Бугарско МНР – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Nov 2022 08:48:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бугарско МНР – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бугарското МНР загрижено што „Цар Борис и Ванчо Михајлов“ може да бидат затворени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskoto-mnr-zagrizeno-shto-car-boris-i-vancho-mihajlov-moze-da-bidat-zatvoreni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskoto-mnr-zagrizeno-shto-car-boris-i-vancho-mihajlov-moze-da-bidat-zatvoreni/#respond Fri, 04 Nov 2022 08:48:29 +0000 https://kurir.mk/?p=755581

Министерството за надворешни работи (МНР) на Бугарија преку соопштение изрази загриженост дека со измените на законите за здруженија и фондации и за политички партии во Македонија се ограничува правото на здружување на Бугарите во земјава бидејќи има еднострано толкување на историските факти. Станува збор за законските измени со кои се забрани користење имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, третиот рајх итн., за здруженија, фондации и политички партии во земјава, а кои беа изгласани пред два дена во Собранието. „Постои сериозна загриженост дека тие (законските измени) имаат за цел дискриминаторско ограничување на правото на здружување на Бугарите во Македонија, за што повод е еднострано толкување на историските факти. Легитимната потрага за спротивставување на сите форми на екстремизам и омраза не може да се инструментализира за намерно ограничување на правата на одредени задници. Ограничувањата од ваков карактер во минатото веќе им беа наметнати на Бугарите во Македонија. Со слични аргументи, во 2001 година беше забранета организацијата Радко кој е псевдонимот на Иван Михајлов. Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) веќе донесе одлука по ова прашање-велат од бугарското МНР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskoto-mnr-zagrizeno-shto-car-boris-i-vancho-mihajlov-moze-da-bidat-zatvoreni/feed/ 0
Бугарското МНР се огласи за исвиркувањето на химната во Скопје, потсетија на Договорот од 2017-та https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bugarskoto-mnr-se-oglasi-za-isvirkuvanjeto-na-himnata-vo-skopje-potsetija-na-dogovorot-od-2017-ta/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bugarskoto-mnr-se-oglasi-za-isvirkuvanjeto-na-himnata-vo-skopje-potsetija-na-dogovorot-od-2017-ta/#respond Tue, 27 Sep 2022 17:56:58 +0000 https://kurir.mk/?p=738145

Бугарското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека „го осудува јавното сквернавење на бугарската химна на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Бугарија и Северна Македонија во Скопје“. -Говорот на омраза против Бугарија и Бугарите од трибините на националниот стадион во Скопје претставува недвосмислено негирање на основните вредности на современите демократски општества и јасно е во спротивност со европските принципи и норми на однесување, наведува бугарското МНР. Во соопштението се додева дека е „забележана реакцијата на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, со која се осудува говорот на омраза за време на фудбалскиот натпревар“, но истовремено се повикуваат власти во Скопје да преземат решителни чекори „за искоренување на антибугарската агресија на јавниот простор на државата“. -Потсетуваме дека со Договорот од 2017 година и билатералните протоколи потпишани во 2019 и 2022 година, двете земји категорично се залагаат за преземање ефективни мерки против говорот на омраза. Одржувањето на напредокот постигнат во последните месеци во политичкиот дијалог бара ваквите настани засекогаш да станат дел од минатото. Само во тој дух двете земји ќе можат да отворат нова страница во односите, засновани на меѓусебно почитување и добрососедство, се додава во соопштението на бугарското МНР.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bugarskoto-mnr-se-oglasi-za-isvirkuvanjeto-na-himnata-vo-skopje-potsetija-na-dogovorot-od-2017-ta/feed/ 0
Бугарско МНР: 23 јуни не е крајниот рок до кој Бугарија треба да одговори на „францускиот предлог“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarsko-mnr-23-juni-ne-e-krajniot-rok-do-koj-bugarija-treba-da-odgovori-na-francuskiot-predlog/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarsko-mnr-23-juni-ne-e-krajniot-rok-do-koj-bugarija-treba-da-odgovori-na-francuskiot-predlog/#respond Wed, 22 Jun 2022 14:30:25 +0000 https://kurir.mk/?p=694208

Крајниот рок до кога Бугарија треба да одговори на предлогот на француското претседателство за деблокирање на европскиот пат на Северна Македонија не е 23 јуни и тоа може да се случи во друг формат до истекот на претседавањето на Франција со ЕУ, односно до крајот на месецот, се наведува во Извештајот на бугарското Министерството за надворешни работи од 20 јуни доставен до Комисијата за надворешна политика на Народното собрание на Бугарија. Како што јави БНР, Министерството ги информира пратениците дека т.н. „француски предлог“ создава „поволни услови за одбрана на бугарскиот национален интерес“. До Парламентот се испратени нацрт-протокол од претстојниот втор состанок на заедничката Меѓувладина комисија на Бугарија и Северна Македонија, извештај за текот на билатералните односи и предлогот на преговарачката рамка за земјава со ЕУ. Според бугарското МНР, со Скопје не е постигнат договор за текст со кој се предвидува првата меѓувладина конференција да се одржи веднаш откако Северна Македонија во својот Устав ќе ги вклучи „оние нејзини граѓани кои живеат во земјата и се дел од бугарскиот народ“. Наместо бугарскиот предлог, се посочува во Извештајот, Скопје инсистира „вклучувањето на Бугарите како државотворен народ“ да се постави како услов за отворање на првиот кластер „Основни принципи“ во преговарачкиот процес. Во Извештајот до Парламентот, Министерството наведува и дека е клучно протоколот да биде потпишан и одобрен од владите во Софија и Скопје, пред Бугарија да ја одобри преговарачката рамка на ЕУ со земјава. -Не е реално да се очекува сите земји членки на ЕУ да го поддржат ставот на нашата земја за македонскиот јазик, наведува бугарското МНР, посочувајќи дека ваквиот став произлегува од сите разговори што се водени на европско ниво во последните три години.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarsko-mnr-23-juni-ne-e-krajniot-rok-do-koj-bugarija-treba-da-odgovori-na-francuskiot-predlog/feed/ 0
Бугарија зачудена од реакциите во Македонија за клубот „Ванчо Михајлов“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-zachudena-od-reakciite-vo-makedonija-za-klubot-vancho-mihajlov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-zachudena-od-reakciite-vo-makedonija-za-klubot-vancho-mihajlov/#respond Fri, 22 Apr 2022 08:11:08 +0000 https://kurir.mk/?p=666820

Бугарското МНР преку соопштение изрази зачуденост од позициите на властите во Скопје и антибугарската кампања во медиумите во врска со клубот „Ванчо Михајлов“. -Зачудени сме од остриот став на претставниците на властите во Република Северна Македонија и антибугарската кампања што се спроведува во медиумите во нашата соседна земја во последните денови во врска со отворањето на клуб при Здружението Културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, се наведува во синоќешната реакција на бугарското МНР. Оттаму посочуваат дека во Северна Македонија повторно се шири омраза против Бугарија поттикната од политички партии, но и од академската заедница. -Повторно сме сведоци на говор на омраза против Бугарија, кој е поттикнат од парламентарните политички партии, претставници на јавноста и на академската заедница. Посебно загрижува фактот што се прават обиди Бугарија и бугарскиот народ нeправедно да се изедначат со фашизмот. Ширењето на тенденциозни погрешни толкувања на историјата е токму една од причините поради која имаме Договор за добососедство и формиравме Заедничка комисија за историски прашања. Очигледна е потребата таа да направи вистински напредок на чувствителните теми во нашата заедничка историја, стои во реакцијатан (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-zachudena-od-reakciite-vo-makedonija-za-klubot-vancho-mihajlov/feed/ 0
Бугарското МНР врачи протестна нота на привремениот шеф на македонската амбасада во Софија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskoto-mnr-vrachi-protestna-nota-na-privremeniot-shef-na-makedonskata-ambasada-vo-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskoto-mnr-vrachi-protestna-nota-na-privremeniot-shef-na-makedonskata-ambasada-vo-sofija/#respond Wed, 29 Sep 2021 08:53:40 +0000 https://kurir.mk/?p=569907

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија врачи протестна нота на привремениот шеф на амбасадата на Република Северна Македонија, Владимир Крстевски поради утврден случај на замена на бугарски споменик сместен на територијата на југозападниот сосед, соопшти бугарското МНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на денешната средба во Министерството, директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа, Вања Андреева го известила в.д. шефот на македонската амбасада дека бугарската дипломатска мисија во Скопје открила оти во дворот на црквата во село Клепач, прилепско заменет е споменикот во чест на војводата Велко Скочивирчето и осум негови генерали кои загинале во битка со османлиските трупи во 1904 година. Исто така, откриено е дека е заменет оригиналниот натпис на литературен бугарски јазик, отстранети се делови од автентичниот текст и некои од имињата на убиените бунтовници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskoto-mnr-vrachi-protestna-nota-na-privremeniot-shef-na-makedonskata-ambasada-vo-sofija/feed/ 0
Бугарското МНР го осуди сквернавењето на спомен плочата на загинатите бугарски туристи во несреќата на бродот „Илинден“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskoto-mnr-go-osudi-skvernavenjeto-na-spomen-plochata-na-zaginatite-bugarski-turisti-vo-nesrekjata-na-brodot-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskoto-mnr-go-osudi-skvernavenjeto-na-spomen-plochata-na-zaginatite-bugarski-turisti-vo-nesrekjata-na-brodot-ilinden/#respond Thu, 12 Aug 2021 15:40:19 +0000 https://kurir.mk/?p=549804

Министерството за надворешни работи на Бугарија длабоко жали за повторениот чин на сквернавење на спомен плочата на 15-те бугарски туристи кои загинаа во несреќата со бродот „Илинден“ во 2009 година во Охрид, објави прес-центарот на министерството. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според ставот на бугарското Министерство, таков однос кон споменот на невините жртви од трагичниот инцидент е неприфатлив. – Очекуваме властите во Република Северна Македонија да преземат брза акција за откривање на сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата, како и враќање на спомен плочата во автентична форма, се вели во ставот од бугарското МНР. Бугарската амбасада во Скопје, денеска веднаш испрати протестна нота до Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, во која се изразува ставот на Бугарија, информира дописникот на МИА од Софија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskoto-mnr-go-osudi-skvernavenjeto-na-spomen-plochata-na-zaginatite-bugarski-turisti-vo-nesrekjata-na-brodot-ilinden/feed/ 0