бури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 Aug 2022 05:51:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најмалку 13 загинати во смртоносни бури во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-13-zaginati-vo-smrtonosni-buri-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-13-zaginati-vo-smrtonosni-buri-vo-evropa/#respond Fri, 19 Aug 2022 06:07:15 +0000 https://kurir.mk/?p=720769

Најмалку тринаесет лица загинаа вчера во силно невреме во Европа. Две деца, на возраст од четири и осум, загинаа во јужна Австрија кога дрва паднаа во близина на езеро во Корушка. Десетина луѓе се повредени, од кои некои потешко. Три лица загинаа при во Долна Австрија. Во Штаерска, Корушка и Источен Тирол возовите мораа да застанат поради прекин на електричната енергија поради невремето, а паднатите дрвја блокираа и некои патишта, соопштија властите. Шест лица загинаа на Корзика, соопштија француските власти.Дрво падна врз 13-годишно девојче во кампот во Сагон на западниот брег на островот На југот на островот, 72-годишна жена загинала кога покрив на куќа паднал врз нејзиниот автомобил. Загинаа и жена во кајак, рибар и уште две лица. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин, кој е во посета на Корзика, изјави дека ветрот на островот дувал со брзина и до 200 километри на час.Во невремето се повредени 12 лица, од кои едно потешко. Поради невремето без струја останаа 45.000 домаќинства. Силно невреме ги погоди и другите делови на Франција, поплавувајќи ги улиците на Марсеј и блискиот Касис. Две лица загинаа во невремето во Тоскана. Дрвја паднаа врз маж и жена. Пожарникарите имале 150 интервенции во Лигурија и Тоскана. Централниот регион Емилија Ромања исто така беше тешко погоден од невремето. Европа цело лето е зафатена од екстремни временски услови, што според експертите е последица на климатските промени. Шумски пожари има на југот на Италија, на Сицилија и на островот Пантелерија, а северот од земјата го зафати невреме по долга суша. Шпанија, како и Франција, беше опустошена од шумски пожари, но дождот барем овозможи да се стави под контрола пожарот во Валенсија. Речиси 2.000 луѓе се евакуирани, но сега можат да се вратат, објавија шпанските медиуми. Европската унија ги регистрира најлошите шумски пожари во овој период од годината од почетокот на заедничкото набљудување во 2006 година, според Европската комисија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-13-zaginati-vo-smrtonosni-buri-vo-evropa/feed/ 0
ГОЛЕМА ПРОГНОЗА: Пролетта ќе доцни во Европа, бури на Балканот, можни се и поплави https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golema-prognoza-proletta-kje-docni-vo-evropa-buri-na-balkanot-mozni-se-i-poplavi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golema-prognoza-proletta-kje-docni-vo-evropa-buri-na-balkanot-mozni-se-i-poplavi/#respond Mon, 15 Feb 2021 07:15:49 +0000 https://kurir.mk/?p=468770

Пролетта официјално почнува за помалку од шест недели, а светски познатата метеоролошка служба АкуВедр (AccuWeather) објави голема сезонска прогноза во која предвидува дека пролетта 2021 година може да изгледа како онаа од 2018 година. Метеоролозите на АкуВедр како и обично во нивната прогноза, детално опишуваат како времето може да влијае на скоро секој аспект од животот, вклучително и земјоделството и водните ресурси. Невремето што ја зафати западна Европа, а потоа и јужниот дел на континентот во текот на зимските месеци, може да остане активно во рана пролет, велат метеоролозите. Се очекува бурите да бидат активни од Франција, преку Италија, кон Балканот, особено во текот на март. Метеоролозите забележуваат дека ова ќе биде невообичаен модел за пролетта бидејќи бурите обично се движат на север во овој период од годината. „Бурите ќе се смират до крајот на пролетта, но до мај ќе предизвикаат штети во јужна Европа“, вели метеорологот на АкуВедр, Тајлер Ројс, додавајќи дека во регионот се очекуваат обилни врнежи од дожд. Како што бурите се приближуваат до Средоземното Море, тие ќе бидат придружени со поројни дождови и грмотевици низ Италија и долж западниот брег на Балканскиот полуостров. Ова може да го зголеми ризикот од поплави до почетокот на пролетта. По една од најснежните зимски сезони во последните пет години во северозападна и централна Европа, многу Европејци можеби со нетрпение ја очекуваат пролетта и враќањето на топлото и сончево време, пишува АкуВедр. Сепак, според метеорологот Тајлер Ројс, пролетта ќе доцни, но населението нема да биде лишено од пријатни пролетни денови. Драматична временска промена може да предизвика алергии, особено за оние кои се алергични на полен, кон крајот на април до мај, како резултат на обилната влажност, според метеорологот Алан Реперт. Тој додава дека бури се очекуваат кон крајот на април и мај. Во Источна Европа, сепак, ќе има малку потопли денови во текот на пролетта, но овој регион може да очекува и студени шокови што можат да траат неколку дена пред да се врати потоплото време. Не е исклучена можноста од снежни врнежи во целиот регион на Европа во текот на пролетта, главно во март.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golema-prognoza-proletta-kje-docni-vo-evropa-buri-na-balkanot-mozni-se-i-poplavi/feed/ 0