бугарско вето – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Dec 2022 14:13:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бугарско вето – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Панчугов и Златанова: Бугарското вето против Македонија беше обична глупост и губење време https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panchugov-i-zlatanova-bugarskoto-veto-protiv-makedonija-beshe-obichna-glupost-i-gubenje-vreme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panchugov-i-zlatanova-bugarskoto-veto-protiv-makedonija-beshe-obichna-glupost-i-gubenje-vreme/#respond Mon, 26 Dec 2022 14:13:39 +0000 https://kurir.mk/?p=780650

Бугарското вето против Северна Македонија беше обична глупост, изјави политикологот Христо Панчугов на ТВ „Бугарија во етер“. Ако требаше да се стави вето, тоа требаше да се направи порано, коментира тој за програмата „Брисел 1“ на дебата за надворешната политика на Бугарија, јавува дописникот на МИА од Софија. Зинаида Златанова, која е поранешен вицепремиер за европски фондови (2013-2014), коментира дека за една држава нема ништо полошо од недоследност во нејзината надворешна политика. Според неа, тоа автоматски ја намалува довербата и почитта кон неа. -Во времето кога Бугарија наметна вето на Северна Македонија, ништо не се случи во билатералните односи, рече Златанова. Во овие две години никој во Софија не работеше на надминување на проблемите. Ветото според неа е губење време. Панчугов коментира дека бугарското вето било во функција на внатрешно – политичките односи во Бугарија и тогашните избори во земјата. Ветото, според него, било во функција на една конкретна партија да влезе во следниот бугарски парламент и ништо повеќе. Ова, вели тој, не било продолжување на надворешната политика и не постигнало ништо, дури ни за интересите на бугарското малцинство во Македонија, додаде Панчугов. Европската политика за заштита на човековите права е многу посилна од бугарското вето, заклучи категорично Панчугов. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panchugov-i-zlatanova-bugarskoto-veto-protiv-makedonija-beshe-obichna-glupost-i-gubenje-vreme/feed/ 0
Рама: Рано е да се биде оптимист околу веста за укинување на бугарското вето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rama-rano-e-da-se-bide-optimist-okolu-vesta-za-ukinuvanje-na-bugarskoto-veto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rama-rano-e-da-se-bide-optimist-okolu-vesta-za-ukinuvanje-na-bugarskoto-veto/#respond Wed, 22 Jun 2022 13:07:50 +0000 https://kurir.mk/?p=694155

Веста дека бугарската опозиција се согласува да се повлече ветото на Софија за старт на преговорите на Македонија со ЕУ, албанскиот премиер Еди Рама ја гледа како позитивен знак. -Само што слушнав дека денеска нешто се движи во Бугарија. Рано е да се биде оптимист и премалку е да се сменат делови од утрешниот говор каде Бугарија е критикувана како земја која држела две земји од НАТО како заложници, додека има војна во границите на Европа, напиша Рама на Твитер. Во истата објава тој наведува зошто донесол одлука да патува за Брисел. -Ќе присуствуваме на состанокот на Советот на ЕУ. Нема да има многу што да се слушне за нас, но ќе бараме да слушнеме за идејата на претседателот Макрон за новата европска политичка заедница што ја поддржуваме, за иницијативата „Отворен Балкан“, што го унапредува духот на Европа и за нашето заробеништво од Бугарија што ја уништува истата, напиша Рама во својата објава на Твитер. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rama-rano-e-da-se-bide-optimist-okolu-vesta-za-ukinuvanje-na-bugarskoto-veto/feed/ 0
Османи: Нацрт-резолуцијата на ЕП нема директно влијание на бугарското вето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-nacrt-rezolucijata-na-ep-nema-direktno-vlijanie-na-bugarskoto-veto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-nacrt-rezolucijata-na-ep-nema-direktno-vlijanie-na-bugarskoto-veto/#respond Wed, 18 May 2022 13:38:36 +0000 https://kurir.mk/?p=678503

Шефот на дипломатијата Бујар Османи смета дека Нацрт-резолуцијата на Европскиот парламент за напредокот на земјава за 2021 година не е директно поврзана со ветото, туку тоа е став на европратениците, додека одлуката за вето ја носи Советот на ЕУ. – Работевме интензивно за текстот на оваа резолуција. Ако ги гледате почетните амандмани мислам дека заедно со наши поддржувачи пратеници во ЕП, успеавме да неутрализираме обидите за наметнување амандмани што беа доста провокативни. До крај на процесот не можеме да предвидиме што пратениците и различните групи може да прифатат, меѓутоа сме во постојан контакт. Таа резолуција го искажува ставот на ЕП, но не го утврдува или не го неутрализира ветото, односно нема влијание директно на самото вето, рече Османи. Во однос на тоа каква дипломатска офанзива ќе се преземе во врска со овие амандмани, Османи рече дека нашата амбасадорка во Брисел со целата мисија вчера била во ЕП на состаноци со секој од пратениците. – Така правиме неколку месеци наназад бидејќи овој процес се разговара подолго време, дури и на АФЕТ имаше два амандмани кои за жал беа прифатени на самиот состанок, иако никогаш претходно не беа разговарани. Има и други два амандмани што се предложени, а кои ние сметаме дека се спорни, но ние не сме таму, бугарските пратеници се внатре во Парламентот ние се обидуваме од надвор преку контакти со наши поддржувачи да ги неутрализираме, рече Османи. Тој повтори дека тоа нема да влијае на целиот процес, бидејќи не постојат дилеми со кој било друг, освен со Бугарија, и оти тој став не може да се наметне како европски став, но сепак треба да сме поактивни во тој дел за континуирано да ги објасниме нашите позиции. Османи оцени дека сепак мора да се стави акцент дека резолуцијата во ЕП е позитивна, бидејќи таму јасно се вели дека билатералните прашања не треба да бидат дел од пристапниот процес. Институтот за европска политика (ЕПИ) заедно со „Бранителите на граѓански права (Civil Rights Defenders) и членките на мрежата „Мисли за Европа“ (Think for Europe) вчера испратија отворено писмо до европратениците во врска со нацрт-резолуцијата за Извештајот на Комисијата за 2021 година за Северна Македонија. Во писмото ги повикуваат пратениците да размислат за делови од резолуцијата и како што велат, условите поставени од Бугарија кои ќе имаат негативни импликации за македонскиот идентитет и ќе го поддржат ултиматумот што Бугарија го наметнува на земјава, користејќи го членството во ЕУ како алатка. Тие го поздравуваат фактот што предлогот за резолуција, како и претходните резолуции, повторно препорачува официјален почеток на пристапните преговори со Северна Македонија (став 5 и став 69), но посочуваат дека во неа има содржини кои целосно ја поткопуваат оваа позиција. Тие го посочуваат и амандманот со кој што се воведува став 75-б, кој што повикува „на историско помирување врз основа на дефинираната заедничка историја, како што е предвидено со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“, што според ЕПИ ќе го поддржи бугарскиот притисок да наметне сопствено толкување на историјата користејќи ја својата позиција како земја членка на ЕУ. Дополнително, текстот во став 79 имплицира и притисок врз Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, која треба самостојно и професионално да ја извршува својата задача. – Негирањето на македонскиот јазик доведе до блокирање на потпишувањето на Договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) од страна на Бугарија. Предлогот за резолуција (став 40) ‘забележува дека договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) сè уште не е потпишан поради нерешени билатерални прашања’, но не ја наведува причината. Факт е дека Бугарија го блокира потпишувањето на Договорот, приговарајќи на употребата на македонски јазик, што покажува упорна негација на македонскиот идентитет. Ова не само што е спротивно на Договорот од Преспа, туку претставува сериозен ризик за заедничките интереси на ЕУ, Северна Македонија и регионот во ситуација на геополитичка криза, се вели во писмото. Во ЕП попладнево ќе расправа за Извештајот на европратеникот Илхан Ќучук за напредокот на земјава, во кој ЕУ се повикува да ги процени историски важните безбедносни импликации за стабилноста и единството на европскиот континент и на Западен Балкан поради рускиот напад врз Украина. Во документот се упатува „итен повик“ до земјите од ЕУ да покажат единство со формално отворање на пристапните преговори со Скопје и Тирана, земајќи ги предвид геополитичките импликации и исполнувањето на официјалните барања, како што се инвестициите во доверба, стабилност, напредок и помирување во регионот, а се забележуваат и опасностите од растечката економска и енергетска зависност на целиот регион од Кина и Русија. Се очекува ЕП да го поздрави процесот на зајакнување на односите на Северна Македонија со соседните земји и зајакнатата регионална соработка содржана во Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Се очекува европратениците да ги повикаат сите земји да продолжат да водат конструктивен дијалог за да се обезбеди целосна, доследна и совесна имплементација на двата документи, воздржувајќи се од дејствија кои би можеле да го поткопаат пристапот во ЕУ и пошироките европски интереси а Европската комисија да ги засили своите напори да го олесни дијалогот и на тој начин да го отвори патот одржлив договор. Извештајот изразува поддршка за Скопје и Софија да најдат заемно прифатливо решение за отворените билатерални прашања и силно го поздравува политичкиот поттик за широка, конструктивна комуникација меѓу двете земји, барајќи нова заедничка основа во многу области од заемен интерес наместо дополнителни линии на поделба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-nacrt-rezolucijata-na-ep-nema-direktno-vlijanie-na-bugarskoto-veto/feed/ 0
Бугарското вето ќе се најави денеска, четврток ќе се потврди https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskoto-veto-kje-se-najavi-deneska-chetvrtok-kje-se-potvrdi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskoto-veto-kje-se-najavi-deneska-chetvrtok-kje-se-potvrdi/#respond Tue, 14 Dec 2021 08:16:17 +0000 https://kurir.mk/?p=608127

Министрите за европски прашања се состануваат денеска во рамки на декемврискиот Совет за општи работи на ЕУ на кој Македонија се надева да го добие ветеното отпочнување на преговорите, но шансите се многу слаби, јавува дописничката на МИА од Брисел. Повеќе од година и половина откако лидерите на ЕУ дадоа зелено светло за изготвување на преговарачката рамка со Северна Македонија и Албанија и одржување на првите меѓувладини конференции со што се означува формално стартот на преговорите со ЕУ, Скопје и Тирана ниту денеска не се надеваат на деблокирање на ситуацијата поради ветото на Бугарија. Како што изјавија за МИА повеќе високи дипломатски извори од земјите членки на Унијата, опцијата за издвојување на Скопје и Тирана нема поддршка од министрите освен бугарскиот. Можноста Софија да го тргне ветото за Северна Македонија во текот на утрешниот ден, или за време на лидерскиот самит в четврток и петок, е во рацете на земјите членки и нивната волја и способност да ја убедат Бугарија. Софија инсистира договорот за пријателство да биде поврзан за процесот на проширување за Северна Македонија и експлицитно да биде тоа наведено во заклучоците за Северна Македонија што треба да произлезат од денешниот министерски состанок. Како што стојат за сега работите словенечкото претседателство заедно со голем број земји членки се противи на ова барање бидејќи тоа би значело билатерализација на целиот процес, што е спротивно на новата методологија за преговори на ЕУ и би креирало преседан за идните земји што ќе преговараат. Во нацрт заклучоците ЕУ се чини попушти на барањето на Бугарија да се користи систематски долгото име Република Северна Македонија. Додека за сите други земји од регионот се користи краткото име – Србија, Албанија, Косово, итн. без “Република“. Оваа асиметрија е тешко прифатлива за македонската страна, која смета дека треба во тој случај да се користи долгото име за сите земји, не само за Северна Македонија. Оваа пракса премина и во секојдневниот вокабулар на дипломатите и министрите на земјите членки кои дури и на прес конференции и на неформални брифинзи го користат долгото име Република Северна Македонија, а краткото за сите други земји. Европската Унија и оваа година би можела да остане без заклучоци за проширувањето, што беше веќе случај минатата година. Иако вината за ова не е само во бугарско-македонскиот спор. Земјите на ЕУ не можат да се усогласат ниту за Босна и Херцеговина ниту за Турција сѐ уште. До крајот на овој ден министрите на ЕУ, кои денеска имаат и други точки на дневен ред освен проширувањето, ќе треба да дојдат до резултат за преговорите со Македонија и Албанија, и да произведат заклучоци за проширувањето што ќе ги задоволат сите. Доколку не успее словенечкото претседателство во тоа, се очекува да ги објави своите претседателски заклучоци со можност земјите членки што стојат зад овие заклучоци да бидат именувани. Во тој случај би можела Бугарија да остане изолирана зависно од исходот на денешните разговори помеѓу министрите на ЕУ. Лани првпат земјите членки не објавија никакви заклучоци за проширувањето, главна пречка беше инсистирањето на Бугарија да биде вметната реченица за „погрешно толкување на историјата“ во делот за Северна Македонија специфично. ЕУ нудеше компромис тоа да стои во воведот за сите земји, но компромис не се постигна. Останува отворено прашањето дали Бугарија ќе прифати да не се поврзува Договорот за пријателство со процесот на проширување. Ако ова се деблокира Бугарија, исто така, најверојатно ќе има приговори и за самата преговарачка рамка на  Македонија и, меѓу другото, употребата на македонскиот јазик во неа. За потсетување, македонскиот јазик е причината зашто Бугарија го блокира договорот меѓу Македонија и Фронтекс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskoto-veto-kje-se-najavi-deneska-chetvrtok-kje-se-potvrdi/feed/ 0
И Данска ги демантираше тврдењата дека го поддржува бугарското вето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-danska-gi-demantirashe-tvrdenjata-deka-go-poddrzuva-bugarskoto-veto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-danska-gi-demantirashe-tvrdenjata-deka-go-poddrzuva-bugarskoto-veto/#respond Fri, 04 Dec 2020 15:57:03 +0000 https://kurir.mk/?p=438793

И Министерство за надворешни работи на Данска го демантираше пишувањето на бугарскиот весник „24 часа“ кој тврдеше дека Данска, како и Холандија, го поддржуваат ветото на Бугарија за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, објави порталот „Сакамдакажам“ пренесувајќи ја изјавата што ја добил од данското министерство. – Информациите објавени во бугарските медиуми кои укажуваат на тоа дека Данска се приклучила кон ветото на Бугарија за пристапните преговорите на Македонија во ЕУ не се точни. Данска ги поддржува актуелните предлози на Европската комисија во однос на преговарачката рамка со Албанија и со Македонија и тоа многу јасно го соопшти на сите форуми за преговори. Данска е подготвена да ги прифати овие преговарачки рамки. Данска, дополнително, ја поддржува европската перспектива на сите земји на Западен Балкан. Во овој поглед, Данска го поддржува почетокот на пристапните преговори со Албанија и со Македонија, откако ќе бидат исполнети условите утврдени од Советот за општи работи во март 2020 година , велат од Министерството за надворешни работи на Данска во изјавата за „Сакам да кажам“. Претходно денеска, и холандската амбасада во Скопје го демантираше пишувањето на бугарскиот весник „24 часа“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-danska-gi-demantirashe-tvrdenjata-deka-go-poddrzuva-bugarskoto-veto/feed/ 0