бушава азбука – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Jun 2022 06:16:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png бушава азбука – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Промоција на книгата за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-za-deca-bushava-azbuka-od-goran-stefanovski-i-dushan-petrichikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-za-deca-bushava-azbuka-od-goran-stefanovski-i-dushan-petrichikj/#respond Wed, 08 Jun 2022 06:16:48 +0000 https://kurir.mk/?p=688092

Во издание на издавачката куќа „Чудна Шума“ денеска ќе биде промовирана култната книга за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ. – Поминаа повеќе од 35 години откако беше создадена култната ТВ-серија за деца, а по неа и сликовницата „Бушава азбука“ на Горан Стефановски, со илустрации на Душан Петричиќ. Со „бушавите букви“ растеа генерации и генерации, учејќи го македонскиот јазик и скапоцените подзаборавени, архаични зборчиња кои се одраз на неповторливата македонска книжевност, култура и традиција, информираат од Културно-Информативниот Центар – Скопје. Промотор ќе биде книжевната критичарка и теоретичарка Александра Јуруковска, модератор на настанот Билјана Црвенковска, а делови од книгата ќе чита актерката Тина Трпкоска. Горан Стефановски е роден на 27 април 1952 година во Битола. Завршил студии по англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Студирал и драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград. Од 1978-1986 е асистент по англиска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје (работа на полето на англиските студии со посебен акцент на Шекспир и англиската драма). Од 1986-1998 е редовен професор по драматургија на Факултетот за драмски уметност во Скопје (работа на полето на креативното пишување и студии на драмските теории и модели). Во литературата дебитира пред триесетина години со ТВ- играта „Клинч“ (1974). Оттогаш па се до нашиве дни се пројавува како плоден и атрактивен автор, главно во драмската уметност, врзувајќи и го своето и националното име за престижни и високи домашни и интернационални награди и признанија. Во орбитата на сеопштиот интерес се пробива со драмата „Диво месо“. Горан Стефановски е изведуван на сите македонски сцени. Почина на 27 ноември 2018 година. Душан Петричиќ е српски илустратор и карикатурист. Има илустрирано бројни книги за деца, а неговите карикатури се појавуваат во реномирани магазини и дневни весници, од „Политика“ до „Њујорк тајмс”. По завршувањето на студиите на Академијата за применета уметност работи како карикатурист во „Вечерње новости” , а потоа се сели во Канада, од каде што работи со реномирани весници како што се „Њујорк тајмс”, „Вол стрит џорнал“ и „Торонто стар “. Од 2009 година почнува да подготвува карикатури за неделното издание на „Политика”, а во 2013 година се враќа во Белград. За неговите илустрации за деца, ја има добиено престижната награда – Почесен сертификат на IBBY (International Board of Books for Young People), како и Alberta Book Award и The Longitude Prize, наградата Levstik во Словенија и многу други.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-za-deca-bushava-azbuka-od-goran-stefanovski-i-dushan-petrichikj/feed/ 0
Заев ја прогласи „Бушава азбука“ за иредентистичка детска емисија (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ja-proglasi-bushava-azbuka-za-iredentistichka-detska-emisija-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ja-proglasi-bushava-azbuka-za-iredentistichka-detska-emisija-video/#respond Sun, 24 Jun 2018 16:53:05 +0000 https://kurir.mk/?p=69245

Договорот кој го потпиша Заев за преименување на Република Македонија подразбира бришење на сите топоними од македонските учебници, патокази и останати документи. Грчките географски поими ќе мора да ги користиме онака како што ги нарекува јужниот сосед. Откажувањето од топонимите е бришење на дел од културата и историјата на еден народ. Македонија ќе биде единствена која се откажува од своите егзоними. Зоран Заев го преименува Солун во Тесалоники, Воден во Едеса, Костур во Касториа, Сер во Серес, Кукуш во Килкис, а Кутлеш во Вергина. Со овој договор се брише културното наследство на Македонија што е нераскинлив дел од нашиот идентитет. Генерации деца, а сега веќе возрасни кои ја учеа азбуката, јазикот. културата и традицијата преку „Бушава азбука“, сега Заев ќе ги убедува дека биле индоктринирани со иредентистички идеи. „Бушава азбука“ меѓу другото ги запознаваше децата со дијалектите на македонскиот јазик, меѓу кои се наоѓаат и дијалектите кои ги зборуваат Македонците од Егејска Македонија. Така во Бушава азбука можеше да се види како се изговараат зборови во Ениџе-вардарско, Мегленско, Костур, Воден, Тремно, Црнешево и сите останати места во егејскиот дел. Според договорот кој го потпишаа Заев и СДСМ, Македонија се откажа од Македонците во егејскиот дел, а со тоа и од нивниот говор и истиот повеќе нема да може да се кажува дека е дел од македонскиот јазик. Поради тоа што тие говори постоеја во „Бушава азбука“ сега повеќе нема да смее да се прикажуваат на телевизија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ja-proglasi-bushava-azbuka-za-iredentistichka-detska-emisija-video/feed/ 0