бункер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Sep 2023 08:01:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бункер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Запленет албански минибус во кој е откриен бункер за криење стока https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-zaplenet-albanski-minibus-vo-koj-e-otkrien-bunker-za-kriene-stoka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-zaplenet-albanski-minibus-vo-koj-e-otkrien-bunker-za-kriene-stoka/#respond Thu, 14 Sep 2023 08:01:35 +0000 https://kurir.mk/?p=877903

Царинската управа на граничниот премин Табановце одзеде минибус со албански регистарски таблички во кој се откриени специјални бункери наменети за криење стока. Како што информираат од Царинската управа, случајот е откриен на влез на граничниот премин Табановце од страна на царински инспектори од мобилниот тим од Секторот за контрола и истраги, кои ја извршија контролата на минибусот. По поднесена пријава до надлежниот суд, донесена е одлука за одземање на возилото, а изречена е и глоба за возачот на возилото заради прекршување на член 263 став 7 и член 269 став 2 од Царинскиот закон. -Специјални бункери во вентилацискиот систем на минибус со албански регистарски таблички направени со цел криење стока се откриени по контрола на возилото во кое се вршело вонреден превоз на патници на релација Тирана - Брисел. Притоа специјално направените бункери наменети за криење стока, во обид да се прикријат, биле покриени со тапацир, соопшти Царинската управа. Ова, како што велат, е втор случај во една недела на заплена на возило специјално конструирано, адаптирано и прилагодено со цел криење стока. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-zaplenet-albanski-minibus-vo-koj-e-otkrien-bunker-za-kriene-stoka/feed/ 0
Бункер од Втората светска војна во Англија се пренаменува во викендица https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bunker-od-vtorata-svetska-vojna-vo-anglija-se-prenamenuva-vo-vikendica/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bunker-od-vtorata-svetska-vojna-vo-anglija-se-prenamenuva-vo-vikendica/#respond Wed, 04 Aug 2021 09:35:08 +0000 https://kurir.mk/?p=546055

Бетонски бункер изграден 1941 година на рид во Округот Дорсет, јужна Англија, ќе добие нова функција – викендичка на море. Бункерот е изграден во Втората светска војна и во мигов изгледа како бетонска тврдина без прозорци. Некогаш бил дел од радарска станица „РАФ“ која откривала нацистички авиони. Кога завршила војната, некои бункери биле користени и за следење на советските бомбардери до 1950-тите. Денес има само неколку сочувани бункери, а еден од нив е и овој што ќе биде претворен во викендичка. Од 1974 година, бункерот не е користен. Се наоѓа на семејна фарма која постои повеќе од 400 години, а сега го чека целосна преобразба, за што одговорноста им припадна на архитектите на „Липтон плант“. Бункерот е невидлив однадвор, бидејќи е „сокриен“ во тревата. Нема прозорци, но тие ќе бидат додадени. Поточно, бункерот ќе добие еден голем прозорец, така што корисниците ќе може да уживаат во прекрасниот поглед кон морето. Реновираниот објект ќе вклучува кујна, дневна, главна спална соба, дополнителна спална, бања и тераса. Бетонските ѕидови ќе останат заради естетиката и автентичноста на бункерот. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bunker-od-vtorata-svetska-vojna-vo-anglija-se-prenamenuva-vo-vikendica/feed/ 0