бујар нишани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 28 May 2022 14:28:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бујар нишани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина поранешниот претседател на Албанија Бујар Нишани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-poraneshniot-pretsedatel-na-albanija-bujar-nishani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-poraneshniot-pretsedatel-na-albanija-bujar-nishani/#respond Sat, 28 May 2022 14:28:28 +0000 https://kurir.mk/?p=682907

На 56-годишна возраст почина поранешниот албански претседател Бујар Нишани, кој поради постковид компликации беше префрлен на лекување во Германија. Според извори на весникот Тема, лекарите сугерирале еутаназија, како крајно решение по што бил исклучен од апарати. Семејството на Нишани отпатувало за Германија за да даде согласност за тоа. По инфекцијата со Ковид-19 тој беше хоспитализиран во Инфективната клиника во Тирана, но по влошената состојба на 23 април беше префрлен во Германија за поспецијализиран третман. Роден е на 29 септември 1966 а претседател на Албанија беше во периодот 24 јули 2012 до 24 јули 2017. Во владите на демократите, чиј премиер беше Сали Бериша, беше министер за правда, како и министер за внатрешни работи. По завршување на претседателскиот мандат се повлече од политичката сцена за да се врати кон крајот на минатата година во крилото кое го предводи Бериша. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-poraneshniot-pretsedatel-na-albanija-bujar-nishani/feed/ 0
Нишани обвини дека Владата на Рама се подготвува за изборни манипулации https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nishani-obvini-deka-vladata-na-rama-se-podgotvuva-za-izborni-manipulacii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nishani-obvini-deka-vladata-na-rama-se-podgotvuva-za-izborni-manipulacii/#respond Sun, 10 Jun 2018 11:23:37 +0000 https://kurir.mk/?p=64219

Поранешниот албански претседател, Бујар Нишани обвини дека Владата на премиерот Еди Рама се подготвува за манипулација на изборите. Во реакцијата по информациите дека Владата прибира податоци за граѓаните по училиштата и болниците, Нишани на неговиот профил на Фејсбук напиша дека тоа е „невиден скандал“. - Албанската Влада наредува прибирање лични податоци за албанските граѓани, користејќи ги училиштата и болниците. Целта е манипулација на изборите.Скандал кој не може да се случи во ни една друга нормална земја, напиша Нишани. Според него „демократскиот свет мора да ја осуди оваа авторитарна практика“. Имено, во Албанија, кон крајот првата половина на идната година ќе бидат спроведени локални избори, на кои ќе се избираат градоначалници и членови на општинските совети. Се погласно опозицијата бара и предвремени парламентарни избори, но владеачките социјалисти сметаат дека тоа не е потребно. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nishani-obvini-deka-vladata-na-rama-se-podgotvuva-za-izborni-manipulacii/feed/ 0