буре – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Aug 2019 11:08:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png буре – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Идеален хотел за сите љубители на вино: Дали и вие би спиеле во буре за вино!? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/idealen-hotel-za-site-ljubiteli-na-vino-dali-i-vie-bi-spiele-vo-bure-za-vino/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/idealen-hotel-za-site-ljubiteli-na-vino-dali-i-vie-bi-spiele-vo-bure-za-vino/#respond Tue, 06 Aug 2019 13:11:04 +0000 https://kurir.mk/?p=226973

Засбахвалден, село во германската покраина Баден-Виртенберг, познато е по планинарење и по лозјата. Ова место спаѓа во оние кои не смеете да ги пропуштите доколку се наоѓате во Шварцвалд. Посебна магија дава чувството кога лежите во винските буриња, љубезниот домаќин ќе дојде и ќе ви донесе вино како најдобар начин да се запознаете со Засбахвалден. Името на необичниот хотел значи “спиење во буре за вино“, а тие буриња некогаш се користеле за складирање вино од околните лозја.
Постојат шест “соби“, а секоја се состои од две буриња - “спална соба“ во едното и “дневна соба“ и бања во другото. Во бурињата од 8.000 литри може да се престојува и во текот на зимските денови затоа што имаат вградено греење, пишуваат од „The Sun“. Пред винските буриња се наоѓаат камени тераси, со маса и столчиња па гостите на овој хотел можат да уживаат во оброците и виното со поглед кој се протега низ долината.
Од секое буре можат да се видат виновите лози, а и да се проба домашен производ од локалните винарии. Секој гостин добива по едно шише вино за добредојде, а традиционалните оброци, семејството кое го води хотелот, им ги носи на гостите до нивната врата. Во Засбахвалден постојат и тури со водач по лозјата, а во октомври се одржува и годишниот Винскиот фестивал.
Вакви необични хотели се многу популарни помеѓу љубителите на вино. Освен во Германија вакви хотели можат да се најдат и во Холандија, Португалија, Шпанија, Австрија, Словенија... И со секој ден се сè повеќе барани поради задоволството кое нивните гости го имаат.
Извор: Точка]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/idealen-hotel-za-site-ljubiteli-na-vino-dali-i-vie-bi-spiele-vo-bure-za-vino/feed/ 0