цду – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Jan 2023 14:54:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png цду – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германската ЦДУ го исклучува од членство поранешниот шеф на разузнавачката агенција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-tsdu-go-iskluchuva-od-chlenstvo-poraneshniot-shef-na-razuznavachkata-agentsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-tsdu-go-iskluchuva-od-chlenstvo-poraneshniot-shef-na-razuznavachkata-agentsija/#respond Mon, 30 Jan 2023 14:54:34 +0000 https://kurir.mk/?p=793811

Раководството на водечката германска опозициска партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денеска едногласно усвои резолуција со која го повикува поранешниот директор на разузнавачката агенција Ханс-Георг Масен да ја напушти партијата, по неговиот контроверзен коментар. Во 2018 година Масен беше разрешен од функцијата шеф на разузнавачката агенција (BfW), откако го минимизира десничарското насилство врз мигрантите во источниот град Кемниц. Оттогаш тој стана гласна, но маргинална фигура во тврдото крило на ЦДУ, партијата што со години ја раководеше поранешната канцеларка Ангела Меркел. Партиското раководство го загуби трпението по твитот на Мејсон од средината на јануари, во кој тој рече дека „расизмот против белците“ е насоката на „движечките сили во политичко-медиумската сфера“ во Германија. Лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц, викендов изјави дека за „јазикот и мислите што ги искажал“ Масен „нема место“ во партијата, додека во резолуцијата усвоена денеска се наведува дека тој често „користи јазик од милјето на антисемитисти и идеолози на заговор”. Во Германија исклучувањето членови од партија е комплициран и долг, честопати неуспешен процес. Во денешната резолуција се наведува дека раководството ќе бара да започне процес за исклучување на Масен од партијата доколку тој самиот не поднесе оставка до крајот на неделата. Масен беше избран во саботата за лидер на групата која тврди дека ги претставува конзервативните членови на ЦДУ, иако таа не е формално поврзана со партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-tsdu-go-iskluchuva-od-chlenstvo-poraneshniot-shef-na-razuznavachkata-agentsija/feed/ 0
Лидерот на CDU во ИНТЕРВЈУ за КУРИР: Во Македонија се живее во супстандардни услови, деградирано и понижено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderot-na-cdu-vo-intervju-za-kurir-vo-makedonija-se-zivee-vo-supstandardni-uslovi-degradirano-i-ponizeno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderot-na-cdu-vo-intervju-za-kurir-vo-makedonija-se-zivee-vo-supstandardni-uslovi-degradirano-i-ponizeno/#respond Tue, 26 Jul 2022 07:49:46 +0000 https://kurir.mk/?p=710172

ЦДУ или Централна демократска унија која како политички субјект е веќе присутна на македонското тло каде ќе делува со своите ограноци. Велат дека нивна целта е да го реорганизираат ромскиот народ и да го постават новиот начин на делување и стремење кон решавање на проблемите на граѓаните. Лидерот на ЦДУ, Рикардо Сали во интервју за КУРИР вели дека ромската заедница во Македонија живее во супстандардни услови, без водовод и канализација, а досегашните лидери тој ги нарекува таканаречени... Сали откри како ЦДУ ќе настапи на следните парламентарни избори, но и дали е можно коалицирање со некоја од големите политички партии. Во продолжение ви го пренесуваме интервјуто со Рикардо Сали лидер на ЦДУ во Македонија. КУРИР: Од каде дојде идејата за името на партијата ЦДУ? -Ние во политиката сме подолго време. Во досегашните политички партии она што недостасуваше е демократијата во поглед на управувањето, власта до сега беше во рацете на еден човек кој одлучуваше за се. Со цел да ги исполиниме нашите централистички идеи на делување произлезе идејата за ЦЕНТАРОТ (централистички правец на делување) нема лево ни десно, но тоа не значи дека нема да коалицираме со лево или десно ориентираните партии. Од таму произлезе и името ЦДУ-Централна Демократска Унија. КУРИР: На политичката сцена има неколку партии кои ги застапуваат Ромите во Македонија, што е тоа што вас како партија треба да ве одвои од останатите? -Главната разлика се состои во тоа што сите работи и проблеми на Ромите во Македонија ќе се решаваат на демократски начин во самата партија. Сите ќе имаат право и можност да допринесат во решавањето на проблемите и креирањето на посветла иднина. Затоа оваа партија ќе биде местото каде сите Роми ќе бидат сплотени на едно место. Народски кажано се ќе се решава на маса, а не под неа. КУРИР: На промоцијата на вашата партија рековте дека со партиите кои досега ги застапувале Ромите во Македонија владеат така-наречени лидери, на што точно мислевте? -Досегашните политички субјекти, кои се сведуваа на човек партија таканаречени лидери, кои го турнаа ромскиот народ во длабок сон, поради прикривање на своите претходни криминални дејствувања и за остварување на свои лични цели, кои го донесоа ромскиот народ во уште потешка ситуација од претходната, без иднина и можност за просперитет односно до амбис. За таквите таканаречени лидери нема место на политичката сцена и треба да бидат санкционирани за стореното. Да се провери потеклото на нивниот имот и да сносат одговорност за се што сториле. КУРИР: Дали вие како лидер на партија која ги застапува правата на Ромите сте задоволен од досегашната ангажираност на оваа влада за Ромите? -Самата ситуација во која се наоѓаат Ромите во државата, го појаснува ангажирањето околу заедницата, која е во исклучително тешка ситуација, каде поголем дел од населенито во 21-от век живее во супстандардни услoви, немаат водовод, канализација а да не зборуваме за интернет без кој денес не може да се фунционира (on-line училиште, користење на неопхони апликации за секојдневно функционирање и информирање), а не пак да размислуваат за некоја посветла иднина за нив и нивните поколенија. Сето ова е поради погрешното водење политика и лошиот третман на ромите во изминатите 20 години во Македонија. Факти поради кои никој не би бил задоволен од ваквото делување на оваа како и на претходните влади. КУРИР: Дали сметате дека оваа влада доволно прави за ромската заедница во нашата држава? -Поради ваквите таканаречени лидери, ромскиот народ е деградиран во секој поглед, маргинализиран и понижен поради што ромите спасот од оваа исклучително лоша ситуација го гледаат во заминување надвор од земјата и барање подобри услови за живот. Сигурни сме дека владата би направила повеќе за народот, ако таканаречените лидери бараат од владата правилни решенија за ромската заедница а не само она што е за нивен личен интерест. Од формирањето на македонската држава до денес ромите ниту еднаш не излегле на голем протест за да го искажат своите проблеми и незадоволства како што велат ромите АКО ДЕТЕТО НЕ ПЛАЧЕ МАЈКАТА НЕ МУ ДАВА МЛЕКО, можеби е крајно време тоа и да се случи за да биде слушнат ромскиот глас. КУРИР: На прес-конференција на промоцијата на вашата партија велите дека ЦДУ ќе има за цел да ги обедини сите Роми на едно место. Зошто сметате дека до сега тоа не го направила некоја друга партија во минатото, што според вас работели другите политички партии? -Имаше обид од г-динот Амди Бајрам еден период да се обединат ромските партии, но суетите на таканаречените лидери несакајќи да ја прифатат идејата за обединување ја отфрлија. Некои од тие лидери се на залезот на нивната политичка кариера така да оваа идеја има реална можност во наредниот период да се реализира. Имаме соработка со дел од ромските политички партии и договараме “сите роми на едно место”. Мислам дека оваа идеја наредната година или на следните парламентарни избори ќе се реализира. Една цел имаме подобра застапеност на ромите и подобрување на положбата на ромската заедница: вработување, здравство, домување, образование и многу други полиња на кои ќе треба да работиме заеднички. Ние можеме и ќе успееме. КУРИР: Во Република Македонија се поизвесно е дека се можни предвремени парламентарни избори, но без разлика дали ќе бидат предвремени или редовни, дали може да ни откриете како ќе настапи вашата партија? Дали тоа ќе биде самостојно или ќе коалицирате со некоја друга партија и доколку коалицирате со друга партија која би била таа? -ЦДУ ќе биде јадрото на ромскиот народ, сите Роми на едно место. Со ваквото наше делување и силата што ќе ни ја даде ромскиот народ со неговото обединување, размислуваме и цврсто сме убедени да настапиме самостојно на следните избори. Силата е во народот каде ќе можеме доследно и праведно да ги браниме интересите на Ромите. Меѓутоа не ја исклучуваме можноста да коалицираме со било која од партиите ако добиеме подршка за спроведување на нашите цели и идеали. КУРИР: Дали ЦДУ до сега преговарала со најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ за идно коалицирање, доколку сте разговарале дали може да ни откриете што е договорено и какви се идните планови? -До сега до овој момент не сме преговарале со ВМРО-ДПМНЕ за можно коалицирање. Секогаш отворени за соработка со оние кои ги почитуваат Ромите и нивните права. КУРИР: На крајот од ова интервју не можам да не ве прашам за една случка од минатото. Имено пред само неколку месеци на социјалните мрежи се појави видео во кое Елвис и Габриел Бајрам слават роденден на својот син/внук, а подарокот кој го добива е нов џип марка Мерцедес, понатака во истото видео се гледаат уште неколку луксузни возила, како ЦДУ го коментира ова? -Сепак тоа се приватни и лични работи и неумесно е ние како сериозна политичка партија да ги коментираме. Би коментирале за сите политички дејствија и одлуки на другите ромски и останати политички партии во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderot-na-cdu-vo-intervju-za-kurir-vo-makedonija-se-zivee-vo-supstandardni-uslovi-degradirano-i-ponizeno/feed/ 0
Лидерот на германската ЦДУ, денеска ќе се повлече од функцијата премиер на Северна Рајна Вестфалија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-germanskata-cdu-deneska-kje-se-povleche-od-funkcijata-premier-na-severna-rajna-vestfalija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-germanskata-cdu-deneska-kje-se-povleche-od-funkcijata-premier-na-severna-rajna-vestfalija/#respond Mon, 25 Oct 2021 07:12:46 +0000 https://kurir.mk/?p=584877

Армин Лашет, лидерот на германска демохристијанска партија (ЦДУ), денеска официјално ќе поднесе оставка од функцијата премиер на покраината Северна Рајна Вестфалија, јавува ДПА. Лашет, кој во еден момент беше фаворит за наследник на партиската колешка Ангела Меркел на функцијата канцелар, но на парламентарните избори на 26 септември го постигна најлошиот резултат на ЦДУ досега. Лашет (60), пренесе ДПА, најави дека ќе се повлече од функцијата премиер пред изборите во Бундестагот, дури и ако не стане следниот канцелар на Германија. Лашет треба да остане вршител на должноста премиер се додека утре, на инагуративна седница на новиот состав на Бундестагот, не седне на своето место – пратеник. Министерот за транспорт на Северна Рајна Вестфалија, Хендрик Вуест, се очекува в среда да биде избран за нов премиер на специјална седница на покраинскиот парламент. Овој 46-годишен политичар во саботата беше избран за покраински лидер на ЦДУ во Северна Рајна-Вестфалија. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-germanskata-cdu-deneska-kje-se-povleche-od-funkcijata-premier-na-severna-rajna-vestfalija/feed/ 0
Армин Лашет за кандидат за германски канцелар на ЦДУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/armin-lashet-za-kandidat-za-germanski-kancelar-na-cdu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/armin-lashet-za-kandidat-za-germanski-kancelar-na-cdu/#respond Tue, 20 Apr 2021 06:13:13 +0000 https://kurir.mk/?p=499589

Претседателството на германската владеачка Христијанско-демократската унија (ЦДУ) уште еднаш го поддржа својот нов претседател, и премиер на сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија, Армин Лашет, во кандидатурата за демохристијански кандидат за канцелар на парламентарните избори во септември, јави ДПА. Членовите на сојузното претседателство на ЦДУ рано утринава, по шестачовниот работен состанок, го поддржаа Лашет со 77,5 проценти од гласовите на членовите на највисокотло партиско тело. Од 46 члена на претседателството, 31 член гласаа за Лашет, девет беа за лидерот на ЦСУ, Маркус Зедер, а шестмина беа воздржани. Зедер, претседател на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), помалата партија во повеќедецениската демохристијанска коалиција ЦДУ/ЦСУ, беше поддржан од 22,5 проценти од членовите на претседателството на ЦДУ. По неуспешните обиди за време на викендот двајцата претседатели да постигнат меѓусебен договор за тоа кој од двајцата да ја понесе кандидатурата за функцијата канцелар, Зедер вчера соопшти дека одлуката за канцелар ќе зависи од претседателството на ЦДУ, поголема партија од двете во Унијата. -Доколку претседателството на ЦДУ вечерва јасно го поддржи Лашет, ние ќе ја почитуваме таа одлука, рече Зедер вчера попладне, по состанокот на претседателството на ЦСУ. Притоа тој не кажа што ќе смета дека е „јасна поддршка“. Кандидатурата на Лашет допрва треба да биде потврдена и од раководството на ЦСУ. Зедер во последните денови инсистираше на својата кандидатура, повикувајќи се на подобрите резултати во анкетите на јавното мислење и меѓу гласачите воопшто и меѓу гласачите на ЦДУ/ЦСУ. Лашет изјави дека изборите се „важен сигнал“ во процесот на конечна селекција на кандидатот за канцелар на Унијата и можен наследник на канцеларката Ангела Меркел, која се повлекува од политиката по завршувањето на сегашниот мандат. Во историјата на Унијата ЦДУ / ЦСУ, само двајца политичари од ЦСУ, Франц Јозеф Штраус и Едмунд Стојбер влегоа во трка како кандидати за канцелар. ЦСУ ја претставува демохристијанската опција во Баварија, а ЦДУ во другите 15 германски покраини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/armin-lashet-za-kandidat-za-germanski-kancelar-na-cdu/feed/ 0
Лашет вети борба против непријателите на демократијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lashet-veti-borba-protiv-neprijatelite-na-demokratijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lashet-veti-borba-protiv-neprijatelite-na-demokratijata/#respond Sat, 16 Jan 2021 15:16:26 +0000 https://kurir.mk/?p=456267

Новоизбраниот лидер на Германската христијанско-демократска унија (ЦДУ), Армин Лашет, денеска вети дека ќе поведе дијалог со сите демократски партии во земјата и рече дека во денешно време е потребно сите демократи да се обединат. -Особено во овие денови што ги живееме во светот, фразата „единство, правда и слобода“ е поактуелна од кога било порано, рече Лашет, алудирајќи на една строфа од германската химна, пренесуваат британските медиуми. Новиот лидер на ЦДУ повика на заедничка борба за овие принципи против сите оние кои, како што кажа, сакале да ги загрозат. Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел денеска го избра Лашет за нов претседател на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lashet-veti-borba-protiv-neprijatelite-na-demokratijata/feed/ 0
Избран наследникот на Меркел, ова е новиот претседател на ЦДУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbran-naslednikot-na-merkel-ova-e-noviot-pretsedatel-na-cdu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbran-naslednikot-na-merkel-ova-e-noviot-pretsedatel-na-cdu/#respond Sat, 16 Jan 2021 10:56:41 +0000 https://kurir.mk/?p=456139

Актуелниот премиер на германската провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет е избран за претседател на Христијанско-демократската унија (ЦДУ). Лешет е избран за наследник на германската канцеларка Ангела Меркел, која 16 години беше на чело на ЦДУ. Собранието на ЦДУ што требаше да се одржи во декември, беше одложено поради епидемиолошката состојба во земјата. Денешното Собрание се одржува во дигитална форма. Претенденти за лидерското место беа поранешниот министер за животна средина, Норберт Ретген и шефот на парламентарната група на ЦДУ во Бундестагот, Фридрих Мерц.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbran-naslednikot-na-merkel-ova-e-noviot-pretsedatel-na-cdu/feed/ 0
ЦДУ го бира наследникот на Меркел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cdu-go-bira-naslednikot-na-merkel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cdu-go-bira-naslednikot-na-merkel/#respond Sat, 16 Jan 2021 07:31:17 +0000 https://kurir.mk/?p=456063

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе го избере нејзиниот наследник, а во трката за партиски шеф се поранешниот министер за животна средина, Норберт Ретген, шефот на парламентарниот клуб на ЦДУ во Бундестагот, Фридрих Мерц, и актуелниот премиер на провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет. Лидерите на ЦДУ вчера повикаа на единство. Потпретседателката на партијата, Силвија Брехер, истакна дека очекува по собранието сите во ЦДУ да застанат зад избраниот кандидат и да придонесат партијата да биде обединета неколку месеци пред парламентарните избори во Германија. Пандемијата на коронавирусот ја принуди ЦДУ да одржи изборно собрание во дигитална форма. Предвидено е прво говор да одржи канцеларката Ангела Меркел, а поздравни говори, исто така, ќе одржат и претседателката на Европскиот парламент, Урсула фон дер Лајен, австрискиот канцелар, Себастијан Курц, и белоруската опозициска лидерка, Светлана Тихановскаја, по што кандидатите ќе ја претстават својата програма, пред да почне изборот на нов шеф на партијата. Собранието на ЦДУ требаше да се одржи во декември, но беше одложено поради епидемиолошката состојба во земјата. На конгресот на ЦДУ се поканети 1.001 делегат, а на победникот му се требни 501 глас од делегатите. Прво, ќе се одржи дигитално гласање, а доколку нема јасен победник во првиот круг, двајцата кандидати со најдобар резултат ќе влезат во вториот круг, за кој делегатите, од правни причини, ќе гласаат со испраќање писмо. Од овие причини, конечниот резултат не можно е да се објави дури следниот петок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cdu-go-bira-naslednikot-na-merkel/feed/ 0
Видни пратеници на ЦДУ се противат на одлуката на Трамп за повлекување не 9.500 американски војници од Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vidni-pratenici-na-cdu-se-protivat-na-odlukata-na-tramp-za-povlekuvanje-ne-9-500-amerikanski-vojnici-od-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vidni-pratenici-na-cdu-se-protivat-na-odlukata-na-tramp-za-povlekuvanje-ne-9-500-amerikanski-vojnici-od-germanija/#respond Sat, 06 Jun 2020 13:39:13 +0000 https://kurir.mk/?p=354487

Двајца видни пратеници, членови на конзервативниот блок на германската канцеларка Ангела Меркел, ја критикуваа одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да и нареди на војската да повлече 9.500 американски трупи од Германија. По оваа одлука во земјата ќе треба да останат 25.000 од сегашните 34.500 војници. -Плановите повторно покажуваат дека администрацијата на Трамп ги запоставува елементарните задачи на лидерството – вклучување на сојузниците во процесите на донесување одлуки, рече Јохан Вадефул, портпарол за надворешна политика на пратеничката група ЦДУ / ЦСУ. Сите партнери на НАТО имаат корист од кохезијата на Алијансата, а од несогласувањето корист имаат само Русија и Кина, рече тој, додавајќи дека „на ова во Вашингтон треба да се посвети поголемо внимание “. Вадефул, исто така, ги повика Европејците да се разбудат и подобро да се позиционираат во однос на безбедносната политика. Германското Министерство за надворешни работи засега не излезе со коментар. Андреас Ник, кој исто како и Вадефул, е член на парламентарната комисија за надворешна политика, за Дојче веле изјави дека има индиции дека „одлуката не е техничка, туку е чисто политички мотивирана“. Неименуван американсии претставник , вчера посочи дека одлуката е резултат на повеќемесечна работа на началникот на Генераштабот на американската војска, генерал Марк Мили, и дека не е поврзана со моменталните тензии меѓу Трамп и Меркел, што го спречија планот на американскиот претседател овој месец да одржи состанок на Г-7. Евентуалното повлекување на дел од американскиот воен контингент од Германија за првпат го соопшти „Волстрит џурнал“, ставајќи го овој потег во контекст на односите меѓу Берлин и Вашингтон, кои често пати се напнати за време на администрацијата на Трамп. Трамп врши притисок врз Германија да ги зголеми трошоците за одбрана и го обвинува Берлин дека е „заробеник“ на Русија заради нејзината зависност од руската енергија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vidni-pratenici-na-cdu-se-protivat-na-odlukata-na-tramp-za-povlekuvanje-ne-9-500-amerikanski-vojnici-od-germanija/feed/ 0
Внатрепартиските избори на германската ЦДУ одложени за декември https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vnatrepartiskite-izbori-na-germanskata-cdu-odlozeni-za-dekemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vnatrepartiskite-izbori-na-germanskata-cdu-odlozeni-za-dekemvri/#respond Tue, 14 Apr 2020 09:32:33 +0000 https://kurir.mk/?p=331913

Владејачката германска Христијанско демократска унија (ЦДУ) веројатно ќе ги одложи внатрепартиските избори поради епидемијата на коронавирус, соопшти денеска претседателката на таа партија Анагрет Крамп-Каренбауер. Партијата веќе го откажа вонредниот конгрес планиран за април, а германската ДПА го пренесе предвидувањето на Крамп-Каренбауер дека одлуката за нов претседател на партијата најверојатно нема да се донесе пред редовниот конгрес во декември. .Новиот претседател претседател на партијата ќе има можност да се кандидира за канцелар на следните сојузни избори откако Ангела меркел се откажа од борбата за петти мандат на чело на Германија. Главен кандидат за нов челник на партијата се поранешниот ривал на Меркел – Фридрих Мерц, кој е популарен меѓу десничарите и Армин Лашет, премиер на Северна Рајна Вестфалија. Експертот за надворешна политика Норберт Рентген се смета за аутсајдер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vnatrepartiskite-izbori-na-germanskata-cdu-odlozeni-za-dekemvri/feed/ 0
Германски политичар од партијата на Меркел бара помош од Кина во борбата против коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-politichar-od-partijata-na-merkel-bara-pomosh-od-kina-vo-borbata-protiv-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-politichar-od-partijata-na-merkel-bara-pomosh-od-kina-vo-borbata-protiv-koronavirusot/#respond Tue, 24 Mar 2020 15:57:31 +0000 https://kurir.mk/?p=321535

Администраторот на германскиот округ Хајсберг и член на владејачката ЦДУ, Стефан Пуш ја замоли Кина за помош во борбата против коронавирусот. Пуш, во отворено писмо до кинескиот претседател Си Џипинг, ја замоли Кина за помош во заштитна опрема, затоа што залихите на заштитни маски и престилки се многу мали. Во писмото испратено до кинеската Амбасада во Берлин, тој потсети дека кинеските власти постојано ја потенцирале важноста да се има доволно заштитна опрема во борбата против коронавирусот. – Ако кризниот штаб и болниците не можат да набават доволно заштитна опрема овде, што е многу тешко, тоа би имало далекусежни сериозни последици за здравствениот систем на округот Хајнсберг и за сите негови граѓани. Како администратор, ја молам Кина за помош, се вели во писмото. Тој нагласи дека кинеските лекари имаат најголемо искуство во борбата со епидемијата и оти би била корисна рамена на стручни искуства. Во округот, кој е на територија на покраината Северна Рајна Вестфалија, има повеќе од илјада заразени и 21 смртен случај од Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-politichar-od-partijata-na-merkel-bara-pomosh-od-kina-vo-borbata-protiv-koronavirusot/feed/ 0