цена на струја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Dec 2022 13:07:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png цена на струја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Цената на струјата се зголемува, евтината тарифа повеќе од двојно, а високата за 20 проценти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-cenata-na-strujata-se-zgolemuva-evtinata-tarifa-povekje-od-dvojno-a-visokata-za-20-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-cenata-na-strujata-se-zgolemuva-evtinata-tarifa-povekje-od-dvojno-a-visokata-za-20-procenti/#respond Thu, 29 Dec 2022 11:58:06 +0000 https://kurir.mk/?p=782072

Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека владата го лаже народот дека цената на струјата е намалена. „ПОВТОРНО ЛАГИ И САМО ЛАГИ После лагата дека Владата го зголемила домашното производство на струјата за 26 % споредено со лани, новата лага на СДСМ е дека цената на струјата за граѓаните се намалува. Додека СДСМ упорно се труди да го прикрие секој свој неуспех кажувајќи лаги, ВМРО ДПМНЕ постојано прикажува егзактни бројки. Имено, на слика 1 и 2 се дадени официјалните вредности за цените на електричната енергија за домаќинствата од одлуката на РКЕ која е на сила од 1.7.2022 година, споредено со новите цени кои треба да важат од 1.1.2023 година. Од слика 1, за категорија на потрошувачи домаќинства јасно се гледа дека има зголемување на цените на електричната енергија во сите четири блока од скапата струја. Тоа значи дека во кој блок и да сте, секако од 1.1.2023 имате зголемена цена на струјата во висока тарифа. Посебно е страшно што СДСМ го премолчува најважното, а тоа е дека цената на струјата во т.н. ефтина тарифа расте повеќе од дупло. Ова е дадено на Слика 2, каде јасно се гледа дека цената на електричната енергија во ниската тарифа се зголемува од 0,6193 Ден/kWh на 1,3181 Ден/kWh. За жал, тоа е најсиромашната категорија на граѓани, кои најмногу штедат, па чекат да дојде 22 часот навечер или недела цел ден, за да користат ефтина струја. Истите тие сега за струјата во ефтина тарифа од 1ви јануари ќе плаќаат дупло повисока цена. Згора на сẻ, ако на ова се додаде зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 %, тогаш навистина не се јасни изјавите на ПР тимот од кујната на СДС за намалување на цените на струјата за домаќинствата. Затоа прашуваме: КАКО СДСМ го пресмета намалувањето на цените кога од сите елементи со кои се формира цената единствено ќе се намали тарифата за пренос и дистрибуција, додека сите други елементи ќе се зголемат, вклучувајќи го и ДДВ? Останува да се почека почетокот на февруари кога ќе стигнат првите сметки на домаќинствата и да се распадне лагата на СДСМ како меур од сапуница. Токму со првите сметки за струја во февруари 2023 година македонските граѓани ќе почувствуаат колку биле прелажани“, стои во нивниот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-cenata-na-strujata-se-zgolemuva-evtinata-tarifa-povekje-od-dvojno-a-visokata-za-20-procenti/feed/ 0
Битиќи: Свесни сме дека мора да има одредено покачување на цената на струјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitikji-svesni-sme-deka-mora-da-ima-odredeno-pokachuvanje-na-cenata-na-strujata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitikji-svesni-sme-deka-mora-da-ima-odredeno-pokachuvanje-na-cenata-na-strujata/#respond Thu, 03 Nov 2022 11:16:10 +0000 https://kurir.mk/?p=755128

Можното зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за електричната енергија од 5 на 10 отсто од 1 јануари идната година е само една од ставките во конечната цена која ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), но далеку сме се уште од тоа да ги согледаме сите параметри, а РКЕ да одреди кое и какво ќе биде влијанието, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. -Ние се уште ги правиме пресметките што значат импутите за следната година. Затоа преземаме мерки веќе една и пол година за импутот во дефинирање на цената за следната година да не биде удар за самите граѓани, рече Битиќи во одговор на прашање  по официјалното отворање на „Вториот македонски конгрес за патишта 2022“ во организација на Друштвото за патишта. Потсети дека Владата преку ЕСМ нудеше електричната енергија кон ЕВН хоум со многу пониска субвенционирана цена. -Тоа може да биде една од работите за да се амортизира евентуалното зголемување, но далеку сме се уште од тоа да ги согледаме сите параметри, а РКЕ да одреди кое и какво ќе биде влијанието. Свесни сме дека енергетската криза е тука и дека мора да има одредено покачување на цената на електричната енергија, но да биде колку што е можно поблаго за да се намали ударот кај граѓаните. Сметам дека тоа е императив за Владата, посочи Битиќи.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitikji-svesni-sme-deka-mora-da-ima-odredeno-pokachuvanje-na-cenata-na-strujata/feed/ 0
Ковид центрите најпогодени од екстремно високите сметки за струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovid-centrite-najpogodeni-od-ekstremno-visokite-smetki-za-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovid-centrite-najpogodeni-od-ekstremno-visokite-smetki-za-struja/#respond Wed, 23 Mar 2022 17:23:18 +0000 https://kurir.mk/?p=652179

Новите цени за електрична енергија ги зголеми и сметките во болниците во клиничкиот центар Мајка Тереза, ГОБ„8 Септември“ и градската болница „Наум Охридски“, објавува Канал 5. Највисоки сметки за струја добија Инфективната клиника скоро 27 илјади евра за еден месец, а ГОБ „8 Септември“ има долг од 240 илјади евра за струја и гас. Од Инфективната клиника велат за две години се потрошени 730 илјади евра за набавка на кислород кој беше потребен скоро на секој пациент во болницата. Високата бројка на ковид пациенти и нивното лекување донесе екстремно високи сметки во потрошуваката. Од инфективна клиника објаснуваат дека се работи на реорганизација, но наредно за менување и реновирање е и опремата во ковид болниците што беа максимално искористени. Извори за Канал 5 објаснија дека во наредните денови треба да се одржи состанок помеѓу ЕЛЕМ и министерствотро за здравство .]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovid-centrite-najpogodeni-od-ekstremno-visokite-smetki-za-struja/feed/ 0
РКЕ утре на главна седница ќе донесе конечна одлука за цената на струјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rke-utre-na-glavna-sednica-kje-donese-konechna-odluka-za-cenata-na-strujata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rke-utre-na-glavna-sednica-kje-donese-konechna-odluka-za-cenata-na-strujata/#respond Wed, 29 Dec 2021 14:29:25 +0000 https://kurir.mk/?p=614569

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) утре на главна седница ќе донесе конечна одлука за цената на електрична енергија, што ќе биде во важност од 1 јануари следната година. На денешната подготвителна седница се претставени вонредните механизми што РКЕ првпат ќе ги активира во кризна состојба. Се чекаат и забелешките што ќе бидат доставени во писмена форма од енергетските компаниии, кои ќе бидат разгледани на главната седница и ќе биде донесена конечната одлука. Новата цена на струјата за корисниците на регуларниот пазар ќе важи во првите шест месеци од наредната година. Сите енергетски компании веќе побараа зголемување на цената на електричната енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rke-utre-na-glavna-sednica-kje-donese-konechna-odluka-za-cenata-na-strujata/feed/ 0
Мицкоски: Цената на струјата ќе се зголеми за 30 до 40 проценти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-cenata-na-strujata-kje-se-zgolemi-za-30-do-40-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-cenata-na-strujata-kje-se-zgolemi-za-30-do-40-procenti/#respond Fri, 17 Dec 2021 12:21:11 +0000 https://kurir.mk/?p=609791

Од 30 до 40 проценти зголемување на цената на струјата прогнозира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој смета дека далеку од вистината е она што деновиве беше пласирано од властите дека цената на електричната енергија нема да се зголеми повеќе од 10 проценти. Во краен случај, како што рече на денешниот брифинг со новинарите, одлуката ќе ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), а таа, како што појасни, ќе предвидува укинување на евтината дневна струја од 14 до 16 часот попладне, но не и укинување на ноќната евтина струја и таа во недела. Мицкоски вели дека енергетска криза е глобална, но ја засега нашата земја, а клучната грешка што, според него, власта ја направила изминатиов период е тоа што го оставила ЕВН Хоум сам да купува струја, наместо во процесот на надополнување на недостигот на струја да биде вклучен ЕСМ. Мицкоски појаснува дека ЕВН Хоум е приватна компанија со регулирана дејност, која доколку недостигот го набавувала преку ЕСМ тогаш државата ќе можела да излезе во пресрет и да помогне. Во сегашната ситуација ЕВН Хоум нема да банкротира, според Мицкоски, а сето она што однапред е потрошено наместо на државен ќе треба да биде на товар на граѓаните. Како друг проблем ја посочи неповолната состојба, според него, на РЕК Битола, но и недомаќинското работење на хидроелектраните кои летоска наместо да акумулираат вода за грејната сезона, произведувале струја и ја продавале. Мицкоски појаснува дека во грејната сезона хидроелектраните треба да работат со капацитет од 50 до 60 проценти, а во моментов, како што вели, кај нас се многу под тоа. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека во претстојнава грејна сезона на земјава и недостигаат 300 до 350 евра милиони евра за да го покриеме периодот на грејната сезона. Тој вели дека претставниците на власта побарале совет од него за тоа како да се реши ситуацијата за која тој предупредувал и претходно, но напоменува дека кризата е глобална, додавајќи дека германските регулатори не дале дозвола за работа на гасоводот Северен поток 2 во наредните шест месеци поради што ќе нема гасно поврзување помеѓу Русија и Германија, а сето тоа ќе се одрази и на висината на цената на природниот гас. Според Мицкоски, тоа ќе се рефлектира и во нашата земја со оглед на тоа што топланите на БЕГ работат на гас. а]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-cenata-na-strujata-kje-se-zgolemi-za-30-do-40-procenti/feed/ 0
Копач: Цената на струјата во Македонија ќе расте! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kopach-cenata-na-strujata-vo-makedonija-kje-raste/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kopach-cenata-na-strujata-vo-makedonija-kje-raste/#respond Thu, 11 Nov 2021 16:44:05 +0000 https://kurir.mk/?p=594279

Цената на електричната енергија секако ќе расте, истакна директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Јанез Копач по средбата во Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и препорача земјава повеќе да инвестира во обновливите извори на енергија (ОИЕ) и во зголемувањето на енергетската ефикасност (ЕЕ). На средбата, како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, разговарале за случувањата во електроенергетскиот сектор и го информирале Копач за последните случувања на пазарот на електрична енергија и мерките што се преземени од останатите државни органи. Во изјава за медиумите, Копач посочи дека кризата со електричната енергија е на глобално ниво и дека во една ваква ситуација најлесно е да се преживее со домашното производство на електрична енергија. -Тоа на некој начин го амортизира ударот, но во Македонија нема доволно производство на електрична енергија и поради тоа многу зависи од увозот. Не може да најдеме решение преку ноќ, треба да има повеќе инвестиции во обновливи извори на енергија, преку нови електрани на ветер, на сонце, хидроелектраната Чебрен, … само тоа може да се помогне во совладувањето на енергетската криза, изјави Копач и додаде дека сето тоа ќе се одрази на поскапување на цената на електрична енергија. Сакале или не, рече Копач, ќе дојде до поскапување на  струјата, бидејќи увозот е многу скап. -Затоа најважно е да се дефинираат ранливите категории и да им се пружи помош за да може нормално да си ги платат сметките, порача Копач. Како што нагласи во сите земји од поранешна СФРЈ, со исклучок на Словенија и Хрватска, се држат ниски цените на струјата за домаќинствата. -Во социјалистичките земји од бивша Југославија, освен Хрватска и Словенија, сите други држат ниски цени на струјата за домаќинства, бидејќи се третира како социјално добро, но тоа е пазарно добро. Политичарите се плашат од зголемување на цената, но поради ниската цена на електрична енергија премногу се троши и плус нема пари за инвестиции во секторот.  Цел Балкан ќе има дефицит на струја. Тоа ќе биде голем проблем за сите, нагласи Копач. Посочи дека во земјава, како и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина воопшто не е вложувано во енергетскиот сектор во последните 20 години и дека ќе требаат десетина години за да се подобри состојбата. -Јас би отишол со голема брзина во голема инвестиција на обновливи извори, тоа е приватен капитал, цените на пазарот се добри, не треба да им се дадат субвенции, само треба МЕПСО да го овозможи приклучувањето и тоа ќе даде нови капацитети. Обновливите извори на енергија се проблематични, треба да се балансираат, треба да го има и Чебрен…. На Северна Македонија и треба и енергетска ефикасност. Многу трошите, зградите се енергетски неефикасни. Трошите струја за греење, а треба  да имате централно греење на биомаса или на гас кое во комбинација со обновлива изворна енергија ќе овозможи долгорочна нормална ситуација, рече Копач. Очекува дека ситуацијата ќе се подобри веќе следната година, некаде април-мај, но до тогаш, како што посочи, цената на струјата ќе остане. Препорача јавните институции да штедат и да одржуваат пониска температура во просториите, да се гаси светлото итн. -Тие се мали мерки, но секогаш се добри. Можеби тоа веќе се случува. Кампањите за штедење на електрична енергија се секогаш добри, но рестрикциите се само за во најголема криза. Рестрикција е нешто што е шок за нормален живот, а кампањата и доброто однесување се секогаш добредојдени, потенцира Копач. Негова оценка е дека Северна Македонија како држава членка на Енергетската заедница има напредок во реформите на енергетскиот пазар. -Чекаме промени во Законот за енергетика за некои додатни работи. Ако тоа го споредиме со останатите земји, Северна Македонија, Црна Гора и Србија на подрачјето на електрична енергија се најнапредни во оваа област, нагласи Копач. Прашан дали земјава сама се доведе до оваа ситуација да биде зависна од увоз на струја, рече дека причина за тоа е што не се инвестирало доволно во енергетскиот сектор. -Можеби можеше да биде многу подобро, но мора да се инвестирало во последните 10 години, но не се инвестираше. Практично освен една инвестиција во фотоволтаици и сега тендер во Осломеј немаше нови инвестиции во енергетиката, прецизира Копач. Претседателот на РКЕ Бислимовски посочи дека и во моментов се водат повеќе јавни кампањи за штедење на електрична енергија кои ги прават компании што вршат енергетска дејност. Прашан за колку ќе се зголеми цената на струјата по 1 јануари, претседателот на РКЕ рече дека прво треба да се распишат три тендери – за набавка на загуби од МЕПСО и ЕВН дистрибуција, како и за набавка на енергија за потребите на малите потрошувачи и домаќинствата од ЕВН хоум. -За овој тендер, најмалку 60 отсто треба да обезбеди ЕСМ, ќе видиме колку и по која цена и дали ќе има потреба од увоз за електрична енергија. Нека завршат па ќе информираме, посочи Бислимоски и потсети дека од 2019 година РКЕ веќе не ја определува цената по која ЕСМ ја продава електричната енергија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kopach-cenata-na-strujata-vo-makedonija-kje-raste/feed/ 0
Според МЕПСО: Граѓаните се виновни затоа што се бунат за поскапата струја! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-mepso-gragjanite-se-vinovni-zatoa-shto-se-bunat-za-poskapata-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-mepso-gragjanite-se-vinovni-zatoa-shto-se-bunat-za-poskapata-struja/#respond Mon, 10 Aug 2020 19:27:17 +0000 https://kurir.mk/?p=388989

Плаќаат повисоки сметки за мобилен телефон и интернет, а се бунат за поскапувањето на струјата. АД Мепсо излезе со соопштение по реакцииите во јавноста за новото зголемување на цената на електричната енергија. Велат дека компанијата побарала покачување затоа што планира инвестициски циклус од околу 100 милиони евра. Тврдат дека во земјава не постои производител на потребната опрема за трафостаниците и далеководите и поради тоа целата таа опрема се набавува од странство поради што според нив голото споредување  на цената на мегаватчас елетрична енергија со просечната плата во нашата земја е некорекно. Врз основа на анализите кои ги направила компанијата се утврдило дека се потребни инвестиции  во постоечката инфрастуктура, постројките и далеководите. -За жал, во одредени сегменти на нашето општество се уште постојат предрасуди и за најмала промена на цената на електричната енергија; дел од критичарите на цената на електричната енергија, во исто време, за мобилен телефон со интернет забава се подготвени да издвојат и значајни износи, често и далеку повисоки од сметката за електрична енергија. Понатаму, како висока сметка за електрична енергија се третира и сметка кога, оваа најскапа енергија, се користи за загревање на цела куќа или голем стан, се вели во соопштението од МЕПСО. Од државните електрани  пак посочија дека ќе предложат формирање на енергетски социјален фонд за подршка на  ранливите категории. Но не одговорија  дали за нив би било прифатливо евентуално намалување на ДДВ – то за електрична енергија  од 18 на 5 отсто. Посочија дека одлука за тоа ќе одлучува новата Влада. По реакциите во јавноста и протестите кои беа одржави во  дел од градовите од регулаторна посочија дека ќе ја повлечат одлуката за зголемувањето на цената ако на тоа се сложат државните енергетски компании. Но по нивните реакции засега новата повисока цена останува на сила. Струјата поскапе за 7, 4 проценти. Од регулаторна појаснија дека тоа се должи на кризата со вирусот и намалените приходи на енергетските компании.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-mepso-gragjanite-se-vinovni-zatoa-shto-se-bunat-za-poskapata-struja/feed/ 0