ЦЕФТА – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 10 Jun 2023 12:25:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЦЕФТА – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Данијела Гачевиќ на чело на Секретаријатот на ЦЕФТА https://arhiva.kurir.mk/svet/region/danijela-gachevik-na-chelo-na-sekretarijatot-na-tsefta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/danijela-gachevik-na-chelo-na-sekretarijatot-na-tsefta/#respond Sat, 10 Jun 2023 12:25:02 +0000 https://kurir.mk/?p=844349

Црногорската економистка Данијела Гачевиќ ја презеде функцијата вршител на должноста директор на Секретаријатот на ЦЕФТА и ќе го замени досегашниот прв човек на оваа организација, Емир Џикиќ. Како што соопштија од ЦЕФТА, со повеќе од 15 години искуство во областа на меѓународната трговија, Гачевиќ носи богата експертиза и докажани резултати во својата нова улога. - Вршејќи различни функции, таа се здоби со големо знаење и практично искуство во националните, регионалните и меѓународните трговски рамки, а пред да биде именувана на оваа позиција, беше виш советник за олеснување на трговијата во Секретаријатот на ЦЕФТА, се наведува во соопштението. Гачевиќ дипломирала на Економскиот факултет во Подгорица, каде што магистрирала од областа на меѓународните односи, а своето професионално знаење го надградувала преку бројни специјализирани програми и обуки. Била и советник во Министерството за економија на Црна Гора и учествувала, меѓу другото, и во преговорите за слободна трговија меѓу Подгорица и други земји. За време на нејзината кариера, таа беше дел и од тимот на Светската трговска организација. Од ЦЕФТА порачуваат дека назначувањето на Гачевиќ претставува сигурен континуитет во унапредувањето и развојот на слободната трговија и зајакнувањето на регионалната економска соработка. - Остануваме посветени на олеснување на трговијата во регионот на ЦЕФТА и зајакнување на конкурентноста на економиите потписнички на ЦЕФТА. На тој пат драгоцено ќе биде искуството што го поседува новоименуваниот в.д. директор, што, сигурни сме, ќе биде дополнителна движечка сила во напорите на ЦЕФТА за намалување на трговските бариери и создавање нови трговски можности, преку усогласување на трговските политики со стандардите на ЕУ, велат од Секретаријатот на ЦЕФТА. Гачевиќ ќе биде вршител на должноста директор на Секретаријатот на ЦЕФТА до изборот на нов директор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/danijela-gachevik-na-chelo-na-sekretarijatot-na-tsefta/feed/ 0
Џикиќ: Членките на ЦЕФТА да ја обноват својата посветеност за заеднички регионален пазар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzikikj-chlenkite-na-cefta-da-ja-obnovat-svojata-posvetenost-za-zaednichki-regionalen-pazar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzikikj-chlenkite-na-cefta-da-ja-obnovat-svojata-posvetenost-za-zaednichki-regionalen-pazar/#respond Fri, 18 Nov 2022 07:13:57 +0000 https://kurir.mk/?p=762748

Регионалната соработка не е мит, туку наша реалност. Тоа е нашиот начин да обезбедиме место под чадорот на ЕУ. Не треба да ги затвораме очите пред предизвиците, тие постојат. Сепак, не треба ниту да заборавиме што постигнавме заедно. Гледајќи ја регионалната соработка низ очите на ЦЕФТА, трговијата се зголеми меѓу 74 и 127 проценти, трговијата со стоки и услуги се либерализирани и понатаму се олеснуваат, областите на соработка продолжуваат да се прошируваат, а дигитализацијата на трговијата го зема својот пат, вели во интервју за МИА директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ. Џикиќ кој денеска ќе учествува на Балканскиот економски форум, нагласува дека и покрај предизвиците, новите политики кои би создале повеќе трговски можности се воспоставени, но се чека на ЦЕФТА членките да ја обноват својата посветеност согласно Акцискиот план за заеднички регионален пазар. -Не треба да го пропуштиме потенцијалот што е пред нас, потенцијал што може да ни помогне да се справиме со економските предизвици и да го забрзаме закрепнувањето. Она што ни треба е дополнително да ја зајакнеме довербата меѓу нас за да го достигнеме дополнителното зголемување на БДП од 6,7 отсто, подвлекува директорот на Секретаријатот. Според него, иако механизмите на ЦЕФТА не можат директно да влијаат на стапката на инфлација, пакетот економски иницијативи и договори кои се спроведени, ги поддржуваат државите да ја зголемат трговијата за новите иницијативи да создадат нови трговски можности. Џикиќ во интервјуто за МИА се осврнува и на Отворен Балкан. Г-не Џикиќ, светот се соочува со економска/енергетска криза чии последици веќе значително се чувствуваат. Која е предноста да се биде член на ЦЕФТА во ваков момент? Ниту една економија никогаш сама не се справила со криза, туку во соработка со своите партнери. Колку е посилна и поинституционализирана соработката, толку е поефикасен одговорот на кризата. Во екот на пандемијата, за само неколку недели беше поставен целиот систем на Зелен коридор/Зелени патеки, вклучувајќи ги стотиците чинители од јавните институции, бизнис секторот и регионалните организации кои работеа како еден ентитет. Ги мобилизиравме сите капацитети на „зелените“ премини, овозможувајќи заживување на трговијата. Она што го научивме е дека одговорот на кризата е само прв чекор. Справувањето со последиците лежи во создавање нови трговски можности. Креирањето заеднички политики, засновани на политиките и стандардите на ЕУ, е патот што треба да се оди. Од една страна, овие политики ја зголемуваат трговијата меѓу државите, а од друга ја подобруваат конкурентноста на компаниите на ЕУ и на светскиот пазар. Тоа е агендата на ЦЕФТА, доверена од лидерите од Западен Балкан, во усвоениот Акциски план за заеднички регионален пазар. Нашата агенда е фокусирана на две полиња. Првото, развивање нови области на соработка меѓу ЦЕФТА членките, како што се е-трговија, признавање на програмите на AEOS, испорака на пратки, отстранување на лиценци, работни дозволи со цел да се создадат нови трговски можности. Студиите покажаа дека, доколку ЦЕФТА ја доведеме на ниво на интеграцијата што постои во ЕУ, тоа ќе доведе до зголемување на дополнителниот БДП за 6,7 проценти. Второто, усогласувањето на политиките со ЕУ, создава можност за проширување на придобивките што ги уживаат страните меѓу нив, со земјите-членки на ЕУ. Проширувањето на зелените и сините патеки со Грција и Италија се пример како успешната соработка меѓу ЦЕФТА членките служи како модел на соработка со ЕУ. Имајќи ја предвид потребата од зајакнување на регионалната економска соработка и забрзување на закрепнувањето, особено во светлината на Заедничкиот регионален пазар и Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан, важноста на ЦЕФТА договорот лежи во обновата на флексибилното економско опкружување. Кои се во овие услови придобивките од договорите за слободна трговија и за што може конкретно сега да се искористи трговската отвореност меѓу земјите членки на ЦЕФТА? Е- трговијата, особено по пандемијата, стана важен продажен канал и обезбедувач на приход за компаниите и значаен елемент на растот. Поради неговиот висок потенцијал да го поттикне економскиот раст, дигиталната трансформација и придобивките што ги носи за економиите на Западен Балкан, целосниот потенцијал на е-трговијата допрва треба да се искористи. Како дел од агендата за CRM, ЦЕФТА работи на три нови одлуки кои чекаат да бидат усвоени од Заедничкиот комитет – Одлука за олеснување на електронската трговија која ќе ги поддржи малите и средни компании кои продаваат онлајн, поедноставување на законите и прописите за продажба на целиот пазар на ЦЕФТА, Одлука за услуги за достава на пакети помеѓу членовите и Одлука за спречување на неоправдано гео-блокирање, што би обезбедило исто ниво на заштита на потрошувачите, транспарентност на цените и отстранување на неоправданите практики на гео-блокирање на милиони луѓе кои купуваат онлајн. Овие одлуки го поддржуваат создавањето на ЦЕФТА пазар вреден една милијарда евра, со 20 милиони клиенти. Освен на е-трговијата, се работи и на поедноставување на царинските процедури и подобрување на електронската размена на податоци, приближување до трговијата без хартија. Одлуката за признавање на програмите AEOS е финализирана. Откако ќе биде усвоена, ќе им овозможи на доверливите ЦЕФТА компании, кои веќе го добиле статусот на АЕО, да извезуваат по поедноставени царински процедури. Исто така, надградена е и комуникацијата помеѓу царинските управи и различните агенции вклучени во царинењето на стоки во регионот. Во пракса, SEED и SEED+ придонесуваат за значително намалување на времето на чекање на премините, поедноставување на постапката и намалување на трошоците. Дали и колку може соработката меѓу земјите членки на ЦЕФТА да го намали инфлаторниот удар? Иако механизмите на ЦЕФТА не можат директно да влијаат на стапката на инфлација, пакетот економски иницијативи и договори кои се спроведени ги поддржуваат страните да ја зголемат трговијата, како новите иницијативи би создале нови трговски можности. Ревидираните, преодни ПЕМ правила за потекло, за извоз на пазарите на ЦЕФТА, меѓу другото, ја укинуваат забраната за враќање на давачките за суровини без потекло, со што се намалуваат трошоците за извозниците, кои би станале поконкурентни на пазарите во регионот. Во услови кога стопанството се соочува со негативните последици од зголемените цени на енергенсите, секоја активност што придонесува за намалување на трошоците на нашите извозници е од особено значење. Поради војната во Украина и кризата, странските компании сметаат дека овие флексибилни правила за потекло се поволни за нивните бизнис, додека компаниите од регионот добиваат повеќе можности да влезат во синџирите на вредност. Страните на ЦЕФТА во овие услови би можеле да привлечат повеќе странски инвестиции. Како ја оценувате иницијативата Отворен Балкан и дали сметате дека во неа треба да се вклучат повеќе земји? Секоја иницијатива што би можела да придонесе за спроведување на Акциониот план за заеднички регионален пазар во Западен Балкан е за поздрав. Регионалната соработка останува важен дел од процесите за пристапување во ЕУ. Затоа, сите иницијативи треба да бидат инклузивни, сеопфатни, во согласност со политиките и стандардите на ЕУ и ЦЕФТА, бидејќи тие ја обезбедуваат правната рамка за регионалната трговска политика и таа е дел од претпристапната агенда. Кои ќе бидат клучните пораки од Балканскиот економски форум? Регионалната соработка не е мит, туку наша реалност. Тоа е нашиот начин да обезбедиме место под чадорот на ЕУ. Не треба да ги затвораме очите пред предизвиците, тие постојат. Сепак, не треба ниту да заборавиме што постигнавме заедно. Гледајќи ја регионалната соработка низ очите на ЦЕФТА, трговијата се зголеми меѓу 74 и 127 отсто, трговијата со стоки и услуги се либерализирани и понатаму се олеснуваат, областите на соработка продолжуваат да се прошируваат, дигитализацијата на трговијата го зема својот пат. И покрај предизвиците, новите политики кои би создале повеќе трговски можности се воспоставени, но се чека на ЦЕФТА страните да ја обноват својата посветеност дадена во Акцискиот план за заеднички регионален пазар. Не треба да го пропуштиме потенцијалот што е пред нас, потенцијал што може да ни помогне да се справиме со економските предизвици и да го забрзаме закрепнувањето. Она што ни треба е дополнително да ја зајакнеме довербата меѓу нас за да го достигнеме дополнителното зголемување на БДП од 6,7 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzikikj-chlenkite-na-cefta-da-ja-obnovat-svojata-posvetenost-za-zaednichki-regionalen-pazar/feed/ 0
Состанок на ЦЕФТА Поткомитетот за царина и потекло на стоки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sostanok-na-cefta-potkomitetot-za-carina-i-poteklo-na-stoki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sostanok-na-cefta-potkomitetot-za-carina-i-poteklo-na-stoki/#respond Thu, 14 May 2020 15:37:32 +0000 https://kurir.mk/?p=345938

Во организација на Царинската управа преку видео конференциска врска денеска се одржа 19-тиот состанок на ЦЕФТА Поткомитетот за царина и потекло на стоки, во рамки на македонското претседателство. На состанокот, соопшти Царинската управа, присуствуваа високи претставници од царинските управи и министерства на ЦЕФТА земјите (Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Црна Гора, Србија и Косово), претставник на ЕФТА земјите, како и директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, високи претставници на Европската Комисија, Светска банка, ИФЦ и транспортната заедница на ЕУ. На состанокот, како што се посочува, беа изложени и објаснети приоритетите на Царинската управа во однос на рамките на претседателството со ЦЕФТА поткомитетот, како што се и прашањата за суштинско олеснување на трговијата. Една од главните точки кои беа тема на разговор на состанокот е и отпочнувањето на меѓународно признавање на сертификатот за Овластен економски оператор – ОЕО на ниво на ЦЕФТА, со кое во голема мера ќе се олесни протокот на стока на нашите економски оператори, ќе се забрзаат царинските постапки, ќе се намалат трошоците и секако ќе се зголеми нивната конкурентност, а се разговараше и за воведување на заедничко официјално лого за АЕО во ЦЕФТА (Authorized Economic Operator in CEFTA). Искажано е задоволство од брзото воспоставување и досегашното функционирање на зелените коридори, а се дискутираше и за примена на истите коридори во иднина за стоки на овластените економски оператори и за расипливи стоки, информираат од Царинската управа. Како втор приортитет наметнат од наша страна, како што се потенцира, претставува конвенцијата за потекло на стоки – ПЕМ конвенцијата, преку склучување договори за слободна трговија со ЕУ, што всушност ќе биде олесување за нашите економски оператори, зголемување на нивната конкурентност, особено на оние кои извезуваат во земјите на Европската унија и ПЕМ зоната. Следна многу важна точка од агендата е дискусијата за развој на електронска трговија помеѓу ЦЕФТА земјите, кој, имајќи ја предвид моменталната ситуација со КОВИД кризата, во иднина ќе биде од особено значење за економските оператори при размена на стоки како во ЦЕФТА регионот, така и со ЕУ и ЕФТА земјите. Земјите високо ја оценија досегашната соработка во рамките на SEED системот (систем за размена на податоци помеѓу ЦЕФТА земјите), и се договорија за проширување на системот со можност за размена на pre-arrival информации, односно информации пред пристигање на стоката со ЕУ земјите, стои во соопштението од Царинската управа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sostanok-na-cefta-potkomitetot-za-carina-i-poteklo-na-stoki/feed/ 0
ЦЕФТА: Приоритет во прекуграничниот транспорт ќе имаат храната и лековите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cefta-prioritet-vo-prekugranichniot-transport-kje-imaat-hranata-i-lekovite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cefta-prioritet-vo-prekugranichniot-transport-kje-imaat-hranata-i-lekovite/#respond Sat, 11 Apr 2020 08:31:37 +0000 https://kurir.mk/?p=330526

Земјите од Централноевропскиот трговски договор (ЦЕФТА) го одобрија списокот на основни производи на кои треба да се даде приоритет кога станува збор за прекуграничниот транспорт, со цел да се обезбеди соодветно снабдување во услови на кризата со Ковид-19. Станува збор за храна и медицинска опрема што во иднина ќе имаат приоритет при таканаречените „зелени коридори“, воспоставени заради поефикасен транспорт и побрзо преминување на границите за сите стоки. „Зелените коридори“ подразбираат забрзана правна и здравствена процедура на одредени гранични премини што ќе бидат отворени за превоз на стока 24 часа седум дена во неделата. Најавата на пристигнувањето на стоката на граничните премини ќе се врши преку Електронскиот систем за размена на податоци помеѓу царинските администрации во рамките на ЦЕФТА. Секретаријатот на ЦЕФТА во Брисел информира дека концептот „зелени коридори“ ќе започне да се применува од 13 април. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cefta-prioritet-vo-prekugranichniot-transport-kje-imaat-hranata-i-lekovite/feed/ 0
Зелен коридор во ЦЕФТА регионот за камиони со храна и медицинска опрема https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zelen-koridor-vo-cefta-regionot-za-kamioni-so-hrana-i-medicinska-oprema/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zelen-koridor-vo-cefta-regionot-za-kamioni-so-hrana-i-medicinska-oprema/#respond Thu, 19 Mar 2020 10:59:14 +0000 https://kurir.mk/?p=318843

Директорите на царините од ЦЕФТА регионот попладне преку видео конференција треба да договорат воспоставување т.н. зелен коридор со приоритетни ленти за камионите со храна, репроматеријали за прехранбената индустрија, за медицинска опрема и материјали, информира денеска директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски. На состанок во Министерството за економија денеска се расправаше за барањето на прехранбениот и реалниот сектор за овозможување слободен проток во ЦЕФТА регионот и во внатрешноста на Европската унија, а по затворањеѕо на границите и ограничувањата за транспортот поради состојбата со коронавирусот. Веруваме, итакна Танасоски, дека многу бргу ќе се воспостави тој слободен промет што има значително влијание на ослободување на притисокот на производствените капацитети. Танасоски нагласи капацитетите на нашата Царина се на располагање за максимален проток на стоката. Очекува во наредните денови да се надмине проблемот со епидемиолошките услови што треба да ги исполнат возачите при транзитирање, а со тоа и компаниите слободно да ги планират набавките. – Како Царинска управа заедно со министерствата за надворешни работи и за внатрешни работи и останатите надлежни институции сме во постојан контакт со директорите на царинските управи од земјите во ЦЕФТА и надлежните во ЕУ. Можам да потврдам дека нашите капацитети се на располагање да овозможоме максимален проток на стоката. Она што е главен проблем за компаниите е транспортот односно епидемиолошките услови што требада се задоволат за возачите кои влегуваат и излегуваат од нашата држава и кои доаѓаат од кризните подрачја. Од вчера се овозможи преку Државниот санитарен и здравствен инспекторат да се издаваат дозволи со што изјавите што ги потпишуваат возачите за влез во државата за карантин се прогласуваат за ништовни, доколку имаат ваква дозвола за излез од државата. Веруваме дека во голема мерка со ова во наредните денови ќе се воспостави оваа рутина ќе може слободно компаниите да ги планираат своите набавки, камионите слободно да транзитират и да излегуваат и влегуваат на подрачјето на Република Северна Македонија, изјави Танасокси. Како Царинска управа, дополни, излегуваме максимално во пресрет и на другите компании во контекст на ослободување и предлагање анализа и во однос на автономните мерки и то треба да биде земено првично во превдид. попладне има однос на автономните мерки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zelen-koridor-vo-cefta-regionot-za-kamioni-so-hrana-i-medicinska-oprema/feed/ 0
Србија и БиХ ќе ги бојкотираат состаноците на ЦЕФТА во Приштина поради зголемувањето на увозните давачки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/srbija-i-bih-kje-gi-bojkotiraat-sostanocite-na-cefta-vo-prishtina-poradi-zgolemuvanjeto-na-uvoznite-davachki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/srbija-i-bih-kje-gi-bojkotiraat-sostanocite-na-cefta-vo-prishtina-poradi-zgolemuvanjeto-na-uvoznite-davachki/#respond Fri, 16 Nov 2018 13:03:17 +0000 https://kurir.mk/?p=128563

Србија и Босна и Херцеговина нема да учествуваат на состаноците на ЦЕФТА во Приштина на 20 и 21 ноември, ниту на министерската средба во рамките на Неделата на таа регионална организација закажана за 3 декември, соопшти потпретседателот на српската Влада и министер за трговија и туризам Расим Љајиќ. Тој прецизираше дека одлуката, која претставувао одговор на одлуката на Косово да ги зголеми царините на стоката од Србија и БиХ, ја донел заедно со босанскиот колега Мирко шаровиќ за време на вчерашниот телефонски разговор. Љајиќ оцени дека мерките на Приштина ја предизвикале најголемата криза од почетокот на примената на спогодбата ЦЕФТА. За осум дена, колку се во сила косовските мерки, пласманот на стока од Србија и БиХ во Косово е преполовен, а властите предупредуваат и на можен бран зголемување на цените на некои производи. – Тоа зголемување од 10 отсто во вкупната маса нема да биде само 10 отсто, бидејќи се зголемува и ДДВ, трошоците за транспорт, трошоците за фитосанитарни прегледи и други трошоци. Тие 10 отсто на пазарот може да доведат до значително зголемување на цените, изјави Ненад Риколо, косовски министер за земјоделство во оставка и еден од српските министри во косовската Влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/srbija-i-bih-kje-gi-bojkotiraat-sostanocite-na-cefta-vo-prishtina-poradi-zgolemuvanjeto-na-uvoznite-davachki/feed/ 0
Србија повторно предупредува: Ако до 14 април нема решение за брашното, воведуваме „полн сет“ контрамерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbija-povtorno-predupreduva-ako-do-14-april-nema-reshenie-za-brashnoto-voveduvame-poln-set-kontramerki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbija-povtorno-predupreduva-ako-do-14-april-nema-reshenie-za-brashnoto-voveduvame-poln-set-kontramerki/#respond Thu, 05 Apr 2018 14:59:16 +0000 https://kurir.mk/?p=37018

Договорот ЦЕФТА е во сериозна криза, а идејата за економско поврзување на регионот е на „климави нозе“ поради честите еднострани провокации на одделни влади во регионот и воведување вонцарински бариери во трговијата со Србија, изјави денеска српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации на Србија Расим Љајиќ за Танјуг. Најнов таков случај, како што кажа Љајиќ е спорот со брашното со Македонија, при што тој најави дека доколку до 14 април Македонија не најде решение за увозот на српското брашно, истиот ден Србија ќе примени „полн сет“ контрамерки. - Доколку до 14 април не најдеме решение, автоматски истиот ден ќе воведеме контрамерки. Немаме друг механизам и бевме доволно време трпеливи и толерантни, изјави Љајиќ. Според него, Србија разбира оти македонската влада е под страшен притисок на „мало воденичарско лоби“, но посочи дека Србија веќе нема да трпи „едно такво нелогично и неекономско однесување.“ - Направен е исчекор по недоамнешните разговори со македонската страна кога е договорено взаемното признавање на сертификатите и на работното време на инспекциите на граничните премини, констатираше Љаиќ, додавајќи дека Србија предлагала потполно укинување на контролните маркички кои се лепат на пакувањата од брашното. Предлагаме и Србија и Македонија, потполно да ги укинеме маркичките, затоа што нема потреба од дупла контрола доколку меѓусебно се признаваат сертификатите затоа што на тој начин се зголемува вредноста на стоката, а на крај, сето тоа го плаќаат купувачите, констатира Љајиќ. На прашањето на Танјуг, дали идејата за економско поврзување на регионот е одржлива поради честите вонцарински бариери и дали е можна промена на начинот на гласањето во ЦЕФТА, според предлогот на Србија за „консензус минус еден“ Љаиќ одговори дека „Цефта договорот е во сериозна криза и се има сведено на класичен договор за слободна трговина меѓу земјите во регионот, и иако ЦЕФТА има дадено значајни резултати, таа е во фаза или да регресира или да се направи чекор напред во натамошните економски интеграции“. Тој додаде дека Србија за ова прашање се обраќала до надлежните во ЕУ-но од таму „немаат слух“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbija-povtorno-predupreduva-ako-do-14-april-nema-reshenie-za-brashnoto-voveduvame-poln-set-kontramerki/feed/ 0