Бурим Сејдини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 09 Jul 2023 18:09:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Бурим Сејдини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сомнение за злоупотреба: Кривична пријава против шефот на Управниот суд, го пријавиле вработените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/somnenie-za-zloupotreba-krivichna-prijava-protiv-shefot-na-upravniot-sud-go-prijavile-vrabotenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/somnenie-za-zloupotreba-krivichna-prijava-protiv-shefot-na-upravniot-sud-go-prijavile-vrabotenite/#respond Sun, 09 Jul 2023 18:09:31 +0000 https://kurir.mk/?p=854699

Вработени во Управниот суд во Скопје поднесоа кривична пријава против првиот човек на овој суд Бурим Сејдини поради сомнение за злоупотреба на службената должност. Кривичната пријава која ексклузивно ја обезбеди Алсат е испратена до Финансиската полиција, Комисијата за спречување на корупцијата, премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска. -Содржината на пријавата првенствено вклучува сомневања за рачна распределба на предметите, иако Сејдини бил должен тоа да го прави преку електронскиот АКМИС систем. Според анонимните пријави од вработени, Сејдини е осомничен и дека неодамна вработил две лица во судот, но според нив, тоа е спротивно на законот бидејќи се работи за мајка и ќерка и дека во овој случај има конфликт на интерес, објави телевизијата. Пријавата содржи и тврдење за намерно застарување на над 190 предмети од 2021 до 2023 година, главно финансиски предмети од Царината и од Управата за јавни приходи. Неофицијално, нанесената штета на државниот буџет би изнесувала милиони евра. Засега не се знае дали ваква буџетска штета е констатирана и во Финансиската полиција и Антикорупциската комисија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/somnenie-za-zloupotreba-krivichna-prijava-protiv-shefot-na-upravniot-sud-go-prijavile-vrabotenite/feed/ 0
До 10 часот никој не поднел тужби до Управниот суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-10-chasot-nikoj-ne-podnel-tuzbi-do-upravniot-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-10-chasot-nikoj-ne-podnel-tuzbi-do-upravniot-sud/#respond Tue, 21 Jul 2020 08:33:49 +0000 https://kurir.mk/?p=379039

До Управниот суд до утрово до 10 часот не се пристигнати тужби од политичките партии, откако Државната изборна комисија едногласно ги отфрли сите 2.142 нивни приговори за предвремените парламентарни избори, информира за МИА претседателот на Управен суд Бурим Сејдини. ДИК треба да ги достави решенијата за одлуките до политичките партии, по што почнува да тече 24-часовниот рок за поднесување на тужби. Како што информира портпаролот на ДИК Адмир Шабани до 10 часот решенијата од Комисијата за отфрлање или одбивање на приговорите ги подигнале само претставници на Алијанса за Албанците и Алтернатива. По истекот на пет часа откако биле испратени се смета дека примателите ги добиле решенијата. Управниот суд има 60 часа по приемот на тужбите да одлучи по нив. – Подготвени сме да примиме тужби од страна на овластени претставници на листите на кандидати за пратеници во текот на денешниот или утрешниот ден, меѓутоа, до овој момент нема поднесено тужби, вели Сејдини. Тој истакнува дека се преземени сите активности и мерки за судот да функционира во целиот свој капацитет. -Извршена е жрепката на советите за одлучување по избори, така што, убедени сме дека Управниот суд ќе успее навремено да ги изврши своите законски надлежности, а тоа е да донесе одлуки по поднесените тужби и да имаме официјални конечни резултати по одржаните предвремени парламентарни избори 2020 година, рече Сејдини. Повтори дека се прават напори да се организираат и судот да постапува најефикасно што е можно. По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот судот, за заштитата на избирачкото право, во ДИК, согласно законот, Комисијата ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа ДИК ќе им издаде уверенија на избраните пратеници. Крајот рок за одржување на конститутивната седница на Собранието е 4 август. Тужби до Управниот суд најавија полтичките партии ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива, Левица и Интегра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-10-chasot-nikoj-ne-podnel-tuzbi-do-upravniot-sud/feed/ 0