цароска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Feb 2020 11:50:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png цароска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Не било предизборен популизам: Цароска се правда, немало ништо спорно во К-15 за државна администрација на 2 месеци пред избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-bilo-predizboren-populizam-caroska-se-pravda-nemalo-nishto-sporno-vo-k-15-za-drzavna-administracija-na-2-meseci-pred-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-bilo-predizboren-populizam-caroska-se-pravda-nemalo-nishto-sporno-vo-k-15-za-drzavna-administracija-na-2-meseci-pred-izbori/#respond Wed, 05 Feb 2020 11:50:50 +0000 https://kurir.mk/?p=299578

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска смета дека немало ништо спорно во тоа што во рамки на техничка влада и на два месеци пред избори е предвидена исплата на К-15 во колективниот договор за државната администрација што треба да го потпишат Министерството за информатичко општество и Синдикатот на УПОЗ. Царовска не гледа никаков проблем во фактот што тоа се случува на само два месеци пред оддржувањето на предвремените парламентарни избори. Не објасни ни каква би била реакцијата на СДСМ доколку ваков временски темпиран и популистички потег стореше ВМРО-ДПМНЕ во претходната влада. Таа денеска одговарајќи на новинарски прашања, рече дека ако социјалните партнери увиделе дека К-15 е важно за да се обезбедат квалитетни работни места или работниците да се чуствуваат подобро, тогаш тоа било прашање кое тие заеднички го надминале. . – Сите мерки за кои зборуваме и сите економски политики што ги спроведуваме се искреирани и се имплементираат од одреден дел од администрацијата. Сметам дека не смееме да девалвираме ниту еден работник во државата бидејќи имаме мал човечки потенцијал кој треба да биде употребен во развој на државата. Како вицепремиер ќе настојувам постојано да го поддржувам работниците кои се продуктивни и да обезбедиме можности сите плати во државата да растат, рече Царовска. Додаде и дека рационализација на одредени институции била потребна и оти тоа е нешто за кое се разговарало и преговарало. Текстот на колективниот договор за администрацијата вчера беше утврден на владина седница. За него изминатите две години преговарале Министерството за информатичко општество и администрација и Синдикатот на УПОЗ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-bilo-predizboren-populizam-caroska-se-pravda-nemalo-nishto-sporno-vo-k-15-za-drzavna-administracija-na-2-meseci-pred-izbori/feed/ 0
КСС предупредува на опасноста од популистичките мерки од страна на Владата преку Мила Царовска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-predupreduva-na-opasnosta-od-populistichkite-merki-od-strana-na-vladata-preku-mtsp-i-ministerkata-mila-carovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-predupreduva-na-opasnosta-od-populistichkite-merki-od-strana-na-vladata-preku-mtsp-i-ministerkata-mila-carovska/#respond Thu, 16 Jan 2020 14:44:23 +0000 https://kurir.mk/?p=290722

После неуспешната епизода во Министерството за труд и социјална политика, министерката Мила Царовска се обиде социјалниот дијалог да го пренесе во Владата како Вицепремиер, но сега собирајќи ги и стопанските комори, изоставувајќи ги „невладините“ подобни за неа. Имено, министерката се обидува својот неуспех во МТСП да го покрие како Вицепремиер и да покаже дека социјалниот дијалог постои. Ние, како најголем синдикат во јавниот сектор јавно изјавуваме дека Конфедерацијата на слободни синдикати беше нападната и опструирана од таа иста министерка и јавно кажуваме дека на социјалниот дијалог местото му е во МТСП и Економско – социјалниот совет. Министерката го узурпираше Економско – социјалниот совет и го уништи социјалното партнерство и социјалниот дијалог преку фалсификати и злоупотреба на службена должност, нанесувајќи голема штета на работниците во државата и донесувајќи насилно популистички мерки. Македонија е втората држава во историјата на Европа после Украина која ќе подлежи на специјална мисија поради напад на синдикатите и синдикалните лидери, поради уништување на социјалниот дијалог и социјалното партнерство, поради насилно одземање на синдикати, поради отказ на синдикалните лидери и нивно деградирање, што само по себе кажува за нејзниот успех. Обидувајќи се да го сокрие својот неуспех и насилничкото однесување како министер во МТСП се обиде социјалниот дијалог да го пренесе надвор од МТСП, во Владата на Македонија, Ние сега се прашуваме кој во Владата е одговорен за социјалниот дијалог и социјалното партнерство? Што се обидува да направи министерката? До каде ќе оди нејзината дрскост? И уште колку е подготвена да нанесе штета на работниците? КСС јавно се обраќа до министерката, впрочем како и во изминатите две ипол- три години дека нема да дозволи еден човек којшто државава ја претвори во невладини организации да биде фактор којшто ќе ги уназадува работничките права и ќе биде гласноговорник за носење на популистички мерки со кои ние и како синдикат и како работници ќе бидеме загрозени. Затоа и препорачуваме да ги тргне рацете со нејзините невладни организации од сферата на нашето делување и да го остави социјалниот дијалог и социјалното партнерство да го водат вистинските социјални партнери. Во спротивно, ние како синдикат како и во минатото така и сега, независно што сме влезени во предизборен период ќе преземеме радикални мерки и исто така институционално ќе побараме одговорност од сите што нанеле огромна штета на социјалниот дијалог, социјалното партнерство и работниците. Ве потсетуваме дека КСС како сила на новото време секогаш било на браникот на одбрана на работничките права и верувајте како секогаш во минатото ќе се соочите со нас, но овој пат многу порадикално ќе презмеме мерки кои ќе бидат во насока на ваше финално заминување. И на крај, Ве прашуваме министерке освен измени во Законот за работни односи за полесно давање отказ донесен без кворум во Економско – социјалниот совет и пројден во Собрание на 28 јули 2018 година, кој закон во корист на работниците и кој закон како нов е донесен во државата??? Нема!!! Само глумење инклузивност, популистички мерки, деградирање, откази и… листата е долга и потребни се денови за да се допише.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kss-predupreduva-na-opasnosta-od-populistichkite-merki-od-strana-na-vladata-preku-mtsp-i-ministerkata-mila-carovska/feed/ 0