бугарско-македонска комисија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 01 Dec 2018 08:40:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бугарско-македонска комисија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Заедничко одбележување на Св.Кирил и Методиј и на Прличев, предлага бугарско-македонската комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaednichko-odbelezuvanje-na-sv-kiril-i-metodij-i-na-prlichev-predlaga-bugarsko-makedonskata-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaednichko-odbelezuvanje-na-sv-kiril-i-metodij-i-na-prlichev-predlaga-bugarsko-makedonskata-komisija/#respond Sat, 01 Dec 2018 08:40:27 +0000 https://kurir.mk/?p=134412

Мултидисциплинарната експертска комисија меѓу Бугарија и Македонија ќе им предложи на владите на двете земји заедничко одбележување на Денот на Светите браќа Кирил и Методиј и на Григор Прличев, соопштија по дведновните разговори во Софија копретседателите на комисијата од бугарска и од македонска страна Ангел Димитров и Драги Георгиев, пренесува БТА. -Со нашите колеги од Република Македонија се согласивме од научна гледна точка да оправдаме зошто нашите две влади треба да продолжат да го слават заеднички Денот на светите браќа Кирил и Методиј, објасни претседателот од бугарска страна Ангел Димитров, по третото заседание на заедничката комисија. Постигната е согласност и да се предложи во двете држави да биде почитуван и одбележан Григор Прличев, човек со исклучителни заслуги за културниот и општествениот развој. – Направивме сериозни напори да ги доближиме позициите околу интерпретацијата на средновековната историја и особено на личноста на Цар Самоил. Разговорите беа долготрајни и сериозни, професионално коректни, тешко доаѓаме до заедничка позиција, но не сме кренале раце, вели Димитров. Тој посочи дека тешко се надминуваат тези кои биле утврдувани со десетлетија и оти општеството тешко ги прима таквите промени. – Ние треба да направиме чекори кои ќе ги убедат општествата и во двете земји за користа од таквите промени, Останувам со надежта дека ќе продолжиме и натаму и оти резултатите ќе бидат задоволителни, вели Димитров. Според него, многу е важно да се утврдат настаните и личностите чие заедничко одбележување ќе придонесе за зближувањето на двете држави, за зголемување на довербата и соработката. Драги Ѓоргиев, директор на Институтот за национална историја во Скопје, кој е копретседател на Комисијата од страна на Република Македонија, рече дека на средбата во Софија имало позитивна атмосфера и желба за соработка. – Задоволен сум од средбата и се враќам со позитивна енергија во Република Македонија, кажа Ѓоргиев. И двете страни ги имаат изготвено своите забелешки во однос на учебниците од основното образование и тоа ќе биде тема на наредните средби на комисијата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaednichko-odbelezuvanje-na-sv-kiril-i-metodij-i-na-prlichev-predlaga-bugarsko-makedonskata-komisija/feed/ 0