бугарски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 29 Jun 2021 21:15:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бугарски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Аудио снимка од Закаријаш: Северномакедонскиот јазик бил дел од бугарскиот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/audio-snimka-od-zakarijash-severnomakedonskiot-jazik-bil-del-od-bugarskiot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/audio-snimka-od-zakarijash-severnomakedonskiot-jazik-bil-del-od-bugarskiot/#respond Tue, 29 Jun 2021 21:15:29 +0000 https://kurir.mk/?p=529603

Порталот Сакам да кажам објави аудио снимка од спорната изјава на португалската министерка за европски прашања Ана Паула Закаријаш во однос на македонскиот јазик. Португалската амбасадорка во земјава вечерва се обиде да демантира дека Закаријаш рекла дека македонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот јазик, но аудио снимката го покажа спротивното. Дури државната секретарка го користи терминот „The North-Macedonian language “, односно „северномакедонскиот јазик“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/audio-snimka-od-zakarijash-severnomakedonskiot-jazik-bil-del-od-bugarskiot/feed/ 0
Заев веќе прифатил дека македонскиот јазик е дел од бугарскиот, пораката од Португалија го потврди тоа? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-vekje-prifatil-deka-makedonskiot-jazik-e-del-od-bugarskiot-porakata-od-portugalija-go-potvrdi-toa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-vekje-prifatil-deka-makedonskiot-jazik-e-del-od-bugarskiot-porakata-od-portugalija-go-potvrdi-toa/#respond Tue, 29 Jun 2021 14:37:50 +0000 https://kurir.mk/?p=529462

Дали Заев прифатил дека македонскиот јазик е дел од бугарскиот, како дел од португалскиот предлог за решавање проблемот на Македонија со Бугарија за да може да се одблокира процесот за пристапни преговори во ЕУ? И покрај сите барања, па дури и протести македонската јавност не доби увид во т.н. португалски предлог, иако власта постојано повторуваше дека ништо не се крие, но го криеше предлогот. Кога ќе дојдеше тема на разговор португалскиот предлог премиерот Заев постојано повторуваше дека португалскиот предлог е добра основа, но никогаш не го образложи. Содржината не ја сподели ни министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој само ги повторуваше зборовите на Заев. И така македонската јавност не знаеше ништо за бугарскиот предлог и бугарските ставови се до денес. Денеска Државната секретарка на Португалија за европски прашања, Ана Пола Закаријас ни порача дека македонскиот јазик бил дел од бугарскиот, но и дека бугарската позиција во ЕУ мора да се почитува, бидејќи тие се членка на унијата. - Ова е многу тешка дебата, особено за Бугарија, поврзана со историјата, културниот идентитет на двете земји, како и идната соработка. Во моментов, тие работат на нешто како патоказ што ќе им помогне да работат заедно, и Бугарија да има гаранции дека кога Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, работите ќе се одвиваат непречено. Северна Македонија помина низ тешки преговори со Грција – запомнете дека го смени името на земјата. Но, тоа е многу тешко, бидејќи е исто така поврзано со Бугарија како култура и јазик. Очигледно е поврзано со јазикот на Северна Македонија, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на двете земји, изјави Закаријас. Ова практично се совпаѓа со бугарските услови, односно барања во кои тие бараат Македонија да се согласи дека македонскиот јазик се до 1944 година бил дел од бугарскиот, а дури потоа почнал да се развива како посебен јазик. Од нејзината изјава можеме многу добро да видиме зошто толку се крие португалскиот предлог и што преговара триото Заев, Димитров, Османи со Бугарија помогнати од Владо Бучковски како координатор на владата во спорот со Бугарија. Но, тука прашањето е какви се други отстапки се направени во полза на Бугарија и трајно уништувајќи ги македонските позиции на штета на јазикот, историјата и идентиетот. Имајќи ја предвид историјата на преговори за државните и националните прашања на Зоран Заев, две работи се сигурни, дека е лага кога зборува во јавноста дека ги штити интересите на државата и дека лесно може да попушти пред соседите и да им даде се што бараат. Бидејќи тоа што пак тие од него научија е дека штом за една работа попушти, тогаш ќе попушти за се. Впрочем тој такви ставови сподели и во неговото интервју за бугарската агенција БГНС каде неговите ставови беа поблиски со бугарските и во кое зборуваше за преиспитување на делот за историјата и јазикот. Имајќи ги предвид сите овие работи, јасно е дека португалскиот предлог бара откажување на јазикот, и штом Заев упорно бара да се преговара за него и смета дека е добра основа, тогаш тој веќе тоа го прифатил и го ставил на маса во преговорите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-vekje-prifatil-deka-makedonskiot-jazik-e-del-od-bugarskiot-porakata-od-portugalija-go-potvrdi-toa/feed/ 0
Коцарев контра Заев: Не треба да се премолчат бугарските окупаторски години, „Никогаш и од никој“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kocarev-kontra-zaev-ne-treba-da-se-premolchat-bugarskite-okupatorski-godini-nikogash-i-od-nikoj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kocarev-kontra-zaev-ne-treba-da-se-premolchat-bugarskite-okupatorski-godini-nikogash-i-od-nikoj/#respond Tue, 01 Dec 2020 20:16:04 +0000 https://kurir.mk/?p=437179

Бугарија, која во периодот од април 1941 година до септември 1944 година била сојузник на Третиот Рајх (дел од нацистичко-фашистичката оска), е окупатор на територијата на денешна Македонија. Не треба да се премолчат ни нивните окупаторски години, од 1941 до 1944 година, “Никогаш и од никој“, дециден беше претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев при неговото вечерашно гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа. Времето не дозволува, па затоа ќе спомнам само два факта (се разбира, има многу повеќе) за коишто не треба ниту да се помисли да се преговара за влез во ЕУ, факти кои се подржани од современата светска славистика и светска историографија. Прво, македонскиот јазик има повеќе вековна традиција, формиран е многу пред формирањето на државата Македонија, и се зборува надвор од границите на денешна Македонија. Второ, државата Бугарија, која во периодот од април 1941 година до септември 1944 година била сојузник на Третиот Рајх (дел од нацистичко-фашистичката оска), е окупатор на територијата на денешна Македонија на која најголемиот дел од населението , на денот на окупацијата од Бугарија, се чувствувале како Македонци. Не треба да се премолчи дека, по септември 1944 година, Бугарија била дел, во период од осум месеци, од антифашистичката коалиција, но, не треба да се премолчат ни нивните окупаторски години, од 1941 до 1944 година. Никогаш и од никој, истакна Коцарев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kocarev-kontra-zaev-ne-treba-da-se-premolchat-bugarskite-okupatorski-godini-nikogash-i-od-nikoj/feed/ 0
Ваташа – гневна: „Нашите 12 момчиња ги стрелаше бугарскиот фашистички окупатор“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vatasha-gnevna-nashite-12-momchinja-gi-strelashe-bugarskiot-fashistichki-okupator/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vatasha-gnevna-nashite-12-momchinja-gi-strelashe-bugarskiot-fashistichki-okupator/#respond Mon, 30 Nov 2020 09:11:57 +0000 https://kurir.mk/?p=436183

„Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре“!!! Овие трогателни зборови, додека и’ гледал на смртта во очи, ги изговорил еден од 12-те стрелани младинци од Ваташа, во виорот на НОБ. Моментот што точно по 77 години од овој фашистички злостор, некој се обидува да ја осквернави нивната саможртва, дадена за слободата на својата Македонија, не’ однесе пред паметникот на младинците – скоевци, подигнат во нивна чест уште во далечната 1961 година, објави телевизија Алфа. Актуелните политички обиди да се искриви историјата, и премногу ги вознемирува и револтира ваташани. Тие немаат никакви дилеми за тоа кои биле оние што од тогашната селска меана, каде дванаесетте младинци ги воделе своите младешки разговори, ги собрал и ги однел директно на стрелање. Велат, тоа не се заборава.„Дилема, нема. Се знае кои се. Бугарскиот окупатор за време на Втората светска војна, по окупирањето на Македонија. Администратори не биле, нема ни да бидат. Може да ја извртуваат историјата, ама се ќе си дојде на своето место.“, вели еден граѓанин. „Бугарите се фашисти. Нема од што тие да се бранат. Тоа било порано и треба да си го признаат. А нашите, доста виткање кичма. Доста веќе…Достааа…“, објаснува една кавадарчанка. „Јас таму чичко имам загинато. И како ги отепале, од дома ги земале, ги однесле во кафаната. Таму ги мачеле што ги мачеле, па горе ги однесле. И после еден по еден..пукале во нив…Ми е тешко, како не ми е тешко…“, ни посочи внука на еден од стреланите. „Дедо ми ми кажуваше кога оделе 17 аргати, 12 истепале и му рекле, затани малку, а му рекле да ги сликаат децата. Од друга страна, какво сликање..Ги тепат..Тие што не умреле, после се отепани на реката. Со нож се избодени“, видно вознемирен раскажува еден повозрасен жител на Ваташа. И додека за овој грозоморен чин како нем сведок во селото се уште сведочи кафеаната „12 другари“ на која си постои и спомен-плочата за тоа кој го извршил крававиот маскар, а на Кејот од селската река, со големи црвени букви е испишано дека „Крвопис е и Ваташа“, на Споменикот во месноста „Моклиште“, освен датумот на стрелањето и имињата на стреланите, стои запишано и – „Смртта стана немоќна пред нашата младост исправена, пред очите наши загледани, уште тоа утро вo иднината“. Но, нема никакво друг пишан податок за тоа кои биле извршителите. Инаку, Спомен-паркот се простира на површина од 7 хектари и во него се посадени 12 јавори како симболи за стреланите младинци. Низ годините, Споменикот на неколку пати бил сквернавен, па така денес, на местото каде што некогаш постоел бакарен рељеф, има само железни чингели. Извор: Телевизија Алфа]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vatasha-gnevna-nashite-12-momchinja-gi-strelashe-bugarskiot-fashistichki-okupator/feed/ 0