Бундесбанк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Apr 2022 18:36:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бундесбанк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бундесбанк: Забраната за увоз на руски енергенси може да ја турне Германија во рецесија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bundesbank-zabranata-za-uvoz-na-ruski-energensi-moze-da-ja-turne-germanija-vo-recesija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bundesbank-zabranata-za-uvoz-na-ruski-energensi-moze-da-ja-turne-germanija-vo-recesija/#respond Fri, 22 Apr 2022 19:05:10 +0000 https://kurir.mk/?p=666994

Целосната забрана за увоз на руски енергенси може да ја турне германската економија во рецесија, предупреди денеска Централната банка, истакнувајќи дека ќе биде особено тешко да се најде замена за рускиот гас. „Во сценарио кое предвидува засилување на кризата, реалниот бруто-домашен производ би паднал за нешто помалку од два отсто во споредба со 2021 година“, објави Бундесбанк во својот редовен месечен извештај. Особено би било тешко да се најде замена за гас, што би довело до прекини во снабдувањето. Рускиот гас сочинува повеќе од половина од германскиот увоз на тој енергенс. Последиците од прекинот на увозот би извршиле притисок врз германската економија во следните две години, иако падот нема да биде толку силен како во 2020 година, во екот на корона-кризата , велат од банката. Во 2020 година економијата падна за 4,6 отсто, а во 2021 година порасна за 2,9 отсто. Во првиот квартал од оваа година, активноста се чини дека стагнира, проценува Бундесбанк. „Сите резултати вклучуваат значително ниво на неизвесност“, додаваат тие. Меѓу факторите кои можат да му наштетат на стопанството го издвоија растот на цените на суровините со што индиректно би се намалиле приходите на домаќинствата. Значително би се намалила и надворешната побарувачка, а со тоа и германскиот извоз, се додава во извештајот на Бундесбанк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bundesbank-zabranata-za-uvoz-na-ruski-energensi-moze-da-ja-turne-germanija-vo-recesija/feed/ 0
Бундесбанк најави најголем пад на германскиот БДП од 1970 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bundesbank-najavi-najgolem-pad-na-germanskiot-bdp-od-1970-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bundesbank-najavi-najgolem-pad-na-germanskiot-bdp-od-1970-godina/#respond Tue, 28 Jul 2020 06:00:26 +0000 https://kurir.mk/?p=382337

Германската економија веројатно ќе го заврши вториот квартал со невиден пад на економските активности поради условите што ги диктира пандемијата на коронавирусот, се наведува во денеска објавениот извештај на германската Централна банка – Бундесбанк. Вториот квартал на 2020 година најверојатно ќе заврши со „најголемиот пад на реалниот бруто-домашен производ (БДП)“ од 1970 година, кога германската канцеларија за статистика „Дестатис“ почна квартално да ги објавува податоците за БДП, се наведува во месечниот извештај на Бундесбанк. „Дестатис“ во четврток треба да ги објави првичните податоци за БДП во второто тримесечје од годината, а економистите очекуваат падот на економијата да достигне двоцифрени податоци, јавуваат германските медиуми. Во првиот квартал германската економија забележа пад од 2,2 проценти во однос на претходниот квартал. Германската економија од почетокот на мај почна да закрепнува откако почнаа да се укинуваат или олеснуваат строгите ограничувачки мерки наметнати заради пандемијата. „Економското закрепнување се очекува да продолжи и во втората половина од годинава“, велат економистите од Бундесбанк, додавајќи дека за тоа ќе придонесе пакетот државна помош за економијата, што неодамна беше усвоен од парламентот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bundesbank-najavi-najgolem-pad-na-germanskiot-bdp-od-1970-godina/feed/ 0
Бундесбанк против олеснување на грчкиот долг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bundesbank-protiv-olesnuvanje-na-grchkiot-dolg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bundesbank-protiv-olesnuvanje-na-grchkiot-dolg/#respond Wed, 23 May 2018 08:54:06 +0000 https://kurir.mk/?p=57399

Германската централна банка, Бундесбанк смета дека не се потребни мерки за олеснување на грчкиот долг и дека попрво е потребен надзор на Грција за преодниот период по излегување на земјата од програмата за финансиска помош, чиј рок истекува во август. Во месечната анализа за Грција, Бундесбанк забележува дека Атина ги надминала поставените цели за примарен буџетски суфицит и дека тоа е причина да се смета оти на земјата не и се потребни дополнителни мерки за олеснување на нејзиниот долг. Бундесбанк Германската банка, сепак, предупредува на опасноста реакциите на пазарот да ја блокираат динамиката на грчките реформи. Грција западна во финансиска криза во 2010 година и беше принудена досега да преговара за три спасувачки пакети. За возврат, земјата мораше да спроведе строги реформи, кои значително го намалија приходот на голем број Грци. Актуелната и последна спасувачка програма завршува во август, по што Грција планира да започне да се финансира од пазарите. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bundesbank-protiv-olesnuvanje-na-grchkiot-dolg/feed/ 0