ЦАР – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Oct 2019 10:15:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЦАР – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО+ВИДЕО: Јапонскиот цар Нарухито го презеде Престолот на хризантемите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-japonskiot-car-naruhito-go-prezede-prestolot-na-hrizantemite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-japonskiot-car-naruhito-go-prezede-prestolot-na-hrizantemite/#respond Tue, 22 Oct 2019 08:48:36 +0000 https://kurir.mk/?p=254734

Јапонскиот цар Нарухито официјално го презеде Престолот на хризантемите на церемонијата одржана во царската палата. Церемонијата на устоличување на Нарухито како 126. цар во најстарата светска монархија претставува врв на ритуалното предавање на престолот откако неговиот татко Акихито абдицира во мај. Околу 2.000 гости, помеѓу кои и странски државници присуствуваа на церемонијата. Царот Нарухито и неговата сопруга Масако, поранешна дипломатка, школувана на Харвард, посетија три светилишта во палатата за да им се поклонат на шинтоистичките богови. Во чест на крунисувањето, јапонската Влада прогласи аболиција на околу 550.000 луѓе осудени за помали кривични и прекршочни дела. Престолот наречен Такамикура е 6,5 метри висока украсна структура. Престолот на хризантемите го добил името по цвеќето што се наоѓа на јапонскиот грб. Царот Нарухито (59) го презеде тронот на 1 мај од неговиот татко Нарухито го наследи својот татко, 85-годишниот Акихито, кој абдицираше од тронот поради својата возраст и нарушено здравје. Тој беше прв јапонски император кој абдицирал во последните 200 години. Јапонскиот цар Акихито и царицата Мичико драматично ја модернизираа монархијата и значително ја зголемија популарноста на династијата. Акихито ја прекина традицијата речиси во сè, од венчавка со својата љубов која не е благородничка, до извинување за јапонските воени злосторства. Јапонската Влада издвои околу 16,1 милијарди јени (148 милиони долари) за церемониите поврзани со наследување на тронот што ќе се одвиваат цела година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-japonskiot-car-naruhito-go-prezede-prestolot-na-hrizantemite/feed/ 0
УНИЦЕФ: Во ЦАР 1,5 милиони деца имаат потреба од хуманитарна помош https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unicef-vo-car-1-5-milioni-deca-imaat-potreba-od-humanitarna-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unicef-vo-car-1-5-milioni-deca-imaat-potreba-od-humanitarna-pomosh/#respond Fri, 30 Nov 2018 07:03:29 +0000 https://kurir.mk/?p=133983

Две од секои три деца во Централноафриканската република имаат потреба од хуманитарна помош. Илјадници од нив се наоѓаат во рацете на вооружени групи или се жртви на сексуално насилство, предупредува УНИЦЕФ. Околу 1,5 милиони деца имаат потреба од хуманитарна помош во таа земја, во која долги години се водат борби меѓу вооружени групи. – Кризата ја зафати една од најсиромашните и најслабо развиените земји во светот, но истовремено е и една од најопасните држави за хуманитарните работници, изјави претставничката на УНИЦЕФ за ЦАР, Кристин Мухигана. Според неа, „ситуацијата во која се наоѓаат децата во ЦАР е очајна“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unicef-vo-car-1-5-milioni-deca-imaat-potreba-od-humanitarna-pomosh/feed/ 0