Цакај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Mar 2020 16:48:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Цакај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Цакај: Извештајот на ЕК потврда за достигнувањата на албанската Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cakaj-izveshtajot-na-ek-potvrda-za-dostignuvanjata-na-albanskata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cakaj-izveshtajot-na-ek-potvrda-za-dostignuvanjata-na-albanskata-vlada/#respond Mon, 02 Mar 2020 16:48:51 +0000 https://kurir.mk/?p=311117

Овластениот албански министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај во реакција на Фејсбук за позитивната препорака на Европската комисија за отворање преговори на Албанија и Северна Македонија оценува дека станува збор за потврда за достигнувањата на Владата. -Во извештајот на Комисијата, уште еднаш се препорачува итно и безусловно отворање преговорите за членство на Албанија во Европската унија, напиша Цакај. Најавува дека веднаш ќе се започне со политичка и дипломатска комуникациска кампања со земјите – членки за да се убедат во потребата од отворање пристапни преговори со Албанија. Цакај, исто така, ја изразува целосната посветеност на Владата за темелни реформи преземени во правецот на Европската унија. Европската Комисија претпладнето ги објави и официјално двата извештаја за реформскиот напредок на Северна Македонија и Албанија, наменети за земјите членки на Унијата да донесат одлука на крајот на овој месец за почеток на преговорите. Пролетниот самит на ЕУ е закажан за крајот на март, кога се очекува преговорите со Скопје и Тирана да бидат ставени на дневен ред. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cakaj-izveshtajot-na-ek-potvrda-za-dostignuvanjata-na-albanskata-vlada/feed/ 0