цар самоил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 02 Apr 2022 09:30:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png цар самоил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачки: Каков е тој напредок за кој слават бугарските историчари? Од бугарската комисија тврдат дека за Цар Самоил е завршена работа, Ковачевски молчи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-kakov-e-toj-napredok-za-koj-slavat-bugarskite-istorichari-od-bugarskata-komisija-tvrdat-deka-za-car-samoil-e-zavrshena-rabota-kovachevski-molchi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-kakov-e-toj-napredok-za-koj-slavat-bugarskite-istorichari-od-bugarskata-komisija-tvrdat-deka-za-car-samoil-e-zavrshena-rabota-kovachevski-molchi/#respond Sat, 02 Apr 2022 09:30:16 +0000 https://kurir.mk/?p=657301

Каков е тој напредок за кој слават бугарските историчари? Од бугарската комисија тврдат дека за Цар Самоил е завршена работа, а Ковачевски молчи. Што точно е прифатено, и кој е договорот за Цар Самоил? Дали тоа е причината на радоста во Софија, а за молкот во Македонија? Ковачевски и Османи преговараат без да ја запознаат опозицијата, Собранието и јавноста. Владата води преговори кои може да задираат во македонскиот идентитет, јазик и историја зад целосно затворени врати, изјави на денешната прес конференција, Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека јавноста се информира за преговорите од бугарските политичари и историчари и нивните изјави во медиумите и дека Бугарите си ги информираат своите граѓани, а македонската страна молчи. - Доколку Ковачевски е искрен кон народот и кон државата, тогаш ќе побара веднаш писмени гаранции за македонскиот идентитет, историја и јазик и од Бугарија и од ЕУ. Водење на преговорите на ист начин како и до сега, само ќе ги потврди сомнежите дека Ковачевски и Османи тргуваат со македонските национални интереси. Токму затоа Ковачевски да ја информира јавноста што до сега се преговарало и договорило, а Османи да го стори тоа пред пратениците, дециден е Ковачки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-kakov-e-toj-napredok-za-koj-slavat-bugarskite-istorichari-od-bugarskata-komisija-tvrdat-deka-za-car-samoil-e-zavrshena-rabota-kovachevski-molchi/feed/ 0
Македонија и Бугарија договорија заедничко чествување на Цар Самоил, разговорите на историската комисија продолжуваат во Софија во мај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-bugarija-dogovorija-zaednichko-chestvuvanje-na-car-samoil-razgovorite-na-istoriskata-komisija-prodolzuvaat-vo-sofija-vo-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-bugarija-dogovorija-zaednichko-chestvuvanje-na-car-samoil-razgovorite-na-istoriskata-komisija-prodolzuvaat-vo-sofija-vo-maj/#respond Sat, 02 Apr 2022 07:04:33 +0000 https://kurir.mk/?p=657223

Позитивна атмосфера, со отворен дијалог и размена на ставови по однос на позициите и интерпретациите на минатото за ХI и XII век, е заклучокот од 18-та средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, што се одржа вчера и завчера во Скопје. Ова беше втора од предвидените пет средби на македонско-бугарската Заедничка комисија за историски и образовни прашања за годинава. На дневен ред беа забелешките дадени од бугарската страна за средновековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, откако беа разгледани македонските забелешки за бугарските учебници за шесто одделение. Претходно, бугарските членови на Комисијата изјавија дека темата за Цар Самоил е завршена работа и оти е договорено негово заедничко чествување, а за Гоце Делчев ќе се дискутира во друга прилика. Од друга страна, членот на македонскиот дел на Комисијата, Петар Тодоров синоќа изјави дека Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања може да даде свое експертско мислење за одредени теми поврзани со историското образование во двете држави и одредени препораки, но не и да решава политички проблеми. Тодоров нагласи дека последниот состанок што изминатите два дена се одржа во Скопје и претходниот во февруари во Софија, се одвивале во конструктивна атмосфера. Во однос на дискусијата за Цар Самоил, тој додаде дека таа дискусија е завршена во 2019 година, со договор за заедничко чествување. Копретседавачот од македонска страна во заедничката македонско-бугарска Комисија, Драги Ѓоргиев во вторникот за МИА, исто така, ја оцени работата како позитивна и додаде дека ако продолжи така ќе дојде до приближување на ставовите. Бугарскиот премиер Кирил Петков останува на ставот дека во најскоро време заедничката историска комисија ќе излезе со резултати. – Се радувам, на тоа кога од двете страни има дух да работиме заедно, се постигнуваат успеси, рече Петков. Според најавите, во текот на 2022 година би требало да се одржат пет средби на Комисијата. Досега Историската комисијата има дадено препораки до владите во Скопје и Софија за заедничко чествување на пет личности – Цар Самоил, браќата Кирил и Методиј и Свети Климент и Свети Наум Охридски. Наредната средба ќе биде одржана во Софија на 12 и 13 мај 2022 година. Првата средба за оваа година се одржа на 25 јануари во Софија, со која и почна имплементирањето на новиот пристап кои го зацртаа Ковачевски и Петков во обидите да се реши спорот меѓу двете земји. Се формираа четири работните групи – за економија, трговија и иновации, за инфраструктура, транспорт и поврзување, за европска интеграција и зелени политики и за култура, наука и образование, кои имаат интензивни состаноци, а петтата група, всушност е историската Комисија, која продолжи со својата и работа и се обидува да го следи забрзаното темпо на останатите работни групи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-bugarija-dogovorija-zaednichko-chestvuvanje-na-car-samoil-razgovorite-na-istoriskata-komisija-prodolzuvaat-vo-sofija-vo-maj/feed/ 0
„ДОЈДЕ ЖИВОТ“: Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, а треба да се усогласат датумите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-zivot-skopje-i-sofija-zaedno-kje-gi-slavat-sv-kiril-i-metodij-i-car-samuil-a-treba-da-se-usoglasat-datumite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-zivot-skopje-i-sofija-zaedno-kje-gi-slavat-sv-kiril-i-metodij-i-car-samuil-a-treba-da-se-usoglasat-datumite/#respond Wed, 10 Jul 2019 08:25:39 +0000 https://kurir.mk/?p=216954

Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил, откако вчера на владина седница беше усвоена информацијата за првиот состанок на меѓувладината комисија меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, основана врз основа на член 12 од Договорот за добрососедсвтво, одржан во Софија на 10 јуни годинава. Како што соопштија од владинбата прес-служба, сугестијата за заедничкото чествување на овие личности од нашата заедничка историја е предложена во Годишниот извештај на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, кој двете влади го разгледале и прифатиле. - Двете страни се согласуваат да го промовираат договореното и во најкус можен рок да ги усогласат датумите и заедничките одбележувања. При секое официјално чествување на овие личности потребно е историската вистина за нашата заедничка историја јасно да се одбележува. Се прифаќаат заедничките принципи и забелешки за содржината на учебниците за петто одделение во Република Бугарија и за шесто одделение во Република Северна Македонија (Праисторија и Античка историја). Се поддржува предлогот на Комисијата за разгледување на наставниот материјал во учебниците за шесто одделение во Република Бугарија и за седмо одделение во Република Северна Македонија (Среден век) до крајот на 2019 година, наведува Владата. Воедно, се бара од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања решително да ја забрза својата активност за значајни теми од нашата заедничка историја посочувајќи при тоа на Гоце Делчев, Илинденското востание и други прашања и да настојува да се постигнат реални резултати до крајот на 2019 година, во однос на содржината на учебниците. Прифатено е во својата работа Комисијата строго да се придржува кон одредбите од чл. 8, т. 2 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, која нагласува дека е неопходен „придонес за објективно, засновано на автентични и засновани историски извори за научно толкување на историските настани". Премиерот Зоран Заев на бугарскиот колега Бојко Борисов на средбата во Познањ за време на самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес му упати покана да ја одбележат втората годишнина од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка склучен меѓу двете земји на 1 август 2017 година со заедничко поклонување пред споменикот на Гоце Делчев. Се очекува во текот на месец октомври двете земји заеднички да ја одбележат на највисоко ниво и 1005-годишнината од смртта на Цар Самуил. Заев и Борисов за време на разговорите изразија мислење дека тоа ќе биде доказ за ефективното исполнување на обврските преземени од двете влади со Протоколот од 10 јуни, потпишан за време на првиот состанок на Меѓувладината комисија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-zivot-skopje-i-sofija-zaedno-kje-gi-slavat-sv-kiril-i-metodij-i-car-samuil-a-treba-da-se-usoglasat-datumite/feed/ 0
Македонија прифати дека Самоил е бугарски цар, а Наум и Климент хиротонисани од бугарска црква https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-prifati-deka-samoil-e-bugarski-car-a-naum-i-kliment-hirotonisani-od-bugarska-crkva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-prifati-deka-samoil-e-bugarski-car-a-naum-i-kliment-hirotonisani-od-bugarska-crkva/#respond Wed, 12 Jun 2019 11:34:16 +0000 https://kurir.mk/?p=208364

Иван Илчев, член на комисијата за историја од Бугарија нагласува дека работата на заедничката комисија со Македонија е дојдена до критична фаза поради ликот и делото на Гоце Делчев. Тој нагласува дека голем успех е што македонската страна признала оти Цар Самуил е дел од бугарската држава и оти е постигнато согласност дека Св, Климент и Св. Наум се испратени од бугарската држава и се хиротонисани во рамки на бугарската црква. Тоа порано беше апсолутна ерес порано. Се постигна согланост дека се неопходни промени но какви ќе видиме подоцна-објасни Илчев за „Dnevnik.bg“. Тој жали што во договорот за пријателство со Бугарија нема инструмент со кои може да наложат одредени позиции. Но, Илчев е свесен дека од Берлин и Париз кои не ја разбираат ситуацијата нешто што ќе наложат тоа ќе мораат да го исполнат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-prifati-deka-samoil-e-bugarski-car-a-naum-i-kliment-hirotonisani-od-bugarska-crkva/feed/ 0
Според експертскиот тим по историја, Самоил нема големо значење во развој на културата но е извор на глупав и бизарен конфликт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-ekspertskiot-tim-po-istorija-samoil-nema-golemo-znachenje-vo-razvoj-na-kulturata-no-e-izvor-na-glupav-i-bizaren-konflikt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-ekspertskiot-tim-po-istorija-samoil-nema-golemo-znachenje-vo-razvoj-na-kulturata-no-e-izvor-na-glupav-i-bizaren-konflikt/#respond Fri, 22 Feb 2019 09:40:29 +0000 https://kurir.mk/?p=166784

Во централните вести на 1ТВ гостуваше еден од членовите на преговарачки тим, експертски тим, историчарот Петар Тодоров кој говореше за нивната работа при што се осврна на спорот во врска со цар Самоил, што според него овој спор бил банален, а неговото решение разумно. Тие прашања му звучеле како кога ќе влезете некаде и ве прашуваат чив си ти вујко или син. „Треба да бидеме озбилни во оваа работа Самоил припаѓа на историјата, не може Самоил да го национализираме или да му дадеме етнички карактер онаков како што ние денеска споделуваме. Поради тоа, многу е глупаво по мене да цар Самоил и различните толкувања за цар Самоил бидат пречка за развојот на добрите односи. Да мртвите луѓе пред 1.000 години да им пречат на денешните живи луѓе, прогрес на развој на нивните општества“ – нагласи Тодоров. Според Тодоров, Самоил припаѓа на татко му и мајка му, тие прашања чив е Самоил е како да влезете во лифт и ве прашаат чив си ти. „Самоил според мене е извор на еден глупав и бизарен конфликт. Да се расправаме за припадност на некој си цар кој живеел пред 1.000 години при што си нема некое големо значење во развојот на културата“ – рече Тодоров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-ekspertskiot-tim-po-istorija-samoil-nema-golemo-znachenje-vo-razvoj-na-kulturata-no-e-izvor-na-glupav-i-bizaren-konflikt/feed/ 0
Која била Билјана: Знаете ли за најголемата љубов на Цар Самоил? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koja-bila-biljana-znaete-li-za-najgolemata-ljubov-na-car-samoil/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koja-bila-biljana-znaete-li-za-najgolemata-ljubov-na-car-samoil/#respond Mon, 03 Dec 2018 14:50:16 +0000 https://kurir.mk/?p=135204

Дали и колку Охрид и Македонија, продавајќи приказни привлекуваат туристи? Дали знаете во кои Охридски цркви има мошти на светци? Како се прави ѓомлезе? Знаете ли која била Билјана што платно белела? Ова се само дел од приказните кои привлекуваат туристи и поради кои многумина би го одбрале Охрид како место кое сакаат да го посетат? Една од приказните која со воодушевување сакаат да ја слушаат туристите, а за жал ретко ја знаат и охриѓани е онаа за Билјана. Која била Билјана? Едно од тие преданија е она за огромната љубов меѓу цар Самоил и Билјана. За љубовта за преубавата Билјана постои многу интересна приказна која малкумина ја знаат. Имено царот Самоил имал тајна љубов со Билјана, девојка која заслепувала со својата убавина. Самоил кој бил многу вљубен во преубавата Билјана, тајно се среќавал покрај изворите. Откако сопругата на царот Агата, по потекло Гркиња, разбрала за оваа голема љубов испратила човек да ја убие, но девојката наместо да умре останала парализирана. Билјана не сакајќи во таква состојба да ја види царот, се засолнила во пештера на Галичица каде што му родила син на цар Самоил. Кога тој го открил местото каде што се засолнила Билјана и во каква состојба е таа, царот се расплакал. Преданието раскажува дека точките кои ги има охридската пастрмка се царевите солзи, кои капеле во езерото. Според легендата кога Самоил конечно открил каде е неговата најголема љубов таа веќе била крајно изнемоштена. Билјана починала во негови раце. Инаку за бистрата вода на Билјанините извори, македонскиот народ пропеал многу песни. Најпознатата е: Билјана платно белеше“ : “Билјана платно белеше на охридските извори Ми поминаа винари, винари белограѓани. Винари белограѓани, да не ми платно згазите, платното ми е даровно, за свекор и за свекрва. Билјано, моме убаво, ако ти платно згазиме со вино ќе го платиме, со вино лута ракија. Винари, белограѓани, не ви го сакам виното, тук ви го сакам момчето што напред тера карванот и носи кепче над око. Билјано моме убаво момчето ни е таксано за него вино носиме, вино и лута ракија.”   извор: скопје1.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koja-bila-biljana-znaete-li-za-najgolemata-ljubov-na-car-samoil/feed/ 0
Охрид го бара споменикот на Цар Самоил: Заев е запознаен со барањето, се чека ревизија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ohrid-go-bara-spomenikot-na-car-samoil-zaev-e-zapoznaen-so-baranjeto-se-cheka-revizija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ohrid-go-bara-spomenikot-na-car-samoil-zaev-e-zapoznaen-so-baranjeto-se-cheka-revizija/#respond Thu, 24 May 2018 17:22:17 +0000 https://kurir.mk/?p=58085

Општина Охрид сака дел од спомениците од „Скопје 2014“ да се префрлат во Охрид. Градоначалникот Јован Стојановски вели дека за почеток бараат да биде дислоциран споменикот на Цар Самоил, за кој вели дека местото му е во Охрид. Но, ќе почекаат да заврши целата ревизија на проектот која ја води комисија во рамките на Министерството за култура. -Нашиот став е дека местото на Цар Самоил е во Охрид и затоа имаме намера во понатамошниот дел, до завршувањето на ревизијата, да побараме тој споменик да биде дислоциран во Охрид. Да почекаме и очекуваме во скоро време позитивен исход, рече Стојановски. Стојановски вели дека досега имале разговори и со премиерот и со Министерството за култура по однос на ова прашање. Вели дека размислуваат и за можна локација каде споменикот би бил поставен. Неодамна и од здружението Богојавление од Охрид испратиле барање до локалната самоуправа да се заложи споменикот на Христо Узунов кој исто така е дел од проектот „Скопје 2014“ да биде донесен во Охрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ohrid-go-bara-spomenikot-na-car-samoil-zaev-e-zapoznaen-so-baranjeto-se-cheka-revizija/feed/ 0