кога треба да биде објавен Извештајот за напредокот од Европската комисија и земјава да може официјално да ги отпочне преговорите кон крајот на ова година, рече Трендафилов. Тој изјави дека од Османи побарале и тие да се обидат да посредуваат за смирување на тензиите, затоа што во една експлозивна атмосфера, како што вели, невозможно е да се донесат квалитетни рационални политички решенија. - Мислам дека тоа е во интерес на граѓаните и на земјава. Останува на времето да видиме дали нашата работа и нашиот апел ќе вродат со конкретен политички плод, додаде Трендафилов.
Во однос на Резолуцијата на Советот на Европа, во која се вели дека не постои системска дискриминација во Северна Македонија, Трендафилов вели дека не се согласува со ваквиот став, но, како што рече, тоа нема да биде во фокусот на нивната активност, туку колку што е можно повеќе да придонесат да се релаксираат односите меѓу Скопје и Софија. -Имавме корисна средба со министерот за надворешни работи. Средбата е во голема мера продолжение на разговорите кои ги имавме во Брисел. Ние го известивме за содржината на разговорите со евро Прашан дали на средбата претседателот на Клубот „Ванчо Михајлов“, Ѓеоргиевски, го отворил прашањето за пререгистрација на здруженијата, чиј рок истекува денеска, Трендафилов одговори дека за тоа не било посебно разговарано. - Не посебно. Јас ја видов изјавата за Дојче веле мислам од господинот Ѓеоргиевски дека тие немаат намера да отстапат во овој момент и дека презеле одредени правни лекови кои им стојат на располагање. Ќе видиме што ќе се случи понатаму. Не беше посебно како тема, одговори Трендафилов. Средбата се случи ден пред истекот на рокот во кој согласно измените на Законот за здруженија и фондации, постоечките бугарски здруженија „Ванчо Михаилов“ и „Цар Борис Трети“, треба да ги сменат имињата или во спротивно се соочуваат со нивно затворање. Eврокомесарот за проширување и добрососедски односи Оливер Вархеји, во вторникот пред Европскиот парламент изјави дека очекува да се намалат тензиите меѓу Софија и Скопје кои кулминираа на 4 февруари, а сите одговорни за инцидентите што се случија да се соочат со правдата. -Настаните од 4 февруари не се охрабрувачки. Се надевав на многу повеќе - како што беше одлучено од раководствата на двете земји, ќе има заедничко одбележување на датумот. Се надевам дека ќе успее следната година и нема да има слични настани на границата. Морам да признаам дека за властите во Скопје не е лесна задача да останат смирени доколку има провокации на границите. Заедно, ЕУ мора да испрати порака дека историјата се споделува и како таква треба да се слави. Ќе направиме се што е во наша моќ да ја намалиме тензијата. Се надеваме дека ќе се спроведат сите билатерални договори, рече Вархеји одговорајќи на прашања на бугарските европратеници. Андреј Ковачев побара од Вархеји да потврди дека ЕК ја следи не само промената на македонскиот Устав, туку и спроведувањето на билатералниот договор меѓу Софија и Скопје од 2017 година и двата протокола, пред да започнат суштинските преговори со Северна Македонија за пристапување. Eвропскиот комесар за проширување и добрососедски односи Оливер Вархеји, денеска пред Европскиот парламент изјави дека очекува да се намалат тензиите меѓу Софија и Скопје кои кулминираа на 4
Во случајот со Република Северна Македонија поставивме многу јасни правила во преговарачката рамка, што овозможи свикување на првата меѓувладина конференција, потсети еврокомесарот. -Барањата се јасни, потребни се добрососедски односи. ЕК ќе го следи ова прашање и очекуваме напредок оваа година. Ги набљудувам настаните, разговарав со македонски граѓани кои се идентификуваат како Бугари. Власта во Скопје не само што е свесна, туку и дејствува за искоренување на секоја омраза кон Бугарите. Насилниците се уапсени, истрагата продолжува, се надевам дека ќе има случај на суд. Мислам дека ова треба да биде показател за решителноста на властите во Скопје, додаде Вархеји во врска со случајот со Христијан Пендиков. Вархеји посочи дека ЕК го следи почитувањето на Договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, како и на Договорот од Преспа. Тој најави дека извештајот за напредокот на Северна Македонија се очекува да биде објавен наесен.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-istekuva-rokot-za-preimenuvane-na-bugarskite-klubovi/feed/ 0
Бугарскиот клуб „Цар Борис“ ќе го менува името, а „Ванчо Михајлов“ ќе тужел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-klub-tsar-boris-ke-go-menuva-imeto-a-vancho-mihajlov-ke-tuzhel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-klub-tsar-boris-ke-go-menuva-imeto-a-vancho-mihajlov-ke-tuzhel/#respond Wed, 15 Feb 2023 09:36:11 +0000 https://kurir.mk/?p=800713

Претставници на бугарските здруженија во Република Македонија денеска ќе остварат средба со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи. Средбата е на барање на Османи и се одржува ден пред да истече законскиот рок за пререгистрација на здруженијата, чиишто имиња се сметаат за навредливи и провокација која што предизвикува тензии меѓу Скопје и Софија. Бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Клубот „Цар Борис III“ од Охрид веќе се обратил до Централниот регистар и нивното барање е во процедура. Тоа не е случај и со битолскиот клуб „Иван Михајлов“, кој најавува дека правдата ќе ја бара пред меѓународниот суд во Стразбур. За здружението „Иван Михајлов“ од Битола, не е поднесено барање за промени согласно новите измени на Законот за здруженија и фондации, велат од Централен регистар за DW. Првиот човек на клубот, Љупчо Ѓоргиевски за ДВ вели дека нема намера да го менува името на клубот и ќе ги искористат сите правни алатки за да ги остварат нивните права, па ако треба ќе ја тужат и државата во Стразбур. Утре истекува рокот од три месециво кој бугарските здруженија треба да се усогласат со измените во Законот за здруженија и фондации, според кои, здруженијата на граѓани во својот назив не можат да употребат имиња на луѓе кои по која било основа се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал-социјализам и Третиот рајх. Измените на Законот за здруженијата и фондациитестапија на сила на 16 ноември. Ако здруженијата кои имаат имиња што се косат со одредбите во законот, не направат усогласување, односно преименување, министерот за правда треба да донесе одлука за неусогласеност во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на законот (до 16 март), по претходно негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња, и врз таа основа Централниот регистар треба ги избрише. Охридскиот клуб „Цар Борис III“ беше отворен лани во октомври, а за време на отварањето имаше протести на револтирани граѓани. Набрзо по отварањето клубот беше каменуван, па во него беше пукано, а сторителите на овие напади досега не се откриени. Неодамна, пак, во Охрид беше натепан секретарот на клубот Христијан Пендиков, по што Бугарија итно го евакуираше со авион, а охридското обвинителство за овој случај покрена обвинение против едно лице за напад врз етничка основа. Битолскиот клуб „Иван Михајлов“ беше отворен лани во април во присуство на целиот бугарски државен врв, на чело со тогашниот премиер Кирил Петков.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-klub-tsar-boris-ke-go-menuva-imeto-a-vancho-mihajlov-ke-tuzhel/feed/ 0
Бугарските клубови треба да се усогласат со Законот за здруженија, смета Пендаровски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskite-klubovi-treba-da-se-usoglasat-so-zakonot-za-zdruzenija-smeta-pendarovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskite-klubovi-treba-da-se-usoglasat-so-zakonot-za-zdruzenija-smeta-pendarovski/#respond Thu, 15 Dec 2022 11:33:26 +0000 https://kurir.mk/?p=776056

Постоењето на бугарските клубови во земјава не е спорно, но тие  треба да се усогласат со законот за здруженија во однос на нивните имиња, за што течат роковите, вели претседателот Стево Пендаровски. -Немаме ние потреба да измислуваме начин, затоа што постои закон кој што го донесовме неодамна во нашиот Парламент, со поддршка и на власта и на опозицијата и тоа прилично брзо за македонски услови. Се согласивме околу клучната содржина. Рокот тече, за усогласување во однос на имињата на клубовите, само треба да се почитува законот без да се измислуваат нови механизми за постоење на тие клубови. Тие треба да постојат, меѓутоа треба да ги почитуваат и чувствата на Македонците, на сите македонски граѓани, на сите луѓе кои живеат во Македонија, а најдобар начин за тоа е да дадат имиња на клубовите кои немаат никаква врска со фашистичкото минато, рече Пендаровски на новинарско прашање за коментар за изјавата на шефот на дипломатијата Бујар Османи за бугарските клубови во земјава со контроверзни имиња. Со усвоените измени на Законот за здруженија и фондации се оневозможува отворање здруженија и фондации чии програми, цели, дејности и дејствувања се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на земјава, кон поттикнување и повикување на воена агресија, како и кон разгорување национална, расна, верска омраза. Веќе регистрираните здруженија, фондации согласно измените, се должни во рок од три месеци од стапување во сила на законските измени, да го усогласат своето име и/или назив, цели и дејности согласно наведените одредби, во споритивно се бришат од Централниот регистар, за што министерот за правда донесува одлука. Во однос, пак, на честите провокации кои доаѓаат од Бугарија, шефот на државата оценува дека тоа не дава надеж за креирање поволен амбиент меѓу двете земји. -За жал, тоа е една континуирана политика во изминатите две години, ништо ново. Она што е добро, позитивно во целиот тој галиматијас на негативни вести кои доаѓаат од нашиот исток, е тоа што официјалните државни органи, официјалните бугарски политичари и министри, се држат до една коректна реторика, барем засега. Меѓутоа за жал овие други изјави не даваат шанса за надеж да помислиме дека може да се креира амбиент во кој работава радикално ќе се сврти на подобро. Не би требало да ги има, реагираме на секоја таква провокација по дипломатски пат преку нашето МНР, но повторувам добро е да се држиме до официјалните позиции на претседателот, премиерот иако е таму техничка влада добро е да разговараме што нам ни порачуваат техничките министри, вели Пендаровски. Советот на ЕУ ја одбил бугарската декларација со која се барало „ефективно гонење и осуда за злосторства од омраза од страна на властите во Северна Македонија“. Софија барала нејзината унилатерална изјава да влезе во заклучоците на Советот за општи работи во делот за Северна Македонија, но министрите го одбиле тоа барање. Во изјава за ДВ, тоа го потврди и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.  – Унилатералната декларација на Бугарија не е дел од заклучоците, и тој нивни поединечен став не беше прифатен од останатите земји, вели Маричиќ.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskite-klubovi-treba-da-se-usoglasat-so-zakonot-za-zdruzenija-smeta-pendarovski/feed/ 0
Османи сака да разговара со иницијаторите на бугарските клубови во Македонија за да ја дознае нивната цел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-saka-da-razgovara-so-inicijatorite-na-bugarskite-klubovi-vo-makedonija-za-da-ja-doznae-nivnata-cel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-saka-da-razgovara-so-inicijatorite-na-bugarskite-klubovi-vo-makedonija-za-da-ja-doznae-nivnata-cel/#respond Sat, 26 Nov 2022 11:48:26 +0000 https://kurir.mk/?p=766851

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за бугарската „Vbox7“ повторно го осуди нападот со огнено оружје врз културниот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Тој потенцира дека македонската страна, почнувјаќи од МНР, потоа Владата, претседателот на државата, сите го осудиле овој вандалски чин и порача дека МВР презема неопходни активности за пронаоѓање на сторителите. Османи во истото интервју посочи дека постојат поединци или групи на двете страни, во Македонија и Бугарија, кои не сакаат овие две држави да имаат добри односи. Османи воедно изјави дека планира дијалог со иницијаторите на бугарските клубови во Македонија, за да се види која е точно целта за нивното отворање. -Ако идејата е да се интегрира бугарската заедница во системот, да се спречат евентуални дискриминаторски политики кон бугарската заедница, ајде да видиме кои се најдобрите начини да се направи тоа. Не мислам дека преку разгневување на јавноста ќе се постигне тоа. Самиот доаѓам од заедница која што некогаш била во одредена потчинета состојба. Меѓутоа, и од мое искуство, можам да кажам дека начинот на кој што е избран, од тие луѓе, од бугарската заедница, е погрешен начин. Го кажувам ова најдобронамерно. Отворен сум за комуникација, да седнеме да разговараме, наш интерес е бугарската заедница да биде етаблирана, интегрирана и во одлични односи со сите други заедници, македонскиот народ и со останатите народи кои што се во државата, вели Османи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-saka-da-razgovara-so-inicijatorite-na-bugarskite-klubovi-vo-makedonija-za-da-ja-doznae-nivnata-cel/feed/ 0
Давитковски: Ако државата не реагира, бугарските културни центри со контроверзни имиња ќе изникнат како печурки во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/davitkovski-ako-drzavata-ne-reagira-bugarskite-kulturni-centri-so-kontroverzni-iminja-kje-izniknat-kako-pechurki-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/davitkovski-ako-drzavata-ne-reagira-bugarskite-kulturni-centri-so-kontroverzni-iminja-kje-izniknat-kako-pechurki-vo-makedonija/#respond Mon, 10 Oct 2022 09:58:17 +0000 https://kurir.mk/?p=743483

Универзитетскиот професор, Борче Давитковски, гостуваше во „Студио 10“, на телевизија 24. -Нашата држава мора да ги почитува интересите на граѓаните и да спречи отворање на здруженија со провокативни имиња и програми, истакна професорот. Тој во гостувањето говореше за темата која се однесува на отворањето бугарски културни центри во земјава со имиња на контроверзни личности, кои предизвикаа огромни реакции во јавноста. -Во насока на актуелните отворања на нови здруженија, како држава мора да покажеме заби и дигнитет. Мора да се почитуваат нашите закони. Уписот во регистарот на здруженија кои имаат имиња и програми кои ги иритираат граѓаните, мора да се поништи. Оние кои ги  одобруваат овие работи пред се мора да ги проверат името и програмата. Ако не се реагира од државата, има како печурки секаде да изникнат. Морам да напоменам дека сами се ставаме во непријатни ситуации. Доколку некој смета дека е ускратен да отовори организација со провокативни натписи, слободно нека се обрати Стразбург. Ние веруваме за македонската држава која треба да си ги штити интересите на нашите граѓани, вели Борче Давитковски. Давитковски, искажа став за гормирањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“, во Охрид. Рече дека уште референтот на филијалата на Централен регистар во Охрид не смеел да дозволи негов упис. -По право на надзор, може да се бара поништување на регистрација, а тие имаат право на жалба кое може да дојде до Управен суд и таму да се повикаат вештаци кои треба да дадат свое мислење за тоа кој бил Цар Борис Трети. Но уште тие на шалтерот на Централен регистар во Охрид, референтот требало да ги пролиста програмата, статутот и името и да не изврши упис, смета професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Давитковски потенцира дека ако не се спречи овој тренд на регистрирање вакви клубови од страна на државата, тогаш како што истакнува тој, ситуацијата ќе се смета за преседан и таквите регистрации ќе продолжат до недоглед.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/davitkovski-ako-drzavata-ne-reagira-bugarskite-kulturni-centri-so-kontroverzni-iminja-kje-izniknat-kako-pechurki-vo-makedonija/feed/ 0