булинг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 May 2023 18:37:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png булинг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јаневска: Булинг има во училиштата во Македонија, но не се реагира за негово решавање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-buling-ima-vo-uchilishtata-vo-makedonija-no-ne-se-reagira-za-negovo-reshavane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-buling-ima-vo-uchilishtata-vo-makedonija-no-ne-se-reagira-za-negovo-reshavane/#respond Wed, 10 May 2023 18:37:30 +0000 https://kurir.mk/?p=832863

Пред година ВМРО-ДПМНЕ на владата и понуди шест комисии кои би и помогнале во справување со одредени проблеми и една таква комисија беше и за образование. Но од владата не добивме не добивме повратен одговор и го сфативме тоа како негативен одговор бидејќи нашата понудена помош не беше прифатена, вели Весна Јаневска, претседател на републичка комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во Тема на денот во централниот дневник на телевизија Сител. Јаневска истакна дека булингот постои и во училиштата во Македонија, но за жал за тоа се зборува сега откако се случи страшната трагедија во Србија. Ние почнуваме дискусии и дебати на медиумите тогаш кога ќе се случи некој трагичен настан како во Србија и кога консеквенциите се страшни. А врсничкото насилство и булингот постоеле и кај нас, но зошто ние не обрнуваме внимание не е прашање за опозицијата, туку за владејачката партија, рече таа. На прашањето кој е нејзиниот став во однос на тоа дека идеите на МОН се забрана на социјалните мрежи, поголемо присуство на психолози, рече дека според нејзе забраната на Тик Ток нема да го реши проблемот со врсничкото насилство. Забраната на Тик Ток мрежата конкретно според мене не е решени, и ние како партија сме против цензура. Не сметам дека тоа ќе биде нешто кое што ќе помогне, додаде Јаневска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-buling-ima-vo-uchilishtata-vo-makedonija-no-ne-se-reagira-za-negovo-reshavane/feed/ 0
Кружат теории на заговор за тажно момче, собрани се големи пари: „Измамени сте, богат е и има 18 години“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kruzat-teorii-na-zagovor-za-tazno-momche-sobrani-se-golemi-pari-izmameni-ste-bogat-e-i-ima-18-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kruzat-teorii-na-zagovor-za-tazno-momche-sobrani-se-golemi-pari-izmameni-ste-bogat-e-i-ima-18-godini/#respond Sat, 22 Feb 2020 21:29:50 +0000 https://kurir.mk/?p=307536

Јарака Бејлс и претходно објавувала снимки од својот син, постигнувајќи барем одреден степен на популарност, а неколку пати се појавил и на австралиските телевизии. Кога мајката на Кваjден Бејлс, деветгодишно џуџе -момче од Австралија, објави снимка од својот син на Фејсбук како плаче и вели дека сака да се самоубие откако бил малтретиран на училиште, веројатно  не ни сонувала дека ќе стане толку вирална. Бидејќи се собираа големи пари за момчето, теориите на заговор веднаш почнаа да циркулираат, во врска со неговата возраст. Јарака Бејлс и претходно објавувала снимки од својот син, постигнувајќи барем малку степен на популарност, а неколку пати се појавила и на австралиската телевизија за да ја подигне свеста за состојбата на нејзиниот син. „Еве што прави малтретирањето“, напиша мајката во објавата на Фејсбук, која досега е прегледана над 24 милиони пати. – Можете ли, ве молам, да ги едуцирате своите деца, семејство, пријатели? – праша очајната мајка. За помалку од еден ден, на страницата GoFundMe креирана од американскиот комичар Бред Вилијамс, која има иста форма на болест како Квајден – ахондроплазија – собра повеќе од 440.000 американски долари од 19.000 различни донатори низ целиот свет. Донацијата ќе оди кај Квајден и неговата мајка за да го посетат Дизниленд во Калифорнија, според сајтот. Дури и актерот Хју Џекмен се вклучи и испрати порака за поддршка на момчето. Снимањето отиде вирално, и како и со секој вирусен тренд, а особено таму каде што има пари, се појавија теории на заговор и почнаа да кружат на социјалните мрежи. Теориите на заговор, според „Инсајдер“, се однесуваат на возраста на момчето и неговиот финансиски статус. – Неговото име е Квајден Бејлс. тој има 18 години и тој всушност е богат и ѕвезда на инстаграм. Ве измамиле – напиша еден корисник на Твитер. Слични натписи го поплавија Твитер во петокот попладне, при што корисниците дебатираа дали момчето е дете или возрасен човек кој позира како дете. Во времето кога “Инсајдер“ ја пишуваше статијата, хаштагот #QuadenBayles беше четвртиот највисок тренд на Твитер. Сличен скриншот почна да кружи и на Фејсбук, тврдејќи дека Квајден има 18 години, а не девет години. – Само да знаете, тој сите ги измами. Има 18 години, многу пари и сите паднаа за тоа – напишала жена на Фејсбук. – Тој е ѕвезда на Инстаграм @kuadosss и ги избриша сите постови поврзани со неговиот 18-ти роденден – се наведува понатаму. Нема докази кои укажуваат дека момчето и неговата мајка лажат Во интервју за 2015 година за австралиското студио „Студио 10“, Квајден беше опишан како момче од четири години. – Квајден Бејли е четиригодишно момче од Бризбејн. Тој инспирираше неверојатна кампања за подигање на свеста за џуџињата. Тој веќе помина неколку операции со голема поддршка на познати личности – рече водителката на шоуто. Во клипот, тие зборуваа за претходната снимка на момчето од октомври 2014 година. „Тогаш започнаа да се менуваат работите кај нас“, рече мајката на Квајден во клипот кој има скоро пет години. Бејлс, кој изгледа многу помладо на видеото отколку на тоа пред два дена, игра со играчката додека неговата мајка одговара на прашања. Интервјуто било објавено на „Јутјуб“ на 12 април 2015 година, што значи дека ако Квајден имал четири години, тогаш тој треба да има девет или десет години во февруари 2020 година. Јарака објавува фотографии и снимки од својот син на Фејсбук од почетокот на 2010 година, во времето кога се родил. Во албумот на кој се наоѓаат фотографии од 12 декември до 15 декември 2011 година, Квајден го слави својот прв роденден. Тоа значи дека Квајден го прославил својот деветти роденден во декември 2019 година. Во 2017 година, неговата мајка објави уште еден албум со фотографии кои наводно ја покажуваат неговата седма роденденска прослава. Постои уште еден сличен албум за петтиот роденден на момчето, кој беше објавен на 13 декември 2015 година. Сето ова покажува дека момчето во новото видео има девет, а не 18 години. Откако почнаа да кружат теории на заговор од неговата возраст, излезе и мајката на момчето, истакнувајќи дека гласините се лажни. Таа на својот Фејсбук профил сподели две објави, а во една раперката Карди Би го брани момчето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kruzat-teorii-na-zagovor-za-tazno-momche-sobrani-se-golemi-pari-izmameni-ste-bogat-e-i-ima-18-godini/feed/ 0