Буковиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 31 Aug 2022 14:49:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Буковиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се изгласа проектот за систем за водоснабдување во Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-izglasa-proektot-za-sistem-za-vodosnabduvanje-vo-rashche-kopanica-bojane-bukovikj-i-laskarci/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-izglasa-proektot-za-sistem-za-vodosnabduvanje-vo-rashche-kopanica-bojane-bukovikj-i-laskarci/#respond Wed, 31 Aug 2022 14:49:55 +0000 https://kurir.mk/?p=726814

На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје денеска донесе Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Сарај за финансиско учество за изработка на урбанистичко планска документација за подобрување на водоснабдувањето во селата Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци во општината Сарај. Решавањето на деценискиот проблем со водоснабдувањето во населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци е меѓу приоритетните проекти што ги најави градоначалничката Арсовска на прес-конференцијата одржана пред една недела, а на кои во наредниот период ќе се посвети Градот Скопје. - Сегашната состојба на системот за водоснабдување на селата Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци не ги задоволува основните потреби на жителите на овие населени места за снабдување со вода за пиење. Ова е горлив проблем со кој локалните жители секојдневно се соочени и затоа заедно во соработка со Општина Сарај, пристапуваме кон решавање на овој децениски предизвик. Со цел да се надмине сегашната состојба и да се овозможат поквалитетни услови за живеење, Град Скопје и Општина Сарај пристапуваат кон изработка на урбанистичко планска документација за подобрување на водоснабдувањето, според која се планира да се отпочне со изградба на нов систем за водоснабдување – објасни градоначалничката Арсовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-izglasa-proektot-za-sistem-za-vodosnabduvanje-vo-rashche-kopanica-bojane-bukovikj-i-laskarci/feed/ 0