бундесбанка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 Aug 2022 11:45:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бундесбанка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бундесбанка предупредува дека е многу веројатно да има рецесија во Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bundesbanka-predupreduva-deka-e-mnogu-verojatno-da-ima-recesija-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bundesbanka-predupreduva-deka-e-mnogu-verojatno-da-ima-recesija-vo-germanija/#respond Mon, 22 Aug 2022 11:45:01 +0000 https://kurir.mk/?p=722030

Рецесија во Германија, најголемата економија во еврозоната, е сè поверојатна, а инфлацијата ќе продолжи да се забрзува и би можела да го достигне својот врв оваа есен – над 10 отсто, објави денеска германската Централна банка. Со индустрија, која во голема мера е зависна од рускиот гас, Германија е меѓу најранливите европски земји на какво било нарушување на снабдувањето со енергија, а зголемените трошоци за гас веќе влијаат на производството и се очекува да се влошат. „Падот на економското производство во зимските месеци стана многу поверојатен. Високиот степен на неизвесност околу испораките на гас оваа зима и наглото зголемување на цените веројатно ќе им наштетат на домаќинствата и бизнисите“, се вели во извештајот на германската Централна банка. „Вкупно, стапката на инфлација би можела наесен да достигне 10 отсто. Ризикот од зголемување на инфлацијата е висок, особено во случај на целосен прекин на испораките на гас од Русија“, објави Бундесбанката. Ова го зголемува ризикот од брзо зголемување на платите, особено со оглед на рекордно ниската невработеност, која може да го продолжи периодот на висока инфлација преку спирала на раст на платите и цените, предупреди Бундесбанката. ЕЦБ ги зголеми каматните стапки од рекордно ниските нивоа минатиот месец за да се бори против инфлаторните притисоци, но понатамошни зголемувања се речиси сигурни бидејќи не се подобрува ситуацијата во однос на изгледите за раст на цените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bundesbanka-predupreduva-deka-e-mnogu-verojatno-da-ima-recesija-vo-germanija/feed/ 0
Германска банка буквално испра над 50 милиони евра оштетени во поплавите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/germanska-banka-bukvalno-ispra-nad-50-milioni-evra-oshteteni-vo-poplavite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/germanska-banka-bukvalno-ispra-nad-50-milioni-evra-oshteteni-vo-poplavite/#respond Thu, 02 Sep 2021 07:17:35 +0000 https://kurir.mk/?p=558125

Официјални лица од Бундесбанка работат на голема операција за перење пари за да се исчистат и пребројат банкнотите кои биле со кал, отпадни води и нафта, пренесува metro.co.uk. Жртвите од тешките летни поплави во Германија се надеваат дека ќе им бидат вратени над 50 милиони евра. -Обработката на банкнотите мора да заврши во најскоро време, пред да се стврдат и да станат како бетон, изјавил извршен член на германската централна банка Џоханес Берман. Доставените банкноти се перат, сушат и прегледуваат за да се утврди дека се оригинални, а најмалку половина од нив мора да бидат цели за да може бесплатно да ги замените. Парите оштетени во поплавите кои се пратени во Бундесбанка надмина 40 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/germanska-banka-bukvalno-ispra-nad-50-milioni-evra-oshteteni-vo-poplavite/feed/ 0