Цементарница УСЈЕ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Apr 2023 11:24:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Цементарница УСЈЕ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во Цементарница УСЈЕ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nedelen-izveshtaj-za-izmereni-sredno-dnevni-vrednosti-na-emisii-od-glavnite-emisioni-tochki-vo-tsementarnitsa-usje-2/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nedelen-izveshtaj-za-izmereni-sredno-dnevni-vrednosti-na-emisii-od-glavnite-emisioni-tochki-vo-tsementarnitsa-usje-2/#respond Fri, 07 Apr 2023 11:24:58 +0000 https://kurir.mk/?p=821476

Легенда: ИСДВ – измерена средно-дневна вредност ГВЕ – гранична вредност на емисии (Законски максимално дозволена вредност) * Ротирна печка 3 не работи од 13.03.2023 поради годишен ремонт
  • Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон
Од 2007 година, емисиите на Цементарница УСЈЕ  се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите.
  • Производството запира доколку филтрите не работат
Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.
  • Цементарница УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот
Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички)  во кругот на Цементарница УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.
  • Работењето на компанијата постојано е следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина
 
  • Кога печките на Цементарница УСЈЕ работат, тие работат 24 часа
Цементарница УСЈЕ  поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото денонокие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат.
  • Производството на цемент е поинтензивно лете, отколку зиме
Поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо лете, отколку зиме.   Цементарница УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи, медиумите во кое и да е време да ја посетат компанијата и да добијат одговори за сите прашања од интерес. Контакт e-mail: [email protected]]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nedelen-izveshtaj-za-izmereni-sredno-dnevni-vrednosti-na-emisii-od-glavnite-emisioni-tochki-vo-tsementarnitsa-usje-2/feed/ 0
УСЈЕ се приклучи на глобалната иницијатива „Час на планетата земја 2023“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/usje-se-prikluchi-na-globalnata-initsijativa-chas-na-planetata-zemja-2023/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/usje-se-prikluchi-na-globalnata-initsijativa-chas-na-planetata-zemja-2023/#respond Fri, 24 Mar 2023 15:59:05 +0000 https://kurir.mk/?p=816085

Повеќе од една деценија, Цементарница УСЈЕ е дел од глобалната иницијатива „Часот на планетата земја“. Во сабота, 25 март 2023 година, од 20:30 часот до 21:30 часот, УСЈЕ ќе ги исклучи мелниците за цемент од електрично напојување, со што ќе заштеди 3 MWh електрична енергија. На тој начин УСЈЕ директно ќе придонесе за намалување на стакленичките гасови во атмосферата, кои се и главна причина за глобалното затоплување и климатските промени. Инаку, со исклучување на мелниците за цемент компанијата ќе заштеди електрична енегија која просечно ја задоволува потрошувачката на околу 1000 домови или околу 20.000 улични светилки. Во годинешната иницијатива „Часот на планетата земја“ која се одвива под мотото „Исклучи – дај  час на планетата“ покрај со исклучување на мелницата за цемент, која е еден од најголемите потрошувачи на електрична енегија во УЈСЕ, компанијата ќе ги исклучи од електрично напојување и другите погони. Истовремено, УСЈЕ ги повика и своите вработени да се приклучат кон „Часот на планетата земја“ во своите домови и заедно со своите семејства да дадат поголема поддршка на оваа значајна глобална иницијатива. УСЈЕ во сите сегменти од своето работење применува високи стандарди кои се во склад со животната средина и со интересите на заедницата. Само во акциите за пошумување, од 1998 година до сега, компанијата има засадено над 364.000 дрвја на различни локации. Покрај деловните активности компанијата, заедно со своите партнери од локалната, но и од пошироката заедница, во континуитет реализира бројни општесрвено одговорни проекти. Компанијата сите свои активности ги извршува преку транспаретен процес, во постојана и отворена комуникација со сите свои партнери. УСЈЕ е член на договорот „Глобал Компакт“ на Обединетите Нации. Со потпишување на овој договор, компанијата се обврза континуирано да ги почитува десетте клучни принципи за добро корпоративно управување, меѓу кои е и заштитата на животната средина. Дополнително, УСЈЕ постојано поттикнува и спроведува бројни општествено одговорни иницијативи во областа на животната средина, а ќе продолжи во таа насока и во иднина.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/usje-se-prikluchi-na-globalnata-initsijativa-chas-na-planetata-zemja-2023/feed/ 0
Државен инспекторат за животна средина: УСЈЕ ги примени сите препораки, контролните мерења покажуваат дека нема надминување на емисиите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhaven-inspektorat-za-zhivotna-sredina-usje-gi-primeni-site-preporaki-kontrolnite-merena-pokazhuvaat-deka-nema-nadminuvane-na-emisiite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhaven-inspektorat-za-zhivotna-sredina-usje-gi-primeni-site-preporaki-kontrolnite-merena-pokazhuvaat-deka-nema-nadminuvane-na-emisiite/#respond Wed, 08 Feb 2023 12:28:10 +0000 https://kurir.mk/?p=797891

Државниот инспекторат за животна средина преку статус на Фејсбук информира дека УСЈЕ ги примени сите препораки и дека контролните мерења покажуваат дека нема надминување на емисиите. „ИНФО ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАДОЛЖЕНИЈА ВО ИНСПЕКЦИСКА ПОСТАПКА ОД СТРАНА НА ПРАВЕН СУБЈЕКТ "ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ" АД СКОПЈЕ. 1️⃣На 7ми Февруари е започната постапката за спогодување пред Комисијата за спогодување при МЖСПП и истата е во тек. По завршување на спогодувањето јавноста ќе биде информирана за конечната одлука. 2️⃣Правниот субјект постапи по издаденото Решение во инспекциска постапка од страна на Државен инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Скопски регион при што во двата котли за парно греење со моќност од 4,2 MW во котларата за загревање на фабриката отпочна со користење природен гас како гориво. Исто така беа извршени мерење на емисија на гасови од емитерот-оџакот на парниот котел со акредитирана лабораторија за животна средина. Од пристигнатиот извештај е утврдено дека нема евидентирано надминување на ГВЕ-граничните вредности на емисија. 3️⃣Правниот субјект реализираше и мерења на 8 емисиони точки согласно А-ИЕ Дозвола од сите производни делови кои се во работен режим со две акредитирани лаборатории за животна средина. Останати 4 мерни места поради редовен годишен ремонт на ротациона печка 4 и придружни работни единици ќе се мерат дополнително. 📗Од пристигнатите извештаи е утврдено дека нема евидентирано надминување на ГВЕ-граничните вредности на емисија. 4️⃣Една од двете печки (ротациона печка бр.4) е во ремонт и истата не е во работен режим. 5️⃣Цементарница УСЈЕ А-Дозволата за усогласување со оперативен план ја поседуваше од 2011 година, измена на А-ДУОП беше направена во 2013 година, а А-Интегрираната Еколошка Дозвола ја поседува од 2020 година. Дозволите ги издава МЖСПП. 6️⃣Врз основа на пристигнато барање од страна на Канцеларијата на Народниот Правобранител на РСМ (Заменик НП), во тек е подготовка на информација со барани податоци за работењето на правниот субјект Цементарница Усје која ќе биде доставена до барателот во законски утврдениот рок. 7️⃣ДИЖС редовно ќе врши инспекциски надзори во правниот субјект согласно утврдени планови за работа“, стои во нивниот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzhaven-inspektorat-za-zhivotna-sredina-usje-gi-primeni-site-preporaki-kontrolnite-merena-pokazhuvaat-deka-nema-nadminuvane-na-emisiite/feed/ 0
Обвинувањата против УСЈЕ се невистинити, ќе покренеме правна постапка во интерес на вистината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinuvanata-protiv-usje-se-nevistiniti-ke-pokreneme-pravna-postapka-vo-interes-na-vistinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinuvanata-protiv-usje-se-nevistiniti-ke-pokreneme-pravna-postapka-vo-interes-na-vistinata/#respond Wed, 18 Jan 2023 12:07:19 +0000 https://kurir.mk/?p=788899

Цементарница УСЈЕ АД Скопје целосно ги отфрла неоснованите обвинувања, чија цел е дефокусирање на јавноста. За жал ваквиот однос не води кон решавање на отворените прашања. Во интерес на точно и вистинито информирање уште еднаш повторуваме дека при вонредната контрола од страна на Државниот инспекторат за животна средина, спроведена на 3. и 4. јануари 2023 година, во присуство на инспектори од Град Скопје, потврдено е дека емисиите од производниот процес во Цементарница УСЈЕ се пониски од дозволените гранични вредности. Производниот процес во Цементарница УСЈЕ се одвива во законски определените рамки и според еколошките стандарди, а производството автоматски запира доколку филтрите не работат.   Поради енергетската криза и нарушеното снабдување со природен гас, за загревање на просториите се употребуваше мазут што е дозволен енергенс согласно А-Интегрираната Еколошка дозвола. При оваа вонредна контрола, кај парниот котел, кој не е дел од производниот процес и е исклучиво наменет за загревање на просториите, беше регистрирано отстапување кај еден параметар од мерењата. Оттука, неосновано е врз основа на еден параметар, каде што беа утврдени повисоки вредности да се носи заклучок дека компанијата е виновна за состојбите со загадувањето. Во тек е постапка со надлежната институција, во чии рамки ќе се разгледаат сите релевантни аспекти. Во меѓувреме компанијата веднаш ги имплементираше препораките на инспекторатот и направи замена на енергенсот со природен гас. За разлика од УСЈЕ, многу јавни објекти во градот продолжуваат да користат мазут за загревање, а јавноста не е информирана дали на овие објекти се вршат какви било мерења. Покрај тоа мерењата направени на 3. и 4. јануари 2023 во кругот на Цементарница УСЈЕ, уште еднаш потврдуваат дека нема корелација помеѓу работата на Цементарницата и квалитетот на амбиентниот воздух во градот. Резултатите од мерењата на сите емисиони точки во процесот потврдуваат дека нема надминување, а концентрацијата на РМ10 честичките во амбиентниот воздух измерена во Цементарница УСЈЕ е дури и помала од други мерни места во градот Скопје и во другите градови во земјата. Целосна невистина е дека УСЈЕ со својата работа и претходно влијаел на загадувањето во главниот град. Тоа го потврдуваат сите наши извештаи кои се доставувани до институциите, како и независните мерења од  акредитирани лаборатории. Со оглед на фактот, дека во јавноста се изнесуваат обвинувања и констатации кои не се поткрепени со факти или со научни докази, а во насока на заштита на вистината, ние ќе покренеме соодветна правна постапка пред надлежните органи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinuvanata-protiv-usje-se-nevistiniti-ke-pokreneme-pravna-postapka-vo-interes-na-vistinata/feed/ 0
Цементарница Усје: Ставовите на Арсовска се неосновани https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/tsementarnitsa-usje-stavovite-na-arsovska-se-neosnovani/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/tsementarnitsa-usje-stavovite-na-arsovska-se-neosnovani/#respond Thu, 12 Jan 2023 14:44:40 +0000 https://kurir.mk/?p=786550

Во интерес на правилно и точно информирање на јавноста, од Цементарница Усје ги отфрлаат неоснованите ставови изнесени во јавноста од страна на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска. Нивната реакција ја пренесуваме во продолжение: Имено, вонредната контрола од страна на Државниот инспекторат за животна средина, спроведена на 3. и 4. јануари 2023 година, во присуство и на инспектори од Град Скопје, потврди дека емисиите од производниот процес во Цементарница Усје се пониски од дозволените гранични вредности. Производниот процес во Цементарница Усје се одвива во законски определените рамки и според еколошките стандарди. На прес конференцијата без изнесени и податоци за мерења на 26. и 27. декември 2022 година. Вакви мерења во овие денови во кругот на фабриката воопшто не се направени, па оттука резултатите од нив не можат да се поврзат со УСЈЕ. Мерењата направени на 3. и 4. јануари 2023 од страна на ДИЖС и инспектори за животна средина на Град Скопје во кругот на Цементарница Усје, уште еднаш потврдуваат дека нема корелација помеѓу работата на Цементарницата и квалитетот на амбиентниот воздух во градот. Резултатите од мерењата на сите емисини точки во процесот потврдуваат дека нема надминување, а концентрацијата на РМ10 честичките во амбиентниот воздух измерена во Цементарница Усје е дури и помала од други мерни места во градот. Поради енергетската криза и нарушеното снабдување со природен гас, за загревање на просториите се употребува мазут што е дозволен енергенс согласно А-Интегрираната Еколошка дозвола. При оваа вонредна контрола, кај парниот котел, кој не е дел од производниот процес и е исклучиво наменет за загревање на просториите, беше регистрирано отстапување кај еден параметар од мерењата. Компанијата веднаш ќе ги имплементира препораките на инспекторатот и ќе направи замена на енергенсот со природен гас. Во Усје редовно се вршат независни мерења од страна на акредитирани лабаратории. Резултатите од досега извршените редовни мерења покажаа дека сите емисии, вклучувајќи ги и емисиите во котларата, се под законски дозволените граници. Последното вакво редовно независно мерење е направено на 28.10.2022 година. Цементарница Усје во континуитет ќе продолжи да ги унапредува сите процеси согласно принципите за транспарентно и одоворно работење.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/tsementarnitsa-usje-stavovite-na-arsovska-se-neosnovani/feed/ 0
Во Цементарница „Усје“ горел еден погон – нема повредени лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-cementarnica-usje-gorel-eden-pogon-nema-povredeni-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-cementarnica-usje-gorel-eden-pogon-nema-povredeni-lica/#respond Mon, 22 Aug 2022 15:18:55 +0000 https://kurir.mk/?p=722202

На 21.08.2022 во 11.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Цементарница „Усје“ настанал пожар во еден погон. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид бил извршен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-cementarnica-usje-gorel-eden-pogon-nema-povredeni-lica/feed/ 0
Ѓорѓиевски: Отвораме нов Противпожарен дом во дел од објектот АД “Цементарница Усје” https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gjorgjievski-otvorame-nov-protivpozaren-dom-vo-del-od-objektot-ad-cementarnica-usje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gjorgjievski-otvorame-nov-protivpozaren-dom-vo-del-od-objektot-ad-cementarnica-usje/#respond Wed, 16 Mar 2022 09:18:02 +0000 https://kurir.mk/?p=648046

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и генералниот директор на АД “Цементарница Усје”, Борис Хрисафов, денес го формализираа договорот за искористување на простор од објектот на оваа компанија за отворање на нов противпожарен дом во Кисела Вода. -Денес сме во АД “Цементарница Усје” заедно со генералниот директор на оваа компанија, за да обзнаниме отпочнување на еден голем проект кој ќе донесе голема корист на жителите на општина Кисела Вода, па и пошироко. Имено, заедно со господинот Хрисафов, постигнавме договор за пренамена на простор од овој објект, во кој отвораме нов противпожарен дом. Ова, пред се’, ќе значи можност за побрза реакција при несаканите настани, бидејќи, за жал во минатото често се случуваше и покрај силната желба да се помогне, големата оддалеченост да го стори своето, па објектот целосно да изгори, а неретко да има дури и човечки жртви, додека да пристигне екипата од Противпожарната бригада во Драчево. Нашите силни заложби, како локална самоуправа, вродија со плод, па успеавме да обезбедиме уште една локација, на која се наоѓаме денес и каде наскоро ќе профункционира нова противпожарна бригада. Истата е во близина и на Сопиште, со што освен жителите на Кисела Вода, бенефит ќе имаат жителите на уште една општина-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, заблагодарувајќи се од свое лично име и од име на жителите на Општина Кисела Вода на директорот Хрисафов и на “Цементарница Усје” за силната општествена одговорност која на овој начин ја покажуваат. -Ја цениме вашата поддршка и сме задоволни што реализацијата на проекти кои имаат за цел подобрување на безбедноста и спасување на човечки животи и добра, е наша заедничка заложба-потенцираше Ѓорѓиевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gjorgjievski-otvorame-nov-protivpozaren-dom-vo-del-od-objektot-ad-cementarnica-usje/feed/ 0
Цементарница УСЈЕ: Работиме согласно највисоките стандарди https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cementarnica-usje-rabotime-soglasno-najvisokite-standardi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cementarnica-usje-rabotime-soglasno-najvisokite-standardi/#respond Tue, 17 Dec 2019 14:56:50 +0000 https://kurir.mk/?p=278800

УСЈЕ работи согласно највисоките стандарди, реагираат од Цементарницата. Нивната реакција на обвинувањата за тоа што таму се гори, ја пренесуваме во целост:  Од 2011 година, Цементарница УСЈЕ поседува А-интегрирана еколошка дозвола, која гарантира дека работењето на компанијата е во согласност со домашното законодавство и стандардите на ЕУ во областа на животната средина. Покрај другите аспекти, А-интегрираната еколошка дозвола строго ја дефинира и употребата на енергенси што се користат во процесот, а истите се во целост усогласени со европските директиви, особено со ЕУ директивата за индустриски емисии. Тоа значи дека Цементарница УСЈЕ работи по исти стандарди, како и цементната индустрија во која било земја од ЕУ, а во вашиот текст без да се аргументира се тврди токму спротивното, со што се создава забуна во јавноста. Покрај тоа, од 2007 година во Цементарница УСЈЕ се врши континуиран мониторинг на сите емисии во воздухот, 24 часа - 365 дена во годината. Истите се во законски дозволените граници, што јасно укажува на строго контролиран процес. Резултатите од овие мерења се јавно достапни на интернет страницата на компанијата: http://www.usje.com.mk/NedelniIzvestaiEmisii.html http://www.usje.com.mk/godisni_izvestai_0_mk.aspx?mId=101&Lan=MK Комплетна дезинформација е и тврдењето дека Цементарница УСЈЕ загадува со сулфур. Имено, доволно е да се погледнат мерењата на емисиите (редовно ги доставуваме и до медиумите), кои јасно покажуваат дека емисиите на SO2 од стационарните извори на компанијата се неколку десетици пати пониски од законски дозволените максимални вредности. Како пример - просечно, во единаесетте месеци од 2019 година, емисијата на SO2 e 33,85 пати пониска од законски дозволените. Поради технолошки и деловни причини, печките на Цементарница УСЈЕ работат во текот на целото деноноќие. Кога се вршат, пак, ремонтни активности на печките, тие не работат воопшто, за што доследно и постојано известуваме. Дополнително, технолошкиот процес на Цементарница УСЈЕ оневозможува работа на печките, без работа на филтрите. Производството автоматски запира доколку филтрите не работат. Фотографиите пренесени во вашиот текст покажуваат фракции на остатоци од текстил кој е собран од еден од текстилните погони во земјава. Неговото користење како енергенс во цементната индустрија е безопасно, поради спецификите на процесот на производство на цемент – комплетно затворен систем и согорување на температури помеѓу 1500 – 2000 степени Целзиусови. Инаку, овие остатоци од текстил во праксата редовно или се спалуваат на отворено или непрописно се депонираат, со што се деградира животната средина, конкретно воздухот и почвата, а понекогаш и водите. Оттаму, користењето на фракциите на остатоци од текстил во цементната индустрија не е проблем, туку напротив – решение на веќе постоечки еколошки проблем и тоа со минимални или никакви последици по животната средина. Сакаме и во оваа прилика да истакнеме дека Цементарница УСЈЕ решава и уште еден сличен еколошки проблем – неодамна како енергенс почнавме да ја користиме и оризовата арпа, која исто така досега се спалува на отворено или се депонира во почвата или во реките во земјава. Во Цементарница УСЈЕ не се користат гуми како енергенс, а тој податок во вашиот текст е целосно неточен. Цементарница УСЈЕ, согласно дозволата што ја поседува, користи алтернативно гориво, што е во склад со праксата на Европската унија и е согласно директивите на Европската комисија од оваа област. Оттука, не се работи за отпад, туку за алтернативно гориво добиено од фракции од отпад, претходно целосно обработени во специјализирани фабрики, лоцирани во земји-членки на ЕУ, и строго контролирани од страна на сите надлежни институции. Употребата на алтернативни горива не е новина во земјите од ЕУ, каде што оваа пракса е присутна повеќе децении и е целосно безбедна технологија. Употребата на алтернативни горива, како што наведовме е дел од дозволата што ја поседува УСЈЕ, а правилата се строго пропишани во домашното законодавство. Надлежните институции постојано го контролираат нашето работење и досега сите нивни контроли потврдија дека работиме согласно законски пропишаните норми. Работата на УСЈЕ постојано покрај редовниот 24 часовен мониторинг е постојано контролиран од надлежните инстутиции. Сите контроли потврдуваат дека УСЈЕ работи во согласно со законски утврдените лимити. Последната контрола од Државниот инспекторат за животна средина беше направена на 12.12.2019 година. Записникот од увидот во компанијата е јавно достапен на http://sei.gov.mk/index_mk.asp?fbclid=IwAR2tjckjHCR6GlrC0TEVIgm1PlWlEFlSr9J-nXZyFNNt8T3FDjifcSjfonk/ . По последната контрола, констатирано е дека УСЈЕ работи согласно законските предвидените параметри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cementarnica-usje-rabotime-soglasno-najvisokite-standardi/feed/ 0
Отворен ден во Цементарница УСЈЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-vo-cementarnica-usje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-vo-cementarnica-usje/#respond Fri, 30 Nov 2018 06:53:56 +0000 https://kurir.mk/?p=133975

Сите заинтересирани граѓани, организации и институции, денеска ќе имаат можност да ја посетат компанијата УСЈЕ, да се запознаат со сите процеси во компанијата и да добијат одговори на сите прашања што сметаат дека се од нивен интерес. На отворениот ден на Цементарницата е најавено присуство на заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули. Од Цементарница УСЈЕ наведуваат дека со внимание ја следат загриженоста на јавноста во врска со состојбите во градот Скопје и сметаат дека сите треба да дадат придонес во решението, особено во лоцирање на вистинските причинители, а податоците, како што истакнуваат, јасно укажуваат дека УСЈЕ не е причина за ваквите состојби. Посочуваат дека работењето на компанијата се следи од Државниот инспекторат за животна средина кој редовно врши контроли на компанијата. Податоците од мерењата јасно укажуваат на фактот дека УСЈЕ во целост ги исполнува законски предвидените услови и емисиите се во просек неколку пати пониски од законски дозволените концентрации. Операциите на Цементарницата, како што појаснуваат, се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината и тоа преку независен мониторинг. Опремата со која се врши мониторингот е на производителот SICK – Maihak од Германија, а одржувањето и калибрацијата на инстументите го врши надворешна компанија, која има авторизација од производителот и е акредитирана од Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ). УСЈЕ од 2011 година има Интегрирана А еколошка дозвола со оперативен план од Министерството за животна средина и просторно планирање што гарантира строго почитување и имплементирање на сите законски обврски и континуиран независен мониторинг на сите активности на компанијата. Сите податоци од мерењата се јавно достапни на страницата на Министерството и на интернет страницата на компанијата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-vo-cementarnica-usje/feed/ 0