бујаре абази – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Sep 2022 11:53:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бујаре абази – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 И заменичката на Арсовска поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/i-zamenichkata-na-arsovska-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/i-zamenichkata-na-arsovska-podnese-ostavka/#respond Thu, 29 Sep 2022 11:53:37 +0000 https://kurir.mk/?p=739008

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска ги загуби својата заменичка и поддршката од Алијанса за Албанците. Заменик градоначалничката на Град Скопје, Бујаре Абази на прес-конференција пред бараките на Град Скопје поднесе оставка, порачувајќи дека партијата Алијанса за Албанците повеќе не ѝ дава поддршка на скопската градоначалничка. Оставката на Абази уследи по оставките на неколку в.д. директори на јавни претпријатија основани од Град Скопје и разрешувањето на доскорешниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, а пораката од заменичката Абази дека прекинува соработката меѓу нејзината партија и Арсовска е официјализирање на она што го изјави Арбен Таравари во јули. Тогаш генералниот секретар, а сега в.д. претседател на Алијанса за Албанците рече дека прекинува соработката со Арсовска, откако скопската градоначалничка по инцидентот со пукањето кај хотелот „Де Кока“ го разреши директорот на ЈП „Комунална хигиена“, кој беше кадар на АА и брат на пукачот. „На последните локални избори во Град Скопје ветивме дека ќе ги тргнеме од власт тие коишто наштетија, ограбуваа и им го влошија животот на скопјани. Но, актуелната Градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, направи две скандалозни прекршувања на договорот и заложбата што ја дадовме пред граѓаните. Целата јавност вчера беше сведок како Арсовска им даваше власт на структури кои со години им нанесуваат тешка штета на Албанците воопшто и на скопјани особено“, порача досегашната заменик-градоначалничка Бујаре Абази на денешната прес-конференција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/i-zamenichkata-na-arsovska-podnese-ostavka/feed/ 0
Абази: Царовска го политизирала образованието, го одбила предлогот за формирање на албанска паралелка во „Владо Тасевски“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/abazi-carovska-go-politizirala-obrazovanieto-go-odbila-predlogot-za-formiranje-na-albanska-paralelka-vo-vlado-tasevski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/abazi-carovska-go-politizirala-obrazovanieto-go-odbila-predlogot-za-formiranje-na-albanska-paralelka-vo-vlado-tasevski/#respond Thu, 31 Mar 2022 14:26:31 +0000 https://kurir.mk/?p=656448

На денешната седница во Советот на Град Скопје советничката и заменик градоначалник Бујаре Абази ја обвини поранешната министерка за образование Мила Царовска за непрофесионалност, неодговорност и политизирање на образованието во врска со давањето согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици во учебната 2021/2022 година во средното училиште на Скопје, Владо Тасевски. „На 14 септември, директорот на средното училиште “Владо Tасевски” упатил барање до министерството за отварање на паралелката каде Министерството за образование одговара негативно и не дозволува да се отвори паралелка. На 24-ти септември е испратено уште едно барање до министерството кое повторно е одбиено од страна на министерката Царовска, истака Абази. Таа вели дека кога станува збор за ученици и образование кое претставува здрава клетка на едно општество, срамота е Министерството да го политизира процесот. „Барам одговорност од директорот на школото од редовите на СДСМ, заменик директорот од редовите на ДУИ и министерката Царовска“, истакна Абази. Абази со своето обраќање посочи дека ваквите одлуки се доказ за големата непрофесионалност и неодговорност на Министерството за образование. „Дали треба да се казнат сите тие кои не им овозможија на учениците да ја завршат годината согласно законските одредби во Македонија?, праша Абази.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/abazi-carovska-go-politizirala-obrazovanieto-go-odbila-predlogot-za-formiranje-na-albanska-paralelka-vo-vlado-tasevski/feed/ 0
Арсовска ја назначи Бујаре Абази за заменик-градоначалничка https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-ja-naznachi-bujare-abazi-za-zamenik-gradonachalnichka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-ja-naznachi-bujare-abazi-za-zamenik-gradonachalnichka/#respond Fri, 19 Nov 2021 11:22:01 +0000 https://kurir.mk/?p=597353

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ја назначи Бујаре Абази за нова заменик- градоначалничка на Скопје. Арсовска денеска свечено го врачи решението, при што на средбата со Абази дискутираа за идната соработка и за предизвиците со кои се соочува Градот. Бујаре Абази е дипломиран инженер на Факултетот за комуникациски науки во Загреб, а има и дополнително високо образование како дипломиран економист. Абази е избрана за член на Советот на Град Скопје на локалните избори што се одржаа во октомври 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-ja-naznachi-bujare-abazi-za-zamenik-gradonachalnichka/feed/ 0