бунт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Jun 2023 20:50:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бунт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стејт департмент: САД не се вмешани во бунтот на групата Вагнер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-department-sad-ne-se-vmeshani-vo-buntot-na-grupata-vagner/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-department-sad-ne-se-vmeshani-vo-buntot-na-grupata-vagner/#respond Mon, 26 Jun 2023 20:50:20 +0000 https://kurir.mk/?p=849872

Амбасадорката на САД во Москва Лин Трејси директно контактираше со руските власти викендов за да ги увери дека САД „не се вмешани“ во неуспешниот бунт на паравоената група Вагнер во Русија, соопшти Стејт департментот. Амбасадорката Трејси, како и американски претставници кои контактирале со руската амбасада во Вашингтон, изјавиле дека „САД не се и нема да бидат вмешани“ во настаните што ја потресоа Русија, изјави вечерва портпаролот на Стејт департментот Метју Милер. Тој посочи дека американските власти „се надеваат дека Русија ќе ги исполни своите обврски за заштита на амбасадата и дипломатскиот персонал“ со седиште во Москва. Дипломатските односи меѓу Вашингтон и Русија се на најниско ниво од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, а разговорите на високо ниво најмногу се однесуваат на американските затвореници во Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-department-sad-ne-se-vmeshani-vo-buntot-na-grupata-vagner/feed/ 0
Бајден: Премногу е рано за да се извлечат заклучоци за бунтот на групата Вагнер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-premnogu-e-rano-za-da-se-izvlechat-zakluchotsi-za-buntot-na-grupata-vagner/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-premnogu-e-rano-za-da-se-izvlechat-zakluchotsi-za-buntot-na-grupata-vagner/#respond Mon, 26 Jun 2023 19:08:30 +0000 https://kurir.mk/?p=849844

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е премногу рано да се „извлекуваат заклучоци“ по неуспешниот бунт на паравоената група Вагнер во Русија. Бајден оцени дека е важно западните земји да останат целосно координирани. - Ние не се мешавме. Немаме никаква врска со тие настани, рече американскиот претседател, осврнувајќи се конкретно на НАТО. Бајден додаде дека тоа е „внатрешен проблем на Русија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-premnogu-e-rano-za-da-se-izvlechat-zakluchotsi-za-buntot-na-grupata-vagner/feed/ 0
Сунак: Подготвени сме за серија сценарија во Русија, по бунтот на „Вагнер“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-podgotveni-sme-za-serija-stsenarija-vo-rusija-po-buntot-na-vagner/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-podgotveni-sme-za-serija-stsenarija-vo-rusija-po-buntot-na-vagner/#respond Mon, 26 Jun 2023 13:32:41 +0000 https://kurir.mk/?p=849767

Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека Лондон е подготвен за низа сценарија во Русија, по бунтот „Вагнер“. -Прерано е со сигурност да се предвиди до какви последици тоа би можело да доведе, но секако дека сме подготвени, како и секогаш, за голем број сценарија, рече Сунак, пренесен од британските медиуми. Британскиот премиер наведе и дека станува збор за ситуација која неговата земја веќе извесно време ја анализирала и следела бидејќи е свесна за потенцијалните дестабилизирачки ефекти од руската инвазија врз Украина и тензиите меѓу паравоената група „Вагнер“ и режимот на Владимир Путин. Тој додаде дека Велика Британија внимателно го следи развојот на настаните во Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-podgotveni-sme-za-serija-stsenarija-vo-rusija-po-buntot-na-vagner/feed/ 0
Ришарлисон: Не бев водач на бунтот во Тотенхем https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/risharlison-ne-bev-vodach-na-buntot-vo-totenhem/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/risharlison-ne-bev-vodach-na-buntot-vo-totenhem/#respond Sat, 01 Apr 2023 10:28:47 +0000 https://kurir.mk/?p=818788

Бразилскиот напаѓач Ришарлисон ги демантираше наводите во британските медиуми дека бил „водач на бунтот“ против италијанскиот тренер Антонио Конте, кој претходно оваа недела доби отказ на клупата на Тотенхем. „Не прифаќам кога говорите лаги за мене. Секогаш имав големо почитување за Конте“, напиша 25-годишниот бразилски репрезентативец на социјалните мрежи. „Не бев водач на бунтот против него, беше сосема спротивното. Жалам што не прикажав онолку колку што очекуваше од мене и не сторив доволно за да остане“, додаде Ришарлисон. Лондонскиот премиерлигаш пред неколку денови ја прекина соработката со Конте, кој по ремито (3-3) против Саутемптон остро ги критикуваше своите играчи, но и клупското раководство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/risharlison-ne-bev-vodach-na-buntot-vo-totenhem/feed/ 0
Санчез најави укинување на кривичното дело бунт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sanchez-najavi-ukinuvanje-na-krivichnoto-delo-bunt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sanchez-najavi-ukinuvanje-na-krivichnoto-delo-bunt/#respond Fri, 11 Nov 2022 06:43:54 +0000 https://kurir.mk/?p=758875

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез најави дека денеска неговата Социјалистичка партија и коалицискиот партнер, ултралевичарската Унидас Подемос денеска во Парламентот ќе поднесат нацрт-закон со што кривичното дело бунт ќе се замени со друг прекршок. Санчез посочи дека нацрт-законот е со цел да се „смири ситуацијата во Каталонија“, каде неколку сепаратистички лидери се осудени за тоа казниво дело. – Ќе претставиме законодавна иницијатива за реформа на кривичното дело кое би се заменило со кривично дело како во другите европски демократии: Германија, Франција, Италија, Белгија и Швајцарија. Новото дело ќе се нарекува „сериозно нарушување на јавниот ред … Мислам дека оваа иницијатива ќе помогне да се смири ситуацијата во Каталонија, истакна Санчез. Тој додаде дека судот сè уште ќе го гони поранешниот каталонски претседател Карлес Пучдемон и уште двајца сепаратистички лидери кои побегнаа во странство во 2017 година. – Кривичните дела извршени во 2017 година и во иднина ќе бидат во нашиот кривичен законик, иако не како кривично дело бунт, туку како прекршок наречен сериозно нарушување на јавниот ред, посочи Санчез. – Бунт, што вклучува обид за насилно спречување на спроведувањето на законот или практикување на легитимна власт, во моментов во Шпанија се казнува со затворска казна од осум до 15 години доколку сторителот е државен службеник. Десетина каталонски сепаратистички политички лидери се осудени на тешки затворски казни поради бунт по обидот за отцепување на покраината во 2017 година, најтешката политичка криза во поновата историја на Шпанија. Лидерите на каталонските сепаратисти подоцна беа помилувани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sanchez-najavi-ukinuvanje-na-krivichnoto-delo-bunt/feed/ 0
Јапонски новинар обвинет во Мјанмар дека поттикнувал бунт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonski-novinar-obvinet-vo-mjanmar-deka-pottiknuval-bunt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonski-novinar-obvinet-vo-mjanmar-deka-pottiknuval-bunt/#respond Thu, 04 Aug 2022 07:34:01 +0000 https://kurir.mk/?p=713844

Јапонскиот снимател Тору Кубота, кој минатата недела беше уапсен во Мјанмар, денеска е обвинет за поттикнување бунт против војската и за кршење на законите за имиграција, соопшти денеска воената хунта во земјата, пренесе Бета. Кубота беше уапсен минатата сабота додека известуваше од протестот против војниците во Јангон. Според обвинението, тој може да добие и до пет години затвор. Војската на Мјанмар ја презеде власта во февруари минатата година со соборување на избраната влада на Аунг Сан Су Чи и спроведе жестоки мерки против оние кои и се спротивставуваат. Повеќето од повеќе од 50 новинари приведени во Мјанмар се соочуваат со обвиненија за поттикнување страв, ширење лажни вести или агитирање против владини претставници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonski-novinar-obvinet-vo-mjanmar-deka-pottiknuval-bunt/feed/ 0
Бунт во Мали, наводно уапсени претседателот, премиерот и неколку министри https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bunt-vo-mali-navodno-uapseni-pretsedatelot-premierot-i-nekolku-ministri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bunt-vo-mali-navodno-uapseni-pretsedatelot-premierot-i-nekolku-ministri/#respond Tue, 18 Aug 2020 20:38:00 +0000 https://kurir.mk/?p=392386

Побунетите војници на Мали тврдат дека ги уапсиле претседателот Ибархим Бубакар Кејта и премиерот Боуно Цисе. – Кејта и Цисе се под наша контрола, изјави неименван војник. Тој додаде дека претседателот и премиерот на Мали се на пат кон воената база Кати, оддалечена 20 километри од Бомако, каде војниците денеска откажаа послушност и се одметна поради малите плати. Претходно, локалните медиуми објавија дека неидентификувани вооружени лица го уапсија претседателот на Парламентот на Мали, Мусу Тимбина и министерот за економија и финансии Абдулај Дафе, додека западните медиуми јавија дека уапсена е и министерката за надворешни работи Камиша Камара. Претходно, Владата на Мали ги повика побунетите војници на „братски дијалог со цел да се решат несогласувањата“. Додека премиерот Цисе истакна дека „бунтот покажува одредено количество на фрустрација, за која можеби има и легитимни причини“. Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска разговараше со претседателите на Нигерија, на Брегот на Слоновата Коска и на Сенегал и им даде „целосна поддршка за медијација“ за надминување на кризата во Мали. Во меѓувреме, припадниците на опозициското движење „5 јуни“ повикаа на општи протести, а едно од главните барања е претседателот Кејта веднаш да поднесе оставка. Кејта на изборите во 2018 година го освои вториот претседателски мандат. Граѓаните на Мали не се задоволнби поради корупцијата, лошото водење на економијата и влошената безбедносна ситуација. Се уште не е познато колку војници учествувале во бунтот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bunt-vo-mali-navodno-uapseni-pretsedatelot-premierot-i-nekolku-ministri/feed/ 0
Деветмина затвореници загинаа во бунт во затвор во Еквадор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/devetmina-zatvorenici-zaginaa-vo-bunt-vo-zatvor-vo-ekvador/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/devetmina-zatvorenici-zaginaa-vo-bunt-vo-zatvor-vo-ekvador/#respond Tue, 04 Aug 2020 07:14:24 +0000 https://kurir.mk/?p=385728

Деветмина затвореници загинаа, а 20 се повредени во бунт во затвор во крајбрежниот град Гвајакил во Еквадор, што се случи ноќеска, соопшти затворската управа. Генералниот командант на полицијата, Патрисио Кариљо на Твитер напиша дека „неколку полицајци се во критична состојба“. Во соопштението на затворската управа се наведува дека тие мора да го преиспитаат управувањето со таа институција поради конфликтите меѓу бандите. Управата посочува дека избувнувањето на немирите на групите демонстранти внатре и надвор од затворот е со цел „да ја дестабилизираат“ нивната работа. Во затворите во Еквадор има околу 38.000 затвореници, што е за 30 проценти повеќе од капацитетот. Поради пандемијата на коронавирус, Еквадор одлучи да ги преиначи казните за помали прекршоци, со што е намалена пренатрупаноста, која беше 42 проценти пред здравствената криза. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/devetmina-zatvorenici-zaginaa-vo-bunt-vo-zatvor-vo-ekvador/feed/ 0
Најмалку 23 загинати во обид за бунт во затвор во Богота https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-23-zaginati-vo-obid-za-bunt-vo-zatvor-vo-bogota/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-23-zaginati-vo-obid-za-bunt-vo-zatvor-vo-bogota/#respond Sun, 22 Mar 2020 18:18:07 +0000 https://kurir.mk/?p=320420

Дури 23 затвореници загинаа, а други 90 се повредени во бунт во затвор во колумбиската престолнина Богота, информира колумбиската министерка  за правда Маргарита Кабело, цитирана од француските медиуми -Бунтот е предизвикан од затворениицте поради обид за масовно бегство од затворот „Ла Модело“ во текот на ноќта, прецизира Кабело. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-23-zaginati-vo-obid-za-bunt-vo-zatvor-vo-bogota/feed/ 0
Драма во Бразил: Бунт во затвор, чувари неколку часа држени во заложништво https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/drama-vo-brazil-bunt-vo-zatvor-chuvari-nekolku-chasa-drzeni-vo-zaloznishtvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/drama-vo-brazil-bunt-vo-zatvor-chuvari-nekolku-chasa-drzeni-vo-zaloznishtvo/#respond Mon, 19 Feb 2018 08:44:59 +0000 http://kurir.mk/?p=22767

Во затворот Милтон Диас Мореира во Рио де Жанеиро затвореници организираа бунт и земаа седум чувари како заложници, соопштија бразилските власти. Заложничката криза траела неколку часа. Инцидентот се случи откако бразилскиот претседател Мишел Темер соопшти дека раководењето со Министерството за внатрешни работи во сојузната држава Рио де Жанеирои и го доверува на армијата. Бунтот избувна вчера во попладневните часови по локално време во затвор на околу 50 километри од центарот на Рио де Жанеиро. Седум надзорници били задржани како  заложници. Тие били ослободени на полноќ по локално време. При инциднетот се ранети тројца затвореници. Во затворот, кој е предвиден за 900 затвореници, казна служат повеќе од 2.000 лица. Овој инцидент е последен во низата насилства во бразилските затвори, за кои се смета дека се под контрола на моќни нарко картели. Активистите за човекови права тврдат дека условите во затворот се како во средниот век, дека нема доволно храна и дека ќелиите се толку полни со затвореници што немаат каде да легнат. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/drama-vo-brazil-bunt-vo-zatvor-chuvari-nekolku-chasa-drzeni-vo-zaloznishtvo/feed/ 0