буркина фасо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 20:41:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png буркина фасо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во нов напад на екстремисти во Буркина Фасо загинаа 53 војници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nov-napad-na-ekstremisti-vo-burkina-faso-zaginaa-53-vojnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nov-napad-na-ekstremisti-vo-burkina-faso-zaginaa-53-vojnitsi/#respond Tue, 05 Sep 2023 20:45:54 +0000 https://kurir.mk/?p=874952

Во напад на џихадисти на северот на Буркина Фасо, загинаа 53 припадници на безбедносните сили, додека десетици други беа ранети, соопштија денеска воени претставници. Тие беа убиени за време на тешките борби вчера во комуната Кумбри во провинцијата Јатенга, се вели во соопштението на Армијата. Неколку десетици исламистички активисти беа убиени и во операцијата за потиснување на џихадистите од Кумбра да ги вратат претходно раселените. Буркина Фасо е тешко погодена од џихадистичките напади поврзани со Ал Каеда и групата Исламска држава во кои загинаа илјадници. Од првиот државен удар во јануари 2022 година, бројот на убиени од џихадистите е речиси тројно зголемен во споредба со периодот од 18 месеци претходно, се вели во извештајот на Африканскиот центар за стратешки студии. Џихадистите исто така блокираа повеќе од дваесетина градови, оневозможувајќи им на речиси милион луѓе пристап до храна, стоки и слободно движење, соопшти Центарот. Убиствата вчера беа едни од најголемите напади откако капетанот Ибрахим Траоре ја презеде власта со вториот државен удар во септември 2022 година. Групите за човекови права ги обвинија безбедносните сили за убивање цивили за кои веруваат дека се поврзани со џихадистите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nov-napad-na-ekstremisti-vo-burkina-faso-zaginaa-53-vojnitsi/feed/ 0
Во Буркина Фасо убиени околу 60 цивили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-burkina-faso-ubieni-okolu-60-tsivili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-burkina-faso-ubieni-okolu-60-tsivili/#respond Mon, 24 Apr 2023 06:04:38 +0000 https://kurir.mk/?p=826767

Околу 60 цивили се убиени во петокот во северниот дел на Буркина Фасо од луѓе облечени во униформи на вооружените сили, соопшти денеска локалниот обвинител Ламине Каборе, повикувајќи се на информации од полицијата во градот Вахигуа. Обвинителот рече дека е започната истрага за нападот што се случил во селото Карма во провинцијата Јатенга, во близина на границата со Мали. Оваа област е опустошена од исламистички групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава. Други детали за нападот не се соопштени. На 15 април непознати напаѓачи убија 40 лица, а повредија 33 други во истата област. Нападите врз цивили во западноафриканската држава Буркина Фасо зачестија од 2022 година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-burkina-faso-ubieni-okolu-60-tsivili/feed/ 0
Најмалку 28 загинати во нападите на исламистите во Буркина Фасо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-28-zaginati-vo-napadite-na-islamistite-vo-burkina-faso/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-28-zaginati-vo-napadite-na-islamistite-vo-burkina-faso/#respond Tue, 31 Jan 2023 06:43:55 +0000 https://kurir.mk/?p=793966

Најмалку 28 лица вклучувајќи војници и цивили загинале во два одвоени напади на вооружени лица во Буркина Фасо, соопштија регионалниот гувернер и армијата. Армијата соопшти дека борбената единица во Фалангуту, на северот на земјата во близина на границата со Нигер, била нападната и загинале 10 војници, двајца доброволци и еден цивил. По нападот, како што информираа од Армијата, биле пронајдени телата на 15 напаѓачи. Полковник Жан Чарлс дит Јенапоно Сом, гувернер на регионот Каскади во јужниот дел на земјата, во близина на границата со Брегот на Слоновата Коска, рече дека телата на 15 мажи, сите цивили, биле пронајдени по нападот. Тој истакна дека вооружени мажи запреле две транспортни возила во кои имало осум жени и 16 мажи. Посочи дека жените и еден маж се ослободени. Западноафриканската држава Буркина Фасо и нејзините соседи Мали и Нигер се борат со бунтовниците поврзани со Ал Каеда и Исламската држава. Милитантите зазедоа територии во сушниот и главно рурален север на земјата, убивајќи стотици селани и раселени речиси два милиони други. Тие ги блокираа градовите и селата, што ја влоши кризата со храна. Несигурноста поради милитантните напади придонесе за политичка нестабилност и два воени удари во земјата во јануари и септември 2022 година. Нападите на милитантите се проширија на југ. Имаше и прекугранични напади во крајбрежните држави, вклучително и Брегот на Слоновата Коска, Бенин и Того.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-28-zaginati-vo-napadite-na-islamistite-vo-burkina-faso/feed/ 0
Екстремисти киднапирале 50 жени во Буркина Фасо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekstremisti-kidnapirale-50-zheni-vo-burkina-faso/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekstremisti-kidnapirale-50-zheni-vo-burkina-faso/#respond Sun, 15 Jan 2023 15:58:07 +0000 https://kurir.mk/?p=787580

Осомничени екстремисти киднапирале 50 жени во Арбинда, на северот на западноафриканската земја Буркина Фасо, објавија денеска локалните претставници и жителите на тоа место, во кое редовно има насилство. Некои жени успеале да побегнат, да се вратат во селото и да раскажат што се случило. -Жените се собраа да одат да берат лисја и диви овошја во дивината, бидејќи веќе нема што да се јаде, рече еден од жителите, додавајќи дека тие тргнале во текот на денот во четвртокот. Кога не се вратиле до вечерта, мештаните помислиле дека нешто се случило, а потоа пристигнале три жени кои раскажале што се случило. Според локалните власти кои ги потврдија киднапирањата, воените и цивилните помагачи ја пребарале областа, но безуспешно. Градот Арбинда се наоѓа во регионот Сахел на северот на Буркина Фасо и е зона под блокада на екстремистичките групи, која тешко се снабдува со храна. Околу милион луѓе во моментов живеат во блокирани зони на север или исток од земјата, според Обединетите нации. Од 2015 година, Буркина Фасо, а особено нејзиниот северен дел, се соочува со напади од екстремистички групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава. Во тие напади загинаа илјадници луѓе и раселени најмалку два милиони. Капетан Ибрахим Траоре, претседател кој дојде по воениот удар на 30 септември, втор во последните осум месеци, си постави за цел да ја врати територијата окупирана од „терористичките орди“. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekstremisti-kidnapirale-50-zheni-vo-burkina-faso/feed/ 0
АЛАРМАНТНА СОСТОЈБА! Жителите на оваа земја јадат само листови: „Немаме храна, немаме ништо“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alarmantna-sostojba-zitelite-na-ovaa-zemja-jadat-samo-listovi-nemame-hrana-nemame-nishto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alarmantna-sostojba-zitelite-na-ovaa-zemja-jadat-samo-listovi-nemame-hrana-nemame-nishto/#respond Fri, 21 Oct 2022 16:51:45 +0000 https://kurir.mk/?p=749169

Некои жители на Буркина Фасо јадат само листови со недели, изјави заменик генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс за ситуацијата во таа земја, која ја посети. - Растечката несигурност и блокадите во многу области доведоа до изолација на некои заедници и зголемен глад. Хуманитарните работници се борат да дојдат до оние луѓе на кои им е потребна помош, наведе Грифитс во писмената изјава по вчерашната посета. - На четвртина од петте милиони жители на Буркина Фасо итно им е потребна помош. Тој број е за 40 отсто поголем отколку на почетокот на годината, додаде Грифитс. За да се обезбеди таа помош потребни се 805 милиони долари, за што има план, но собрана е помалку од една третина од таа сума. Посетата на Грифитс следи по вториот воен удар во земјата за помалку од девет месеци. Во различни вооружени конфликти оваа година загинаа 3.200 луѓе, двојно повеќе од минатата година. Грифитс успеа да го посети опколениот северен град Џибо, со 370.000 жители, каде што децата умираат од глад. - Немаме храна, немаме ништо. Јадеме само лисја, рече жителот на Џибо, Дауда Маига. Тој додаде дека „помошта е недоволна, со неколку хеликоптери кои повремено летаат, а камионите кои се обидуваат да му се приближат на градот наидуваат на заседа“. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alarmantna-sostojba-zitelite-na-ovaa-zemja-jadat-samo-listovi-nemame-hrana-nemame-nishto/feed/ 0
Во двоен бомбашки напад во Буркина Фасо загинаа 15 војници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-dvoen-bombashki-napad-vo-burkina-faso-zaginaa-15-vojnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-dvoen-bombashki-napad-vo-burkina-faso-zaginaa-15-vojnici/#respond Tue, 09 Aug 2022 19:53:39 +0000 https://kurir.mk/?p=716247

Најмалку 15 припадници на армијата на Буркина Фасо денеска загинаа во двоен бомбашки напад извршен од џихадистите. Нападот се случи во Бурзанга-Џибо, северниот дел на Буркина Фасо. Во нападот еден војник е повреден. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-dvoen-bombashki-napad-vo-burkina-faso-zaginaa-15-vojnici/feed/ 0
Во напад на екстремистите во Буркина Фасо убиени 100 цивили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-napad-na-ekstremistite-vo-burkina-faso-ubieni-100-civili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-napad-na-ekstremistite-vo-burkina-faso-ubieni-100-civili/#respond Mon, 13 Jun 2022 16:55:27 +0000 https://kurir.mk/?p=690329

Најмалку 100 цивили се убиени за време на викендот во руралниот дел на северот на Буркина Фасо, потврдија денеска локални безбедносни извори, пренесуваат британските медиуми. Вооружениот напад се случил во пограничните области кон Нигер, каде се побунети екстремисти поврзани со Ал Каеда и Исламската држава. Бројот на загинатите не е официјално објавен, а според некои извори загинале 165 цивили. Претходно денеска Обединетите нации го осудија нападот и ги повикаа властите да ги изведат сторителите пред лицето на правдата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-napad-na-ekstremistite-vo-burkina-faso-ubieni-100-civili/feed/ 0
Сенегал е првиот финалист на Африканскиот куп на нации https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/senegal-e-prviot-finalist-na-afrikanskiot-kup-na-nacii/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/senegal-e-prviot-finalist-na-afrikanskiot-kup-na-nacii/#respond Wed, 02 Feb 2022 21:52:06 +0000 https://kurir.mk/?p=626150

Големото изненадување Буркина Фасо не успеа да го помине и Сенегал, Садио Мане се радува на пласман во финалето. Уште во првото полувреме натпреварот беше динамичен, имаше напади и на двете страни, но мрежите мируваа дури до 70. минута кога Диаоло погоди за водство на Сенегал од 1-0. Само шест минути подоцна по асистенција од Мане, Геј го зголеми водството на 2-0, но во 82. минута Туре реализира и ја врати селекцијата на Буркина Фасо во игра. Сите нивни надежи ги сруши Мане кој погоди во 87. минута за конечна победа на Сенегал од 3-1. Утре се игра второто полуфинале, Камерун против Египет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/senegal-e-prviot-finalist-na-afrikanskiot-kup-na-nacii/feed/ 0
Уапсен претседателот на Буркина Фасо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-pretsedatelot-na-burkina-faso/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-pretsedatelot-na-burkina-faso/#respond Mon, 24 Jan 2022 13:16:18 +0000 https://kurir.mk/?p=622474

Претседателот на Буркина Фасо, Рок Марк Кристијан Каборе, е уапсен и приведен во касарна во главниот град на земјата, Уагадугу, еден ден откако избувнаа немири во повеќе касарни во земјата, која е погодена од екстремистичко насилство, соопштија безбедносни извори. – Шефот на државата Каборе, претседателот на Парламентот и министри се во рацете на војниците во касарната Сангуле Ламизана во Уагадугу, изјави еден извор. Информацијата ја потврди и друг извор на безбедносните служби. Истрели се слушнале доцна синоќа во близина на претседателската резиденција, а рано утринава се воделе борби во близина на претседателската палата додека хеликоптер го прелетувал местото. Патиштата кон главниот град синоќа беа празни, освен контролните пунктови каде се наоѓале вооружени бунтовничките војници. Војници беа распоредени утрово пред државната телевизија РТБ во Уагадугу. Десетина маскирани војници биле поставени пред седиштето на телевизијата. Бунтот на војниците следел еден ден по протестите на кои се бараше оставка на Каборе, што е последен во серијата протести поради незадоволството од односот на владата кон насилството од страна на исламистичките екстремисти во земјата. Владата од вчера не дава никакви изјави. Министерот за одбрана Еме Бартелеми Семпоре претходно изјави за државната телевизија дека неколку касарни биле погодени од немири, не само во Уагадугу, туку и во други градови. Тој потоа негираше дека бунтовничките војници го држат претседателот Каборе во заробеништво, иако не било познато каде се наоѓа. Претседателот Каборе дојде на власт во 2015 година и беше реизбран во 2020 година врз основа на ветувањето дека негов приоритет ќе биде борбата против екстремистите. Каборе вчера воведе полициски час од 20.00 до 5.30 часот наутро. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-pretsedatelot-na-burkina-faso/feed/ 0
Алжир ја обвини Буркина Фасо дека користела црна магија пред нивниот дуел во квалификациите СП и повикаа егзорцист https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/alzir-ja-obvini-burkina-faso-deka-koristela-crna-magija-pred-nivniot-duel-vo-kvalifikaciite-sp-i-povikaa-egzorcist/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/alzir-ja-obvini-burkina-faso-deka-koristela-crna-magija-pred-nivniot-duel-vo-kvalifikaciite-sp-i-povikaa-egzorcist/#respond Wed, 17 Nov 2021 13:31:15 +0000 https://kurir.mk/?p=596597

Репрезентацијата на Алжир вчера ремизираше со селекцијата на Буркина Фасо во домашниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022 година. Средбата заврши нерешено 2:2. Алжир два пати водеше, гостите два пати го израмнуваа резултатот. Домаќините пред почетокот на натпреварот ги обвинија противниците дека користат црна магија на теренот. Алжирците повикале егзорцист за да ја прекинат наводната магија. По шест кола во А-групата од Мундијалските квалификации, Алжир го зазема првото место со 14 бодови, Буркина Фасо е на второто место со 12 бодови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/alzir-ja-obvini-burkina-faso-deka-koristela-crna-magija-pred-nivniot-duel-vo-kvalifikaciite-sp-i-povikaa-egzorcist/feed/ 0