царина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 10:38:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png царина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Долче и Габана“, „Версаче“ и „Ралф Лорен“ не влегоа во Македонија: Спречен обид за криумчарење на облека и обувки вредни 1,6 милиони денари (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dolche-i-gabana-versache-i-ralf-loren-ne-vlegoa-vo-makedonija-sprechen-obid-za-kriumcharene-na-obleka-i-obuvki-vredni-1-6-milioni-denari-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dolche-i-gabana-versache-i-ralf-loren-ne-vlegoa-vo-makedonija-sprechen-obid-za-kriumcharene-na-obleka-i-obuvki-vredni-1-6-milioni-denari-foto/#respond Fri, 03 Nov 2023 10:38:20 +0000 https://kurir.mk/?p=896116

Спречен обид за криумчарење на брендирана облека и обувки вредни 1,6 милиони денари денари од познати модни марки меѓу кои „Долче и Габана“, „Версаче“ „Мајкл Корс“ „Ралф Лoрен“ и „Најк“ во два посебни случаи на контроли на влез во државата на граничниот премин Табановце. Брендираната роба за која требало да се платат царински давачки во вкупен износ од 457.546 денари е одземена, а против возачите ќе биде поднесена кривична пријава. Облеката и обувките од познатите модни имиња меѓу кои и „Долче и Габана“ и „Версаче“ во вредност од околу 700 илјади денари се откриени од страна на царинските службеници и тоа во багажот на возач на автобус кој  сообраќал на редовна линија Дортмунд – Тетово. Кога царинските службеници ги прашале патниците и возачот дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, тие одговориле дека немаат ништо за пријавување. При контрола на автобусот и багажот, возачот рекол дека има две торби со стара гардероба кои ги земал како пратка, при чиј преглед се пронајдени брендираните производи со прикачени цени. Брендираните парчиња облека и обувки од марката „Најк“ во вредност од 921.341 денар се откриени од страна на мобилните тимови при Секторот за контрола и истраги при контрола на товарно моторно возило. Возилото е скенирано со мобилен скенер, при што со детална контрола во кабината на возачот на горниот и на долниот кревет, како и во просторот до возачот се пронајдени непријавените брендирани производи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dolche-i-gabana-versache-i-ralf-loren-ne-vlegoa-vo-makedonija-sprechen-obid-za-kriumcharene-na-obleka-i-obuvki-vredni-1-6-milioni-denari-foto/feed/ 0
Спречен обид за криумчарење моторцикли и друга стока која македонски увозник се обидел да ја внесе без да ја пријави (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sprechen-obid-za-kriumcharene-motortsikli-i-druga-stoka-koja-makedonski-uvoznik-se-obidel-da-ja-vnese-bez-da-ja-prijavi-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sprechen-obid-za-kriumcharene-motortsikli-i-druga-stoka-koja-makedonski-uvoznik-se-obidel-da-ja-vnese-bez-da-ja-prijavi-foto/#respond Mon, 02 Oct 2023 07:21:07 +0000 https://kurir.mk/?p=884021

Македонски увозник се обидел меѓу пријавена стока за царинење да криумчари стока во вкупна вредност од 473.632 денари. Меѓу непријавената стока се четири употребувани моторцикли со вредност од 392.285 денари, како и брусалка, бор машина, гуми за крос мотори, гуми со алуминиумски бандажи, метален сеф, пневматски пиштол, скара и котури гумени црева во вредност од 81.347 денари. Обидот за криумчарење е откриен од страна на царинските инспектори од мобилниот тим на Царинска управа при детална контрола на камионот кој се пријавил за увозно царинење на царинската испостава Тетово. Стоката не е декларирана во царинската увозна декларација, ниту е пријавена во приложената фактура од страна на увозникот. Непријавена стока е одземена, а против увозникот ќе биде поднесена пријава за кривично дело криумчарење согласно член 278 од кривичниот законик. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sprechen-obid-za-kriumcharene-motortsikli-i-druga-stoka-koja-makedonski-uvoznik-se-obidel-da-ja-vnese-bez-da-ja-prijavi-foto/feed/ 0
Спречен нелегален внес на опрема за детектирање на метал, воени шлемови, револвери – кубури… (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sprechen-nelegalen-vnes-na-oprema-za-detektirane-na-metal-voeni-shlemovi-revolveri-kuburi-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sprechen-nelegalen-vnes-na-oprema-za-detektirane-na-metal-voeni-shlemovi-revolveri-kuburi-foto/#respond Tue, 19 Sep 2023 07:42:52 +0000 https://kurir.mk/?p=879387

Опрема за пронаоѓање злато и други метали, но и војнички шлемови и стари револвери кубури – антиквитети, се запленети на влез на граничниот премин Табановце од страна на царински службеници при спроведена детална контрола на возило со украински регистарски таблички, управувано од украински државјанин. Во возилото во неколку торби и една кутија биле пронајдени три стандардни и еден мал детектор за метал, двоглед, седум војнички шлемови, мини стругалка, два стари револвери - кубури, една аукциска книга, лупа, мини дрон, како и препарирана глава од алигатор. Контролата на возилото е извршена поради основано сомневање во исказот на патникот, кој на прашање на царински службеници одговорил дека нема ништо за пријавување. Лицето и неговата сопруга патувале во две посебни возила и според нивните искази планирале подолго да се задржат во нашата држава. Стоката е привремено задржана, со што е спречена можноста за употреба на истата и вршење нелегални активности на територија на Република Македонија. Против лицето е поднесена пријава за сторен царински прекршок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sprechen-nelegalen-vnes-na-oprema-za-detektirane-na-metal-voeni-shlemovi-revolveri-kuburi-foto/feed/ 0
Запленети 15 илјади австралиски долари, откако македонски државјанин сакал да ги внесе во државава без да ги пријави https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapleneti-15-iljadi-avstraliski-dolari-otkako-makedonski-drzhavjanin-sakal-da-gi-vnese-vo-drzhavava-bez-da-gi-prijavi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapleneti-15-iljadi-avstraliski-dolari-otkako-makedonski-drzhavjanin-sakal-da-gi-vnese-vo-drzhavava-bez-da-gi-prijavi/#respond Fri, 01 Sep 2023 07:54:12 +0000 https://kurir.mk/?p=873328

Запленети се 15.050 австралиски долари, откако македонски државјанин на влез во државава на граничниот премин Ќафасан кај царинските службеници пријавил само две илјади долари, иако со себе носел поголема сума девизи, информираат од Царинската управа. Поради сомневање, царинските службеници пристапија кон личен претрес при што во рачната ташна му пронајдоа 10 илјади евра и 15.050 австралиски долари. Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 10 илјади евра, додека останатите се задржани и согласно регулативата ќе бидат предадени во Народна банка. Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок до надлежниот суд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapleneti-15-iljadi-avstraliski-dolari-otkako-makedonski-drzhavjanin-sakal-da-gi-vnese-vo-drzhavava-bez-da-gi-prijavi/feed/ 0
ФОТО: Запленети 300 парчиња филери, најголем дел за усни – Косовец се обидел да ги прошверцува преку Деве Баир https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-zapleneti-300-parchina-fileri-najgolem-del-za-usni-kosovets-se-obidel-da-gi-proshvertsuva-preku-deve-bair/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-zapleneti-300-parchina-fileri-najgolem-del-za-usni-kosovets-se-obidel-da-gi-proshvertsuva-preku-deve-bair/#respond Fri, 11 Aug 2023 08:06:56 +0000 https://kurir.mk/?p=865760

На граничниот премин Деве Баир царинските службеници спречија обид за криумчарење на 300 парчиња филери REVOLAX, во вредност од 9.000 евра. -Лицето, инаку косовски државјанин со иницијали А.Г., се обидел да влезе во државата без да ја пријави стоката. На прашањето од царинскиот службеник дали има нешто да пријави истиот одговорил дека нема што да пријави освен личен багаж. При рутинската контрола извршена од страна на царинските службеници во патничкиот куфер и позади задните седишта беа откриени 300 парчиња филери за лице, во најголем дел за усни, чија вредност согласно фактурата која е пронајдена во возилото изнесува 9.000 евра, информираат од Царина. Стоката и возилото се привремено задржани, а против лицето е поднесена соодветна кривична пријава за криумчарење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-zapleneti-300-parchina-fileri-najgolem-del-za-usni-kosovets-se-obidel-da-gi-proshvertsuva-preku-deve-bair/feed/ 0
ФОТО: Мајка се обидела да ја шверцува ќерка си во багажник, фатена на Меџитлија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-majka-se-obidela-da-ja-shvertsuva-kerka-si-vo-bagazhnik-fatena-na-medhitlija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-majka-se-obidela-da-ja-shvertsuva-kerka-si-vo-bagazhnik-fatena-na-medhitlija/#respond Thu, 10 Aug 2023 09:15:10 +0000 https://kurir.mk/?p=865380

Царински службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за нелегално пренесување на непријавено лице во државава, откако мајка од Јужноафриканска Република се обидела да ја пренесе својата ќерка во багажник на изнајмено возило со македонски регистарски таблички. -Имено во понеделникот, на 7 август, на влез во државава, на граничниот премин со Грција во Битола, се пријави државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Л.Р. (57), како возач на изнајмениот автомобил. На прашање на царинскиот службеник дали има да пријави нешто за царинска контрола, лицето одговори нема ништо да пријави. Царинскиот службеник се посомнева во изјавата и реши да изврши физичка контрола на возилото, при што во багажниот простор на возилото пронајде непријавено лице. Со проверка на патната исправа се утврди дека се работи за државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Д.Ј. (23), информираат од Царинската управа. За случајот е известена полициската станица на ГП Меџитлија и случајот е предаден во нивна надлежност за натамошно постапување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-majka-se-obidela-da-ja-shvertsuva-kerka-si-vo-bagazhnik-fatena-na-medhitlija/feed/ 0
Царинската управа со кампања ќе се бори против корупцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsarinskata-uprava-so-kampana-ke-se-bori-protiv-koruptsijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsarinskata-uprava-so-kampana-ke-se-bori-protiv-koruptsijata/#respond Thu, 10 Aug 2023 08:47:29 +0000 https://kurir.mk/?p=865357

„Не замижувај, и ти можеш да ја спречиш корупцијата – биди дел од прогресот на твојата држава“. Ова е мотото на кампањата „Стоп за корупцијата“ што ја почна Царинската управа за зголемување на свеста за опасностите кои ги носи корупцијата. Целта е граѓаните или вработените кои ќе бидат сведоци на корупција или сомнителна активност, тоа да го пријават. Во рамки на кампањата на граничните премини ќе се делат брошури со кои ќе се информира за начините за пријавување корупција, како и за штетните последици што ги предизвикува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsarinskata-uprava-so-kampana-ke-se-bori-protiv-koruptsijata/feed/ 0
Богоев за заплената за обврзници: Патникот давал конфузни одговори, тоа беше причина за сомнеж https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bogoev-za-zaplenata-za-obvrznitsi-patnikot-daval-konfuzni-odgovori-toa-beshe-prichina-za-somnezh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bogoev-za-zaplenata-za-obvrznitsi-patnikot-daval-konfuzni-odgovori-toa-beshe-prichina-za-somnezh/#respond Wed, 09 Aug 2023 09:15:33 +0000 https://kurir.mk/?p=864946

Директорот на Царина Стефан Богоев, во летното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за заплената на обврзници кое беше објавено вчера. „Судот Судот донесе одлука да ги одземе, се работи за турски државјанин. Вредноста е глема, се рабти за 184.000 обврзници, по 500.000 долари вредност. Јас сум горд што цариниците успеја да го запленат“, рече Богоев и додаде: „Кај патникот било сомнително тоа што цариниците добиле конфузни одговори. Варира приказната и има разлика од одговор до одговор. Првото прашање е каде одите и што е вашата цел. Каде ќе престојувате, што работите и тука имаме различни изјави. Тоа дава доза на дополнителен сомнеж. Има разлика меѓу името и податоци на патникот и името на сопственикот на обврзниците, и не биле на негово име, и сите овие работи ни даваат дополнителна основа. Инаку да напоменам дека се е поврзано со странски банки, со странски држави, единствено што тука кај нас се запленуваат и секоја помош меѓународна е добродојдена“, изјави Богоев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bogoev-za-zaplenata-za-obvrznitsi-patnikot-daval-konfuzni-odgovori-toa-beshe-prichina-za-somnezh/feed/ 0
Спречен обид за шверц на обврзници од 92 милиони долари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sprechen-obid-za-shverts-na-obvrznitsi-od-92-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sprechen-obid-za-shverts-na-obvrznitsi-od-92-milioni-dolari/#respond Wed, 09 Aug 2023 08:20:51 +0000 https://kurir.mk/?p=864948

Царината конфискуваше државни обврзници во вредност од 92 милиони американски долари. На Меѓународниот аеродром во Скопје, царинските службеници заплениле 184 вредни хартии од по 500 долари. Обврзниците биле пронајдени кај турски државјанин, кој слетал од лет за Истанбул. Осомничениот, не пријавил ништо на царина, но преку скенер било откриено дека носи нешто во чантата. Директорот на Царината Стефан Богоев рече дека хартиите од вредност се еден од инструментите за перење пари. Директорот Богоев рече дека истрагата продолжува со отворање на финансиска истрага за целосно расветлување на случајот со докази за можна измама и спречување на перење пари. Од Царинската управа велат дека се залагаат за спречување и борба против шверцот, финансискиот криминал и нелегалната трговија. По завршувањето на судската постапка, со пресуда на Основниот суд Скопје одземени се сите државни обврзници, додека на осомничениот му е изречена парична казна согласно Законот за девизи. Хартиите од вредност ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот. Ова е рекордна заплена на обврзници кај нас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sprechen-obid-za-shverts-na-obvrznitsi-od-92-milioni-dolari/feed/ 0
Запленети обврзници во вредност од 92 милиона долари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapleneti-obvrznitsi-vo-vrednost-od-92-miliona-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapleneti-obvrznitsi-vo-vrednost-od-92-miliona-dolari/#respond Tue, 08 Aug 2023 13:26:31 +0000 https://kurir.mk/?p=864691

Царинската управа заплени 184 обврзници со вкупна вредност од 92 милиона долари. Како што соопшти денеска директорот на Управата Стефан Богоев, обврзниците се пронајдени кај турски државјанин кој пристигнал во земјава со лет од Истанбул. Обврзниците се наоѓале во црна рачна торба, а биле детектирани при контрола со скенер и дополнителна детална контрола. Со одлука на Основниот суд - Скопје обврзниците се одземени и ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот. -Царинските службеници од царинската испостава „Аеродром“ – Скопје на 28 јули 2023 година на влез во државата запленија 184 обврзници со поединечна номинална вредност од 500 илјади долари или со вкупна вредност од 92 милиона долари. Обврзниците се пронајдени кај патник, турски државјанин, кој пристигнал со редовен лет од Истанбул и се определил да помине на „зелен канал“, како да нема стока за пријавување. Но, при контрола со скенер и дополнителна детална контрола обврзниците се пронајдени во четири папки во црна рачна торба. Секторот за контрола и истраги веднаш почна со истражни дејствија, односно извршени се службени разговори, прибирање на дополнителни докази, како и известувања и консултации со релевантни национални и меѓународни институции, вклучително Интерпол и Селек, информира Богоев на прес-конференција. Согласно одредбите од Законот за царинска управа и Законот за прекршоци, Царинската управа, информира директорот, поднела соодветна пријава до надлежниот суд. -По завршената судска постапка, денеска, Основниот суд Скопје донесе пресуда со која се одземени обврзниците, а на лицето му е изречена парична казна – глоба врз основа на Законот за девизно работење. Обврзниците се одземени и ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот. Истрагата од страна на Царинската управа продолжува со отворање финансиска истрага во соработка со сите релевантни тела и институции на национално и меѓународно ниво со цел расветлување на случајот во насока на докажување на евентуален обид за измама или спречување на перење пари. На овој случај пристапуваме со особено внимание и посветеност, земајќи го предвид постоечкиот тренд во светот на злоупотреба на обврзниците како инструмент за перење на пари, рече Богоев. Тој дополни и дека Царинската управа останува цврсто посветена на борбата против криминалот и спречувањето на нелегалната трговија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapleneti-obvrznitsi-vo-vrednost-od-92-miliona-dolari/feed/ 0