бунтовници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Aug 2023 19:50:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бунтовници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бунтовниците во Нигер се заканија дека ќе го убијат Базум доколку почне воена интервенција против нив, тврдат западни претставници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/buntovnitsite-vo-niger-se-zakanija-deka-ke-go-ubijat-bazum-dokolku-pochne-voena-interventsija-protiv-niv-tvrdat-zapadni-pretstavnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/buntovnitsite-vo-niger-se-zakanija-deka-ke-go-ubijat-bazum-dokolku-pochne-voena-interventsija-protiv-niv-tvrdat-zapadni-pretstavnitsi/#respond Thu, 10 Aug 2023 19:50:19 +0000 https://kurir.mk/?p=865626

Претставниците на пучистите во Нигер предупредија висок американски дипломат дека ќе го убијат соборениот претседател Мохамед Базум доколку соседните земји воено интервенираат, јавија светските агенции, повикувајќи се на западни официјални претставници кои сакаа да останат анонимни. Анонимен западен функционер изјави за светските агенции дека вршителот на должноста заменик-државен секретар на САД, Викторија Њуланд, била информирана за заканата за време на нејзината посета на Нигер минатата недела. Информацијата ја потврди уште еден западен претставник. Базум беше соборен од водачите на хунтата на 26 јули и оттогаш е заложник во неговата резиденција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/buntovnitsite-vo-niger-se-zakanija-deka-ke-go-ubijat-bazum-dokolku-pochne-voena-interventsija-protiv-niv-tvrdat-zapadni-pretstavnitsi/feed/ 0
Пакистанските безбедносни сили убиле шест бунтовници во засолништа на границата со Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistanskite-bezbednosni-sili-ubile-shest-buntovnitsi-vo-zasolnishta-na-granitsata-so-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistanskite-bezbednosni-sili-ubile-shest-buntovnitsi-vo-zasolnishta-na-granitsata-so-avganistan/#respond Sat, 01 Jul 2023 20:16:26 +0000 https://kurir.mk/?p=851656

Најмалку шест бунтовници беа убиени во Пакистан кога безбедносните сили извршија рација во две нивни засолништа во близина на границата со Авганистан. Пакистанската војска соопшти дека двете рации биле спроведени вчера во областите Тенк и Северен Вазиристан „врз основа на веродостојни разузнавачки информации“ за засолништата на екстремистите. Во рацијата биле запленети оружје и муниција. Идентитетот на убиените или од која бунтовничка група се тие не се објавени, но повеќето бунтовници во областа се пакистанските талибанци, огранок на авганистанските истомисленици. Меѓутоа, во регионот каде што беа извршени рациите, евидентирано е и присуство на борци на Исламската држава. Оваа недела авганистанските безбедносни сили го убиле и командантот на Исламската држава Шафи Улах во близина на границата со Авганистан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistanskite-bezbednosni-sili-ubile-shest-buntovnitsi-vo-zasolnishta-na-granitsata-so-avganistan/feed/ 0
Сириската Влада ракетирала упориште на бунтовниците, убиени четири лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/siriskata-vlada-raketirala-uporishte-na-buntovnicite-ubieni-chetiri-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/siriskata-vlada-raketirala-uporishte-na-buntovnicite-ubieni-chetiri-lica/#respond Sun, 17 Oct 2021 07:05:32 +0000 https://kurir.mk/?p=580431

Најмалку четири лица загинаа, а неколкумина се повредени кога сириските владини сили синоќа ракетирале локација под контрола на бунтовниците во близина на границата со Турција, соопштија опозициски активисти. Сириските владини сили го ракетирале градот Сармад во време на зголемени тензии во последното упориште на бунтовниците во северозападна Сирија, каде прекинот на огнот договорен во март 2020 година постојано се крши во последните недели. Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон, соопшти дека меѓу загинатите има тројца локални полицајци чија станица била погодена, а 17 лица се повредени. Исто така, опозициската група Сириска цивилна одбрана, позната како Бели шлемови, соопшти дека ракетниот напад бил насочен кон Сармад и на патот што го поврзува со граничниот премин Баб Ал-Хава, кон Турција. Групата, исто така, наведе дека четири лица загинале, но дека се повредени 23 луѓе. Примирјето постигнато меѓу Турција, која ги поддржува сириските опозициски сили и Русија, главниот сојузник на сирискиот претседател Башар Асад, стави крај на офанзивата на владините сили во северозападниот дел на земјата во март минатата година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/siriskata-vlada-raketirala-uporishte-na-buntovnicite-ubieni-chetiri-lica/feed/ 0
Етиопија им даде рок на бунтовниците од 72 часа да се предадат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopija-im-dade-rok-na-buntovnicite-od-72-chasa-da-se-predadat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopija-im-dade-rok-na-buntovnicite-od-72-chasa-da-se-predadat/#respond Mon, 23 Nov 2020 07:37:34 +0000 https://kurir.mk/?p=432996

Премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед, им даде рок од 72 часа на бунтовничките сили во провинцијата Тиграј да се предадат или етиопската армија ќе почне офанзива врз главниот град Мекеле. „Бараме да се предадете мирно во следните 72 часа и со тоа да признаете дека сте стигнале до точката од која нема враќање“, напиша премиерот во пораката на Твитер, што беше објавена од британските медиуми. Етиопската армија претходно вчера соопшти дека ќе го опколила градот Мекеле со тенковски единици и го предупреди локалното население дека градот ќе биде под артилериски оган. Конфликтот во Тиграј избувна на 4 ноември, кога силите на Народниот ослободителен фронт Тиграј почнаа ненадеен напад врз позициите на етиопската армија. Во конфликтот досега, според британските медиуми, „ има стотици убиени, а можеби и илјадници лица“, додека повеќе од 30.000 жители на Тиграј мораа да ги напуштат своите домови и да пребегаат во соседен Судан. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopija-im-dade-rok-na-buntovnicite-od-72-chasa-da-se-predadat/feed/ 0
Во престрелка во Египет убиени 11 бунтовници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-prestrelka-vo-egipet-ubieni-11-buntovnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-prestrelka-vo-egipet-ubieni-11-buntovnici/#respond Wed, 21 Aug 2019 06:35:20 +0000 https://kurir.mk/?p=231755

Египетските сили за безбедност убија 11 осомничени милитанти во престрелка за време на претрес на нивно засолниште во Ал Ариш, главен град на провинцијата Северен Синај, соопшти Министерството за внатрешни работи. Не е откриен идентитетот на убиените, ниту е прецизирано дали имало жртви меѓу припадниците на безбедносните сили. Милитантите го користеле засолништето како база за извршување „непријателски операции“ и на самото место е пронајдено оружје и експлозив, се наведува во соопштението. Египет од 2013 година се бори на Синај со бунтовниците предводени од Исламска држава, откако војската го собори од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси. Оттогаш милитантите главно вршат напади врз безбедносните сили и припадници на христијанското малцинство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-prestrelka-vo-egipet-ubieni-11-buntovnici/feed/ 0
Бунтовници убија 15 цивили и киднапираа 12 деца во област погодена од ебола https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/buntovnici-ubija-15-civili-i-kidnapiraa-12-deca-vo-oblast-pogodena-od-ebola/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/buntovnici-ubija-15-civili-i-kidnapiraa-12-deca-vo-oblast-pogodena-od-ebola/#respond Mon, 22 Oct 2018 05:54:29 +0000 https://kurir.mk/?p=117893

Конгоански бунтовници убија 15 цивили и киднапираа 12 деца во напад во област погодена од епидемија на ебола, соопшти армијата на Демократска Република Конго. Насилството предизвика привремен прекин на напорите за спречување на ширењето на вирусот. Светската здравствена организација го осуди нападот. Нејзин регионален претставник изјави дека не е познато колку долго ќе има прекин во борбата со вирусот. Бунтовници оd Обединетите демократски сили (ОДС) нападнале воени позиции и неколку квартови во градот Бени, соопшти претставник на армијата. Мировната мисија на ОН соопшти дека нејзини војници учествувале во престрелка со бунтовници во Бени. Бунтовниците од Обединетите демократски сили (ОДС) во последните години убиле стотици цивили и се само една од вооружените групи кои дејствуваат во североисточниот дел на земјата. Минатиот месец, напорите за спречување на ширењето на вирусот на ебола во Бени беа прекинати неколку дена поради смртоносен напад. Од тогаш има извештаи за многу нови случаи на ебола во градот што ги загрижува хуманитарните организации. Друга бунтовничка група застрела двајца здравствени работници кои работеле за конгоанската армија. Тоа беше прв случај на убиство на медицински работници во сегашната епидемија. Министерството за здравство соопшти дека тоа е „мрачен ден“ за сите кои се борат против вирусот. Досега има 200 потврдени случаи на ебола, а 117 лица починале. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/buntovnici-ubija-15-civili-i-kidnapiraa-12-deca-vo-oblast-pogodena-od-ebola/feed/ 0
Најмалку 16 лица загинаа во напад на бунтовници во ДР Конго https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-16-lica-zaginaa-vo-napad-na-buntovnici-vo-dr-kongo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-16-lica-zaginaa-vo-napad-na-buntovnici-vo-dr-kongo/#respond Sun, 23 Sep 2018 12:27:45 +0000 https://kurir.mk/?p=104743

Најмалку 16 лица се убиени синоќа во градот Бени во источниот дел на Демократска Република Конго при напад, за кој се претпоставува дека е дело на бунтовниците од организацијата „Обединети сили за одбрана" (Allied Defense Force), пренесува БТА. Лекар, од локалната болница изјави дека видел 16 убиени - 12 од нив биле цивили, а останатите четворица - војници или бунтовници. Во нападот се повредени осум лица, а петмина од нив се цивили, додаде истиот извор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-16-lica-zaginaa-vo-napad-na-buntovnici-vo-dr-kongo/feed/ 0
Индиската војска уби пет бунтовници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indiskata-vojska-ubi-pet-buntovnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indiskata-vojska-ubi-pet-buntovnici/#respond Sat, 15 Sep 2018 10:30:53 +0000 https://kurir.mk/?p=101280

Индиската војска уби пет бунтовници во Кашмир, поради што се организирани протести. Судирот се случил во текот на ноќта во околината на селото Казигунд во Кашмир, откако полицијата добила дојава дека таму се кријат екстремисти. Индиската полиција наведе дека убиените бунтовници биле припадници на бунтовничката група „Хизбул муџахедин“. На протестите кои настанаа по убиството на петмината бунтовници, дошло до судири бидејќи демонстрантите се обиделе да стигнат до местото каде се случило убиството. Индиската полиција користела солзавец против демонстрантите кои ги мавале со камења. Локалните медиуми наведуваат дека најмалку шест лица се повредени за време на протестите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indiskata-vojska-ubi-pet-buntovnici/feed/ 0
Над 60 бунтовници и војници загинаа во јеменската провинција Ходејда за еден ден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-60-buntovnici-i-vojnici-zaginaa-vo-jemenskata-provincija-hodejda-za-eden-den/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-60-buntovnici-i-vojnici-zaginaa-vo-jemenskata-provincija-hodejda-za-eden-den/#respond Mon, 25 Dec 2017 17:41:44 +0000 http://kurir.mk/?p=2328

Над 60 шиитски бунтовници Хути и војници на провладините сили загинале за едно деноноќие при судири во провинцијата Ходејда, во западен Јемен, соопштија извори од силите за безбедност и болнички претставници. Авионите на коалицијата предводена од Саудиска Арабија и јеменските провладини копнени сили ја засилија воената кампања во оваа провинција која е под контрола на Хутите, откако на 19 декември бунтовниците лансираа балистичка ракета кон саудискиот главен град Ријад. Во последните 24 часа се убиени вкупно 53 Хути во два региони на Ходејда, а повредени се 63 бунтовници. Меѓу провладините сили има 12 загинати и 19 повредени лица. Градот Ходејда, главниот административен центар на истоимената јеменска провинција, е од суштинско значење, бидејќи неговото пристаниште на Црвеното Море е главен влез за увозната стока во земјата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-60-buntovnici-i-vojnici-zaginaa-vo-jemenskata-provincija-hodejda-za-eden-den/feed/ 0