„Цар Борис Трети” – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Mar 2023 14:51:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Цар Борис Трети” – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лога го потпиша решението за неусогласеност на името на Здружението ,,Цар Борис III “ Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-go-potpisha-reshenieto-za-neusoglasenost-na-imeto-na-zdruzhenieto-tsar-boris-iii-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-go-potpisha-reshenieto-za-neusoglasenost-na-imeto-na-zdruzhenieto-tsar-boris-iii-ohrid/#respond Thu, 30 Mar 2023 14:51:17 +0000 https://kurir.mk/?p=818205

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението за неусогласеност врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности за употреба на името Цар Борис III во називот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари Цар Борис III Охрид. -Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека евентуалното именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество. Во образложението, Комисијата наведува дека тој е одговорен за злосторства извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, при што се ликвидирани стотици граѓани. Посебно е потенцирано мислењето дека неговата соработка и сојузништво со Третиот рахј и нагласената антисемитска политика се најдирекно одговорни и за депортацијата и екстерминацијата на илјадници Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка, се наведува во соопштението. Министерството за правда постапува согласно одредбите од Законот за здруженија и фондации притоа земајќи го предвид и мислењето на Комисијата за имиња на личности. Решението ќе се достави до централен регистар за понатамошно постапување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-go-potpisha-reshenieto-za-neusoglasenost-na-imeto-na-zdruzhenieto-tsar-boris-iii-ohrid/feed/ 0
Вечерва повторно искршени прозорците на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecherva-povtorno-iskrsheni-prozorcite-na-bugarskiot-klub-car-boris-treti-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecherva-povtorno-iskrsheni-prozorcite-na-bugarskiot-klub-car-boris-treti-vo-ohrid/#respond Wed, 23 Nov 2022 21:32:53 +0000 https://kurir.mk/?p=765620

Вечерва повторно е оштетено стаклото на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Според него, вечерва во 19 часот и 12 минути во СВР Охрид било пријавено оштетување на стакло на канцеларијата на здружението „Цар Борис Трети“, лоцирана на булеварот „Македонски Просветители“ во трговскиот центар Амам во Охрид. – Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот при што е утврдено дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје, изјави Димоски за МИА. За настанот бил известен јавен обвинител од ОЈО Охрид, по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на настанот. Пред само два дена со камен беше оштетено стаклото и дел од светлечката реклама на бугарскиот клуб „Цар Борис трети“, кој беше отворен минатиот месец во Охрид. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecherva-povtorno-iskrsheni-prozorcite-na-bugarskiot-klub-car-boris-treti-vo-ohrid/feed/ 0
ВИДЕО: Бугарските медиуми објавија снимка од нападот врз бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-bugarskite-mediumi-objavija-snimka-od-napadot-vrz-bugarskiot-klub-car-boris-treti-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-bugarskite-mediumi-objavija-snimka-od-napadot-vrz-bugarskiot-klub-car-boris-treti-vo-ohrid/#respond Tue, 22 Nov 2022 10:13:07 +0000 https://kurir.mk/?p=764644

Бугарската телевизија „БТВ“ утрово објави видео од нападот врз бугарскиот културен центар „Цар Борис Трети“ во Охрид. На видеото може да се забележат три лица како го гаѓаат клубот со тврди предмети, најверојатно камења. Дел од нив имаат и маски на лицето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-bugarskite-mediumi-objavija-snimka-od-napadot-vrz-bugarskiot-klub-car-boris-treti-vo-ohrid/feed/ 0
Лицето кое ја оштети таблата на бугарскиот клуб во Охрид сам се пријавил во полиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liceto-koe-ja-oshteti-tablata-na-bugarskiot-klub-vo-ohrid-sam-se-prijavil-vo-policija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liceto-koe-ja-oshteti-tablata-na-bugarskiot-klub-vo-ohrid-sam-se-prijavil-vo-policija/#respond Thu, 13 Oct 2022 10:19:55 +0000 https://kurir.mk/?p=744702

Лицето кое вчера ја oштети таблата на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети" во Охрид и е познато на полицијата од самиот почеток затоа што тој самиот се пријавил откако го извршил делото,  велат извори од истрагата за МКД.мк  Изворот за МКД.мк вели дека сторителот на делото е маж кој со земјоделска алатка ја скршил таблата и веднаш потоа отишол во полициската станица во Охрид и сам се пријавил. МВР се уште нема излезено со официјално соопштение за овој настан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liceto-koe-ja-oshteti-tablata-na-bugarskiot-klub-vo-ohrid-sam-se-prijavil-vo-policija/feed/ 0
Оштетен дел од таблата на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/oshteten-del-od-tablata-na-bugarskiot-kulturen-klub-car-boris-treti-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/oshteten-del-od-tablata-na-bugarskiot-kulturen-klub-car-boris-treti-vo-ohrid/#respond Wed, 12 Oct 2022 12:01:15 +0000 https://kurir.mk/?p=744254

Оштетен е дел од таблата на која е испишано името на ново отворениот бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. – Околу 12 часот и 45 минути во СВР Охрид пријавено е оштетување на дел од таблата поставен над просторијата во која е сместен бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“. Екипи на СВР Охрид во моментот вршат увид на местото на настанот и се работи на расветлување на случајот, изјави Димоски за МИА. Бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид беше отворен пред пет дена, а на денот на отворањето пред просториите се одржа протест организиран од политичката партија Левица, а поддржан од ВМРО – ДПМНЕ. Револтираните граѓани го изразија своето незадоволство против, според дел од нив, името на клубот. – Провокативно е името, немаме против отворањето на клубот. Секој има право да каже како се чувствува, но името е провокативно, рекоа граѓаните на протестот. Претседателот на здружението „Цар Борис Трети“ Томе Блажевски, тогаш изјави дека Здружението било отворено пред една година запазувајќи ги сите законски процедури во државата. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/oshteten-del-od-tablata-na-bugarskiot-kulturen-klub-car-boris-treti-vo-ohrid/feed/ 0
Борис Трети и Црпко Втори https://arhiva.kurir.mk/kolumni/boris-treti-i-crpko-vtori/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/boris-treti-i-crpko-vtori/#respond Mon, 10 Oct 2022 09:21:10 +0000 https://kurir.mk/?p=743438

Поради наездата на петтоколонаши, веќе шестта година Македонецот се буди со мислата „до кога бре вака?“ Стотици денови во низа станувате со дилемата до кога секој нов Божји ден ќе биде нов срам? А ќе биде, исто како што знаете дека сонцето и утре ќе изгрее. До кога понижувањето и изживувањето врз македонштината ќе биде замена за „добар ден“? Одговорот е толку едноставен. Се’ додека не’ водат црпнати политичари, ќе биде така. И уште полошо... Да не заборавиме, претходниот беше црпнат од нива, а сегашниот од министерство за финансии. И афирмираноста била иста во моментот на црпнување. Колку што Црпко Први го знаеле и познавале кога го црпнале од нивата, толку и неговиот престолонаследник Црпко Втори го знаеја кога дојде од финансии. Ок, муртинскиот Црпко можеби и го знаеле повеќемина, оти многу пипер по Југославија продавал. Она, кога учел како да продава ајварки скапани во средина на вреќата, за да потоа со песна нескриено и со елан продава национални одредници и светии. Бидејќи, секоја нова недела владеење се покажува дека Црпко Втори на секое поле може уште полошо од монархот кој го насади во партија и премиерската фотелја. Да, гарант ќе испадне и дека Таче Црпков имал 5 први девојки. Муртинхаузен имаше само три. Несомнено знае и повеќе јазици од муртинскиот полиглот... Сакате да се кладиме дека и за новоцрпнатиот/новонасадениот политикант рибата смрди од опашката? Да не заборавиме, Црпко Втори ги погази дури и „црвените линии“ во оносите со Бугарија, кои неговиот претходник ги потпиша и со кои се согласи во собранието. Оти, мисирката секогаш може подобро од зајакот. Стара македонска поговорка... И додека Стево Стокиќ прави журки по Вила Водно со Нивес Целзиус, која ни ја поганеше гардата, правејќи ја претседателската резденција стриптиз клуб за сексуално исфрустрирани северни дилајли, Црпко Втори се криеше уплашен од ефектот на Борис Трети. Да, оној фашистичкиот поданик возљубен во ликот и делото на Адолф Хитлер, Царот кој владеел со Бугарија додека 7.199 македонски Евреи беа депортирани во Треблинка, кога ги убиваа децата во Ваташа, во времето кога и ја сечеа главата на Дуња, го егзекутираа Мучето и илјадници други разбудени Македонци... Царот кој го носи името на „културниот“ клуб отворен во Охрид, балканскиот Ерусалим, клупско другарче на Ванчо Михајлов из Битољ, претходник на клубот „Цар Фердинанд“. Кој е следниот македоноубиец кој ќе краси име на клуб во Македонија? Северни перверзии пуштени на најјако. Се прашувате, до каде можат да одат одродените северни дилајли? Одамна не, нели? Знаете дека немаат трунка осет и срам, ни трошка чувство за Македонија и Македонците, ни грам чест и достоинство. Ќе одат најдолу што можат. Не небото, за нив земјиното јадро е граница. И што ќе направи Македонецот? Ќе ги земе, конечно, работите во свои раце? Ќе излезе од апатијата и рамнодушноста? Јок. Ќе рече „Бог да чува од Црпко Трети!“ А и тој, каде и да е ќе си дојде, додека Црпко Втори ќе се упати кон грчката хациенда на Црпко Први, за награда и починок. Среде светска криза сега национални прашања да оправаме ли? Нема шанси, та нели Македонија е вечна, а ние пиреј... А кубурот? Па тој е за црни денови, нели...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/boris-treti-i-crpko-vtori/feed/ 0
Во Охрид денеска треба да биде отворен бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“, реакции во јавноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ohrid-deneska-treba-da-bide-otvoren-bugarskiot-kulturen-klub-car-boris-treti-reakcii-vo-javnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ohrid-deneska-treba-da-bide-otvoren-bugarskiot-kulturen-klub-car-boris-treti-reakcii-vo-javnosta/#respond Fri, 07 Oct 2022 09:15:51 +0000 https://kurir.mk/?p=742292

Во Охрид денеска е најавено дека ќе биде отворен културниот клуб „Цар Борис Трети“. Клубот, според најавите, треба да биде отворен во 12 часот. Отворањето на клубот предизвика реакции во јавноста, а за денеска политичката партија Левица најави протест со почетокт во 11.30 часот. И лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски вчера повика „масовно да се излезе на протест“, но тој да биде мирен, демократски и без инциденти за, како што рече, „да не им се даде алиби на тие коишто се причината денес Македонија да биде во оваа ситуација“. – Протестот е демократско право и треба да се протестира, но повикувам тој да биде мирен за да не дозволиме повторно да печалат на ваквите настани оние кои ја втурнаа Македонија во оваа ситуација, тоа е коалицијата СДСМ и ДУИ. Повикувам масовно граѓаните да излезат и да го поддржат протестот, но истовремено апелирам тој протест да биде мирен и демократски и да не дозволиме каков било инцидент да ја дефокусира јавноста од реалните проблеми, а тоа се инфлацијата, криминалот, корупцијата, енергетската, финансиската криза и уште многу други проблеми со кои Македонија денес се соочува, изјави Мицкоски. Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи вчера на Фејсбук објави дека нивната пратеничка група денеска до Собранието ќе поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за здруженија и фондации. Реакции денеска има и од Социјалистичката партија на Македонија, според која, отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид е „продолжување на омаловажувањето и понижувањето на македонскиот народ и на граѓаните со согласност и дозвола на власта“. Министерството за надворешни работи вчера ги повика граѓаните кои ќе излезат на протест да го изразат своето незадоволство достоинствено и мирно и да се воздржат од обиди за злоупотреба на своите права и слободи, особено да избегнуваат употреба на провокации и негирање на правата и слободите на другите. – Северна Македонија, како демократска земја во која слободите и правата на човекот и граѓанинот се издигнати на ниво на темелна вредност на Уставот и државноста, ќе продолжи да го заштитува правото на сите граѓани и заедници да го изразуваат, негуваат и развиваат својот етнички, културен, јазичен и верски идентитет, како и слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, наведува МНР. Пред три дена се конституираше советодавното тело што треба да дава мислење околу карактерот на историските личности кои треба да бидат составен дел од името на некое здружение или фондација, со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни епохи. Претходно, министерот за правда Никола Тупанчевски на прашањето дали ќе се дозволи да се отвори клубот во Охрид без став од советодавното тело, рече дека најавите се такви, но како Министерство немаат никакви ингеренции, бидејќи тоа е владина комисија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ohrid-deneska-treba-da-bide-otvoren-bugarskiot-kulturen-klub-car-boris-treti-reakcii-vo-javnosta/feed/ 0
ОЈО Охрид оформи предмет за евентуални пропусти при регистрацијата на Здружението „Цар Борис Трети“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-ohrid-oformi-predmet-za-eventualni-propusti-pri-registracijata-na-zdruzenieto-car-boris-treti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-ohrid-oformi-predmet-za-eventualni-propusti-pri-registracijata-na-zdruzenieto-car-boris-treti/#respond Tue, 16 Aug 2022 12:10:13 +0000 https://kurir.mk/?p=719308

Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ – Охрид. Како што информираат од Јавното обвинителство, издадена е наредба до Централниот регистар за обезбедување на целокупната документација поврзана со регистрацијата на наведеното здружение. Од мај годинава, по поднесена кривична пријава од една политичка партија, исто така, оформен е предмет и во Основното јавно обвинителство Битола кој се однесува на регистрацијата и функционирањето на Културниот центар „Иван (Ванчо) Михајлов“. Постапувајќи по пријавата, надлежниот јавен обвинител издаде наредби за обезбедување докази до СВР Битола, како и барања за податоци од Централниот регистар и Министерството за правда.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-ohrid-oformi-predmet-za-eventualni-propusti-pri-registracijata-na-zdruzenieto-car-boris-treti/feed/ 0
Министерство за правда: Немаме добиено барање за позитивно мислење за регистрација на здружението „Цар Борис Трети” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-pravda-nemame-dobieno-baranje-za-pozitivno-mislenje-za-registracija-na-zdruzenieto-car-boris-treti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-pravda-nemame-dobieno-baranje-za-pozitivno-mislenje-za-registracija-na-zdruzenieto-car-boris-treti/#respond Thu, 11 Aug 2022 11:41:36 +0000 https://kurir.mk/?p=717067

Министерството за правда денеска информира дека до него не е доставено барање за добивање позитивно мислење во постапката за регистрација на здружението „Цар Борис Трети”. Соопштението на Министерството следи по негативната реакција на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, кои соопштија дека се згрозени и навредени од регистрацијата на здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид и од „леснотијата со која во нашата држава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза“. -Очигледно е дека зачестија регистрации на здруженија со бугарска самосвест кои носат називи на докажани соработници на нацистичка Германија. Тоа е свесна провокација и навреда за Еврејската заедница, навреда за македонската држава и за нејзините граѓани… или некој можеби мисли поинаку, дека на овој начин, со промоција и величање на фашизмот и нацизмот, се зајакнуваат добрососедските односи?!, се наведува во вчерашната реакција на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Тие посочуваат дека името на царот Борис Трети е поврзано со прогонот и уништувањето на Евреите од окупираните територии од страна на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна. -Да потсетиме, цар Борис Трети и Владата на Царска Бугарија се директни виновници за депортацијата на повеќе од 11.300 Евреи од окупираните територии во Македонија, Грција и Србија, од кои 7.144 се Евреи од Македонија, во центарот за убивање Треблика, во окупирана Полска. Цар Борис Трети на 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија „Eден цар, еден народ, една држава“ и е докажан заговорник за спроведување на т.н. „Конечно решение на еврејското прашање“. Ова е еклатантен пример на негирање и искривоколчување на холокаустот, на исмевање и навреда за Евреите, се додава во реакцијата. Борис Трети, чие цело име е Борис Клемент Роберт Марија Пиj Станислав Сакскобургготски, станува „Цар на Бугарите“ на 3 октомври 1918 по абдикацијата на неговиот татко Фердинанд, по поразот на Бугарија во Првата балканска војна. По водство на Борис Трети, кој во бугарската историографија е познат како „Царот обединител“, Бугарија се приклучува кон Тројниот пакт на нацистичка Германија, фашистичка Италија и милитаристичка Јапонија. Тој во април 1941 година дозволува германските сили од територијата на Бугарија да извршат агресија врз Кралството Југославија, по што за награда добива територии од распаднатата југословенска држава и Грција, вклучително и голем дел од денешна Македонија. Умира неочекувано на 28 август 1943 година, набрзо по неговата посетата на Хитлер. Него на престолот го наследува син му Симеон Втори, кој останува на чело на бугарската држава до септември 1946 година, а од јули 2001 до август 2005 година беше премиер на Бугарија, под името Симеон Сакскобургготски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-pravda-nemame-dobieno-baranje-za-pozitivno-mislenje-za-registracija-na-zdruzenieto-car-boris-treti/feed/ 0