цареви кули – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 06 Sep 2020 11:18:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png цареви кули – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стоилковски: „Цареви Кули“ да добие правна разрешница со судење за злоупотреба на службената положба на Заев! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-carevi-kuli-da-dobie-pravna-razreshnica-so-sudenje-za-zloupotreba-na-sluzbenata-polozba-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-carevi-kuli-da-dobie-pravna-razreshnica-so-sudenje-za-zloupotreba-na-sluzbenata-polozba-na-zaev/#respond Sun, 06 Sep 2020 11:18:13 +0000 https://kurir.mk/?p=399894

Власта се уште ги крие вистинските одговори за случајот „Мавровка“. Не се знае ниту како дојде до тоа неколку бетонски катови да бидат изградени среде Скопје, на неполн километар од објектот на Владата на Република Македонија, уште помалку од централниот плоштад и директно спроти судската палата? Она пак што Заев и Ахмети го кријат како змија нозе е како до вчера нарекуван „непознат“ и „мистериозен“ инвеститор одеднаш стана познат и тоа со документи во рака за легализација и со сметка за платени давачки, згора на тоа со издадени документи од Град Скопје на Петре Шилегов? И никој тоа не го демантираше, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски -Криминалната власт се обидува да го сокрие тоа што сите го знаат - дека има спрега, и дека зборовите влада на Заев и мафија се синоними и означуваат едно те исто. Зоран Заев е татко на криминално легализирање на дивоградби! Зоран Заев, е аболициран за случајот „Глобал“, објект, трговски центар во Струмица,афера тешка осум милиони евра, која што беше ДИВОГРАДБА, легализирана отпосле, на штета на неколкумина сопственици на земјиштето каде што е изградено! Наместо реконструкција на градскиот пазар во Струмица, изгради трговски центар на неколку спратови, а потоа истиот се легализираше! Зоран Заев е човекот кој што воведе пракса за криминално легализирање на дивоградби!  И не е само „Глобал“, јавно приватно партнерство за „Глобал“ со човек чиј што содружник во бизнисот му е кој друг ако не Вице Заев! Зоран Заев, е човекот кој што од позиција на градоначалник, има легализирано дивоградби во Струмица на нему добро познати лица! Над Струмица се протега импозантен комплекс наречен „Цареви Кули“, објект изграден многу покасно по истекот на рокот зададен во законот за легализација на дивоградбите. Законот за легализација беше прецизен, услов за нешто да биде предмет за легализација, беше да биде изградено заклучно со 3 март 2011 година. Но, сателитските снимки од 10 март 2011 година, цела недела по истекот на зададениот рок, покажуваат дека од комплексот нема ништо! На документот за легализација, почитувани, стои потписот на Зоран Заев, откри тој. Стоилковски посочи дека дивоградбата „Мавровка“ е исто како и дивоградбата „Цареви кули“. -Заев, менторот на нелегалната легализација на дивоградби, легализира дивоизграден хотелски комплекс од над 600 квадратни метри на државна парцела – пасиште од околу 1.000.000 метри квадратни - парцела колку што изнесува околу половина Струмица! И да нема изненадувања, на документите за сопственост на комплексот „Цареви Кули“, стои име на човек чија што фирма речиси редовно добивала тендери од општина Струмица раководена од Зоран Заев! И да е работата уште почиста, судот пред две години ја одби тужбата од сопственикот на „Цареви кули“ против медиумите кои што пишуваа за оваа нелегална приватизација, во насока дека документацијата го докажува делото! Е па почитувани, законот е јасен: Во познатиот член 353 од Кривичниот Законик, во третиот параграф е наведено „...со пречекорување или неисполнување на службената дејност, со што за себе или за друг ќе прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, ќе биде казнет со затвор од една до 10 години“. Доколку власта е сериозна за справувањето со дивоградбите, нека се почне со ред - согласно членот 353 од Кривичниот Законик, легализацијата на „Цареви Кули“ да добие правна разрешница со апсење и судење за злоупотреба на службената положба на тогашниот градоначалник Зоран Заев, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-carevi-kuli-da-dobie-pravna-razreshnica-so-sudenje-za-zloupotreba-na-sluzbenata-polozba-na-zaev/feed/ 0
Арсовски: Органите на прогон мора да го истражат потврдениот криминал од „Цареви кули“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-organite-na-progon-mora-da-go-istrazat-potvrdeniot-kriminal-od-carevi-kuli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-organite-na-progon-mora-da-go-istrazat-potvrdeniot-kriminal-od-carevi-kuli/#respond Fri, 31 Aug 2018 13:11:41 +0000 https://kurir.mk/?p=94733

Дали органите на прогонот конечно ќе се охрабрат и ќе отворат истрага за криминалите на Зоран Заев, прашува Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Судот конечно потврди дека Зоран Заев како градоначалник сторил криминал во аферата „Цареви кули”. Судот, со одбивање на тужбата за клевета потврди дека сторијата што ја објавија медиумите во 2016 година во која пишуваа дека Зоран Заев како градоначалник на Струмица нелегално го легализирал целиот комплекс „Цареви кули” е поткрепена со докази и аргументи и е целосно вистинита. Објектот „Цареви кули“ е изграден после предвидениот законски рок за легализација, а тоа е 1 март 2011 година,  додека пак објектот е легализиран со резервирано бројче од пред законскиот рок, со што е направено законско прекршување, па така објектот кој не бил ниту почнат на 1 март 2011 година, замислете не бил ни почнат да се гради, го заведува Зоран Заев како веќе изграден во општината и го легализира на 3 јули 2013 година после цели 2 години, вели Арсовски. Тој потсетува дека фотографиите кои ги објави медиумот „Република“ од дигиталната снимка на интернет апликацијата Гугл мапс јасно се гледа дека на 10 март  2011 година објектот воопшто не бил изграден. -Ова пресуда е најголем доказ кој треба да го охрабри Јавното обвинителство и го повикуваме да не се плаши, да се одважи да ја поведе постапката за овој случај за која е поднесена кривична пријава уште пред 2 години. Оваа пресуда покажува дека „едно евро за Вицето – едно за црквата” е секојдневна навика на Зоран Заев и оваа пресуда исто така покажува дека освен скандали, афери и криминал, Зоран Заев всушност и нема што друго да понуди на граѓаните. Тоа го видовме и сега откако е премиер преку аферите за превозот во РЕК, преку доделувањето дозволи за канабис на негови блиски, преку Криминалните иновации од Фондот за иновации, преку крвавите тендери од Министерството за здравство и преку многу други секојдневни примери што ги гледаме, а алудираат на огромен криминал кој што не се случил досега. Зоран Заев мора да одговара за криминалот кој го сторил додека бил градоначалник. Еднаш органите на прогонот кои се под негова команда го спасија, сега по втор пат потврдија и самите дека сторил криминал и кривично дело за кое мора да одговара по член 353 од Кривичниот законик односно злоупотреба на службена дејност. Ако не сега, ќе одговара кога ќе се ослободи судството од прангите на СДСМ и на Зоран Заев, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. Арсовски порача дека на крајот, граѓаните и Република Македонија ќе победат! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-organite-na-progon-mora-da-go-istrazat-potvrdeniot-kriminal-od-carevi-kuli/feed/ 0