цена на нафта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Mar 2022 16:39:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png цена на нафта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Цената на нафтата се зголеми до 122 долари за барел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cenata-na-naftata-se-zgolemi-do-122-dolari-za-barel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cenata-na-naftata-se-zgolemi-do-122-dolari-za-barel/#respond Wed, 23 Mar 2022 16:39:06 +0000 https://kurir.mk/?p=652162

Цената на нафтата во средата се зголеми на меѓународните пазари до 122 долари за барел, поттикната од прекинот на извозот на руска и казахстанска нафта преку каспискиот нафтовод. На лондонската берза цената за барел нафта се зголеми за 6.35 долари во однос на претходниот ден, достигнувајќи 121,8 долари. На американскиот пазар барел нафта денеска се тргуваше по цена од 115 долари, или 5,72 долари повеќе во однос на претходниот ден. Пазарите ги размрда предупредувањето на Русија дека пореди оштетувањето на каспискиот нафтовод СПС, нејзиниот извоз на нафта ќе биде намален до милион барели на ден, што одговaра на еден процент од светското производство. Испораките преку СПС нафтоводот денеска се целосно прекинати, а поправката ќе трае најмалку месец и половина. „Цените на нафтата растат првенствено поради загубата на СПС извозот на нафта од Новоросијск, кој изнесува околу 1,3 милиони извезени барели дневно“, објаснува Мет Смит од Кплер. Пазарите, истовремено, ги вознемирува и можноста од нови санкции кон Русија, вториот најголем извозник на сурова нафта во светот, поради нејзината инвазија во Украина. Американскиот претседател Џо Бајден, се очекува да најави нови санкции во четврток на состанокот со европските лидери во Брисел, вклучително и вонредниот НАТО самит. Забраната за увоз на руска нафта и деривати, се уште предизвикува поделби меѓу земјите од ЕУ, но тоа може да се промени по истекот на краткорочните договори. Нервоза предизвикува и значителниот пад на резервите во САД, најголемиот потрошувач во светот, што го нагласува стравот од недостаток. Според податоците на Американскиот институт за нафта, резервите на сурова нафта минатата недела биле 4,3 милиони барели. Официјалните податоци на американската влада ќе бидат објавени во текот на неделава. Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) денеска објави дека барел нафта од нејзините земји членки вчера се тргувал по 114,60 долари, што значи дека поскапел за 79 центи во однос на претходниот ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cenata-na-naftata-se-zgolemi-do-122-dolari-za-barel/feed/ 0
Во Венецуела повторно расте цената на нафтата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-venecuela-povtorno-raste-cenata-na-naftata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-venecuela-povtorno-raste-cenata-na-naftata/#respond Mon, 07 May 2018 16:31:32 +0000 https://kurir.mk/?p=51154

Во пресрет на одлуката на САД за враќање на санкциите кон Иран и продолжување на економската криза во Венецуела, цената на нафтата повторно расте и денеска изнесува 76 долари за барел.

На лондонскиот пазар, цената на барелот порасна за 80 центи и изнесува 75,67 долари. На американскиот пазар, барелот се тргуваше по 84 центи повисока цена, која изнесува 70,56 долари.

Цените ја поттикнаа кризата во Венецуела, главниот извозник на нафта, која го засени зголемувањето на производството во САД за повеќе од една четвртина во текот на изминатите две години - на 10,62 милиони барели дневно, наведуваат економските аналитичари. Американската нафтена компанија „Конокофилипс“ одлучи да го преземе главниот имот на венецуелската нафтена компанија ПДВСА на Карибите со цел во арбитражната постапка да добие надомест од две милијарди долари. Овој потег, според аналитичарите, би можел дополнително да влијае на веќе намаленото производство и извоз на моќната венецуелска компанија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-venecuela-povtorno-raste-cenata-na-naftata/feed/ 0
Кризата околу Сирија ја покачи цената на нафтата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/krizata-okolu-sirija-ja-pokachi-cenata-na-naftata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/krizata-okolu-sirija-ja-pokachi-cenata-na-naftata/#respond Wed, 11 Apr 2018 12:42:21 +0000 https://kurir.mk/?p=39142

Цената на нафтата го достигна досега највисокото ниво во изминатите три години, откако претседателот на САД Доналд Трамп се закани дека ќе лансира проектили врз Сирија. Вредноста на нафтата брент се искачи на 72 долари за барел, што е највисоко ниво од декември 2014 година. Сирија самата не е голем производител на нафта, но во неа се води војна меѓу герилски групи поддржани од Иран и од Саудиска Арабија, и секое вжештување на тензиите ја зголемува опасноста од регионален, па и глобален судир меѓу Русија и САД. Но, аналитичарите на пазарот на нафтата навестуваат дека зголемувањето на цената може да биде краткотрајно, имајќи го предвид веќе долготрајниот значителен пораст на производството на нафта во САД. Американските стратегиски резерви на нафта се зголемија за 1,8 милиони барели во изминатата недела, и изнесуваат 429,1 милион барели, соопшти Американскиот институт за петролеј. Аналитичарите очекуваа дека американските резерви во овој период ќе се намалат, а не пораснат. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/krizata-okolu-sirija-ja-pokachi-cenata-na-naftata/feed/ 0