царинска управа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 09:18:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png царинска управа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Царинска управа: Запленети 20 илјади евра кои македонски државјанин сакал нелегално да ги внесе во државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tsarinska-uprava-zapleneti-20-iljadi-evra-koi-makedonski-drzhavjanin-sakal-nelegalno-da-gi-vnese-vo-drzhavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tsarinska-uprava-zapleneti-20-iljadi-evra-koi-makedonski-drzhavjanin-sakal-nelegalno-da-gi-vnese-vo-drzhavata/#respond Wed, 25 Oct 2023 09:18:41 +0000 https://kurir.mk/?p=892862

Царинските службеници на Табановце во текот на минатиот викенд запленија околу 20 илјади евра кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата. Непријавените девизи се откриени при детална контрола на возилото со кое лицето патувало. -На 22 октомври, македонскиот државјанин кој управувал со возило со шведски регистарски таблички, на влез во државава изјавил дека со себе има само околу 10 илјади евра, иако носел вкупно 29.950 евра. Поради постоење на сомнеж, царинските службеници извршиле детална контрола и притоа зад возачкиот штитник за сонце и во просторот помеѓу предните седишта откриле поголем износ на девизи, коишто лицето не ги пријавило и за истите не поседувало документ за потекло, информираат од Царинска управа. Согласно Законот за девизно работење, на патникот му се вратени 10 илјади евра, од кои останатите 19.950 евра се привремено задржани и согласно регулативата ќе бидат предадени во Народна банка, а против лицето е поднесена пријава за сторен девизен прекршок. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tsarinska-uprava-zapleneti-20-iljadi-evra-koi-makedonski-drzhavjanin-sakal-nelegalno-da-gi-vnese-vo-drzhavata/feed/ 0
Царинска управа: 4,8 милиони долари грант од Република Кореја за систем за управување со ризици и податочен склад https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsarinska-uprava-4-8-milioni-dolari-grant-od-republika-koreja-za-sistem-za-upravuvane-so-rizitsi-i-podatochen-sklad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsarinska-uprava-4-8-milioni-dolari-grant-od-republika-koreja-za-sistem-za-upravuvane-so-rizitsi-i-podatochen-sklad/#respond Tue, 17 Oct 2023 13:19:11 +0000 https://kurir.mk/?p=889856

Царинската управа добива грант од 4,8 милиони долари за развој и имплементација на систем за управување со ризици и податочен склад од Владата на Република Кореја. Директорот на Царинската управа Стефан Богоев и Ки-донг Ким директор при Царинската служба на Република Кореја денеска потпишаа Меморандум за соработка за доделување на грантот. „Воспоставувањето на овој систем ќе овозможи подобро таргетирање декларации во кои постои ризик за плаќање давачки во помал износ од реалната цена на стоката, ризик од погрешно царинско распоредување или ризик од неточно пријавување на потеклото на стоката. Во оваа насока нашите идни политики базирани на ваквиот систем ќе бидат насочени кон развој на Царинската управа и подобрување на менаџирањето со ризици. Подоброто управување со ризици значи заштита на финансиските интереси на државата, и повеќе пари во Буџетот“, истакна Богоев. Имплементацијата на овој систем, како што нагласи Богоев, е особено важна во време кога зависиме од брзата размена на податоци. „Целиот свет во моментов е соочен со раст на цените што се пресликува врз економијата. Истовремено криминалитетот наоѓа свои форми на делување, под закрилата на отворената економија. Во такви услови Царинската управа потребно е да делува како ефикасна институција која ќе спроведува мерки и активности во насока на сузбивање на криминалот и поголем економски раст. Оттаму потребна ни е стратегија која ќе даде ефикасен одговор на сите предизвици со коишто се соочуваме денеска“, истакна тој. Директорот при Царинската служба на Република Кореја, Ки-донг Ким, истакна дека потпишувањето на Меморандумот е многу значаен бидејќи ја потврдува решителноста и одлучноста на царинските служби за успешно спроведување на проектот. „Овој проект се очекува во голема мера да придонесе за проширување на финансиските интереси преку спречување на даночното затајување и сузбивање на шверцот преку напредно управување со ризикот, како и олеснување на логистиката за царинење“, истакна Ким.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsarinska-uprava-4-8-milioni-dolari-grant-od-republika-koreja-za-sistem-za-upravuvane-so-rizitsi-i-podatochen-sklad/feed/ 0
ФОТО: Спречен шверц на 50 штеки цигари купени во фри-шоп на Богородица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-sprechen-shverts-na-50-shteki-tsigari-kupeni-vo-fri-shop-na-bogoroditsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-sprechen-shverts-na-50-shteki-tsigari-kupeni-vo-fri-shop-na-bogoroditsa/#respond Fri, 13 Oct 2023 08:49:42 +0000 https://kurir.mk/?p=888406

Спречен шверц на 50 штеки цигари што грчки државјанин ги купил на фри-шоп и без да ги пријави сакал да ги внесе во Македонија преку граничниот премин Богородица. -Вкупната вредност на штеките цигари изнесува 85.900 денари при што вкупните царински давачки коишто лицето сакало да ги избегне изнесуваат 60.900 денари. Царинските службеници штеките цигари ги открија во фабричките шуплини зад тапацирот на задните врати од возилото со кое патувал грчкиот државјанин, информираат од Царина. Штеките со вкупно 10.000 цигари се одземени, а против лицето е поднесена прекршочна пријава. Царинска управа во рамки на своите надлежности спроведува активности за заштита на финансиските интереси на државата и сузбивање на нелегалната трговија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-sprechen-shverts-na-50-shteki-tsigari-kupeni-vo-fri-shop-na-bogoroditsa/feed/ 0
ФОТО: Запленети 4 златни алки вредни над 500.000 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-zapleneti-4-zlatni-alki-vredni-nad-500-000-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-zapleneti-4-zlatni-alki-vredni-nad-500-000-denari/#respond Thu, 12 Oct 2023 09:54:12 +0000 https://kurir.mk/?p=888013

Запленети се четири златни алки вредни 586.224 денари со вкупна тежина од 77,5 грама, откако истите се пронајдени во женска чанта при детална контрола на патничко возило на граничен премин Богородица на влез во државата. Од Царинската управа информираат дека патничката која патувала како совозач не ги пријавила алките кај царинските органи. -Имено таа заедно со возачот и уште четири лица на влез во државата на прашањето дали имаат нешто да пријават одговориле дека немаат ништо. Против лицето е поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ казниво по член 278 од кривичниот законик, се вели во соопштението на Царина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-zapleneti-4-zlatni-alki-vredni-nad-500-000-denari/feed/ 0
Ризични по здравјето на граѓаните: Запленети 4 тона апчиња и гел за потенција во вредност од 41,7 милиони денари  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rizichni-po-zdravjeto-na-graganite-zapleneti-4-tona-apchina-i-gel-za-potentsija-vo-vrednost-od-41-7-milioni-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rizichni-po-zdravjeto-na-graganite-zapleneti-4-tona-apchina-i-gel-za-potentsija-vo-vrednost-od-41-7-milioni-denari/#respond Thu, 07 Sep 2023 08:36:58 +0000 https://kurir.mk/?p=875615

Спречена нелегална трговија на 4 тона апчиња и гел за орална употреба за потенција во вредност од 41,7 милиони денари ризични по здравјето на граѓаните, откако царински инспектори од Секторот за контрола и истраги при детален преглед на стоката утврдија дека фирмата која ja внела стоката во државата нема важечко решение за вршење промет на големо со лекови и медицински средства. Воедно стоката е лек кој не е регистриран во Регистарот на лекови што го води Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија и е различно декларирана. Поради постоење сомневање дека пријавениот сторил кривично дело за нелегална трговија, што е казниво по член 277 од Кривичниот законик, стоката е запленета, а против правното лице ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основно јавно обвинителство Скопје. Запленети се 48 илјади кутии Орал Џели односно 100 мл гел за орална употреба Камагра, 10.530 ленти со 100 мг таблети Камагра и 7.000 кутии со 100 мг и 150 мг таблети Ценфорце. -Царинската управа го штити здравјето на граѓаните преку обезбедување сигурен и безбеден трговски синџир на лекови, спречувајќи трговија со лекови во државата коишто не се одобрени од Агенцијата за лекови. Во оваа насока, ќе продолжиме да дејствуваме против нелегална трговија која претставува опасност за нашите граѓани. Притоа, работиме во тесна соработка со Агенцијата за лекови и медициски средства, како и со останатите гранични институции со цел зајакнување на граничната безбедност, велат од Царина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rizichni-po-zdravjeto-na-graganite-zapleneti-4-tona-apchina-i-gel-za-potentsija-vo-vrednost-od-41-7-milioni-denari/feed/ 0
ДРАМА НА „ДЕВЕ БАИР“ – тоа што го криел во црните вреќи ги стаписало граничарите, еве ги деталите (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drama-na-deve-bair-toa-shto-go-kriel-vo-tsrnite-vreki-gi-stapisalo-granicharite-eve-gi-detalite-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drama-na-deve-bair-toa-shto-go-kriel-vo-tsrnite-vreki-gi-stapisalo-granicharite-eve-gi-detalite-foto/#respond Thu, 17 Aug 2023 08:48:44 +0000 https://kurir.mk/?p=867769

Спречен обид за нелегално изнесување на непријавени девизи во висина од 1.890.000 албански леки, што е околу 18 илјади евра, откако полски државјанин на излез од државава, на граничниот премин Деве Баир, спротивно на закон не ги пријавил кај царинските службеници, информираат од Царинската управа. - Поради постоење сомнеж, автомобилот со полски регистарски таблици и патникот кој патувал со сопатник се упатени на детален преглед при што под задните седишта во близина на отворот на резервоарот во црни најлон ќеси како и во личните работи во ранците се пронајдени 3.952.000 албански леки што е околу 38 илјади евра, соопштуваат од Царинската управа. Оттаму, посочуваат дека, согласно Законот за девизно работење, нерезиденти можат да изнесат од државава до десет илјади евра, при што на двајцата патници им се вратени албански леки во вкупен износ од 2.062.000 леки или 20.000 евра, а останатите кои не биле пријавени и за кои не поседувале документ се привремено задржани. - Против возачот е поднесена пријава за девизен прекршок, а девизите согласно регулативата ќе бидат предадени на Народната банка, известуваат од Царинската управа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drama-na-deve-bair-toa-shto-go-kriel-vo-tsrnite-vreki-gi-stapisalo-granicharite-eve-gi-detalite-foto/feed/ 0
ФОТО: Запленети 300 парчиња филери, најголем дел за усни – Косовец се обидел да ги прошверцува преку Деве Баир https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-zapleneti-300-parchina-fileri-najgolem-del-za-usni-kosovets-se-obidel-da-gi-proshvertsuva-preku-deve-bair/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-zapleneti-300-parchina-fileri-najgolem-del-za-usni-kosovets-se-obidel-da-gi-proshvertsuva-preku-deve-bair/#respond Fri, 11 Aug 2023 08:06:56 +0000 https://kurir.mk/?p=865760

На граничниот премин Деве Баир царинските службеници спречија обид за криумчарење на 300 парчиња филери REVOLAX, во вредност од 9.000 евра. -Лицето, инаку косовски државјанин со иницијали А.Г., се обидел да влезе во државата без да ја пријави стоката. На прашањето од царинскиот службеник дали има нешто да пријави истиот одговорил дека нема што да пријави освен личен багаж. При рутинската контрола извршена од страна на царинските службеници во патничкиот куфер и позади задните седишта беа откриени 300 парчиња филери за лице, во најголем дел за усни, чија вредност согласно фактурата која е пронајдена во возилото изнесува 9.000 евра, информираат од Царина. Стоката и возилото се привремено задржани, а против лицето е поднесена соодветна кривична пријава за криумчарење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-zapleneti-300-parchina-fileri-najgolem-del-za-usni-kosovets-se-obidel-da-gi-proshvertsuva-preku-deve-bair/feed/ 0
ФОТО: Мајка се обидела да ја шверцува ќерка си во багажник, фатена на Меџитлија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-majka-se-obidela-da-ja-shvertsuva-kerka-si-vo-bagazhnik-fatena-na-medhitlija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-majka-se-obidela-da-ja-shvertsuva-kerka-si-vo-bagazhnik-fatena-na-medhitlija/#respond Thu, 10 Aug 2023 09:15:10 +0000 https://kurir.mk/?p=865380

Царински службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за нелегално пренесување на непријавено лице во државава, откако мајка од Јужноафриканска Република се обидела да ја пренесе својата ќерка во багажник на изнајмено возило со македонски регистарски таблички. -Имено во понеделникот, на 7 август, на влез во државава, на граничниот премин со Грција во Битола, се пријави државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Л.Р. (57), како возач на изнајмениот автомобил. На прашање на царинскиот службеник дали има да пријави нешто за царинска контрола, лицето одговори нема ништо да пријави. Царинскиот службеник се посомнева во изјавата и реши да изврши физичка контрола на возилото, при што во багажниот простор на возилото пронајде непријавено лице. Со проверка на патната исправа се утврди дека се работи за државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Д.Ј. (23), информираат од Царинската управа. За случајот е известена полициската станица на ГП Меџитлија и случајот е предаден во нивна надлежност за натамошно постапување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-majka-se-obidela-da-ja-shvertsuva-kerka-si-vo-bagazhnik-fatena-na-medhitlija/feed/ 0
Сменети неколку раководители во Царинската управа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smeneti-nekolku-rakovoditeli-vo-tsarinskata-uprava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smeneti-nekolku-rakovoditeli-vo-tsarinskata-uprava/#respond Sat, 05 Aug 2023 19:10:44 +0000 https://kurir.mk/?p=863759

Директорот на Царинската управа Стефан Богоев донел одлуки за кадровска реконструкција на клучни позиции во системот на раководење на управата. Ова за МИА го потврди Богоев без да ги коментира причини за кадровската реконструкција. Направени се измени на раководната функција на секторот Акцизи, во одделот за акохол, алкохолни пијалоци и тутунски производи, а промени има и на шефовските позиции на граничните премини „Блаце“ и „Табановце“. Стефан Богоев стана директор на Царинската управа пред извесно време. Пред него со оваа институција раководеше Славица Кутиров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smeneti-nekolku-rakovoditeli-vo-tsarinskata-uprava/feed/ 0
Запленети 98.000 евра на „Богородица“ (Фото) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapleneti-98-000-evra-na-bogoroditsa-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapleneti-98-000-evra-na-bogoroditsa-foto/#respond Fri, 28 Jul 2023 08:05:58 +0000 https://kurir.mk/?p=861043

Инспектори од мобилните тимови при Царинската управа, на граничниот премин Богородица запленија 98.000 евра од македонски државјанин кој се обидел нелегално да ги изнесе од државата. На 26.07.2023 година околу 21 часот на излез од државата се пријавил автобус со турски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна линија Гостивар – Истанбул. При контрола на автобусот и патнците, во лична ташна на еден од патниците царинските инспектори откриле непријавени 4 пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале вкупно 100.000 евра. Согласно Законот за девизно работење, на патникот вратени му се 2.000 евра – износ што резидент може да го изнесе без да го пријави, а останатите се привремено одземени. Против лицето е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zapleneti-98-000-evra-na-bogoroditsa-foto/feed/ 0