бура алекс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 04 Oct 2020 11:04:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бура алекс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Околу илјада пожарникари уште трагаат по исчезнатите во невремето на југо-истокот од Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-iljada-pozarnikari-ushte-tragaat-po-ischeznatite-vo-nevremeto-na-jugo-istokot-od-francija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-iljada-pozarnikari-ushte-tragaat-po-ischeznatite-vo-nevremeto-na-jugo-istokot-od-francija/#respond Sun, 04 Oct 2020 11:04:21 +0000 https://kurir.mk/?p=412169

Според последниот извештај на француските власти, осум лица сè уште се водат како исчезнати во Долината на Роја и во Везуби, а по десетина други лица сè уште се „трага“, јави дописникот на МИА. Речиси 1.000 пожарникари се мобилизирани во подножјето на приморските Алпи на југо-истокот од Франција, кои беа погодени од исклучителни поројни дождови и поплави, при што работат на обновување на комуникациските линии и потрага по исчезнатите лица. Во петокот паднаа до 500 милиметри дожд за неколку часа, „невидено од воспоставувањето на мерните инструменти“, рече премиерот Жан Кастекс, при посетата на погодените места од невремето. Во Италија, две лица, меѓу кои и еден пожарникар, беа пронајдени мртви во поплавата на границата со Франција. Синоќа, 21 лице за кое беа пријавени исчезнати од италијанските власти беа спасени на француската страна на Алпите, близу Тенде, во западниот дел на Ница. Утрово, исчезнат француски жандарм исто така беше пронајден безбеден и здрав. Според последниот извештај на властите, осум лица сè уште се водат како исчезнати во Франција, во Долината на Роја и во Везуби, а за уште десетина други лица се „трага“, односно може да се каже дека „нема новости (од нив)“, рече Жан Кастекс. Штетата е сериозна од двете страни на границата: многу села се уништени од вода и свлечишта, патиштата и мостовите се оштетени или уништени. „Потрагата продолжува, се разбира, со извидување на изолирани места до кои пожарникарите сè уште немаа пристап во неделата наутро“, се вели во соопштение од пожарникарската служа. -Ние мора да ги воспоставиме линиите за комуникација за да овозможиме пристап во итни случаи, додадоа тие. Околу 600 пожарникари од Поморските Алпите продолжуваат со работа, како и околу 300-други кои дојдоа како засилување од другите департмани. Во Рокебијер, педесетина километри северно од Ница, две стари лица беа однесени од надпојдената вода и кал при уривањето на нивната куќа. – Пожарникарите немаа доволно долго јаже, па дури и со нашите јажиња не можевме да стигнеме до куќата, па за да ги извлечеме беше предоцна, тогаш куќата одеднаш беше однесена, изјави немоќниот сведок на сцената. Поплавите опишани како „исклучителни“ од Метео Франција уништија села во Долината на Везуби и долината Роја, каде што беа однесени куќи, додека другите ризикуваат да се урнат,. Многу патишта и мостови се уште се затворени и како резултат на тоа, цели села се изолирани од светот. Од вчера, припадници на армијата и стотици спасувачи се распоредени на француска страна да ги бараат исчезнатите и да им донесат медицински средства и вода на изолираните жители со хеликоптер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-iljada-pozarnikari-ushte-tragaat-po-ischeznatite-vo-nevremeto-na-jugo-istokot-od-francija/feed/ 0
ВИДЕО: Страшни снимки од Европа – Огромни поплави, уништени куќи и патишта, се бара вонредна состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-strashni-snimki-od-evropa-ogromni-poplavi-unishteni-kukji-i-patishta-se-bara-vonredna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-strashni-snimki-od-evropa-ogromni-poplavi-unishteni-kukji-i-patishta-se-bara-vonredna-sostojba/#respond Sun, 04 Oct 2020 09:19:11 +0000 https://kurir.mk/?p=412127

Најмалку две лица починаа, а над 20 се водат за исчезнати во Франција и Италија откако силно невреме ги погоди пограничниот подрачја на двете земји. Големите поплави оштетиле улици и куќи, а на социјалните мрежи кружат драматични снимки на кои се гледа како надојдената вода носи сѐ пред себе. Бурата Алекс силно погоди и неколку села околу Ница. Откако хеликоптер ги надлетал најтешко погодените подрачја, градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози истакнал дека тоа е најголемата поплава во последните повеќе од 100 години. -Многу улици и околу стотина куќи се целосно или делумно уништени, изјави Естрози за францускиот ТВ канал БФМ. Францускиот премиер Жан Кастекс на прес-конференција истакнал дека е шокиран од она што го видел по обиколката на погодените подрачја и додал дека бројот на починати може да биде поголем. Според податоците со кои располагаат властите, засега на подрачјето на Франција исчезнати се најмалку осум лица. Меѓу нив и двајца пожарникари чие возило го однела надојдената вода. Водата буквално рушела патишта и куќи, срушени се неколку мостови, а реките излеани од коритата. Локалните власти во Италија, пак, информираат за најмалку две починати лица, еден пожарникар врз кого паднало дрво и маж на триесетина години чиј автомобил завршил во надојдената вода. Се трага за еден Италијанец, а 21 лице за кое претходно се стравуваше дека се исчезнати се пронајдени и сместени на сигурно. Меѓу нив била и група на германски планинари. Официјалните лица од Пијемонт информирале за рекордни 630 mm дожд колку што за 24 часа наврнало во место во близина на границата со Швајцарија. Локалните власти бараат италијанската влада да прогласи вонредна состојба откако нивото на реката По за само 24 часа се зголемило за три метри. Од силната бура погодени се и Шпанија и Велика Британија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-strashni-snimki-od-evropa-ogromni-poplavi-unishteni-kukji-i-patishta-se-bara-vonredna-sostojba/feed/ 0