букурешт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Feb 2023 12:20:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png букурешт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 При силен земјотрес, во Букурешт би се урнале 75 болници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/pri-silen-zemjotres-vo-bukuresht-bi-se-urnale-75-bolnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/pri-silen-zemjotres-vo-bukuresht-bi-se-urnale-75-bolnitsi/#respond Tue, 21 Feb 2023 12:20:14 +0000 https://kurir.mk/?p=803154

Седумдесет и пет болници во Букурешт се класифицирани како сеизмички ризик еден и два, односно во силен земјотрес би претрпеле големи оштетувања или дури и колапс. Ова го пренесува Диги24 и додава дека во моментов нема јасна стратегија од страна на државата за медицинските установи кои имаат потреба од зајакнување и реновирање. Меѓу најранливите згради е онаа на Клиничкиот завод Фундени. Изграден пред речиси половина век, има сеизмички ризик - два. - Во случај на земјотрес ќе имаме многу големи проблеми со конструкцијата. Има микро пукнатини на носечките столбови, паѓа малтер, има места каде што армираниот бетон станал видлив и кородиран, објаснува Маријана Соаре, раководителка на техничката служба на институтот. Ризик има и за зградата на Институтот за кардиологија и кардиохирургија „Проф. Д-р С.С. Илиеску“, единствената специјализирана болница во оваа област во јужниот дел на земјата. - По дожд или снег, горниот малтер паѓа во големи парчиња. На шести кат гипсот веќе го нема, па направивме заштитни мрежи за да не паѓа врз пациентите, коментира Даниел Кориу, претседател на Медицинскиот колегиум. - Под овие прекрасни ѕидови има тули од 1965 година, а некои столбови не се дизајнирани да издржат земјотреси поголеми од 6, максимално 7 степени според Рихтеровата скала, вели Дијана Валјан, која работи во институтот 11 години. - Имаме кревети за реанимација кои тежат по 200 килограми, секакви други инсталации, апарати за ултразвук, секакви машини. Семејствата на оние кои ги носат своите пациенти во главниот град за да добијат најдобра нега се преплашени од тоа што може да се случи во случај на земјотрес, истакна проф. д-р Шербан Бубенек, раководител на Одделот за интензивна нега. Тој вели дека од 2006 година на секои три месеци испраќал сигнал до властите дека голем земјотрес ќе предизвика уривање на болницата. - Имав ветувања од речиси секој министер и секој претседател и премиер, додаде Бубенек. Слична е ситуацијата и со Болницата за итна помош „Багдасар Арсени“ - една од најголемите во Букурешт. Таа е во сеизмички ризик, но нема пари за зајакнување. Управителот на медицинската установа до Националната инвестициска компанија доставил проект за санација на целата болница, но се уште се чека одобрение.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/pri-silen-zemjotres-vo-bukuresht-bi-se-urnale-75-bolnitsi/feed/ 0
Утре во Букурешт почнува дводневен состанок на министрите за надворешни работи на НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/utre-vo-bukuresht-pochnuva-dvodneven-sostanok-na-ministrite-za-nadvoreshni-raboti-na-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/utre-vo-bukuresht-pochnuva-dvodneven-sostanok-na-ministrite-za-nadvoreshni-raboti-na-nato/#respond Mon, 28 Nov 2022 09:30:15 +0000 https://kurir.mk/?p=767463

Во главниот град на Романија утре почнува дводневен состанок на министрите за надворешни работи на членките на НАТО, чиј фокус ќе биде на зајакнување на поддршката за Украина во нејзината борба против руската инвазија. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг најави дека учесниците на состанокот во Букурешт ќе посветат најголемо внимание на „илегалната војна на Русија во Украина, која продолжува да ги загрозува евроатлантскиот мир и безбедност“. Министрите на 30-те членки на НАТО ќе разговараат и за прашањето за приклучување на Шведска и Финска во Алијансата и активностите на Кина, за која Столтенберг рече дека „го зголемува своето присуство од Арктикот до Западен Балкан и се стреми да ја контролира важната инфраструктура на НАТО сојузниците“. Една од темите на состанокот ќе биде зајакнувањето на помошта за Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија, „земји партнери кои на различни начини се соочуваат со руски притисок“, рече Столтенберг. За време на дводневниот состанок ќе се одржат три состаноци на Северноатлантскиот совет, клучното тело на НАТО за донесување одлуки. Заедно со министрите на членките на НАТО, на сите три средби ќе учествуваат и шефовите на дипломатиите на Шведска и Финска, земји чиј пристап во Алијансата се очекува наскоро. Сите членки на НАТО го потпишаа протоколот за прием на Шведска и Финска, а само Унгарија и Турција не го ратификуваа. На првиот ден од средбата ќе се одржи работна вечера на која на министрите за надворешни работи на 30-те членки на НАТО, Шведска и Финска, ќе им се придружи и министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба. В среда ќе се одржат два состаноци на Северноатлантскиот совет на НАТО. На шефовите на дипломатиите на членките на Алијансата, Шведска и Финска, на вториот состанок ќе им се придружат и министрите за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија. Столтенберг непосредно пред почетокот на дводневниот состанок ќе одржи говор на форум организиран од романскиот огранок на Институтот Аспен и германскиот Маршалов фонд, со поддршка на НАТО, а потоа ќе има билатерална средба со шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен. На прес-конференцијата по повод состанокот во Букурешт, Столтенберг во петокот во Брисел рече дека Алијансата ќе продолжи да дава силна поддршка на Украина за нејзината одбрана од руската агресија, бидејќи во случај на победа на Русија, целиот свет со години ќе плаќа висока цена. -Рускиот претседател (Владимир) Путин не напредува во Украина, па затоа одговара со поголема бруталност. Брановите на намерни ракетни напади врз цивилната инфраструктура ги оставија Украинците во тешка состојба пред зимата. Ужасните напади врз цивили и важна цивилна инфраструктура, вклучувајќи и училишта и болници, се воени злосторства и оние кои стојат зад нив ќе мора да одговараат, рече Столтенберг. Тој изрази очекување дека министрите во Букурешт ќе се согласат да ја зголемат испораката на несмртоносна помош за Украина, која вклучува гориво, медицински материјали и зимска опрема.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/utre-vo-bukuresht-pochnuva-dvodneven-sostanok-na-ministrite-za-nadvoreshni-raboti-na-nato/feed/ 0
Нацев во посета на Воениот музеј во Букурешт: Не било така лесно да се фалсификува историјата, тие со брусалиците ќе тргаат ли наваму?! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-vo-poseta-na-voeniot-muzej-vo-bukuresht-ne-bilo-taka-lesno-da-se-falsifikuva-istorijata-tie-so-brusalicite-kje-trgaat-li-navamu-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-vo-poseta-na-voeniot-muzej-vo-bukuresht-ne-bilo-taka-lesno-da-se-falsifikuva-istorijata-tie-so-brusalicite-kje-trgaat-li-navamu-foto/#respond Wed, 06 Apr 2022 15:42:11 +0000 https://kurir.mk/?p=659299

Универзитетскиот професор по одбрана и безбедност кој деновиве престојува во Романија го посети Воениот музеј во Букуреш, при што наиде на интересна карта од минатото, односно на карта на која Македонија е претставена во нејзините природни граници. Па Нацев во свој стил се пошегува „Тие со брусалиците ќе тргаат ли наваму? “... -Денес, традиционално, бев на посета на Воениот музеј во Букурешт. И кога гледам таму, некои "небањати" дошле и ставиле огромна историска карта, па и напишале Македонија (на првата слика треба да се зумира малку, на втората се гледа убаво, го пишува и Стоби). ПС. "Ајде мајката", не било така лесно да се фалсификува историјата изгледа! ППС. Тие со брусалиците ќе тргаат ли наваму?, пишува Нацев во својата објава на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-vo-poseta-na-voeniot-muzej-vo-bukuresht-ne-bilo-taka-lesno-da-se-falsifikuva-istorijata-tie-so-brusalicite-kje-trgaat-li-navamu-foto/feed/ 0
ВИДЕО: Автомобил удри во Руската амбасада во Романија, возачот загина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-avtomobil-udri-vo-ruskata-ambasada-vo-romanija-vozachot-zagina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-avtomobil-udri-vo-ruskata-ambasada-vo-romanija-vozachot-zagina/#respond Wed, 06 Apr 2022 06:20:58 +0000 https://kurir.mk/?p=658979

Приватно возило утрово удри во оградата на руската амбасада во романскиот главен град Букурешт, соопшти полицијата. Во извештајот на Државното радио на Романија се наведува дека инцидентот се случил утринава околу 06.30 часот, дека автомобилот се запалил откако удрил во оградата на руското дипломатско претставништво и дека возачот загинал на самото место . На улицата каде што се наоѓа руската амбасада сообраќајот се одвива отежнато додека припадниците на полицијата ги утврдуваат околностите на инцидентот. На видео објавено на социјалните мрежи се гледа дека автомобилот е зафатен од пламен додека припадници на обезбедувањето трчаат низ областа. Според полицијата, пожарникарите кои пристигнале на местото на настанот успеале да го изгаснат пожарот. Засега нема информации за евентуалниот мотив или други детали. Романија, која има долга копнена граница со Украина, прими повеќе од 600.000 бегалци откако Русија ја нападна таа земја]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-avtomobil-udri-vo-ruskata-ambasada-vo-romanija-vozachot-zagina/feed/ 0
Маската повторно е задолжителна на прометните јавни места во Букурешт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maskata-povtorno-e-zadolzitelna-na-prometnite-javni-mesta-vo-bukuresht/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maskata-povtorno-e-zadolzitelna-na-prometnite-javni-mesta-vo-bukuresht/#respond Mon, 27 Sep 2021 07:47:31 +0000 https://kurir.mk/?p=568679

Носењето заштитна маска од денеска станува задолжително во Букурешт на прометни јавни места, како што се пазари, јавен превоз, малопродажен простор, како и на работно место. Градскиот комитет за итни случаи во Букурешт се состана вчера на итен состанок, откако инциденцата во главниот град во последните 14 дена достигна 4,35 случаи на зараза на 1.000 жители. Букурешт официјално влезе во црвеното сценарио (над тројца инфицирани на 1.000 жители) на 25 септември, што доведе до воведување на некои рестриктивни мерки. Ресторани и кафулиња со затворен простор можат да работат со 50 проценти од нивниот капацитет, а барови, клубови и дискотеки – до 30 проценти. Кино салите, театрите и концертните сали, исто така, можат да пополнат не повеќе од половина од нивните седишта. До 200 луѓе можат да присуствуваат на приватни настани како што се свадби, крштевки итн. До 150 луѓе можат да учествуваат на конференции, а до 100 луѓе можат да присуствуваат на митинзи и демонстрации. За пристап на такви места и настани задолжително е да се приложи сертификат за вакцинација против Ковид – 19 или негативен тест. Сертификат е потребен и за деца над 12 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maskata-povtorno-e-zadolzitelna-na-prometnite-javni-mesta-vo-bukuresht/feed/ 0
Неписменост или нова гранка во медицината: Што пишува на оваа табла во поликлиника Букурешт? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nepismenost-ili-nova-granka-vo-medicinata-shto-pishuva-na-ovaa-tabla-vo-poliklinika-bukuresht/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nepismenost-ili-nova-granka-vo-medicinata-shto-pishuva-na-ovaa-tabla-vo-poliklinika-bukuresht/#respond Thu, 01 Jul 2021 15:20:27 +0000 https://kurir.mk/?p=530664

Дерматовенерологија или  Дермавенетерологија? Неписменост или ненамерна грешка во пишување? Таблата која осамна кај поликлиниката Букурешт е со голема грешка за која граѓаните на социјалните мрежи се смеат, а всушност ова е срамно, а не смешно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nepismenost-ili-nova-granka-vo-medicinata-shto-pishuva-na-ovaa-tabla-vo-poliklinika-bukuresht/feed/ 0
МАКЕДОНСКИТЕ НАВИВАЧИ ГО СЕКНАА ЦЕЛОТО ПИВО ВО БУКУРЕШТ: Еве колку испиле за само четири дена! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskite-navivachi-go-seknaa-celoto-pivo-vo-bukuresht-eve-kolku-ispile-za-samo-chetiri-dena/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskite-navivachi-go-seknaa-celoto-pivo-vo-bukuresht-eve-kolku-ispile-za-samo-chetiri-dena/#respond Sat, 19 Jun 2021 10:01:20 +0000 https://kurir.mk/?p=525337

За времена настапот на македонската фудбалска репрезентација на ЕП во Букуреш, македонските навиваши „срушија“ рекорд. Имено, Македонија од 13-ти до 17-ти јуни во Букурешт за бодреа околу 4.000 навивачи, а како што објавуват тамошните медиуми од нивната посета на метрополата, кафеаните, кафулињата и баровите заработиле околу 450.000 евра. Според пишувањата на медиумите, македонските навивачи испиле помеѓу 70.000 и 75.000 литри пиво, односно во само пет барови, во стариот дел од градот, македонските навивачи испиле три цистерни со пиво. Капацитетот на една цистерна е околу 25.000 литри, а во случајот фановите на македонската репрезентација испиле речиси три цистерни пиво. Инаку, македонската фудбалска репрезентација веќе се префрли во Амстердам каде што вчера го имаше и првиот тренинг, а во понеделник од 18:00 часот ќе го има и последниот натправар од третото коло против Холандија во рамките на групата Ц од ЕП2020.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskite-navivachi-go-seknaa-celoto-pivo-vo-bukuresht-eve-kolku-ispile-za-samo-chetiri-dena/feed/ 0
Андоновски: Засега нема промена за навивачите, УЕФА останува на 33 % од капацитетот на стадионот во Букурешт https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/andonovski-zasega-nema-promena-za-navivachite-uefa-ostanuva-na-33-od-kapacitetot-na-stadionot-vo-bukuresht/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/andonovski-zasega-nema-promena-za-navivachite-uefa-ostanuva-na-33-od-kapacitetot-na-stadionot-vo-bukuresht/#respond Thu, 10 Jun 2021 10:55:07 +0000 https://kurir.mk/?p=521486

По шпекулациите кои се појавија денес во некои македонски медиуми дека романската влада донела одлука за зголемување на посетители на натпреварите во Букурешт од ЕВРО 2020 до 50 % од капацитетот на стадионот, портпаролот на ФФМ Златко Андоновски, изјави дека до овој момент УЕФА останува на првичната бројка. – Во моментот УЕФА останува на првично одредената бројка од 33% исполнетост на стадионот во Букурешт. Информациите од УЕФА ќе ги споделиме веднаш доколку има промена во однос на тоа прашање. До овој момент останува првичната бројка, објави Андоновски. Навивачите на македонската фудбалска репрезентација кои не успеаја да обезбедат билети, со внимание ја следат ситуацијата и се надеваат дека сепак ќе биде зголемен процентот на гледачи од капацитетот (54 илјади) на „Национална арена Букурешт“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/andonovski-zasega-nema-promena-za-navivachite-uefa-ostanuva-na-33-od-kapacitetot-na-stadionot-vo-bukuresht/feed/ 0
ФОТО: Одиме на Европско, фудбалерите заминаа за Букурешт https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-odime-na-evropsko-fudbalerite-zaminaa-za-bukuresht/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-odime-na-evropsko-fudbalerite-zaminaa-za-bukuresht/#respond Tue, 08 Jun 2021 06:55:37 +0000 https://kurir.mk/?p=520315

Македонската фудбалска репрезентација денес со чартер-лет патува за Букурешт каде ќе настапи на Европското првенство. Натпреварот со Австрија е во недела на 13 јуни, прв за националниот тим на континеталниот шампионат. Нашите репрезентативци  утринава се одјавија од хотелот и заминаа за скопскиот аеродром од каде ќе полетаат за Букурешт. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-odime-na-evropsko-fudbalerite-zaminaa-za-bukuresht/feed/ 0
Нови правила за навивачите кои ќе ја бодрат Македонија во Букурешт, еве што им е потребно https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/novi-pravila-za-navivachite-koi-kje-ja-bodrat-makedonija-vo-bukuresht-eve-shto-im-e-potrebno/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/novi-pravila-za-navivachite-koi-kje-ja-bodrat-makedonija-vo-bukuresht-eve-shto-im-e-potrebno/#respond Wed, 02 Jun 2021 09:54:02 +0000 https://kurir.mk/?p=518043

Земајќи ја предвид важечката национална легислатива во врска со развојот на спортски настани за време на пандемијата КОВИД-19, следниве категории лица можат да присуствуваат на натпреварите ЕУРО 2020 на трибините на Националната арена во Букурешт: А. Лица кои се вакцинирани против вирусот САРС-КоВ-2 за кои поминаа 10 дена од завршувањето на целосниот распоред за вакцинирање; Б. Лица кои ќе презентираат негативен резултат на RT-PCR тест не постар од 72 часа пред почетокот на натпреварот; В. Лица помеѓу 15-ти и 90-ти ден по потврдувањето на инфекцијата со САРС-КоВ-2; Д. Лица кои ќе презентираат негативен резултат заверен од медицинска организација (единица) за брз антиген тест не постар од 24 часа пред почетокот на натпреварот. Носителите на билетите за натпреварите на ЕУРО 2020 на Националната арена во Букурешт кои спаѓаат во горенаведените категории, мораат да ја докажат имунизацијата за КОВИД-19. Во оваа смисла, тие ќе ги поминат следниве чекори за да можат да влезат на стадионот: За имателите на билети кои спаѓаат во категориите А, Б или Ц: Носителот на билетот треба да се појави на денот на натпреварот или денот пред натпреварот на еден од акредитираните медицински центри ЕУРО 2020 во Букурешт со медицински документи како доказ, на романски или англиски јазик. Барателот ги сноси трошоците за постапката. Медицинскиот персонал ги проверува документите и сигнализира до волонтерот ЕУРО 2020 кој е присутен на локацијата дали барателот е во ред. Волонтерот на ЕУРО 2020 поставува алка за пристап на раката на барателот. Внимание: откако ќе се тргне од раката, алката повеќе не важи за пристап до стадионот! Гледачот се појавува на стадионот. Пристапот се базира на билетот и алката. Само еден од овие елементи не е доволен. Гледачот мора да има и лична карта (пасош) со која го резервирал својот билет. За имателите на билети кои спаѓаат во категориите А, Б или Ц: Во случај на откривање на невалидност на доставените документи, барателот може да влезе во постапката за брз тест на денот на натпреварот - опишан подолу - и со тоа да спаѓа во категоријата Д. За имателите на билети кои спаѓаат во категоријата Д: Носителот на билетите се појавува на денот на натпреварот на еден од акредитираните медицински центри ЕУРО 2020 во Букурешт. Барателот ги сноси трошоците за постапката. Медицинскиот персонал го тестира со брз антигенски тест и го соопштува резултатот од тестот по потребниот период на чекање. Медицинскиот персонал го информира волонтерот ЕУРО 2020 присутен на локацијата дека апликантот е во ред (има негативен тест). Волонтерот на ЕУРО 2020 поставува алка за пристап на раката на барателот. Внимание: откако ќе се тргне од раката, алката повеќе не важи за пристап до стадионот! Гледачот се појавува на стадионот. Пристапот се базира на билетот и алката. Само еден од овие елементи не е доволен. Гледачот мора да има и лична карта (пасош) со која го резервирал својот билет. Валидни се само брзи анализи на антигени тестови извршени во тој медицински центар. Доколку се утврди дека позитивен тест за антиген е позитивен, алката за пристап повеќе нема да се применува на барателот. Медицинскиот персонал ги следи законските процедури за известување на медицинските власти за регистрација на случај на КОВИД-19. Барателот нема да може да влезе во натпреварот и нема да има враќање на билетот. Сепак, тој сепак ќе може да го пренесе својот билет за натпревар на некој друг. Услови за фановите кои пристигнуваат во Романија од земјите на црвените и жолтите листи, со авион, преку граничната точка на аеродромот Анри Коанда: Носителите на билети од земјите на жолтата или црвената листа кои пристигнуваат на денот на натпреварот или денот пред натпреварот на аеродромот Анри Коанда (Отопени) мора да ги поминат специфичните епидемиолошки процедури важечки за сите патници. Во областа за багаж, имателите на билети ќе најдат волонтери на ЕУРО 2020, облечени во ознаките ЕУРО 2020. Фановите му се претставуваат на волонтерот, му покажуваат билет за натпревар и епидемиолошки сертификат одобрен од медицинските власти присутни на границата со што се потврдува ослободувањето од карантин. Волонтерот на ЕУРО 2020 поставува алка за пристап до барателот. Внимание: откако ќе се тргне од раката, алката повеќе не важи за пристап до стадионот! Гледачот се појавува на стадионот. Пристапот се базира на билетот и алката. Само еден од овие елементи не е доволен. Гледачот мора да има и лична карта (пасош) со која го резервирал својот билет. Фановите кои пристигнуваат во Романија од земјите на црвената и жолтата листа, со авион, преку граничната точка на аеродромот Анри Коанда, повеќе од еден ден пред натпреварот, ќе ја следат постапката на презентација во медицинските центри во Букурешт, опишана погоре, за да докажат спаѓа во категориите А, Б, Ц или Д. Фановите кои пристигнуваат во Романија од земјите на зелената листа, со авион, преку граничната точка на аеродромот Анри Коанда, ќе ја следат постапката со презентација во медицинските центри во Букурешт, опишана погоре, за да докажат дека се вклучени во категориите А, Б, Ц или Д. Фановите кои пристигнуваат во Романија преку други гранични точки освен аеродромот Анри Коанда, ќе ја следат постапката со презентација во медицинските центри во Букурешт, опишана погоре, со цел да ја докажат нивната класификација во категориите А, Б, Ц или Д. Секое лице кое влегува на стадионот мора да поседува важечки билет на УЕФА, со доделено место, без оглед на возраста. Децата не можат да се држат во раце и мораат да имаат свој билет. Од епидемиолошка гледна точка, важечката легислатива се применува: 2.1. Деца до и 3 години не треба да бидат тестирани за анти-КОВИД 19 и да имаат пристап до стадионот без нараквица, откако ќе го проверат изводот на родените на влезот на стадионот; 2.2. Децата на возраст меѓу 3 и 16 години мора да спаѓаат во една од категориите Б, Ц или Д опишани погоре и да ги следат релевантните процедури; 2.3. Деца постари од 16 години мора да спаѓаат во една од категориите А, Б, Ц или Д опишани погоре и да ги следат релевантните процедури. Појаснување Режимот на влез на децата на стадионот Секое лице кое влегува на стадионот мора да поседува важечки билет на УЕФА, со доделено место, без оглед на возраста. Децата не можат да се држат во раце и мораат да имаат свој билет. Од епидемиолошка гледна точка, важечката легислатива се применува: 2.1. Деца до и 3 години не треба да бидат тестирани за анти-КОВИД 19 и да имаат пристап до стадионот без нараквица, откако ќе го проверат изводот на родените на влезот на стадионот; 2.2. Децата на возраст меѓу 3 и 16 години мора да спаѓаат во една од категориите Б, Ц или Д опишани погоре и да ги следат релевантните процедури; 2.3. Деца постари од 16 години мора да спаѓаат во една од категориите А, Б, Ц или Д опишани погоре и да ги следат релевантните процедури. Алките за пристап се различни од натпревар во натпревар. Тие имаат елементи за безбедност и натпис специфични за секој натпревар. Носителите на билетите мора да поминат низ постапката за добивање на алка за пристап за секој натпревар, доколку имаат билети за неколку натпревари во Букурешт. Не се ослободуваат алките во исто време за неколку натпревари. Секоја вакцина против КОВИД 19 што е издадена со лекарско уверение е валидна. Имунизацијата со поминување на болеста се докажува со медицински документи (позитивен тест RT-PCR на датумот на дијагностицирање, билет за отпус од болница или тест со кој се докажува присуство на IgG антитела извршени со најмногу 14 дена претходно) или со проверка на базата на податоци Корона-форми и за кои поминаа најмалку 14 дена од датумот на потврда. Списокот на акредитирани медицински центри ЕУРО 2020 ќе биде објавен во блиска иднина, во догледно време. Медицинските центри ќе бидат само во Букурешт, низ целиот град. Заедно со списокот на медицински центри, ќе бидат објавени и цените по кои ќе се проверуваат медицинските документи или брзите тестови. Оваа постапка ја разработи LOC Букурешт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/novi-pravila-za-navivachite-koi-kje-ja-bodrat-makedonija-vo-bukuresht-eve-shto-im-e-potrebno/feed/ 0