бугарски парламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Apr 2023 09:20:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бугарски парламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Росен Желјазков избран за претседател на новиот бугарски Парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rosen-zheljazkov-izbran-za-pretsedatel-na-noviot-bugarski-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rosen-zheljazkov-izbran-za-pretsedatel-na-noviot-bugarski-parlament/#respond Wed, 19 Apr 2023 09:20:32 +0000 https://kurir.mk/?p=825366

Росен Желјазков од ГЕРБ-СДС е избран за претседател на новиот бугарски Парламент, со 136 гласа „за“ и 94 воздржани. Никој не гласаше против, јави БТА.

Другата номинација за претседател на Собранието ја предложи „Преродба“ - Петар Петров, но тој доби само 36 гласа „за“, 59 против и 139 воздржани.

Росен Желјазков е роден на 5 април 1968 година во Софија.

На 5 декември 2014 година, тој беше назначен за советник на премиерот Бојко Борисов за прашања од административни реформи и воведување електронска влада.

На 20 септември 2018 година беше избран од Парламентот како министер за транспорт, информатичка технологија и врски и оваа функција ја извршуваше до 12 мај 2021 година.

Росен Желјазков беше пратеник во Парламентот - 2021 - 2022.

Во октомври 2022 година, тој беше номиниран од коалицијата ГЕРБ-СДС за претседател на 48-то Народно собрание, но не беше избран бидејќи „Продолжуваме со промената“ не го поддржаа неговиот избор.

На 11 април 2023 година, на состанокот со пратениците на ГЕРБ во седиштето на партијата во Софија, претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, објави дека коалицијата ГЕРБ-СДС ќе го предложи Росен Желјазков за претседател на 49-то Национално собрание.

Двете коалиции во Бугарија, кои имаа најмногу освоени гласови на предвремените парламентарни избори од 2 април, „ГЕРБ-СДС„ и „Промените продолжуваат - Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) вчера се договорија Желјазков да биде избран за претседател на Собранието.  За негов избор беа потребни најмалку 121 глас. ГЕРБ-СДС има 69 по последните предвремени парламентарни избори на 2 април 2023 година. Двете политички коалиции договорија заедничка законодавна програма, како и изборот на претседателот на Народното собрание и правната комисија да биде врз ротациски принцип.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rosen-zheljazkov-izbran-za-pretsedatel-na-noviot-bugarski-parlament/feed/ 0
На првиот работен ден, бугарскиот Парламент не успеа да избере свој претседател https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-prviot-raboten-den-bugarskiot-parlament-ne-uspea-da-izbere-svoj-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-prviot-raboten-den-bugarskiot-parlament-ne-uspea-da-izbere-svoj-pretsedatel/#respond Wed, 12 Apr 2023 17:50:30 +0000 https://kurir.mk/?p=823405

Бугарските пратеници од 49. Народно собрание на првиот работен ден не успеаја да изберат претседател на Парламентот, поради што, првата седница ќе продолжи утре. Слична беше ситуацијата и на почетокот на 48. Народно собрание, кога, исто така во првиот работен ден не беше избран претседавач. Тогаш првата првата седница траеше три дена, по што со консензус беше избран Вежди Рашидов од ГЕРБ-СДС, потсетува БТА. Денеска за функцијата имаше две кандидатури - на Росен Желјазков од ГЕРБ-СДС и Петар Петров од „Преродба“, но и двете номинации не успеаја да го соберат потребниот број гласови на јавното гласање со компјутеризираниот систем на парламентот. „Преродба“ добија поддршка само од нивните колеги од групата (37 пратеници), 88 беа „против“, а 39 воздржани. За номинацијата на ГЕРБ-СДС гласаа 79 пратеници, „против“ беа осуммина, а 144 пратеници беа воздржани. Потоа копретседателот на „Продолжуваме со промената“ Асен Василев предложи на секои два месеци пратениците да носат одлуки за избор на претседател на Собранието и претседател на Правната комисија на ротационен систем од двете главни политичките сили во Народното собрание. Следуваше пауза и средба на претставници на пратеничките групи, која заврши без конкретен резултат, посочува БТА. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-prviot-raboten-den-bugarskiot-parlament-ne-uspea-da-izbere-svoj-pretsedatel/feed/ 0
И третиот обид за избор на спикер на бугарскиот Парламент е неуспешен https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-tretiot-obid-za-izbor-na-spiker-na-bugarskiot-parlament-e-neuspeshen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-tretiot-obid-za-izbor-na-spiker-na-bugarskiot-parlament-e-neuspeshen/#respond Thu, 20 Oct 2022 07:54:04 +0000 https://kurir.mk/?p=748147

И третиот обид за избор на претседател на бугарскиот Парламент е неуспешен. По историски долга пауза – од среда попладне до четврток наутро пратениците повторно гласаа, но сепак не постигнаа консензус. По гласањето, привремениот спикер Вежди Рашидов им даде едночасовна пауза на бугарските парламентарци и истакна дека по паузата ќе ја имаат последната шанса да го изберат првиот човек на парламентот. За функцијата во моментов има четворица кандидати – Росен Желјазков од ГЕРБ-СДС, Петар Петров од Преродба, Кристијан Вигенин од БСП и Јордан Цонев од ДПС. На вонреден брифинг синоќа политичката партија  „Продолжуваме со промената“ ја повлекоа својата номинација – на Никола Минчев. Во вториот круг стигнаа Јордан Цонев и Росен Желјазков, но ниту еден од нив не доби повеќе од половина од гласовите на присутните пратеници. Подготвени сме повеќе да не го номинираме нашиот кандидат за претседател на 48. Народно собрание. Ова пред новинарите на маргините на Собранието го изјави Десислава Атанасова од ГЕРБ-СДС, јави БТА. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-tretiot-obid-za-izbor-na-spiker-na-bugarskiot-parlament-e-neuspeshen/feed/ 0
Нацрт-билатералниот протокол меѓу Бугарија и Македонија е доставен до бугарскиот Парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nacrt-bilateralniot-protokol-megju-bugarija-i-makedonija-e-dostaven-do-bugarskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nacrt-bilateralniot-protokol-megju-bugarija-i-makedonija-e-dostaven-do-bugarskiot-parlament/#respond Mon, 20 Jun 2022 08:53:57 +0000 https://kurir.mk/?p=693028

Нацрт-протоколот со Скопје е веќе испратен до Комисијата за надворешни работи во Собранието, информираат од прес-центарот на Народното собрание за дописникот на МИА од Софија. Засега нема информации дали е предвидена собраниска седница на Комисијата за надворешна политика на бугарскиот Парламент. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nacrt-bilateralniot-protokol-megju-bugarija-i-makedonija-e-dostaven-do-bugarskiot-parlament/feed/ 0
Сменет од функција претседателот на бугарскиот Парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smenet-od-funkcija-pretsedatelot-na-bugarskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smenet-od-funkcija-pretsedatelot-na-bugarskiot-parlament/#respond Thu, 16 Jun 2022 11:36:43 +0000 https://kurir.mk/?p=691660

Никола Минчев веќе не е претседател на бугарскиот Парламент откако денеска пратениците гласаа за негово разрешување со 125 гласа „за“. Против беа 113 пратеници. Еден пратеник беше воздржан. Барањето за негово разрешувње беше поднесено вчера со потписи на 120 пратеници од „Има таков народ“, ГЕРБ-СДС, ДПС и „Преродба“. Меѓу причините се прекршување на Уставот и деловникот на Собранието, како и попречување на нормалната законодавна активност и спроведување на ефективна собраниска контрола. -Во пленарната сала има ново мнозинство, порача Минчев од собраниската говорница на дебатите за неговото отповикување. Никола Минчев од парламентарната група на партијата „Продолжуваме со промената“ беше избран за претседател на 47. Народно собрание на 3 декември минатата година. Неговата кандидатура ја предложи актуелниот премиер Кирил Петков. -Му се заблагодарувам на Никола Минчев за добро завршената работа. Тој успеа да го води овој парламент на најдијалошки, најпрофесионален начин што можеше. Тој навистина стана жртва не на својата работа, не на неговите постапки, туку на коалиција која сега се формира меѓу ГЕРБ, Преродба СДС и останатите луѓе во „Има таков народ“ кој реши дека без разлика на професионалните квалитети ќе гласа против“. Ова го порача Кирил Петков од собраниската говорница, неколку минути откако беше разрешен Никола Минчев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smenet-od-funkcija-pretsedatelot-na-bugarskiot-parlament/feed/ 0
Почна седницата во бугарскиот Парламент, на која ќе биде избрана влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochna-sednicata-vo-bugarskiot-parlament-na-koja-kje-bide-izbrana-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochna-sednicata-vo-bugarskiot-parlament-na-koja-kje-bide-izbrana-vlada/#respond Mon, 13 Dec 2021 12:56:02 +0000 https://kurir.mk/?p=607819

Почна вонредната седница на Националното собрание на која ќе се избира премиер на Бугарија и ќе се гласа за предложениот состав на новата коалициска влада. За премиер е предложен е Кирил Петков од Продолжуваме со промената, јави дописникот на МИА од Софија. На седницата пријавени се 227 од вкупно 240 пратеници. Кандидатот за премиер на Бугарија, Петков во говорот пред пратениците истакна дека главен приоритет на идната влада ќе биде избегнување на поскапување на струјата за домаќинствата, диверзификација и брза изградба на интерконектор со Грција. Петков посочи и дека приоритет на идната влада е надминување на кризата со Ковид-19, нудејќи две опции: доброволна вакцинација и зелен сертификат. Тој наведе дека првата наредба што ќе ја издаде како премиер на Бугарија е само со зелен сертификат да може да се влезе во Владата. Тој повика и на нулта толеранција за корупцијата и промена на правосудниот систем во земјата. Според Петков денеска е важен ден за продолжување на промените во Бугарија. Промената на размислувањето и промена на власта. – Првата задача е сите да сфатат дека ако сакаме подобра иднина за Бугарија, мора да работиме заедно. Четирите коалициски партнери заедно, преку дебати постигнаа договор по 81 часови преговори, 120 страници, 18 поглавја, за политиките што ќе бидат потребни за оваа промена, истакна Петков. Тој не ја исклучи соработката со опозицијата за неопходните уставни измени, но и за промени во судството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochna-sednicata-vo-bugarskiot-parlament-na-koja-kje-bide-izbrana-vlada/feed/ 0
Итна средба во бугарскиот Парламент откако една од партите одби да го потпише коалицискиот договор https://arhiva.kurir.mk/svet/region/itna-sredba-vo-bugarskiot-parlament-otkako-edna-od-partite-odbi-da-go-potpishe-koaliciskiot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/itna-sredba-vo-bugarskiot-parlament-otkako-edna-od-partite-odbi-da-go-potpishe-koaliciskiot-dogovor/#respond Thu, 09 Dec 2021 08:05:06 +0000 https://kurir.mk/?p=605974

Една од партиите се спротивстави на коалицискиот договор, поради што неопходно беше одржување итен состанок во зградата на Народното собрание на Бугарија, за БТВ соопшти поранешната претседателка на 45. и 46. Собрание Ива Митева од партијата „Има таков народ“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Митева тие внимателно го прочитале договорот и сите нејаснотии биле расчистени. -ИТН имаше барања за расчистување на формулациите и од политички аспект поставуваше прашања поврзани со назначувањето на извршните директори и претседателите на државните комисии, рече Митева. Таа потврди дека „Има такви луѓе“ во иднина ќе има вицепремиер во владејачката коалиција во Бугарија, додавајќи дека тоа ќе биде министерот за регионални прашања. БСП се спротивстави на дел од текстот на коалицискиот договор. Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, изјави дека сака сè да биде детално разработено и дека нема ништо чудно во тоа. Според неа, во третиот дел од договорот – законодавниот, партијата има предлози за дополнувања кои се однесуваат на социјалната сфера. „Демократска Бугарија“ доби согласност од коалиционите партнери Христо Иванов да го потпише коалицискиот договор, според кој ќе имаат еден вицепремиер и двајца министри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/itna-sredba-vo-bugarskiot-parlament-otkako-edna-od-partite-odbi-da-go-potpishe-koaliciskiot-dogovor/feed/ 0
Бојко Борисов во петок ќе дава отчет за својата работа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bojko-borisov-vo-petok-kje-dava-otchet-za-svojata-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bojko-borisov-vo-petok-kje-dava-otchet-za-svojata-rabota/#respond Thu, 15 Apr 2021 14:30:00 +0000 https://kurir.mk/?p=497723

Новоизбраната претседателка на бугарскиот Парламент, Ива Митева, денеска соопшти дека на првиот претседателски совет била донесена одлука пратениците да немаат одмор за Велигден. Како што јави дописникот на МИА од Софија, се разговарало и за формирање на првите неколку комисии во новиот 45-ти бугарски Парламент, како и за внесување во процедура на нацрт-законот за измена и дополнување на Изборниот законик. Измените се однесуваат на избирачките места во странство, Изборниот законик и гласањето на Бугарите во странство. Бугарскиот Парламент ќе ја одржи својата прва редовна седница в петок, на која ќе биде сослушан премиерот Бојко Борисов. Ова е одлуката што ја соопшти претседателката на пратеничката група на „Стани! Излези!“ Маја Манолова. На истата седница ќе се расправа и за предлогот на „Стани! Излези!“ за формирање на комисија за ревизија на владеењето на ГЕРБ, како и на првите три комисии – за правни работи, за здравство и за буџет. Манолева објасни дека до завршувањето на реновирањето во поранешниот Партиски дом пратениците ќе заседаваат во старата зграда на бугарскиот Парламент. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bojko-borisov-vo-petok-kje-dava-otchet-za-svojata-rabota/feed/ 0
Бугарскиот парламент избра тројца нови министри https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskiot-parlament-izbra-trojca-novi-ministri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskiot-parlament-izbra-trojca-novi-ministri/#respond Thu, 20 Sep 2018 12:17:30 +0000 https://kurir.mk/?p=103635

Бугарскиот Парламент денеска избра тројца нови министри - за внатрешни работи, за регионален развој и транспорт, по „вжештувањето“ на дебата во јавноста за способноста на Владата во врска со квалитетот на патиштата и безбедноста на сообраќајот. Промените во Владата следеа по автобуската несреќа во која загинаа 17, а беа повредени повеќе од 20 лица. Собранието го поддржа изборот на директорот на телекомуникацискиот регулатор Росен Зек Јазков за министер за транспорт, пратеникот од владејачката партија ГЕРБ, Петја Аврамова за министерот за регионален развој и на генералниот секретар на Министерството за внатрешни работи, Младен Маринов за нов министер за внатрешни работи. Опозициската Социјалистичка партија гласаше против изборот, барајќи оставка на целата влада. Засега, не постои ризик од појава на политичка нестабилност или предвремени избори сметаат аналитичари и додаваат дека Владата треба да продолжи со спроведување на реформите пред европските избори следната година, кои се гледаат како на тест за тоа дали ќе  може да го отслужи целосен мандат. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskiot-parlament-izbra-trojca-novi-ministri/feed/ 0
Бугарската Влада не смее да потпишува билатерални договори за мигранти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskata-vlada-ne-smee-da-potpishuva-bilateralni-dogovori-za-migranti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskata-vlada-ne-smee-da-potpishuva-bilateralni-dogovori-za-migranti/#respond Fri, 20 Jul 2018 15:44:53 +0000 https://kurir.mk/?p=79269

Бугарскиот Парламент денеска усвои Резолуција со која на Владата и се забранува да потпишува билатерални договори со други земји од Европската унија за реадмисија на мигранти, кои во Европа влегле преку тие држави. Резолуцијата ја поддржаа 177 пратеници, кои одлучија и дека бугарската Влада, предводена од премиерот Бојко Борисов, до крајот на семптември треба да го претстави бугарскиот предлог за реформа на Даблинскиот договор. Бугарија поддржува затворање на надворешните граници на ЕУ за мигранти и изградба на прифатни центри за бегалци надвор од територијата на ЕУ. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskata-vlada-ne-smee-da-potpishuva-bilateralni-dogovori-za-migranti/feed/ 0