бурка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Sep 2023 15:55:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бурка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Швајцарскиот парламент усвои Закон за забрана на бурката на јавни места https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajtsarskiot-parlament-usvoi-zakon-za-zabrana-na-burkata-na-javni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajtsarskiot-parlament-usvoi-zakon-za-zabrana-na-burkata-na-javni-mesta/#respond Wed, 20 Sep 2023 15:55:32 +0000 https://kurir.mk/?p=879949

Швајцарскиот парламент денеска усвои закон со кој се забранува покривање на лицето, вклучително и бурка, муслимански женски вел што го покрива телото од глава до пети, а пропиша и парична казна од 1.000 швајцарски франци (1.040 евра). Законот за „забрана на бурката“ беше одобрен од Горниот дом на парламентот, локално познат како Националрат, со 151 глас за и 29 против, јавуви агенцијата Анадолија, повикувајќи се на јавниот сервис СРФ(SRF). Швајцарската федерална Влада најави референдум за ова прашање во 2021 година, а тогаш за забраната за носење бурка гласаа 51,2 отсто од граѓаните, додека против беа 48,8 отсто. Новиот закон забранува покривање на лицето на јавни и приватни места достапни за пошироката јавност на таков начин што цртите на лицето не можат да се препознаат. На прекршителите им се заканува казна до 1.000 швајцарски франци. Постојат неколку исклучоци од забраната, вклучувајќи верски служби, стари традиционални обичаи, театарски претстави и превез од здравствени или климатски причини. Франција и Белгија беа првите земји во Европа кои во 2011 година ја забранија бурката на јавни места, а потоа следеа Бугарија во 2016 година, Австрија во 2017 година и Данска во 2018 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajtsarskiot-parlament-usvoi-zakon-za-zabrana-na-burkata-na-javni-mesta/feed/ 0
Авганистан: Жените треба да носат бурка на јавни места https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avganistan-zenite-treba-da-nosat-burka-na-javni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avganistan-zenite-treba-da-nosat-burka-na-javni-mesta/#respond Sat, 07 May 2022 10:58:51 +0000 https://kurir.mk/?p=673316

Врховниот лидер на Авганистан и шеф на талибанците денеска им нареди на жените во земјата да носат бурка на јавни места, што ќе го покрива целото тело. Тоа е една од најстрогите мерки за контрола врз животот на жените откако талибанците ја презедоа власта. – Тие мора да носат чадори (бурки од глава до пети) како знак на поддршка и почитување на традицијата, се наведува во декретот издаден од лидерот Хибатула Ахунџада, што талибанците го објавија на церемонија во Кабул.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avganistan-zenite-treba-da-nosat-burka-na-javni-mesta/feed/ 0
Цените на бурките во Кабул десет пати повисоки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cenite-na-burkite-vo-kabul-deset-pati-povisoki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cenite-na-burkite-vo-kabul-deset-pati-povisoki/#respond Wed, 18 Aug 2021 12:57:12 +0000 https://kurir.mk/?p=552184

Цените на бурките се зголемија десет пати во Кабул бидејќи жените брзале да се подготват додека талибанците влегувале во градот, пишува Си Ен Ен. Една жена во изјава за Си Ен Ен, која не е именувана од безбедносни причини, рече дека таа, нејзината сестра и мајка делат една или две бурки, и дека во случај на влошување на ситуацијата ќе мора да набават постелнина или нешто слично, за да можат од неа да направат поголем шал. Друга жена, која исто така не беше именувана, објасни дека многу жени дури и не стигнале до продавниците во неделата, бидејќи сопствениците поради ситуацијата брзале да стигнат до своите домови. Таа, исто така, додаде дека поради неизвесноста, во неделата поминала неколку часа во банка, обидувајќи се да собере што е можно повеќе пари за да обезбеди опстанок на нејзиното семејство во наредните денови. Беше толку неочекувано, никој не очекуваше дека ова ќе се случи толку брзо. Дури и луѓето би рекле „Кабул може да се брани околу една година“, но борбениот морал е изгубен. Војската само го предава на талибанците, истакна жената.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cenite-na-burkite-vo-kabul-deset-pati-povisoki/feed/ 0
Настан кој го подели светот: Поради оваа прегратка со расплакана демонстрантка, полицајка е под истрага https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nastan-koj-go-podeli-svetot-poradi-ovaa-pregratka-so-rasplakana-demonstrantka-policajka-e-pod-istraga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nastan-koj-go-podeli-svetot-poradi-ovaa-pregratka-so-rasplakana-demonstrantka-policajka-e-pod-istraga/#respond Thu, 27 Sep 2018 13:14:01 +0000 https://kurir.mk/?p=106860

Полицијата во Данска поведе постапка против полицајка по објавената фотографија на која се гледа како прегрнува расплакана демонстрантка, која протестира против забраната за носење бурка. Настанот го забележал фотограф на Ројтерс на 1 август, кога во Данска стапи на сила законот против покривање на лицето во јавност. За пратеникот од Либералната партија, Маркус Кнут, кој е против мигрантите, тоа беше доволно за да побара поведување постапка против полицајката. -Работа на полицијата е да го спроведува законот, а не да ги гушка луѓето кои се против него, рече пратеникот. Адвокатот на полицајката, пак, смета дека таа постапила соодветно, зашто и била дадена задача да ја смирува тензијата за време на протестите и нема никаква важност што жената носела никаб. Полицајката, чие име не се соопштува, е со данско потекло. Забраната за покривање на лицето предизвика голема поделба во данското општество, каде едни сметаат дека е враќање кон секуларните и демократските вредности, додека другите мислат дека со забраната им се укинува правото на верски слободи и изразување. По примерот на Данска, забрана за носење бурка воведоа и Франција, Белгија, Холандија, Бугарија и регионот Баварија во Германија.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nastan-koj-go-podeli-svetot-poradi-ovaa-pregratka-so-rasplakana-demonstrantka-policajka-e-pod-istraga/feed/ 0
Жителите на швајцарскиот кантон Сент Гален се изјаснија против бурката https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zitelite-na-shvajcarskiot-kanton-sent-galen-se-izjasnija-protiv-burkata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zitelite-na-shvajcarskiot-kanton-sent-galen-se-izjasnija-protiv-burkata/#respond Mon, 24 Sep 2018 06:22:47 +0000 https://kurir.mk/?p=104834

Речиси две третини од граѓаните кои вчера излегоа на референдум во швајцарскиот кантон Сент Гален се изјаснија за забрана на носење на бурка на јавно место. Тоа е втор швајцарски кантон кој се изјаснува за забрана на бурката. Пред три години граѓаните се изјаснија за забрана на бурката во соседниот кантон Тицин. За прашањето за носење на бурка следната година граѓаните на Швајцарија ќе се изјаснат на национално ниво. Носењето бурка на јавни места веќе е забрането во Франција и во Данска. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zitelite-na-shvajcarskiot-kanton-sent-galen-se-izjasnija-protiv-burkata/feed/ 0
Забрана за бурка: Еве која земја го воведе ова со Закон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zabrana-za-burka-eve-koja-zemja-go-vovede-ova-so-zakon/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zabrana-za-burka-eve-koja-zemja-go-vovede-ova-so-zakon/#respond Thu, 31 May 2018 11:54:16 +0000 https://kurir.mk/?p=60553

Парламентот на Данска денеска усвои Закон со кој се забранува носење на облека која го прекрива лицето, како што се муслиманските марами ниџаб и бурка. Законот познат како „Забрана за бурката“, предложен од десничарската коалиција, беше усвоен со 75 гласови „за“ и 30 „против“. Данската Влада наведе дека законот не е насочен ниту кон една религија и не забранува марама на глава, турбан или традиционалните еврејски капи. Законот ќе стапи во сила на 1 август, а неговото кршење ќе биде казнето со 1.000 дански круни (околу 156 долари). Сличен Закон е усвоен во Австрија, Франција и Белгија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zabrana-za-burka-eve-koja-zemja-go-vovede-ova-so-zakon/feed/ 0