бугарски медиуми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Jul 2022 07:37:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бугарски медиуми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еве што пишуваа бугарските медиуми за стартот на преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eve-shto-pishuvaa-bugarskite-mediumi-za-startot-na-pregovorite-na-severna-makedonija-i-albanija-so-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eve-shto-pishuvaa-bugarskite-mediumi-za-startot-na-pregovorite-na-severna-makedonija-i-albanija-so-eu/#respond Wed, 20 Jul 2022 07:37:06 +0000 https://kurir.mk/?p=707706

Стартот на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ е меѓу темите за кои информираат бугарските медиуми, јави дописникот на МИА од Софија. Бугарското национално радио (БНР) информира дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по првата меѓувладина конференција под чешкото претседателство со ЕУ во Брисел, изјави дека сега започнува работата на преговарачките тимови за проверка на законодавството на Заедницата, што ќе им овозможи на двете земји од Западен Балкан да се запознаат со правата и обврските во ЕУ. Медиумите ги цитираат и зборовите на Фон дер Лајен на почетокот на заедничката изјава дека „ова е историски момент“. Бугарската национална телевизија (БНТ) во своите централни информативни емисии јави дека Северна Македонија и Албанија ги започнаа преговори за членство во ЕУ, посочувајќи дека тоа беше овозможено откако парламентите во Скопје и Софија „го одобрија започнувањето на преговорите, а двете земји потпишаа протокол со кој „Северна Македонија е се обврза да го промени својот Устав и да ги признае тамошните Бугари заедно со другите делови од народи“. БНТ нагласи и дека Северна Македонија 17 години чекаше на почеток на преговорите со ЕУ, а Албанија 13 години. Софиски „Дневник“, без на кој било начин да ја спомене Бугарија и нејзината одлука за повлекување на ветото, објави дека Европската комисија, Северна Македонија и Албанија вчера во Брисел „најавија почеток на преговорите за пристапување на двете земји од Западен Балкан во ЕУ“. Весникот посочува дека претседателката на Европската комисија избегнала да ја спомене Бугарија, нагласувајќи ги само достигнувањата на Скопје и Тирана, а чешкиот премиер Петер Фиала, чија земја во моментов претседава со Советот на ЕУ, ги нагласи цврстите позиции на Албанија и Северна Македонија против руската војната во Украина. „Дневник“ наведува и дека премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама им се заблагодарија на француското претседателство, на „нивните пријатели во ЕУ“, на Европската комисија, на францускиот претседател Емануел Макрон и на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, како и на нивните граѓани за успехот, но без споменување на Бугарија која година и половина со вето го блокираше почетокот на преговорите за членство на Скопје во ЕУ. Телевизиите бТВ и Нова ТВ во своите централни информативни емисии јавија за почетокот на преговорите на Северна Македонија и Албанија во ЕУ и ги пренесоа изјавите на премиерите на двете земји Димитар Ковачевски и Еди Рама во Брисел. бТВ пренесе и изјава на бугарскиот европратеник Илхан Ќучук , кој е известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, дека Бугарија треба да има свои претставници во преговарачкиот процес на земјата со ЕУ и постојано да биде во Брисел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eve-shto-pishuvaa-bugarskite-mediumi-za-startot-na-pregovorite-na-severna-makedonija-i-albanija-so-eu/feed/ 0
Партијата на Каракачанов бара бугарските медиуми да не преведуваат од македонски на бугарски јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partijata-na-karakachanov-bara-bugarskite-mediumi-da-ne-preveduvaat-od-makedonski-na-bugarski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partijata-na-karakachanov-bara-bugarskite-mediumi-da-ne-preveduvaat-od-makedonski-na-bugarski-jazik/#respond Mon, 07 Dec 2020 08:52:57 +0000 https://kurir.mk/?p=439802

ВМРО-БНД, партијата на Красимир Каракачанов, бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана од Советот за електронски медиуми на Бугарија бара бугарските медиуми да престанат да ги преведуваат изјавите на македонските политичари на бугарски јазик. Интервјуата на „луѓето од Северна Македонија“ не треба да се преведуваат на бугарски јазик, се вели во писмото на ВМРО-БНД до Советот за електронски медиуми, прененсува “24 часа“. „Бугарската наука недвосмислено го дефинира таканаречениот ‘македонски’ јазик како регионална форма на бугарскиот јазик. Тоа е позиција и на Институтот за бугарски јазик при Бугарската академија на науки (БАН). Освен тоа, официјалната политичка позиција на Бугарија во текот на целото независно постоење на Северна Македонија, потврдена и од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, е непризнавање на таканаречениот ‘македонски’ јазик“, се вели во писмото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partijata-na-karakachanov-bara-bugarskite-mediumi-da-ne-preveduvaat-od-makedonski-na-bugarski-jazik/feed/ 0
Скандалот со странските служби и АРМ топ тема во бугарските медиуми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalot-so-stranskite-sluzbi-i-arm-top-tema-vo-bugarskite-mediumi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalot-so-stranskite-sluzbi-i-arm-top-tema-vo-bugarskite-mediumi/#respond Wed, 20 Feb 2019 12:49:05 +0000 https://kurir.mk/?p=166011

По информација на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, НАТО побара од Македонија да изврши кадровски промени во Министерството за одбрана, за да стане членка на НАТО. Станува збор за разрешување на голем број на лица, кои имаат високи позиции во кабинетот на Радмила Шекеринска, во Генералштабот и военото разузнавање, пишува бугарскиот портал „Епицентар“. Порталот пишува дека врз основа на истите информации веќе пишувал и хрватскиот весник „Хрватска Данас“, кој нотира дека во македонското Министерство за одбрана има луѓе со длабоки лични, семејни, оперативни и политички врски со Република Србија. Весникот посочува дека таков човек е Државниот секретар во одбрана, Драган Николиќ, син на бивш функционер на ЈНА, весникот пишува дека најблизок сорабтник на Шекеринска е Мирослав Стојановски, бивш капетан на ЈНА, за време на нападот врз Хрватска и окупацијата на Вуковар, обвинет за убиство на невини граѓани. „Епицентар“ пишува и за Началникот на военото разузнавање, Горан Василевски, кој е човек поврзан со српската армија , што било пречка подолг период истиот да не добие безбедносен сертификат. Како што пишува „Епицентар“, а образлагаат и хрватските медиуми е дали Македонија со таква структура на армијата ќе може да биде партнер на Алијансата, и дали во таков случај вистинскиот партнер, не би била всушност Србија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalot-so-stranskite-sluzbi-i-arm-top-tema-vo-bugarskite-mediumi/feed/ 0